полициски возила Archives - Република https://republika.mk/tema/policiski-vozila/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 11:24:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полициски возила Archives - Република https://republika.mk/tema/policiski-vozila/ 32 32 Дојдоа новите полициски автомобили https://republika.mk/vesti/makedonija/dojdoa-novite-politsiski-avtomobili/ Wed, 16 Oct 2024 11:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=827616

Денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи, на министерот Панче Тошковски од страна на претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот Гордана Кожуваровска му беа предадени возила моторни возила наменети за модернизација на опремата на сообраќајната полиција. Две моторни возила се од типот Dacia Duster и четири моторни возила Dacia Sandero Stepway, произведени во 2024, опремени со полициски ознаки и со дополнителна опрема.

„РСПБСП во рамки на неговата законска надлежност во соработка со МВР, денеска овозможи да се зголеми обемот на возила којшто го имаме на располагање во министерството. Шесте возила ќе бидат користени во рамки на СВР Скопје во рамки на увидната екипа и сообраќајната полиција. Се надевам дека со тоа ќе ја зголемиме брзината на реакција во рамки на вршењето на увидните активности на ниво на градот Скопје. Во иднина преку РСБСП или други институции ќе бидат набавувани полициски обележени возила со цел нивна поголема видливост а со тоа и поголемо чувство на безбедност на граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.

РСБСП ги набави возилата и опремата во согласност со обврската дел од овие средства да ги намени за набавка на опрема за осовременување на службите на МВР кои се грижат за безбедноста на сообраќајот, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Претседателката на РСПБС Кожуваровска истакна дека продолжува успешната соработка помеѓу РСБПС и МВР со заедничка цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

The post Дојдоа новите полициски автомобили appeared first on Република.

]]>

Денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи, на министерот Панче Тошковски од страна на претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот Гордана Кожуваровска му беа предадени возила моторни возила наменети за модернизација на опремата на сообраќајната полиција. Две моторни возила се од типот Dacia Duster и четири моторни возила Dacia Sandero Stepway, произведени во 2024, опремени со полициски ознаки и со дополнителна опрема.
„РСПБСП во рамки на неговата законска надлежност во соработка со МВР, денеска овозможи да се зголеми обемот на возила којшто го имаме на располагање во министерството. Шесте возила ќе бидат користени во рамки на СВР Скопје во рамки на увидната екипа и сообраќајната полиција. Се надевам дека со тоа ќе ја зголемиме брзината на реакција во рамки на вршењето на увидните активности на ниво на градот Скопје. Во иднина преку РСБСП или други институции ќе бидат набавувани полициски обележени возила со цел нивна поголема видливост а со тоа и поголемо чувство на безбедност на граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
РСБСП ги набави возилата и опремата во согласност со обврската дел од овие средства да ги намени за набавка на опрема за осовременување на службите на МВР кои се грижат за безбедноста на сообраќајот, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Претседателката на РСПБС Кожуваровска истакна дека продолжува успешната соработка помеѓу РСБПС и МВР со заедничка цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

The post Дојдоа новите полициски автомобили appeared first on Република.

]]>
Со четири полициски возила, без вклучени ротации, Љупчо Палевски – Палчо спроведен во „Шутка“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-chetiri-politsiski-vozila-bez-vklucheni-rotatsii-lupcho-palevski-palcho-sproveden-vo-shutka/ Wed, 15 May 2024 19:19:54 +0000 https://republika.mk/?p=778497

Љупчо Палевски Палчо (59) вечерва со четири полициски возила, без вклучени ротации, е спроведен во Истражниот затвор во Шутка, откако претходно слета на Меѓународниот аеродром во Скопје со редовна линија Истанбул Скопје, потврди за МИА директорот на затворот Филип Андов.

Палевски е во процес на примопредавање, потврди Андов.

Се очекува негов распит пред истражен судија и негов 30-дневен притвор во посебна ќелија, каде ќе биде под специјален безбедносен режим, без контакт со други притвореници.

Палевски е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 и на пензионерот Панче Жежовски. Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, во обид да избега.

Палевски повеќе од пет месеци беше во шестмесечен екстрадициски притвор во Турција.

За соучество за убиството се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето.

Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, кој е осомничен за помагање при бегството.

The post Со четири полициски возила, без вклучени ротации, Љупчо Палевски – Палчо спроведен во „Шутка“ appeared first on Република.

]]>

Љупчо Палевски Палчо (59) вечерва со четири полициски возила, без вклучени ротации, е спроведен во Истражниот затвор во Шутка, откако претходно слета на Меѓународниот аеродром во Скопје со редовна линија Истанбул Скопје, потврди за МИА директорот на затворот Филип Андов. Палевски е во процес на примопредавање, потврди Андов. Се очекува негов распит пред истражен судија и негов 30-дневен притвор во посебна ќелија, каде ќе биде под специјален безбедносен режим, без контакт со други притвореници. Палевски е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска на 27 ноември 2023 и на пензионерот Панче Жежовски. Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир, Турција, во обид да избега. Палевски повеќе од пет месеци беше во шестмесечен екстрадициски притвор во Турција. За соучество за убиството се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето. Со мерки на претпазливост за овој случај е и Стефан Димовски, возачот на првоосомничениот за двојното убиство на Вања и Панче, кој е осомничен за помагање при бегството.

The post Со четири полициски возила, без вклучени ротации, Љупчо Палевски – Палчо спроведен во „Шутка“ appeared first on Република.

]]>