политички партии Archives - Република https://republika.mk/tema/politichki-partii/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Apr 2024 14:27:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png политички партии Archives - Република https://republika.mk/tema/politichki-partii/ 32 32 Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори – распределбата на средства за политички маркетинг главен проблем на помалите партии https://republika.mk/vesti/makedonija/potpishan-kodeksot-za-fer-i-demokratski-parlamentarni-izbori-raspredelbata-na-sredstva-za-politichki-marketing-glaven-problem-na-pomalite-partii/ Wed, 17 Apr 2024 15:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=767208

Претставници на политичките партии и коалиции, денеска, во Кристалната сала на законодавниот дом го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори за единаесетите парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај.

Претседателот на Државната изборната комисија, Александар Даштевски, истакна дека овој чин претставува израз на волја да се зачува интегритетот на демократскиот процес.

– Кодексот е потврда за демократскиот развој за нашето општество дека сите заедно се обврзуваме на принципите на демократијата. Преку потпишувањето на овој Кодекс, потписниците испраќаат порака за фер и почитување на сите правила, закони и прописи, како и почитување на владеењето на правото и правната држава при организирање на изборите, истакна претседателот на ДИК Даштевски.

Со потпишувањето, вели Даштевски, политичките партии се обврзуваат дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања.

– Најголемиот дел од претставниците на политичките партии го потпишаа Кодексот и се надевам дека со потпишувањето ќе се грижат за спроведување на тие правила, бидејќи тоа не е нешто што е задолжително. Задолжително е да се организира настанот, меѓутоа почитувањето зависи од етиката која што ја применуваат. Што повеќе се почитуваат овие правила, тоа повеќе демократијата е на повисоко ниво во Република Македонија, бидејќи нашата основна цел е влез во ЕУ, а таму важат овие принципи, истакна Даштевски по потпишувањето на Кодексот.

По потпишувањето изјави за медиумите дадоа претставниците од политичките партии и коалициите кои беа присутни, при што беше нагласена неурамнотеженоста во распределувањето на државните средства за политички маркетинг меѓу големите и малите политички субјекти.

Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, посочи дека во ек на претседателска кампања голем број на кандидати за Парламентот се директно инволвирани говорници коишто повикуваат за поддршка на претседателските кандидати, по што ја повика Државна изборна комисија да го преиспита тоа.

– Големите политички субјекти од народни и државни пари ќе добијат за политички маркетинг девет милиони евра, а малите политички партии по осум илјади евра, па граѓаните нека заклучат. Во полн ек е претседателската кампања за сите претседателски кандидати гледаме како се одвива, дека голем број на кандидати за Парламентот се директно вклучени инволвирани говорници коишто повикуваат за поддршка на претседателските кандидати. Тоа ДИК треба да го преиспита, рече Димитриевски.

Претставникот на коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски, исто така укажа на начинот на државното финансирање на политичката кампања. Вели идејата на државното финансирање на изборната кампања е да го поттикне политичкиот плурализам, а не да се финансира само главната политичка власт и опозиција, затоа, истакна дека не го потпишал Кодексот.

– Огромни суми се издвојуваат само за четири коалиции или четири политички партии и како што рече претходниот мој говорник трошки за сите останати. Идејата на државното финансирање на изборната кампања, на изборниот процес е да се поттикне политичкиот плурализам, рече Јакимовски.

Претставниците на двата најголеми македонски политички блока, Коалиција за европска иднина предводена од СДСМ и коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, посочија дека ќе водат фер и позитивна кампања, базирана на нивните програмски ветувања и се обврзаа на почитување на етичките и морални стандарди и правила.

Изјави дека го потпишале Кодексот дадоа и претставниците на Нова Алтернатива, Европско граѓанско движење и Твоја партија, доколку пак, претставниците на Демократи, Десна и Работничка партија изјавија дека не го потпишале Кодексот.

The post Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори – распределбата на средства за политички маркетинг главен проблем на помалите партии appeared first on Република.

