поглавје Archives - Република https://republika.mk/tema/poglavje/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Nov 2023 10:34:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поглавје Archives - Република https://republika.mk/tema/poglavje/ 32 32 СДСМ: Имаме напредок во 81 отсто од поглавјата https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-imame-napredok-vo-81-otsto-od-poglavjata/ Fri, 10 Nov 2023 10:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=700215

Извештајот на Европската комисија е јасен прогрес има во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје, се вели во соопштението на СДСМ.

Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% има соодветно ниво на подготвеност. Нема повеќе делови во Извештајот како во времето на ДПМНЕ од 2015 или 2016 година за заробена држава, нема мешање во судската власт, нема уназадување.

ЕУ го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан.

Само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра, велат од СДСМ.

Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега, сметаат од СДСМ.

The post СДСМ: Имаме напредок во 81 отсто од поглавјата appeared first on Република.

]]>

Извештајот на Европската комисија е јасен прогрес има во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје, се вели во соопштението на СДСМ.
Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% има соодветно ниво на подготвеност. Нема повеќе делови во Извештајот како во времето на ДПМНЕ од 2015 или 2016 година за заробена држава, нема мешање во судската власт, нема уназадување. ЕУ го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан. Само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра, велат од СДСМ.
Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега, сметаат од СДСМ.  

The post СДСМ: Имаме напредок во 81 отсто од поглавјата appeared first on Република.

]]>
Маричиќ за Поглавје 23: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-za-poglavje-23-sudskata-reforma-kluchna-za-pristapuvanje-vo-eu-imame-ushte-za-rabota/ Fri, 02 Dec 2022 20:30:15 +0000 https://republika.mk/?p=581136

Дводневниот билатерален скрининг состанок за Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права”, покажа дека имаме системски капацитет и подготвеност да го надоградиме со европските правила на функционирање, оцени вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по завршувањето на скрининг состанокот во Брисел.

– Спроведувањето на судската реформа ќе биде пресудна во преговорите со ЕУ. Членството во Европска Унија е наша стратешка цел, а сите обврски кои треба да ги исполниме за да успееме во тоа, ги преземаме заради обезбедување на граѓаните ефикасни институции кои ќе работат врз европските стандарди и принципи, рече вицепремиерот Маричиќ, кој е и главен преговарач со ЕУ.

Виепремиерот задолжен за европски прашања, како што соопштија од СЕП, истакна дека Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права” бара темелен пристап и оти нè чека уште многу работа, но дека политичка волја и заложба има за спроведување на реформите со видливи резултати.

– Политичка волја имаме и спремни сме за забрзано реформирање, со конкретен план и задачи за секоја институција. Усогласеноста е на добро ниво, сега мораме да се фокусираме на активностите кои ќе дадат мерливи резултати, кои имаат директно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните, посочи Маричиќ.

Според него, процесот на проширување ќе биде движечка сила за реформите, за демократијата, слободата на медиумите, граѓанските слободи и владеењето на правото и сите институции треба максимално да се посветат.

Главниот преговарач е убеден дека може да се исполнат задачите кои Европската комисија ги бара во оваа област и најави дека следува период во кој ќе се работи на планирање на реформите и подготвување на Патоказот, кои треба во пракса да дадат брзи резултати.

Во овие два дена македонскиот преговарачки тим презентираше на три теми: Антикорупција и фундаментални права, со акцент на антикорупциската политика и законодавството во однос на справување и борбата со корупцијата, административните капацитети и инструменти, евиденција, степенот на усогласеност и судство, низ дваесет и четири презентации.

Билатералните скрининг состаноци за Кластер 1, „Фундаментални вредности” продолжуваат следната недела. В понеделник ќе се одржи билатерален скрининг за областа „Економски критериуми”, во вторник за областа „Реформа на јавната администрација” и Поглавје 32 „Финансиска контрола”, а в среда ќе се за областа „Функционирање на демократските институции”.

Билатералните скрининзи за трите области – Економски критериуми, Реформа на јавната администрација и Функционирање на демократските институции се одржуваат прв пат согласно новата методологија, наведуваат од СЕП.

The post Маричиќ за Поглавје 23: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа appeared first on Република.

