полугодие Archives - Република https://republika.mk/tema/polugodie/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Jan 2023 15:32:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полугодие Archives - Република https://republika.mk/tema/polugodie/ 32 32 Еве и црно на бело: Наместо до 10 јуни, учебната година ќе трае до 14 јуни https://republika.mk/vesti/makedonija/eve-i-tsrno-na-belo-namesto-do-10-juni-uchebnata-godina-ke-trae-do-14-juni/ Mon, 16 Jan 2023 15:32:39 +0000 https://republika.mk/?p=597611

Учебната година, наместо на 10 јуни ќе трае до 14 јуни. Оваа одлука ја донесе Министерството за образование поради одложениот почеток на второто полугодие.

Претходно, Владата донесе одлука второто полугодие да почне на 23 јануари, наместо на 18 јануари со објаснување дека така ќе се заштеди на греење и заштита на здравјето на учениците.

Според календарот за работа во образованието, до крајот на учебната година треба да се одработат 180 наставни денови, што значи второто полугодие ќе трае четири дена повеќе.

The post Еве и црно на бело: Наместо до 10 јуни, учебната година ќе трае до 14 јуни appeared first on Република.

]]>

Учебната година, наместо на 10 јуни ќе трае до 14 јуни. Оваа одлука ја донесе Министерството за образование поради одложениот почеток на второто полугодие. Претходно, Владата донесе одлука второто полугодие да почне на 23 јануари, наместо на 18 јануари со објаснување дека така ќе се заштеди на греење и заштита на здравјето на учениците. Според календарот за работа во образованието, до крајот на учебната година треба да се одработат 180 наставни денови, што значи второто полугодие ќе трае четири дена повеќе.

The post Еве и црно на бело: Наместо до 10 јуни, учебната година ќе трае до 14 јуни appeared first on Република.

]]>
Владата се премисли: Наместо на 18 јануари, второто полугодие ќе почне на 23 јануари https://republika.mk/vesti/vladata-se-premisli-namesto-na-18-januari-vtoroto-polugodie-ke-zapochne-na-23-januari/ Tue, 10 Jan 2023 14:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=595445

Владата на Република  Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците.

На истата владина седница денеска беше разгледан и усвоен Акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година. Усвоениот Акциски план содржи временска рамка и финансиски импликации за реализација на Стратегијата до 2026 година. Националната стратегија е стратешки документ во националната политика за еднаквост и недискриминација, чија главна цел е обезбедување на концепирани решенија во реализацијата на правата на сите граѓани без дискриминација по било која основа.

The post Владата се премисли: Наместо на 18 јануари, второто полугодие ќе почне на 23 јануари appeared first on Република.

]]>

Владата на Република  Македонија денеска на 118-та редовна седница го разгледа и го усвои предлогот на Министерството за образование и наука, второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на18 јануари да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици. Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците. На истата владина седница денеска беше разгледан и усвоен Акцискиот план за реализација и спроведување на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година. Усвоениот Акциски план содржи временска рамка и финансиски импликации за реализација на Стратегијата до 2026 година. Националната стратегија е стратешки документ во националната политика за еднаквост и недискриминација, чија главна цел е обезбедување на концепирани решенија во реализацијата на правата на сите граѓани без дискриминација по било која основа.

The post Владата се премисли: Наместо на 18 јануари, второто полугодие ќе почне на 23 јануари appeared first on Република.

]]>
Шаќири: До крајот на неделава ќе има одлука за наставата во второто полугодие https://republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-do-krajot-na-nedelava-kje-ima-odluka-za-nastavata-vo-vtoroto-polugodie/ Wed, 26 Jan 2022 11:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=449718

До крајот на неделата на седница на Влада ќе биде донесена одлука дали наставата во второто полугодие од 1 февруари ќе почне со физичко присуство или онлајн, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здравство, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на второто полугодие ќе се има и ставот на Комисијата за заразни болести и на Кризниот штаб. Ги имаме предвид и повиците од УНИЦЕФ, кое е за физичко присуство на настава, а и ние сите, и наставниот кадар, свесни сме за придобивките од физичкото присуство. И според податоците, во првото полугодие, имавме многу мал број на заразени деца. Нашата одлука ќе беше лесна ако ја имавме истата варијанта од вирусот како што беше во септември и октомври. Сега има нова варијанта, но и тоа не значи дека почетокот на второто полугодие со физичко присуство ќе го зголеми бројот на заразени - изјави Шаќири.

Тој посочи дека градинките се постојано отворени, функционираат и други сектори, а за него како министер најважно е што децата одвај чекаат да почне учебната година.

Шаќири нагласи дека е важно да се почитуваат здравствените мерки и дека за заштита и претпазливост од КОВИД-19 не треба да се мисли само во училиштата, туку е важно и однесувањето надвор од нив.

Не значи дека ако нема настава, повеќе ги почитуваме препораките отколку кога сме на настава - рече Шаќири на прес-конференција при посетата на Државниот универзитет во Тетово.

Каква и да биде одлуката, рече тој, МОН ќе биде во постојана комуникација и секој ден ќе има средби со директорите на основните и на средните училишта ако наставата биде со физичко присуство.

До крајот на неделата ќе има конечна одлука и каква и таа да биде – физичка настава или онлајн, коментарите ќе бидат различни. Но, ќе се земат сите придобивки од двете варијанти - рече министерот за образование и наука.

Поради влошената епидемиoлошка состојба и проценката дека земјата се наоѓа на врвот на КОВИД-заразата, Владата на седница на 17 јануари донесе одлука за одложување на второто полугодие кое наместо на 20 јануари треба да почне на 1 февруари.