]]>

Претставници на политичките партии и коалиции, денеска, во Кристалната сала на законодавниот дом го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори за единаесетите парламентарни избори што ќе се одржат на 8 мај. Претседателот на Државната изборната комисија, Александар Даштевски, истакна дека овој чин претставува израз на волја да се зачува интегритетот на демократскиот процес. – Кодексот е потврда за демократскиот развој за нашето општество дека сите заедно се обврзуваме на принципите на демократијата. Преку потпишувањето на овој Кодекс, потписниците испраќаат порака за фер и почитување на сите правила, закони и прописи, како и почитување на владеењето на правото и правната држава при организирање на изборите, истакна претседателот на ДИК Даштевски. Со потпишувањето, вели Даштевски, политичките партии се обврзуваат дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и нема да користат говор на омраза во предизборната кампања. – Најголемиот дел од претставниците на политичките партии го потпишаа Кодексот и се надевам дека со потпишувањето ќе се грижат за спроведување на тие правила, бидејќи тоа не е нешто што е задолжително. Задолжително е да се организира настанот, меѓутоа почитувањето зависи од етиката која што ја применуваат. Што повеќе се почитуваат овие правила, тоа повеќе демократијата е на повисоко ниво во Република Македонија, бидејќи нашата основна цел е влез во ЕУ, а таму важат овие принципи, истакна Даштевски по потпишувањето на Кодексот.   По потпишувањето изјави за медиумите дадоа претставниците од политичките партии и коалициите кои беа присутни, при што беше нагласена неурамнотеженоста во распределувањето на државните средства за политички маркетинг меѓу големите и малите политички субјекти. Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, посочи дека во ек на претседателска кампања голем број на кандидати за Парламентот се директно инволвирани говорници коишто повикуваат за поддршка на претседателските кандидати, по што ја повика Државна изборна комисија да го преиспита тоа. – Големите политички субјекти од народни и државни пари ќе добијат за политички маркетинг девет милиони евра, а малите политички партии по осум илјади евра, па граѓаните нека заклучат. Во полн ек е претседателската кампања за сите претседателски кандидати гледаме како се одвива, дека голем број на кандидати за Парламентот се директно вклучени инволвирани говорници коишто повикуваат за поддршка на претседателските кандидати. Тоа ДИК треба да го преиспита, рече Димитриевски. Претставникот на коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски, исто така укажа на начинот на државното финансирање на политичката кампања. Вели идејата на државното финансирање на изборната кампања е да го поттикне политичкиот плурализам, а не да се финансира само главната политичка власт и опозиција, затоа, истакна дека не го потпишал Кодексот. – Огромни суми се издвојуваат само за четири коалиции или четири политички партии и како што рече претходниот мој говорник трошки за сите останати. Идејата на државното финансирање на изборната кампања, на изборниот процес е да се поттикне политичкиот плурализам, рече Јакимовски. Претставниците на двата најголеми македонски политички блока, Коалиција за европска иднина предводена од СДСМ и коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, посочија дека ќе водат фер и позитивна кампања, базирана на нивните програмски ветувања и се обврзаа на почитување на етичките и морални стандарди и правила. Изјави дека го потпишале Кодексот дадоа и претставниците на Нова Алтернатива, Европско граѓанско движење и Твоја партија, доколку пак, претставниците на Демократи, Десна и Работничка партија изјавија дека не го потпишале Кодексот.

The post Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори – распределбата на средства за политички маркетинг главен проблем на помалите партии appeared first on Република.

]]>
Адеми: Од сите политички партии очекуваме позитивно да одговараат на идејата претседателот на државата да се бира во Собрание https://republika.mk/vesti/makedonija/ademi-od-site-politichki-partii-ochekuvame-pozitivno-da-odgovaraat-na-idejata-pretsedatelot-na-drzhavata-da-se-bira-vo-sobranie/ Sat, 24 Feb 2024 15:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=747880

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција, Арбр Адеми на денешната прес-конференција рече дека од сите политички партии очекува позитивно да одговараат на нивната идеја претседателот на државата да се бира во Собранието.

Ако пристапиме рационално кон ова прашање, имајќи ги предвид сите ризици и тешкотии за реализирање на успешен претседателски изборен циклус, разумно сите политички партии би требало да се согласат со ова – да биде избран претседателот во Собрание и тоа не би било никаква уцена и пречка во реализирање и на тоа што следи како обврска во нашиот евро-интегративен пат. Цениме дека разумно и рационално ќе пристапуваат сите политички партии. Кога ќе се отвори Уставот, треба да дадеме одговор и за начинот на избор на претседател во Собрание, а тоа е најдобро да се реализира поради визијата на Али Ахмети, рече Адеми.

Адеми посочи примери дека и во Албанија и во Косово се избира шеф на државата во Собранието, иако, како што рече, претседателот во овие земји има поголеми надлежности.

Имајќи предвид дека личноста на претседателот треба да биде обединувачка и кај нас како хетерогено општество, цениме дека со двотретинско мнозинство и Бадентерово мнозинство, ќе се обезбеди тоа обединување што треба да го отсликува претседателот на државата, а граѓаните ќе бидат поштедени од милионските буџетски средства што ќе се потрошат за претседателските избори, рече Адеми.

Во однос на собирањето потписи за нивниот претседателски кандидат Бујар Османи, Адеми соопшти дека до вчера попладне собрани се околу четири илјади потписи.

The post Адеми: Од сите политички партии очекуваме позитивно да одговараат на идејата претседателот на државата да се бира во Собрание appeared first on Република.

