полициска контрола Archives - Република https://republika.mk/tema/policiska-kontrola/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jul 2024 07:48:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полициска контрола Archives - Република https://republika.mk/tema/policiska-kontrola/ 32 32 Дрогата ја криеле во штраф, полициска контрола на концертот „Скопје колинг“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/drogata-ja-kriele-vo-shtraf-politsiska-kontrola-na-kontsertot-skopje-koling/ Sun, 07 Jul 2024 20:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=794351

На 05/06.07.2024 година, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, беше спроведен план за контрола во повеќе угостителски објекти, излетнички места и на концертот “Skopje Calling”, напиша на својот фејсбук профил, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Во рамките на извршената контрола, лишено од слобода е лицето И.П. (42) бидејќи кај истиот при преглед на импровизиран бункер во моторцикл кој го управувал без возачка дозвола, пронајдени се 13 паковки со непозната бела прашкаста материја.

Дополнително, во ташничка под седиштето на моторциклот се пронајдени 60 банкноти во апоен од 50 евра и 5 банкноти во апоен од 1000 денари. По консултација со дежурен јавен обвинител, одземени се паричните средства и мотоциклот, по што И.П. е задржан во полициската станица за понатамошна постапка.

Исто така, при преглед на лицето А.К. (20) пронајдена е непозната растителна материја.

Во рамките на контролната акција, беше извршено легитимирање и преглед на вкупно 29 лица и 5 патнички моторни возила.

Министерството за внатрешни работи останува посветено на борбата против трговијата со дрога и во наредниот период ќе продолжи со преземање на интензивни мерки и активности насочени кон сузбивање на овој, но и на секаков друг вид на криминал“, се наведува во објавата на Тошковски.

The post Дрогата ја криеле во штраф, полициска контрола на концертот „Скопје колинг“ appeared first on Република.

]]>

На 05/06.07.2024 година, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, беше спроведен план за контрола во повеќе угостителски објекти, излетнички места и на концертот “Skopje Calling”, напиша на својот фејсбук профил, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Во рамките на извршената контрола, лишено од слобода е лицето И.П. (42) бидејќи кај истиот при преглед на импровизиран бункер во моторцикл кој го управувал без возачка дозвола, пронајдени се 13 паковки со непозната бела прашкаста материја.
Дополнително, во ташничка под седиштето на моторциклот се пронајдени 60 банкноти во апоен од 50 евра и 5 банкноти во апоен од 1000 денари. По консултација со дежурен јавен обвинител, одземени се паричните средства и мотоциклот, по што И.П. е задржан во полициската станица за понатамошна постапка. Исто така, при преглед на лицето А.К. (20) пронајдена е непозната растителна материја. Во рамките на контролната акција, беше извршено легитимирање и преглед на вкупно 29 лица и 5 патнички моторни возила.