поетска вртешка Archives - Република https://republika.mk/tema/poetska-vrteshka/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 09:18:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png поетска вртешка Archives - Република https://republika.mk/tema/poetska-vrteshka/ 32 32 Со поетска вртешка со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски вечерва во Битола почнува Фестивалот на музика од светот https://republika.mk/scena/muzika/so-poetska-vrteshka-so-branislav-nikolov-i-tihomir-janchovski-vecherva-vo-bitola-pochnuva-festivalot-na-muzika-od-svetot/ Thu, 28 Nov 2024 09:18:44 +0000 https://republika.mk/?p=842623

Вечерва почнува Фестивалот на музика од светот, а за ова разговаравме со директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илијевски.

Првиот настан од овој фестивал е „Волкот на љубовта“, поетска вртешка со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски.

Поетско-музички интерпретации на најубавите љубовни песни во современата македонска поезија: стихови од Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски… Во вториот дел, изведувачите ќе презентираат свои песни, а ќе бидат отсвирени и најслушаните љубовни песни од македонските фестивали на 20-от век. Настанот е на новата сцена со почеток во 20:00 часот.

В петок од 20:00 часот на големата сцена на Центарот за култура за свеченото отвоирање на годинашниот фестивал „Етно симфонија“ со Кармерниот оркестар и специјалните гости, Сузана Спасовска – вокал, Благојче Трајковски – кларинет и Петар Горко – актер.

Сабота од 20:00 часот исто така на големата сцена на Центарот за култура Маноло Гименез, препознатливиот глас на „Gipsy Kings“, ќе приреди незаборавен концерт со хитови како „Bamboleo“, „Volare“, „Jobi Joba“ и други.

Во декември 2010 година, Манило го напушти бендот за да формира своја циганска формација во јануари 2011 година: „MANOLO voice of Gipsy Kings“, со која ја претставува големината на неговиот непогрешлив глас ширум светските сцени.

Со над 2 милиони продадени албуми, Маноло плени со својот харизматичен настап, мешајќи каталонска румба, фламенко и поп музика. Секој негов концерт е вистинска прослава и покана за танц!

И на последната вечер од овој фестивал на 1 декември в недела од 20:00 часот „Балкан мјузик проџект“, Дувачки квинтет Македонија и Дувачки квинтет на Белградската филхармонија.

Илија Илиевски – Дувачки квинтет, Дејан Деспиќ – Вињети оп.43, Андре Капле – Персиска суита за десет дувачи, Владимир Димовски – Српска суита за десет дувачи, Владимир Димовски – Македонска суита за десет дувачи.

Дувачки квинтет Македонија – ансамбл составен од врвни музичари од НОБ, кои со своето долгогодишно искуство донесуваат нов звук во камерната музика.

Дувачки квинтет на Белградската филхармонија – етаблиран ансамбл со настапи на престижни фестивали како БЕМУС, НОМУС и многу други, познат и по работилници за музичко образование.

Во интервјуто со Андоновска-Илијевски зборуваме за тоа како го прават изборот за програмата на овој фестивал, за продажбата на влезниците и секогаш исполнетите сали до последно местo, за офф програмата и поддршката што ја имаат од Министерството за култура и Општина Битола.

The post Со поетска вртешка со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски вечерва во Битола почнува Фестивалот на музика од светот appeared first on Република.

]]>

Вечерва почнува Фестивалот на музика од светот, а за ова разговаравме со директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска-Илијевски. Првиот настан од овој фестивал е „Волкот на љубовта“, поетска вртешка со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски. Поетско-музички интерпретации на најубавите љубовни песни во современата македонска поезија: стихови од Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски… Во вториот дел, изведувачите ќе презентираат свои песни, а ќе бидат отсвирени и најслушаните љубовни песни од македонските фестивали на 20-от век. Настанот е на новата сцена со почеток во 20:00 часот. В петок од 20:00 часот на големата сцена на Центарот за култура за свеченото отвоирање на годинашниот фестивал „Етно симфонија“ со Кармерниот оркестар и специјалните гости, Сузана Спасовска – вокал, Благојче Трајковски – кларинет и Петар Горко – актер.
Сабота од 20:00 часот исто така на големата сцена на Центарот за култура Маноло Гименез, препознатливиот глас на „Gipsy Kings“, ќе приреди незаборавен концерт со хитови како „Bamboleo“, „Volare“, „Jobi Joba“ и други. Во декември 2010 година, Манило го напушти бендот за да формира своја циганска формација во јануари 2011 година: „MANOLO voice of Gipsy Kings“, со која ја претставува големината на неговиот непогрешлив глас ширум светските сцени. Со над 2 милиони продадени албуми, Маноло плени со својот харизматичен настап, мешајќи каталонска румба, фламенко и поп музика. Секој негов концерт е вистинска прослава и покана за танц! И на последната вечер од овој фестивал на 1 декември в недела од 20:00 часот „Балкан мјузик проџект“, Дувачки квинтет Македонија и Дувачки квинтет на Белградската филхармонија. Илија Илиевски – Дувачки квинтет, Дејан Деспиќ – Вињети оп.43, Андре Капле – Персиска суита за десет дувачи, Владимир Димовски – Српска суита за десет дувачи, Владимир Димовски – Македонска суита за десет дувачи. Дувачки квинтет Македонија – ансамбл составен од врвни музичари од НОБ, кои со своето долгогодишно искуство донесуваат нов звук во камерната музика. Дувачки квинтет на Белградската филхармонија – етаблиран ансамбл со настапи на престижни фестивали како БЕМУС, НОМУС и многу други, познат и по работилници за музичко образование. Во интервјуто со Андоновска-Илијевски зборуваме за тоа како го прават изборот за програмата на овој фестивал, за продажбата на влезниците и секогаш исполнетите сали до последно местo, за офф програмата и поддршката што ја имаат од Министерството за култура и Општина Битола.

The post Со поетска вртешка со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски вечерва во Битола почнува Фестивалот на музика од светот appeared first on Република.

]]>