Поликлиника Archives - Република https://republika.mk/tema/poliklinika/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 14:26:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Поликлиника Archives - Република https://republika.mk/tema/poliklinika/ 32 32 Костовски: Општина Бутел ќе добие нова ултра модерна поликлиника https://republika.mk/vesti/makedonija/kostovski-opshtina-butel-ke-dobie-nova-ultra-moderna-poliklinika/ Thu, 15 Aug 2024 14:26:58 +0000 https://republika.mk/?p=806941

Денес заедно со мојот тим остваривме работна средба со министерот за здравство Арбен Таравари  на средбата ги договоривме следните чекори кои ќе не доведат до нова ултра модерна поликлиника во Општина Бутел, информира градоначалникот Дарко Костовски.

-Носител на овој мега проект ќе биде Општина Бутел, додека министерството за здравство сериозно партнерски ќе учествува во истиот, министерот Таравари максимално го поддржи овој историски миг за граѓаните на општина Бутел. Би сакал срдечно да се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски кој суштински стои зад овој мега проект, истакна тој.

Костовски посочи дека заедно со министерството за здравство формирале работна група која максимално ќе се посвети за што поскоро да ја заврши проектната документација за новата поликлиника.

-Процесот започнува со внимателно планирање и дизајнирање на новата пликлиника. Здравствените центри мора да исполнуваат строги регулаторни и безбедносни стандарди. Новата поликлиника ќе зафаќа бруто површина од околу 3000 м², ќе биде изградена на два ката и ќе има подземен паркинг. Надворешниот дел ќе се обезбеди дополнителен паркинг простор како и партерно и хортикултурно уредување. Изградбата на поликлиника е сложен и повеќеслоен процес кој бара внимателно планирање, координација и усогласеност со прописите за здравствена заштита, вели Костовски.

На граѓаните на општина Бутел ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по дваесеттина километри за да ги задоволат своите здравствени потреби.

-Деталниот урбанистички план кој го донесовме пред извесно време, маркицата за новата поликлиника ја предвидува на местото на старата амбуланта. Со градба почнуваме во првата половина на следната 2025 година, со цело срце го чекам денот кога ќе удриме камен темелник на новата поликлиника. Историски чекори за нашата Општина, напиша градоначалникот.

The post Костовски: Општина Бутел ќе добие нова ултра модерна поликлиника appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-instituciite-dozvolile-poliklinika-bez-licenca-da-operira-lugje-buhova-i-sali-da-odgovaraat/ Mon, 22 Aug 2022 07:32:47 +0000 https://republika.mk/?p=542712

Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Недозволиво е поликлиниката Промедика да врши операциони зафати, без притоа за тоа да ги поседува потребните дозволи. Институциите знаеле и тоа го дозволиле.

Ирена Бухова, како директор на ДСЗИ и Беким Сали како министер за здравство, а пред него и Венко Филипче мора да одговораат за овој преседан кој можел да заврши со последици за голем број наши сограѓани.

И откако беа откриени, ниту Бухова, ниту Сали излегоа да се извинат и да понесат одговорност со оставки, туку ДСЗИ во форма на пишано соопштение го призна скандалот.

Бухова и Сали да не мислат да се кријат за пишани признанија, без понесување одговорност.

Очекуваме оставка, а во меѓувреме ЈО да отвори случај и да се исттажи кој и како дозволил, и зошто свесно е толерирана работа без лиценца.

Одговорност за одговорните во институциите мора да има, стои во соопштението на партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат appeared first on Република.

]]>

Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Недозволиво е поликлиниката Промедика да врши операциони зафати, без притоа за тоа да ги поседува потребните дозволи. Институциите знаеле и тоа го дозволиле. Ирена Бухова, како директор на ДСЗИ и Беким Сали како министер за здравство, а пред него и Венко Филипче мора да одговораат за овој преседан кој можел да заврши со последици за голем број наши сограѓани. И откако беа откриени, ниту Бухова, ниту Сали излегоа да се извинат и да понесат одговорност со оставки, туку ДСЗИ во форма на пишано соопштение го призна скандалот. Бухова и Сали да не мислат да се кријат за пишани признанија, без понесување одговорност. Очекуваме оставка, а во меѓувреме ЈО да отвори случај и да се исттажи кој и како дозволил, и зошто свесно е толерирана работа без лиценца. Одговорност за одговорните во институциите мора да има, стои во соопштението на партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат appeared first on Република.

]]>
ДСЗИ призна дека поликлиника работела без лиценца, одговорност мора да има https://republika.mk/vesti/makedonija/dszi-prizna-deka-poliklinika-rabotela-bez-licenca-odgovornost-mora-da-ima/ Sun, 21 Aug 2022 08:22:43 +0000 https://republika.mk/?p=542511

ДЗСИ призна дека поликлиника работела без лиценца, одговорност мора да има. Државниот санитарен и здравствен инспекторат призна дека поликлиника работела без лиценца. Здравствена установа третирала пациенти, без за тоа да има дозвола од надлежните институции. Тоа неможе без дозвола од директорката на ДСЗИ Ирена Бухова и надлежните институции задолжени за контрола, кои сето тоа го одмолчеле, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Бухова, а со неа и Филипче претходно и Сали сега треба да одговорат како е возможно една клиника во центарот на Скопје да работи без потребните дозволи.

Кој од власта и органите за контрола ќе сноси одговорност за тоа што здравствена установа работела без лиценца? Власта не смее да си поигрува со здравјето на граѓаните. Одговорност мора да има, додаваат од партијата.

The post ДСЗИ призна дека поликлиника работела без лиценца, одговорност мора да има appeared first on Република.

]]>

ДЗСИ призна дека поликлиника работела без лиценца, одговорност мора да има. Државниот санитарен и здравствен инспекторат призна дека поликлиника работела без лиценца. Здравствена установа третирала пациенти, без за тоа да има дозвола од надлежните институции. Тоа неможе без дозвола од директорката на ДСЗИ Ирена Бухова и надлежните институции задолжени за контрола, кои сето тоа го одмолчеле, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Бухова, а со неа и Филипче претходно и Сали сега треба да одговорат како е возможно една клиника во центарот на Скопје да работи без потребните дозволи. Кој од власта и органите за контрола ќе сноси одговорност за тоа што здравствена установа работела без лиценца? Власта не смее да си поигрува со здравјето на граѓаните. Одговорност мора да има, додаваат од партијата.

The post ДСЗИ призна дека поликлиника работела без лиценца, одговорност мора да има appeared first on Република.

]]>