поимник Archives - Република https://republika.mk/tema/poimnik/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Aug 2022 08:01:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поимник Archives - Република https://republika.mk/tema/poimnik/ 32 32 Народната банка го објави Поимникот на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodnata-banka-go-objavi-poimnikot-na-termini-od-oblasta-na-bankarskoto-i-centralnobankarskoto-rabotenje/ Mon, 15 Aug 2022 08:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=540410

Во рамки на активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење.

Со Поимникот е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност. Поимникот, е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/poimnik.nspx

Финансиската едукација е една од стратегиските цели на Народната банка. Населението коешто има познавања од областа на финансиите ги знае предностите од користењето различни финансиски услуги и е посвесно за ризиците.

-Овој вид едукација, во крајна линија, обезбедува поголема вклученост на населението во финансиските текови и олеснет пристап до финансии. Токму затоа, се преземаат низа активности за подобрување на финансиската писменост. На иницијатива на Народната банка, заедно со останатите финансиски регулатори, минатата година беше изработена и првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија. Народната банка презема повеќе тековни активности, како организација на предавања, анкети, изработка на едукативни материјали, со цел организирано и системско подобрување во овој сегмент, велат од НБРМ.

The post Народната банка го објави Поимникот на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење appeared first on Република.

]]>

Во рамки на активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење. Со Поимникот е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност. Поимникот, е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/poimnik.nspx Финансиската едукација е една од стратегиските цели на Народната банка. Населението коешто има познавања од областа на финансиите ги знае предностите од користењето различни финансиски услуги и е посвесно за ризиците. -Овој вид едукација, во крајна линија, обезбедува поголема вклученост на населението во финансиските текови и олеснет пристап до финансии. Токму затоа, се преземаат низа активности за подобрување на финансиската писменост. На иницијатива на Народната банка, заедно со останатите финансиски регулатори, минатата година беше изработена и првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија. Народната банка презема повеќе тековни активности, како организација на предавања, анкети, изработка на едукативни материјали, со цел организирано и системско подобрување во овој сегмент, велат од НБРМ.

The post Народната банка го објави Поимникот на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење appeared first on Република.

]]>