]]>

Дводневниот билатерален скрининг состанок за Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права”, покажа дека имаме системски капацитет и подготвеност да го надоградиме со европските правила на функционирање, оцени вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по завршувањето на скрининг состанокот во Брисел.
– Спроведувањето на судската реформа ќе биде пресудна во преговорите со ЕУ. Членството во Европска Унија е наша стратешка цел, а сите обврски кои треба да ги исполниме за да успееме во тоа, ги преземаме заради обезбедување на граѓаните ефикасни институции кои ќе работат врз европските стандарди и принципи, рече вицепремиерот Маричиќ, кој е и главен преговарач со ЕУ.
Виепремиерот задолжен за европски прашања, како што соопштија од СЕП, истакна дека Поглавјето 23, „Правосудство и фундаментални права” бара темелен пристап и оти нè чека уште многу работа, но дека политичка волја и заложба има за спроведување на реформите со видливи резултати.
– Политичка волја имаме и спремни сме за забрзано реформирање, со конкретен план и задачи за секоја институција. Усогласеноста е на добро ниво, сега мораме да се фокусираме на активностите кои ќе дадат мерливи резултати, кои имаат директно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните, посочи Маричиќ.
Според него, процесот на проширување ќе биде движечка сила за реформите, за демократијата, слободата на медиумите, граѓанските слободи и владеењето на правото и сите институции треба максимално да се посветат. Главниот преговарач е убеден дека може да се исполнат задачите кои Европската комисија ги бара во оваа област и најави дека следува период во кој ќе се работи на планирање на реформите и подготвување на Патоказот, кои треба во пракса да дадат брзи резултати. Во овие два дена македонскиот преговарачки тим презентираше на три теми: Антикорупција и фундаментални права, со акцент на антикорупциската политика и законодавството во однос на справување и борбата со корупцијата, административните капацитети и инструменти, евиденција, степенот на усогласеност и судство, низ дваесет и четири презентации. Билатералните скрининг состаноци за Кластер 1, „Фундаментални вредности” продолжуваат следната недела. В понеделник ќе се одржи билатерален скрининг за областа „Економски критериуми”, во вторник за областа „Реформа на јавната администрација” и Поглавје 32 „Финансиска контрола”, а в среда ќе се за областа „Функционирање на демократските институции”. Билатералните скрининзи за трите области – Економски критериуми, Реформа на јавната администрација и Функционирање на демократските институции се одржуваат прв пат согласно новата методологија, наведуваат од СЕП.

The post Маричиќ за Поглавје 23: Судската реформа клучна за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Поглавјето 20 е патоказ за поконкурентна економија, преговорите со ЕУ се важни за развојот на македонските бизниси https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-poglavjeto-20-e-patokaz-za-pokonkurentna-ekonomija-pregovorite-so-eu-se-vazni-za-razvojot-na-makedonskite-biznisi/ Thu, 20 Oct 2022 10:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=563508

Денеска во Брисел се одржува објаснувачкиот скрининг состанок за Поглавјето 20, „Претпријатија и индустриска политика“, на кој вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека имаме високо ниво на усогласеност во оваа област и дека Владата е посветена на создавање поволна и атрактивна бизнис клима за инвестиции и водење бизнис, преку развивање стратешки рамки.

Ова поглавје е патоказ за поконкурентна економија и воведува нови европски стандарди во развојот на малите и средни претпријатија, како и во индустриската политика на земјата. Процесот на преговори значи и подготвка за поврзување со големите меѓународни компании и подобар пристап до изворите на финансирање, што несомнено е од интерес на македонските компании, рече главниот преговарач со ЕУ, Маричиќ.

Маричиќ истакна дека Директивата на ЕУ за борба против задоцнето плаќање, е поврзана со многу стратешки документи кои овозможуваат поволна деловна клима и принципи за економски развој и економски раст, инструменти за поддршка на конкурентноста, растот, иновациите, интернационализацијата и секторските политики, потенцирајќи дека Владата е посветена на создавање поволна и атрактивна бизнис клима за инвестиции и водење бизнис, преку развивање на стратешки рамки во оваа област.

Ја усвоивме и Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023 година, а важно е да се спомене и дека сме во процес на развој на Стратегијата за паметна односно смарт специјализација, како нова стратегија за иновации и конкурентност. Овој документ е развиен во тесна соработка, следејќи ја методологијата на Заедничкиот истражувачки центар., а очекуваме да биде финализиран до крајот на оваа година, најави Маричиќ.

