Полски автори Archives - Република https://republika.mk/tema/polski-avtori/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 11:28:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Полски автори Archives - Република https://republika.mk/tema/polski-avtori/ 32 32 По повод Месецот на полска литература во библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе гостуваат полски автори https://republika.mk/vesti/kultura/po-povod-mesetsot-na-polska-literatura-vo-bibliotekata-braka-miladinovtsi-ke-gostuvaat-polski-avtori/ Fri, 10 May 2024 11:27:04 +0000 https://republika.mk/?p=776755

По повод Месецот на полската литература, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе гостува Војќех Јагелски, автор на книгата „Сите војни на Лара“. Разговорот со авторот ќе го води проф.д-р Лидија Танушевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје.

На настанот закажан за 13 мај (понеделник) во 19 часот, му претходи (во 18.30 часот) отворањето на изложбата од студентите-учесници на конкурсот „Графика на годината“ организиран од Графичкиот факултет при Академијата за ликовни уметности во Краков.

На 16 мај (четврток) во ГБСК гостува Роксана Јенджејевска-Брубел, авторка на книгата „Расположенијата на Хиполит Колбас“. Оваа писателка за деца ќе одржи и креативна работилница во нашиот Оддел за литература за деца во 17 часот.

Гостувањето на полските автори е дел од проектот „Полска на полица“, во кој партнер на Амбасадата на Р. Полска е токму ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје.

Настаните се со превод на македонски јазик.

 

The post По повод Месецот на полска литература во библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе гостуваат полски автори appeared first on Република.

]]>

По повод Месецот на полската литература, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе гостува Војќех Јагелски, автор на книгата „Сите војни на Лара“. Разговорот со авторот ќе го води проф.д-р Лидија Танушевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. На настанот закажан за 13 мај (понеделник) во 19 часот, му претходи (во 18.30 часот) отворањето на изложбата од студентите-учесници на конкурсот „Графика на годината“ организиран од Графичкиот факултет при Академијата за ликовни уметности во Краков. На 16 мај (четврток) во ГБСК гостува Роксана Јенджејевска-Брубел, авторка на книгата „Расположенијата на Хиполит Колбас“. Оваа писателка за деца ќе одржи и креативна работилница во нашиот Оддел за литература за деца во 17 часот. Гостувањето на полските автори е дел од проектот „Полска на полица“, во кој партнер на Амбасадата на Р. Полска е токму ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ - Скопје. Настаните се со превод на македонски јазик.  

The post По повод Месецот на полска литература во библиотеката „Браќа Миладиновци“ ќе гостуваат полски автори appeared first on Република.

]]>
„Полска полица“ и во тетовската библиотека: Амбасадорот Гжелчик донираше 50 наслови од полски автори преведени на македонски јазик https://republika.mk/vesti/kultura/polska-politsa-i-vo-tetovskata-biblioteka-ambasadorot-gzhelchik-donirashe-50-naslovi-od-polski-avtori-prevedeni-na-makedonski-jazik/ Sun, 25 Feb 2024 13:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=748118

Во посета на Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово вчера беше амбасадорот на Република Полска во Скопје, Кшиштоф Гжелчик и донираше 50 наслови од класична и современа литература од полски автори преведени на македонски јазик.

Донирањето книги од полски автори на полиците во македонските библиотеки, е со цел популаризација на полската литература меѓу македонските читатели. Координатор на проектот е сопругата на амбасадорот, Јоланта Гжелчик, информираа од библиотеката.

Носител на проектот е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

The post „Полска полица“ и во тетовската библиотека: Амбасадорот Гжелчик донираше 50 наслови од полски автори преведени на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Во посета на Националната установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово вчера беше амбасадорот на Република Полска во Скопје, Кшиштоф Гжелчик и донираше 50 наслови од класична и современа литература од полски автори преведени на македонски јазик. Донирањето книги од полски автори на полиците во македонските библиотеки, е со цел популаризација на полската литература меѓу македонските читатели. Координатор на проектот е сопругата на амбасадорот, Јоланта Гжелчик, информираа од библиотеката. Носител на проектот е Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

The post „Полска полица“ и во тетовската библиотека: Амбасадорот Гжелчик донираше 50 наслови од полски автори преведени на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Полска полица и во Библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Битола: Над 50 наслови од полски автори https://republika.mk/vesti/kultura/polska-politsa-i-vo-bibliotekata-sv-kliment-ohridski-vo-bitola-nad-50-naslovi-od-polski-avtori/ Tue, 20 Feb 2024 09:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=745991

Во посета на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола беше амбасадорот на Република Полска во Скопје Кшиштоф Гжелчик во рамки на проектот „Полска полица – книги од полски автори на полиците од македонските библиотеки“. Амбасадорот Гжелчик придружуван од сопругата Јоланта Гжелчик беше пречекан од директорот м-р Бојан Стефановски, м-р Јелена Петровска и м-р Фатма Бајрам Аземовска.

Целта на посетата беше донацијата над 50 наслови како од класичната, така и од современата литература преведени на македонски јазик со дела од полски автори. На средбата се разговараше за реализирање на низа активности, кои ќе следат во наредниот период.

На 27 февруари неколку библиотекари ќе учествуваат на семинарот за полска литература во Скопје на кој ќе бидат разгледани и други прашања од суштинско значење за библиотеките меѓу кои и оние поврзани со промоција и маркетинг во библиотеките.

Во знак на почит м-р Стефановски на амбасадорот Гжелчик му врачи Благодарница и подарок со рачна изработка од здружението македонски ракотворби- Битола.

The post Полска полица и во Библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Битола: Над 50 наслови од полски автори appeared first on Република.

]]>

Во посета на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола беше амбасадорот на Република Полска во Скопје Кшиштоф Гжелчик во рамки на проектот „Полска полица – книги од полски автори на полиците од македонските библиотеки“. Амбасадорот Гжелчик придружуван од сопругата Јоланта Гжелчик беше пречекан од директорот м-р Бојан Стефановски, м-р Јелена Петровска и м-р Фатма Бајрам Аземовска. Целта на посетата беше донацијата над 50 наслови како од класичната, така и од современата литература преведени на македонски јазик со дела од полски автори. На средбата се разговараше за реализирање на низа активности, кои ќе следат во наредниот период.

На 27 февруари неколку библиотекари ќе учествуваат на семинарот за полска литература во Скопје на кој ќе бидат разгледани и други прашања од суштинско значење за библиотеките меѓу кои и оние поврзани со промоција и маркетинг во библиотеките.

Во знак на почит м-р Стефановски на амбасадорот Гжелчик му врачи Благодарница и подарок со рачна изработка од здружението македонски ракотворби- Битола.

The post Полска полица и во Библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Битола: Над 50 наслови од полски автори appeared first on Република.

]]>