Поликлиника „Бит пазар“ Archives - Република https://republika.mk/tema/poliklinika-bit-pazar/ За подобро да се разбереме Sat, 13 May 2023 15:34:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Поликлиника „Бит пазар“ Archives - Република https://republika.mk/tema/poliklinika-bit-pazar/ 32 32 Двајца приведени за срушената ограда на Поликлиниката Бит Пазар и обидот за бесправна градба https://republika.mk/vesti/skopje/dvajtsa-privedeni-za-srushenata-ograda-na-poliklinikata-bit-pazar-i-obidot-za-bespravna-gradba/ Sat, 13 May 2023 15:34:17 +0000 https://republika.mk/?p=640483

Ја искекле оградата, го срушиле ѕидчето и со багер почнале градежни работи во паркчето на Поликлиниката Бит Пазар. Неофицијално планот бил на местото со зелена површина бесправно да се изгради паркинг. Обидот за узурпација на земјиштето на здравствениот објект се случил вчера приквечер после 19 часот кога се намалила фрекфенцијата на пациенти и вработени. Копањето и тампонирањето на земјата го забележал чуварот и веднаш ги известил директорите кои пак пријавиле во МВР.

-Немаше никакви индиции, ниту имаше писмо и известување, дека ќе се почне со градежна активност или со судска одлука дека тоа земјиште припаѓа на некого, некој си. Што е целта на овие луѓе сигурно МВР и обвинителството ќе излезат со повеќе детали, вели во изјава за ТВ Сител проф. д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје.

Министерот за внатрешни работи изјави дека полицијата веднаш реагирала и биле уапсени две лица од Скопје.

- Излезено е на лице место, приведени се две лица од Скопје и притоа е известен јавниот обвинител по чија наредба е одеземна градежната машина. Во текот на денешниот ден се процесуира кривичната пријава и ќе оди по брза постапка. Лицата ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, Ова е силна порака од државата дека никој не смее да узурпира никакво земјиште и никаква сопственост. Ирелевантно кој е, кој сака нека биде, тоа не може да го прави и ќе сноси одговорност, изјави Спасовски, министер за внатрешни работи.

Двете лица од Скопје на 44 и 42 годишна возраст ќе одговараат за две кривични дела узурпација и нелегална градба, најверојатно на паркинг на местото на зеленилото во дворот на Поликлиниката Бит Пазар.

The post Двајца приведени за срушената ограда на Поликлиниката Бит Пазар и обидот за бесправна градба appeared first on Република.

]]>

Ја искекле оградата, го срушиле ѕидчето и со багер почнале градежни работи во паркчето на Поликлиниката Бит Пазар. Неофицијално планот бил на местото со зелена површина бесправно да се изгради паркинг. Обидот за узурпација на земјиштето на здравствениот објект се случил вчера приквечер после 19 часот кога се намалила фрекфенцијата на пациенти и вработени. Копањето и тампонирањето на земјата го забележал чуварот и веднаш ги известил директорите кои пак пријавиле во МВР.
-Немаше никакви индиции, ниту имаше писмо и известување, дека ќе се почне со градежна активност или со судска одлука дека тоа земјиште припаѓа на некого, некој си. Што е целта на овие луѓе сигурно МВР и обвинителството ќе излезат со повеќе детали, вели во изјава за ТВ Сител проф. д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје.
Министерот за внатрешни работи изјави дека полицијата веднаш реагирала и биле уапсени две лица од Скопје. - Излезено е на лице место, приведени се две лица од Скопје и притоа е известен јавниот обвинител по чија наредба е одеземна градежната машина. Во текот на денешниот ден се процесуира кривичната пријава и ќе оди по брза постапка. Лицата ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, Ова е силна порака од државата дека никој не смее да узурпира никакво земјиште и никаква сопственост. Ирелевантно кој е, кој сака нека биде, тоа не може да го прави и ќе сноси одговорност, изјави Спасовски, министер за внатрешни работи.
Двете лица од Скопје на 44 и 42 годишна возраст ќе одговараат за две кривични дела узурпација и нелегална градба, најверојатно на паркинг на местото на зеленилото во дворот на Поликлиниката Бит Пазар.

The post Двајца приведени за срушената ограда на Поликлиниката Бит Пазар и обидот за бесправна градба appeared first on Република.

]]>
Некој си гради во дворот на Поликлиника Бит Пазар, директорот Исјановски нема појма како се случило https://republika.mk/vesti/skopje/nekoj-si-gradi-vo-dvorot-na-poliklinika-bit-pazar-direktorot-isjanovski-nema-pojma-kako-se-sluchilo/ Sat, 13 May 2023 07:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=640369

Непознат сторител со помош на тешка механизација го разорал просторот зад поликлиниката Бит Пазар, објави „Канал 5“, додавајќи дека директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски не знаел ни кој гради и прекопува, ниту со чија дозвола.

Некој сакал да гради против правно без дозвола од општина и од поликлиниката при што оштетил дел од оградата, излезени на лице место полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и известен е дежурен ЈО“, стои во пријавата на МВР, без да се наведе за кого станува збор и како е можно никој да не забележал дека се вршат градежни работи во двор на фреквентна здравствена установа.

Оградата била урната вчера попладне кога сите вработени си заминале дома.

Повеќе фото на Канал 5

The post Некој си гради во дворот на Поликлиника Бит Пазар, директорот Исјановски нема појма како се случило appeared first on Република.

]]>

Непознат сторител со помош на тешка механизација го разорал просторот зад поликлиниката Бит Пазар, објави „Канал 5“, додавајќи дека директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски не знаел ни кој гради и прекопува, ниту со чија дозвола. Некој сакал да гради против правно без дозвола од општина и од поликлиниката при што оштетил дел од оградата, излезени на лице место полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и известен е дежурен ЈО“, стои во пријавата на МВР, без да се наведе за кого станува збор и како е можно никој да не забележал дека се вршат градежни работи во двор на фреквентна здравствена установа. Оградата била урната вчера попладне кога сите вработени си заминале дома. Повеќе фото на Канал 5

The post Некој си гради во дворот на Поликлиника Бит Пазар, директорот Исјановски нема појма како се случило appeared first on Република.

]]>
Реонот околу поликлиниката „Бит Пазар“ денеска и утре без вода https://republika.mk/zivot/servisi/reonot-okolu-poliklinikata-bit-pazar-deneska-i-utre-bez-voda/ Sat, 29 Oct 2022 06:29:09 +0000 https://republika.mk/?p=567037

Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков“ пред поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје, денеска и утре од 10:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат амбуланта и зградата на „Вардар Мебел“, а со намален притисок ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Крсте Мисирков“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе биде до санирање на дефектот.

За време на санирање на дефектот ќе биде обезбедена цистерна со питка вода која ќе кружи во реонот.

The post Реонот околу поликлиниката „Бит Пазар“ денеска и утре без вода appeared first on Република.

]]>

Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600 милиметри на булеварот „Крсте Мисирков“ пред поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје, денеска и утре од 10:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат амбуланта и зградата на „Вардар Мебел“, а со намален притисок ќе бидат корисниците на дел од булеварот „Крсте Мисирков“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе биде до санирање на дефектот. За време на санирање на дефектот ќе биде обезбедена цистерна со питка вода која ќе кружи во реонот.

The post Реонот околу поликлиниката „Бит Пазар“ денеска и утре без вода appeared first on Република.

]]>