политички лидери Archives - Република https://republika.mk/tema/politichki-lideri/ За подобро да се разбереме Sun, 19 Jun 2022 14:48:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png политички лидери Archives - Република https://republika.mk/tema/politichki-lideri/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е тоа што политички лидери прават состаноци во Влада и ја партизираат https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-skandal-e-toa-shto-politichki-lideri-pravat-sostanoci-vo-vlada-i-ja-partiziraat/ Sun, 19 Jun 2022 14:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=517288

ВМРО-ДПМНЕ смета дека е скандалозно тоа што премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, денешната средба со претставниците на политичките партии дел од владината коалиција ја одржа во владината зграда и на тој начин, според партијата, ја партизирале Влада.

Лидерите на политичките партии дел од Коалицијата на власта не се владини функционери, ниту министри за да се среќаваат во Влада и да држат коалициски состаноци. Владата е за владини состаноци, на премиерот и министрите, а не за претседателот на СДСМ, Ахмети и нивните коалициски партнери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија го прозива премиерот и дека бега од избори само за да остане на власт, откако тој на прес-конференцијата порача дека владината коалиција е стабилна и нема потреба о предвремени парламентарни избори зашто тоа нема да ги реши проблемите на граѓаните.

Ковачевски покажа дека нема капацитет да води во кризни моменти, и иако знае дека нема знаење да ја извади државата од криза од себични причини не сака избори, само за да остане на власт и да може да краде. Ковачевски не кажа ниту што мисли за францускиот предлог. Дали Ковачевски мисли дека некој му верува кога вели дека не знае кој е францускиот предлог или дека не го видел. Во однос на кризите, особено енергетската во делот на струјата оваа влада е најодговорна. Тие правеа криминал во РЕК и ЕЛЕМ, за сега да не се произведува доволно струја, која се покрива со скап увоз. Сиромаштијата која е се поприсутна е вина на СДСМ и ДУИ. Народот плаќа и до 100 отсто поскапа храна, велат од ВМРО-ДПМНЕ повторувајќи го нивното барање за предвремени избори.

Вакво барање опозицијата испрати и на синоќешниот протест пред Владата од каде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека доколку нема избори ќе има целосна блокада на државата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е тоа што политички лидери прават состаноци во Влада и ја партизираат appeared first on Република.

]]>