Независен полициски синдикат: Политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите https://republika.mk/vesti/makedonija/nezavisen-politsiski-sindikat-politichkite-kampani-da-se-realiziraat-nadvor-od-institutsiite/ Sat, 24 Feb 2024 13:13:44 +0000 https://republika.mk/?p=747805

Политиката и политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели, реагираше денеска Независниот полициски синдикат по вчерашната ненајавена посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово.

- Оваа прес-конференција ја одржуваме во врска со вчерашниот преседан кој беше направен од страна на техничкиот премиер, кој неовластено упадна и неовластено снимаше вработени кои ги извршуваа своите работни задачи во СВР Тетово, изјави денеска претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев.

Од Синдикатот бараат министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците.

- Да реагираат и да ги спречат притисоците врз нив, како би ги покажале на дело декларативните заложби на кои укажаа уште првиот ден од техничката Влада, рече Делчев.

Техничкиот премиер вчера беше во ненајавена посета на СВР Тетово, а во изјава за медиумите рече дека констатирал оти во СВР Тетово недостига организација во извршување на задачите на дневна основа.

- Како што најавив во Владата, институциите да не се изненадат што без најавување ќе ги проверувам вршителите на работите и обврските што ги имаат. Општ впечаток е дека недостига организација во извршувањето на задачите на дневна основа и релевантната институција во однос на организацијата ќе треба да се потруди примањето на документите да се одвива во една форма и обезбедувањето на готови документи во друга форма. Луѓето чекаат да бидат информирани, изјави Џафери, додавајќи дека не е во негова надлежност да бара одговорност од вработените, но дека ќе побара одговор од надлежните министри и заменици министри.

The post Независен полициски синдикат: Политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите appeared first on Република.

]]>

Политиката и политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели, реагираше денеска Независниот полициски синдикат по вчерашната ненајавена посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово. - Оваа прес-конференција ја одржуваме во врска со вчерашниот преседан кој беше направен од страна на техничкиот премиер, кој неовластено упадна и неовластено снимаше вработени кои ги извршуваа своите работни задачи во СВР Тетово, изјави денеска претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев. Од Синдикатот бараат министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците. - Да реагираат и да ги спречат притисоците врз нив, како би ги покажале на дело декларативните заложби на кои укажаа уште првиот ден од техничката Влада, рече Делчев. Техничкиот премиер вчера беше во ненајавена посета на СВР Тетово, а во изјава за медиумите рече дека констатирал оти во СВР Тетово недостига организација во извршување на задачите на дневна основа. - Како што најавив во Владата, институциите да не се изненадат што без најавување ќе ги проверувам вршителите на работите и обврските што ги имаат. Општ впечаток е дека недостига организација во извршувањето на задачите на дневна основа и релевантната институција во однос на организацијата ќе треба да се потруди примањето на документите да се одвива во една форма и обезбедувањето на готови документи во друга форма. Луѓето чекаат да бидат информирани, изјави Џафери, додавајќи дека не е во негова надлежност да бара одговорност од вработените, но дека ќе побара одговор од надлежните министри и заменици министри.

The post Независен полициски синдикат: Политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Многу од партиите кои се сега во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-mnogu-od-partiite-koi-se-sega-vo-vlasta-ukazhuvaat-signali-da-se-prikluchat-kon-vmro-dpmne/ Sat, 13 Jan 2024 14:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=732639

„Има сигнали, многу од партиите кои се сега во власта, кои биле во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ. Ние направивме комисија, таква е процедурата и во периодот кој следи таа комисија ќе има состаноци со сите политички партии во Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Општина Вевчани.

Тој истакна дека очекува тие партии да ја прифатат програмата и платформата на ВМРО-ДПМНЕ.

Очекуваме да ја прифатат програмата и платформата која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и врз основа на една таква платформа и програма да ја вратиме Македонија онаму каде и е местото каква што сакавме да ја видиме во оние рани 90ти. Да биде победничка Македонија а не ваква опљачкана, понижена и напуштена Македонија, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: Многу од партиите кои се сега во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

„Има сигнали, многу од партиите кои се сега во власта, кои биле во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ. Ние направивме комисија, таква е процедурата и во периодот кој следи таа комисија ќе има состаноци со сите политички партии во Македонија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета во Општина Вевчани. Тој истакна дека очекува тие партии да ја прифатат програмата и платформата на ВМРО-ДПМНЕ.
Очекуваме да ја прифатат програмата и платформата која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и врз основа на една таква платформа и програма да ја вратиме Македонија онаму каде и е местото каква што сакавме да ја видиме во оние рани 90ти. Да биде победничка Македонија а не ваква опљачкана, понижена и напуштена Македонија, заклучи Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Многу од партиите кои се сега во власта укажуваат сигнали да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
КИЦ-Битола: Политичките партии своите настани во иднина не ќе можат да ги одржуваат во Офицерскиот дом https://republika.mk/vesti/kultura/kits-bitola-politichkite-partii-svoite-nastani-vo-idnina-ne-ke-mozhat-da-gi-odrzhuvaat-vo-ofitserskiot-dom/ Sat, 25 Feb 2023 15:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=613138

Политичките партии своите настани во иднина не ќе можат да ги одржуваат во Офицерскиот дом во Битола, кој стана средиште на културните збиднувања во градот, туку ќе бидат пренасочени во киното „Манаки“. Вака одлучи Културно-информативниот центар (КИЦ) кој управува со двата објекти во Битола, а по сугестија на советниците од општинскиот Совет.

