поликлиники Archives - Република https://republika.mk/tema/polikliniki/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Dec 2023 08:53:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поликлиники Archives - Република https://republika.mk/tema/polikliniki/ 32 32 Oвие скопски поликлиники ќе работат и за празниците https://republika.mk/vesti/skopje/ovie-skopski-polikliniki-ke-rabotat-i-za-praznitsite/ Sat, 30 Dec 2023 08:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=728113

За време на новогодишните празници, ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, потврдија за МИА од оваа установа.

На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. За претстојните божиќни празници - 7 и 8 јануари, за граѓаните кои имаат потреба од медицинска помош, ќе работат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар, велат во пишана изјава за МИА од ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“.

Со секојдневно работно време за новогодишните и божиќните празници ќе функционира и единицата за домашно лекување.

Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици - алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не се користат алкохолни пијалаци, заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот. Исто така воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ изразуваат надеж за беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, со цел новогодишните празници да се дочекаат во весело и пријатно расположение за сите.

The post Oвие скопски поликлиники ќе работат и за празниците appeared first on Република.

]]>

За време на новогодишните празници, ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, потврдија за МИА од оваа установа.
На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. За претстојните божиќни празници - 7 и 8 јануари, за граѓаните кои имаат потреба од медицинска помош, ќе работат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар, велат во пишана изјава за МИА од ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“.
Со секојдневно работно време за новогодишните и божиќните празници ќе функционира и единицата за домашно лекување. Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици - алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не се користат алкохолни пијалаци, заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот. Исто така воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици. ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ изразуваат надеж за беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, со цел новогодишните празници да се дочекаат во весело и пријатно расположение за сите.

The post Oвие скопски поликлиники ќе работат и за празниците appeared first on Република.

]]>
Утре и задутре, за време на Министерскиот состанок на ОБСЕ поликлиниките и болниците ќе работат континуирано и без прекин https://republika.mk/zivot/zdravje/utre-i-zadutre-za-vreme-na-ministerskiot-sostanok-na-obse-poliklinikite-i-bolnitsite-ke-rabotat-kontinuirano-i-bez-prekin/ Tue, 28 Nov 2023 13:18:45 +0000 https://republika.mk/?p=717215

Министерството за здравство информира дека одлуката 29 и 30 ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ не важи за вработените во здравствените установи.

Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега, и истата нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението.

Поради одржувањето на овој важен министерски состанок, медицинските установи се задолжени во овие денови да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простори и опрема за укажување на медицинска помош, односно да бидат во состојба на подготвеност со своите капацитети.

Правните лица со дејност здравствена заштита лоцирани во Скопје, потребно е мерката прва медицинска помош да ја извршуваат во согласност за стандардните оперативни процедури на Дирекцијата за заштита и спасување.

Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ ќе биде 24 часа покриен со присуство на екипи и од Итната медицинска помош.

The post Утре и задутре, за време на Министерскиот состанок на ОБСЕ поликлиниките и болниците ќе работат континуирано и без прекин appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека одлуката 29 и 30 ноември да бидат неработни денови за сите вработени во државната и јавната администрација во Скопје поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ не важи за вработените во здравствените установи. Здравствената заштита ќе се одвива континуирано и непрекинато за сите пациенти како и досега, и истата нема да влијае на достапноста на здравствена заштита на населението. Поради одржувањето на овој важен министерски состанок, медицинските установи се задолжени во овие денови да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простори и опрема за укажување на медицинска помош, односно да бидат во состојба на подготвеност со своите капацитети. Правните лица со дејност здравствена заштита лоцирани во Скопје, потребно е мерката прва медицинска помош да ја извршуваат во согласност за стандардните оперативни процедури на Дирекцијата за заштита и спасување. Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ ќе биде 24 часа покриен со присуство на екипи и од Итната медицинска помош.

The post Утре и задутре, за време на Министерскиот состанок на ОБСЕ поликлиниките и болниците ќе работат континуирано и без прекин appeared first on Република.

]]>
Матичните може да закажуват тестирање за брзи антигенски тестови за ковид-19 и во поликлиниките во Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар https://republika.mk/zivot/zdravje/matichnite-moze-da-zakazuvat-testiranje-za-brzi-antigenski-testovi-za-kovid-19-i-vo-poliklinikite-vo-gjorche-petrov-idadija-i-bitpazar/ Thu, 17 Feb 2022 09:54:37 +0000 https://republika.mk/?p=459736

Во три скопски поликлиники веќе матичните лекари ќе имаат можност на нивните пациенти да им закажуваат тестирања за ковид-19 со брзи антигенски тестови. Со цел да се расчистат гужвите, на три пункта, односно во поликлиниките Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар од вчера почнаа да се прават тестирања за Ковид-19 со брзи антигенски тестови.

Здравствените власти се одлучија на ваков чекор по силните реакции на граѓаните кои уште пред новогодишните празници, поради немање термини за ПЦР-тестирања во центрите за јавно здравје мораа тестовите да ги плаќаат по многу повисоки цени во приватните лаборатории или можеа да се одлучат за брз антигенски тест чија цена е околу 900 денари.

Инаку, одлуката за брзите антигенски тестови ја соопшти вчера претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски кој истовремено најави дека се планира и отворање на пунктови и во центрите за јавно здравје.

The post Матичните може да закажуват тестирање за брзи антигенски тестови за ковид-19 и во поликлиниките во Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар appeared first on Република.

]]>

Во три скопски поликлиники веќе матичните лекари ќе имаат можност на нивните пациенти да им закажуваат тестирања за ковид-19 со брзи антигенски тестови. Со цел да се расчистат гужвите, на три пункта, односно во поликлиниките Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар од вчера почнаа да се прават тестирања за Ковид-19 со брзи антигенски тестови. Здравствените власти се одлучија на ваков чекор по силните реакции на граѓаните кои уште пред новогодишните празници, поради немање термини за ПЦР-тестирања во центрите за јавно здравје мораа тестовите да ги плаќаат по многу повисоки цени во приватните лаборатории или можеа да се одлучат за брз антигенски тест чија цена е околу 900 денари. Инаку, одлуката за брзите антигенски тестови ја соопшти вчера претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски кој истовремено најави дека се планира и отворање на пунктови и во центрите за јавно здравје.

The post Матичните може да закажуват тестирање за брзи антигенски тестови за ковид-19 и во поликлиниките во Ѓорче Петров, Идадија и Битпазар appeared first on Република.

]]>