Одлуката за продолжениот зимски распуст за околу 255 илјади ученици Владата ја донесе по препорака на Главниот координативен кризен штаб, а на наредната седница го утврди и бројот на наставни денови во вонредни околности со кои учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022.

The post Шаќири: До крајот на неделава ќе има одлука за наставата во второто полугодие appeared first on Република.

]]>

До крајот на неделата на седница на Влада ќе биде донесена одлука дали наставата во второто полугодие од 1 февруари ќе почне со физичко присуство или онлајн, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здравство, соопшти денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на второто полугодие ќе се има и ставот на Комисијата за заразни болести и на Кризниот штаб. Ги имаме предвид и повиците од УНИЦЕФ, кое е за физичко присуство на настава, а и ние сите, и наставниот кадар, свесни сме за придобивките од физичкото присуство. И според податоците, во првото полугодие, имавме многу мал број на заразени деца. Нашата одлука ќе беше лесна ако ја имавме истата варијанта од вирусот како што беше во септември и октомври. Сега има нова варијанта, но и тоа не значи дека почетокот на второто полугодие со физичко присуство ќе го зголеми бројот на заразени - изјави Шаќири.
Тој посочи дека градинките се постојано отворени, функционираат и други сектори, а за него како министер најважно е што децата одвај чекаат да почне учебната година. Шаќири нагласи дека е важно да се почитуваат здравствените мерки и дека за заштита и претпазливост од КОВИД-19 не треба да се мисли само во училиштата, туку е важно и однесувањето надвор од нив.
Не значи дека ако нема настава, повеќе ги почитуваме препораките отколку кога сме на настава - рече Шаќири на прес-конференција при посетата на Државниот универзитет во Тетово.
Каква и да биде одлуката, рече тој, МОН ќе биде во постојана комуникација и секој ден ќе има средби со директорите на основните и на средните училишта ако наставата биде со физичко присуство.
До крајот на неделата ќе има конечна одлука и каква и таа да биде – физичка настава или онлајн, коментарите ќе бидат различни. Но, ќе се земат сите придобивки од двете варијанти - рече министерот за образование и наука.
Поради влошената епидемиoлошка состојба и проценката дека земјата се наоѓа на врвот на КОВИД-заразата, Владата на седница на 17 јануари донесе одлука за одложување на второто полугодие кое наместо на 20 јануари треба да почне на 1 февруари. Одлуката за продолжениот зимски распуст за околу 255 илјади ученици Владата ја донесе по препорака на Главниот координативен кризен штаб, а на наредната седница го утврди и бројот на наставни денови во вонредни околности со кои учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022.

The post Шаќири: До крајот на неделава ќе има одлука за наставата во второто полугодие appeared first on Република.

]]>
Царовска за можно продолжување на зимскиот распуст: Состојбата се преоценува и на располагање се и други сценарија https://republika.mk/vesti/makedonija/carovska-za-mozno-prodolzuvanje-na-zimskiot-raspust-sostojbata-se-preocenuva-i-na-raspolaganje-se-i-drugi-scenarija/ Wed, 12 Jan 2022 13:29:45 +0000 https://republika.mk/?p=443728

Министерката за образование, Мила Царовска, изјави дека министерството за образование и наука е во постојана координација со Министетството за здравство и со Комисијата за заразни болести за начините и формите на функционирање на образовниот систем во период на пандемија.

Одгоарајќи на новинарско прашање дали ќе продолжи зимскиот распуст и по 20 јануари кога учениците треба да го почнат второто полугодие, Царовска изјави дека како минситерство ја преоценуваат состојбата и на располагање ги имаат сите други сценарија.

Царовска нагласи дека во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација, е тие да следат настава со физичко присуство затоа што, како што истакна, училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, а тоа е препорака не само на наши образовни експерти, туку и на меѓународни организации како Светска банка и УНИЦЕФ.

Таа потсети дека уште летото се испланирани три сценарија за реализација на учебната година и дека првото и најпосакувано – настава со физичко присуство се применува се додека се во ред бројките на заразени и додека нема интерно ширење на болеста во училиштата.

Покажавме дека во првото полугодие учениците успешно следеа настава со физичко присуство, немаше поголем број заразени од 0,2 проценти вкупно активни на целата територија на државата од 255 илјади ученици со физичко присуство, а на дневно ниво немаше поголем процент од 0,03. Тоа укажуваше на стабилност на состојбата и затоа успешно го завршивме првото полугодие -  изјави Царовска.

The post Царовска за можно продолжување на зимскиот распуст: Состојбата се преоценува и на располагање се и други сценарија appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование, Мила Царовска, изјави дека министерството за образование и наука е во постојана координација со Министетството за здравство и со Комисијата за заразни болести за начините и формите на функционирање на образовниот систем во период на пандемија. Одгоарајќи на новинарско прашање дали ќе продолжи зимскиот распуст и по 20 јануари кога учениците треба да го почнат второто полугодие, Царовска изјави дека како минситерство ја преоценуваат состојбата и на располагање ги имаат сите други сценарија. Царовска нагласи дека во најдобар интерес на децата, нивното ментално здравје и потребата од социјализација, е тие да следат настава со физичко присуство затоа што, како што истакна, училиштата треба последни да се затворат и први да се отворат, а тоа е препорака не само на наши образовни експерти, туку и на меѓународни организации како Светска банка и УНИЦЕФ. Таа потсети дека уште летото се испланирани три сценарија за реализација на учебната година и дека првото и најпосакувано – настава со физичко присуство се применува се додека се во ред бројките на заразени и додека нема интерно ширење на болеста во училиштата.