Имаме и сугестии од страна на Советот настаните што ги организираат политичките партии да ги пренасочиме во Киното ‘Манаки’. Политичките партии си плаќаат за нивните настани и ги сметаме за комерцијални настани, а понекогаш тие се и настани од културата погодни за во салите во Офицерски. Но, ги слушаме сугестиите и ќе ги пренасочиме, вели директорката на КИЦ Лили Бошевска.

Културно-информативниот центар од Битола беше домаќини на повеќе од четиристотини културни и други јавни настани за само десет месеци активна работа во 2022, при што прими преку 65.000 публика, а на сценските простори на КИЦ во Офицерски дом и кино „Манаки“, настапија преку 500 изведувачи од сите културни сегменти, како музичари, актери, поети, сликари, фотографи, мултимедијални артисти и други.

The post КИЦ-Битола: Политичките партии своите настани во иднина не ќе можат да ги одржуваат во Офицерскиот дом appeared first on Република.

Новата претседателка на Судски се сликаше со Заев, а сега вели: Сите ние сме симпатизери на политички партии https://republika.mk/vesti/makedonija/novata-pretsedatelka-na-sudski-se-slikashe-so-zaev-a-sega-veli-site-nie-sme-simpatizeri-na-politichki-partii/ Mon, 05 Dec 2022 12:07:40 +0000 https://republika.mk/?p=582177

Новоизбраната претседателка на Судски совет, Весна Дамева, смета дека фотографијата на која се наоѓа со експретеседателот на СДСМ, Зоран Заев, а е видно насмеана, не може да биде етикета дека таа е припадник на политичка партија. Таа посочи дека никогаш не била член на политичка партија и додаде: „Ние сме симпатизери, сме поддржувачи. Не гледам ништо спорно“.

Кога станав член на Судски совет, не сум обавувала партиска функција. Вашето прашање се должи на фотографија во јавноста. Фотографија на било кој од нас, со одредени лица од политиката не може да остават етикета и да остават впечаток дека сум припадник на политичка партија. Јас со мојата работа докажав дека не сум припадник никаде, туку имам интегритет, стручност и знаење. Пред мене стои закон и ништо друго. Сега не сум член сега на политичка партија, ниту кога сум била избрана, вели Дамева.

Таа цело време се повикува на нејзиниот интегритет.

Јас ќе ги направам горди по две години кога ќе докажам дека сум успеала во мојата визија и мисија. Еден од првите мои чекори ќе биде иплементација на акциониот план. Злото наречено корупција мора да се сопре и тука нема простување. Судијата кој ќе биде коруптивен, врз основа на факти и докази, вратата ќе му биде широко отворена за надвор. Нема друга шанса за таков судија, ќе му биде кажано: ‘не’. Ве уверувам дека Судскиот совет е отворен за Вас, бидејќи вие сте единствен коректор на нашата работа, а за таа цел, треба нонстоп да бидеме достапни и да одговориме на било кое прашање, додава Дамева.

Не знае дека постои судско-бизнис елита.

Таа кованица судско-бизнис елити, првпат ја слушнав од Црвенковска. Не знам врз основа на кои факти и докази тоа го кажува. Тоа прашање треба на неа да и го нарушите. Може се работи за лична перцепција или нејзино согледување. За мене изјавата е загрижувачка дека доколку имала сознанија или дознала, била должена да го извести Советот бидејќи ние имаме механизми, а да ги извести и надлежните институции. Ова криење, бидејќи било подолг период, остава само сомнеж за поинакво размислување, додаде таа.

Спремна да им застане на патот на сите кои ќе прават притисоци.

Јас не сум имала влијание ниту притисоци, ниту ќе дозволам тоа да се случи. Интегритетот е единствен за одбрана од влијание. Доколку како член, а сега како претседател, јавно, не само пред членовите, туку и пред медиумите ќе известам. Не е доволно да се дознае туку и да се сузбие. Јас ќе побарам од Црвенковска, да каже“, додаде Дамева.

The post Новата претседателка на Судски се сликаше со Заев, а сега вели: Сите ние сме симпатизери на политички партии appeared first on Република.