полициски специјалци Archives - Република https://republika.mk/tema/policiski-specijalci/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Jun 2023 15:52:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полициски специјалци Archives - Република https://republika.mk/tema/policiski-specijalci/ 32 32 Ескобар бара ослободување на косовските специјалци уапсени во централна Србија https://republika.mk/vesti/balkan/eskobar-bara-osloboduvane-na-kosovskite-spetsijaltsi-uapseni-vo-tsentralna-srbija/ Fri, 16 Jun 2023 15:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=652204

Владата на Косово треба да ја укине забраната за увоз на стоки од Србија и забраната за преминување на возила од Србија преку административната линија со Косово, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар на онлајн брифинг со новинарите. Тој воедно побара од Србија веднаш да ги ослободи косовските полицајци, јави дописникот на МИА од Белград.

Ескобар истакна дека САД го поддржуваат ставот на Европска Унија дека одлуката не само што е антиевропска бидејќи ја ограничува слободата на движење на луѓе и стоки, туку и нема правна основа.

Тој ја нарече одлуката на косовската Влада „непотребна ескалација“.

САД бараат од Србија веднаш да ги ослободи тројцата косовски полицајци уапсени од Србија.

Ескобар изјави дека сè уште не се познати сите факти за тоа што точно се случило, но истакна дека има две верзии. Едната е дека полицајците биле киднапирани, а другата е дека ненамерно преминале на територијата на Србија и таму биле уапсени.

- Но, во секој случај, рече Ескобар, јасно е дека тројцата косовски полицајци „немале намера да бидат на територијата на Србија“, и затоа се бара нивно итно ослободување.

Ескобар рече дека ситуацијата во Косово е регионално прашање и прашање на регионална стабилност и дека еден лидер не може исклучиво да одлучува што ќе се случува во регионот. Ескобар наведе дека оние земји кои не сакаат да се однесуваат како партнери, да соработуваат, ќе сносат последици.

Тој повтори дека САД, како и ЕУ, сметаат дека мора да се спроведе планот од три точки што беше претставен претходно, што подразбира градоначалниците да ги извршуваат своите функции на алтернативни локации, специјалните полициски сили на Косово да бидат повлечени од српските општини, демонстрантите да бидат повлечени од улиците, одговорност да сносат сите кои учествуваа во насилството врз припадниците на полицијата и КФОР, да се одржат нови избори со загарантирано учество на Србите. И Приштина и Белград да се вратат на дијалогот и разговорите за Охридскиот договор.

The post Ескобар бара ослободување на косовските специјалци уапсени во централна Србија appeared first on Република.

]]>

Владата на Косово треба да ја укине забраната за увоз на стоки од Србија и забраната за преминување на возила од Србија преку административната линија со Косово, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар на онлајн брифинг со новинарите. Тој воедно побара од Србија веднаш да ги ослободи косовските полицајци, јави дописникот на МИА од Белград. Ескобар истакна дека САД го поддржуваат ставот на Европска Унија дека одлуката не само што е антиевропска бидејќи ја ограничува слободата на движење на луѓе и стоки, туку и нема правна основа. Тој ја нарече одлуката на косовската Влада „непотребна ескалација“. САД бараат од Србија веднаш да ги ослободи тројцата косовски полицајци уапсени од Србија. Ескобар изјави дека сè уште не се познати сите факти за тоа што точно се случило, но истакна дека има две верзии. Едната е дека полицајците биле киднапирани, а другата е дека ненамерно преминале на територијата на Србија и таму биле уапсени.
- Но, во секој случај, рече Ескобар, јасно е дека тројцата косовски полицајци „немале намера да бидат на територијата на Србија“, и затоа се бара нивно итно ослободување.
Ескобар рече дека ситуацијата во Косово е регионално прашање и прашање на регионална стабилност и дека еден лидер не може исклучиво да одлучува што ќе се случува во регионот. Ескобар наведе дека оние земји кои не сакаат да се однесуваат како партнери, да соработуваат, ќе сносат последици. Тој повтори дека САД, како и ЕУ, сметаат дека мора да се спроведе планот од три точки што беше претставен претходно, што подразбира градоначалниците да ги извршуваат своите функции на алтернативни локации, специјалните полициски сили на Косово да бидат повлечени од српските општини, демонстрантите да бидат повлечени од улиците, одговорност да сносат сите кои учествуваа во насилството врз припадниците на полицијата и КФОР, да се одржат нови избори со загарантирано учество на Србите. И Приштина и Белград да се вратат на дијалогот и разговорите за Охридскиот договор.

The post Ескобар бара ослободување на косовските специјалци уапсени во централна Србија appeared first on Република.

]]>
Специјалци го тресат затворот „Идризово“, блокирани се влезовите и излезите од две одделенија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/spetsijaltsi-go-tresat-zatvorot-idrizovo-blokirani-se-vlezovite-i-izlezite-od-dve-oddelenija/ Thu, 20 Apr 2023 18:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=632596

Припадници на специјалната едница на МВР повторно прават претреси во затворот „Идризово“ во кординација со затворската управа.

Како што известува „Макфакс“, блокирани се сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот.

Неофицијално, станува збор за справување со осуденици кои биле дел од нарко група која сега е проблематична за контролирање од страна на управата. Наводно, повторно се бараат недозволени предмети како дрога, телефони, пари.

Пред извесен период беше запален автомобил на заменик-директорот на „Идризово“, а претходно уште три возила на вработени од затворот.

The post Специјалци го тресат затворот „Идризово“, блокирани се влезовите и излезите од две одделенија appeared first on Република.

]]>

Припадници на специјалната едница на МВР повторно прават претреси во затворот „Идризово“ во кординација со затворската управа. Како што известува „Макфакс“, блокирани се сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот. Неофицијално, станува збор за справување со осуденици кои биле дел од нарко група која сега е проблематична за контролирање од страна на управата. Наводно, повторно се бараат недозволени предмети како дрога, телефони, пари. Пред извесен период беше запален автомобил на заменик-директорот на „Идризово“, а претходно уште три возила на вработени од затворот.

The post Специјалци го тресат затворот „Идризово“, блокирани се влезовите и излезите од две одделенија appeared first on Република.

]]>