Како главниот стратешки документ, Маричиќ се осврна и на Индустриската стратегија на Република Македонија 2018-2027 година, која ги интегрира мерките од Планот за економски раст и се фокусира на развојот на преработувачката индустрија.

На скрининг состанокот беше посочено дека изминатите години Македонија работела на транспонирање на соодветната ЕУ легислатива во македонското национално законодавство и дека е постигнато високо ниво на усогласеност, а во тој контекст вицепремиерот Маричиќ рече дека Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина, дополнително усогласен со Директивата за задоцнето плаќање (2011/7/ЕУ), веќе е усвоен од Владата и сега е во собраниска процедура.

Во однос на притисокот со кој се соочуваше Владата во изминатите години од КОВИД и енергетските и прехранбените кризи, Маричиќ посочи дека тоа силно влијаело врз компаниите и ја истакна важноста од усогласување на владините политики и инструменти за поддршка на компаниите во нивната работа, транзиција и раст.

Во однос на одговорот на кризата со која се соочивме, како Влада на компаниите им понудивме сеопфатен пакет мерки за да им помогнеме во време на Ковид и развивме сет мерки за борба против притисокот од цените на енергијата, рече Маричиќ пред претставниците на Европската комисија.

По завршувањето на состанокот за Поглавјето 20, ќе се одржи и објаснувачкиот скрининг состанок за Поглавјето 29, „Царинска унија“.

The post Маричиќ: Поглавјето 20 е патоказ за поконкурентна економија, преговорите со ЕУ се важни за развојот на македонските бизниси appeared first on Република.

]]>

Денеска во Брисел се одржува објаснувачкиот скрининг состанок за Поглавјето 20, „Претпријатија и индустриска политика“, на кој вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ рече дека имаме високо ниво на усогласеност во оваа област и дека Владата е посветена на создавање поволна и атрактивна бизнис клима за инвестиции и водење бизнис, преку развивање стратешки рамки.
Ова поглавје е патоказ за поконкурентна економија и воведува нови европски стандарди во развојот на малите и средни претпријатија, како и во индустриската политика на земјата. Процесот на преговори значи и подготвка за поврзување со големите меѓународни компании и подобар пристап до изворите на финансирање, што несомнено е од интерес на македонските компании, рече главниот преговарач со ЕУ, Маричиќ.
Маричиќ истакна дека Директивата на ЕУ за борба против задоцнето плаќање, е поврзана со многу стратешки документи кои овозможуваат поволна деловна клима и принципи за економски развој и економски раст, инструменти за поддршка на конкурентноста, растот, иновациите, интернационализацијата и секторските политики, потенцирајќи дека Владата е посветена на создавање поволна и атрактивна бизнис клима за инвестиции и водење бизнис, преку развивање на стратешки рамки во оваа област.
Ја усвоивме и Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023 година, а важно е да се спомене и дека сме во процес на развој на Стратегијата за паметна односно смарт специјализација, како нова стратегија за иновации и конкурентност. Овој документ е развиен во тесна соработка, следејќи ја методологијата на Заедничкиот истражувачки центар., а очекуваме да биде финализиран до крајот на оваа година, најави Маричиќ.
Како главниот стратешки документ, Маричиќ се осврна и на Индустриската стратегија на Република Македонија 2018-2027 година, која ги интегрира мерките од Планот за економски раст и се фокусира на развојот на преработувачката индустрија. На скрининг состанокот беше посочено дека изминатите години Македонија работела на транспонирање на соодветната ЕУ легислатива во македонското национално законодавство и дека е постигнато високо ниво на усогласеност, а во тој контекст вицепремиерот Маричиќ рече дека Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина, дополнително усогласен со Директивата за задоцнето плаќање (2011/7/ЕУ), веќе е усвоен од Владата и сега е во собраниска процедура. Во однос на притисокот со кој се соочуваше Владата во изминатите години од КОВИД и енергетските и прехранбените кризи, Маричиќ посочи дека тоа силно влијаело врз компаниите и ја истакна важноста од усогласување на владините политики и инструменти за поддршка на компаниите во нивната работа, транзиција и раст.