полна Archives - Република https://republika.mk/tema/polna/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jan 2022 16:27:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полна Archives - Република https://republika.mk/tema/polna/ 32 32 Охридската болница повторно полна со ковид пациенти https://republika.mk/zivot/zdravje/ohridskata-bolnica-povtorno-polna-so-kovid-pacienti/ Sat, 29 Jan 2022 16:27:33 +0000 https://republika.mk/?p=451268

Болницата во Охрид полнa со ковид пациенти. Значително зголемен е бројот и на амбулантни прегледи. Моментално 43 пациенти со корона се хоспитализирани, поголемиот дел од нив се возрасни луѓе и имаат и други коморбидитети.

Помладите кои ги преплавуваат амбулантите пак претежно развиваат симптоми слични на грип велат од болницата. Заболени од ковид има и кај медицинскиот тим, па пациентите се опслужуваат по модел на ротација.

Уморот кај здравствените работници е голем, а дополнително од почетокот на пандемијата досега многу често лекарите од охридската болница се мета на психичко и физичко малтретирање. Само пред две недели пациент ја фати за врат докторката инфектолог од болницата оти не можел повеќе да чека на ред.

Директорот Балевски вели лекарите работат во страв, а државата мора да изнајде начин како да ги заштити.

Во охридската болница освен охриѓани се лекуваат пациенти од цел регион Дебар, Ресен Битола. Годишно се прават по стотици операции и породувања. Најголем проблем и понатаму е недостигот на педијатри, иако и во другите одделенија недостигаат медицински работници.

The post Охридската болница повторно полна со ковид пациенти appeared first on Република.

]]>

Болницата во Охрид полнa со ковид пациенти. Значително зголемен е бројот и на амбулантни прегледи. Моментално 43 пациенти со корона се хоспитализирани, поголемиот дел од нив се возрасни луѓе и имаат и други коморбидитети. Помладите кои ги преплавуваат амбулантите пак претежно развиваат симптоми слични на грип велат од болницата. Заболени од ковид има и кај медицинскиот тим, па пациентите се опслужуваат по модел на ротација. Уморот кај здравствените работници е голем, а дополнително од почетокот на пандемијата досега многу често лекарите од охридската болница се мета на психичко и физичко малтретирање. Само пред две недели пациент ја фати за врат докторката инфектолог од болницата оти не можел повеќе да чека на ред. Директорот Балевски вели лекарите работат во страв, а државата мора да изнајде начин како да ги заштити. Во охридската болница освен охриѓани се лекуваат пациенти од цел регион Дебар, Ресен Битола. Годишно се прават по стотици операции и породувања. Најголем проблем и понатаму е недостигот на педијатри, иако и во другите одделенија недостигаат медицински работници.

The post Охридската болница повторно полна со ковид пациенти appeared first on Република.

]]>