полемика Archives - Република https://republika.mk/tema/polemika/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Aug 2023 10:45:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png полемика Archives - Република https://republika.mk/tema/polemika/ 32 32 Урошевиќ: Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик https://republika.mk/vesti/kultura/uroshevik-ne-treba-da-se-vpushtame-vo-polemiki-za-makedonskiot-jazik/ Sun, 27 Aug 2023 10:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=676264

Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик. Тоа според мене е губење време. Ние пишуваме на македонски и не можеме тоа да го доведеме во прашање затоа што ќе го доведеме во прашање својот идентитет, својата егзистенција, порачува во интервју за МИА годинашниот добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, Влада Урошевиќ.

Урошевиќ, кој е македонски поет, раскажувач, есеист и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вели дека отсекогаш бил против тоа да се впуштаме во полемика со бугарските научници, писатели и политичари околу ова прашање.

Ако тие сметаат дека нашиот јазик не е автентичен, нека си останат со тоа свое мислење, што можеме? Ние сигурно не можеме да ги убедиме. Останува само тие да се променат сами, еден ден да ја сфатат реалноста. Дотогаш треба да ја сочуваме главата студена и да ја сочуваме ладнокрвноста. Тие полемики не водат никаде. Тоа, според мене, е губење време. Треба да ги оставиме нека зборуваат што сакаат, ние си ја знаеме својата вистина, истакнува Урошевиќ.

Годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата говори и за причините за малиот интерес за студирање и изучување на македонскиот јазик.

Се случуваат некои промени во интересот и веројатно кога еден студент се запишува или не се запишува на македонски јазик, тој ги пресметува своите шанси за вработување. Знаете, не станува само збор за тоа дали ја сакаме таа материја и дали сакаме тоа да го студираме. Сепак, улога игра и оној практичниот дел од размислувањето дали можам да најдам работа кога ќе ги завршам овие студии. Мислам дека тоа е главното прашање и добро е што се воведени задолжително лектори за многу начини на објавување, печатење, промовирање во јавноста и тие играат многу значајна улога во сето тоа и мислам дека ни се потребни уште лектори. Така што, студирањето на македонскиот јазик не носи повеќе ризици од студирањето на нешто друго, појаснува Урошевиќ.

The post Урошевиќ: Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик. Тоа според мене е губење време. Ние пишуваме на македонски и не можеме тоа да го доведеме во прашање затоа што ќе го доведеме во прашање својот идентитет, својата егзистенција, порачува во интервју за МИА годинашниот добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, Влада Урошевиќ. Урошевиќ, кој е македонски поет, раскажувач, есеист и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вели дека отсекогаш бил против тоа да се впуштаме во полемика со бугарските научници, писатели и политичари околу ова прашање.