Поетска ноќ во Велество Archives - Република https://republika.mk/tema/poetska-nokj-vo-velestvo/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Aug 2024 06:54:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Поетска ноќ во Велество Archives - Република https://republika.mk/tema/poetska-nokj-vo-velestvo/ 32 32 Елизабета Баковска поетеса во фокус на 36. Поетска ноќ во Велестово https://republika.mk/vesti/kultura/elizabeta-bakovska-poetesa-vo-fokus-na-36-poetska-nok-vo-velestovo/ Fri, 16 Aug 2024 06:54:27 +0000 https://republika.mk/?p=807042

Фестивалот 36. Поетска ноќ во Велестово оваа година ќе се одржи од 16 до 18 август на локации во Велестово и Охрид.

Со поетски портрет на годинешното издание ќе биде претставено творештвото на Елизабета Баковска, а во интернационалната програма ќе гостуваат поети од шест земји, Велика Британија, Ирска, Кина, Хрватска, Србија и Македонија.

„Од годинава, за наредниот 4-годишен циклус имаме неколку концепциски промени, имено, наместо преку беседа, творештвото на поетот во фокус ќе биде претставувано преку разговор, во дослух со современите трендови. Исто така, се воведува настанот ‘Поетско интермецо’ преку кој странските поети ќе имаат можност да читаат и пред публиката во Велестово, а не само во Охрид“, се вели во најавата.

Отворањето ќе биде на 16 август од 21 часот на сретсело во Велестово со „Езеро“ ‒ мал музички концерт на хрватската кант-авторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ. Ќе следува поетскиот портрет на Елизабета Баковска, а потем и настанот „Поетско интермецо“. Вечерта ќе биде затворена со изложбата на фотографии „Паметници на заборавот“ од Сашо Димоски, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

Автор на постерот за годинешното издание е Андреј Павлов.

На 17 август со почеток од 19 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Мозаик“ на кое ќе настапат: Патрик Котер (Ирска), Фиона Сампсон (Белика Британија), Иван Херцег (Хрватска), Марко Ѓорѓевиќ (Србија), Минг Ди (Кина/САД), Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски и Христина Цветаноска од Македонија, а по читањето, публиката ќе има можност да ужива во уште еден настап на Нина Ромиќ и Јелена Галиќ.

Фестивалот ќе заврши на 18 август со организрано разгледување на културно-историското наследство на градот Охрид и природните убавини на планината Галичица, придружено со неформални поетски читања.

 

The post Елизабета Баковска поетеса во фокус на 36. Поетска ноќ во Велестово appeared first on Република.

]]>

Фестивалот 36. Поетска ноќ во Велестово оваа година ќе се одржи од 16 до 18 август на локации во Велестово и Охрид. Со поетски портрет на годинешното издание ќе биде претставено творештвото на Елизабета Баковска, а во интернационалната програма ќе гостуваат поети од шест земји, Велика Британија, Ирска, Кина, Хрватска, Србија и Македонија.
„Од годинава, за наредниот 4-годишен циклус имаме неколку концепциски промени, имено, наместо преку беседа, творештвото на поетот во фокус ќе биде претставувано преку разговор, во дослух со современите трендови. Исто така, се воведува настанот ‘Поетско интермецо’ преку кој странските поети ќе имаат можност да читаат и пред публиката во Велестово, а не само во Охрид“, се вели во најавата.
Отворањето ќе биде на 16 август од 21 часот на сретсело во Велестово со „Езеро“ ‒ мал музички концерт на хрватската кант-авторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ. Ќе следува поетскиот портрет на Елизабета Баковска, а потем и настанот „Поетско интермецо“. Вечерта ќе биде затворена со изложбата на фотографии „Паметници на заборавот“ од Сашо Димоски, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Автор на постерот за годинешното издание е Андреј Павлов. На 17 август со почеток од 19 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Мозаик“ на кое ќе настапат: Патрик Котер (Ирска), Фиона Сампсон (Белика Британија), Иван Херцег (Хрватска), Марко Ѓорѓевиќ (Србија), Минг Ди (Кина/САД), Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски и Христина Цветаноска од Македонија, а по читањето, публиката ќе има можност да ужива во уште еден настап на Нина Ромиќ и Јелена Галиќ. Фестивалот ќе заврши на 18 август со организрано разгледување на културно-историското наследство на градот Охрид и природните убавини на планината Галичица, придружено со неформални поетски читања.  

The post Елизабета Баковска поетеса во фокус на 36. Поетска ноќ во Велестово appeared first on Република.

]]>
Прелудиум на 35. Поетска ноќ во Велестово вечерва во Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/preludium-na-35-poetska-nok-vo-velestovo-vecherva-vo-ohrid/ Sat, 12 Aug 2023 14:23:16 +0000 https://republika.mk/?p=671422

Спроти отворањето на 35. издание на „Поетската ноќ во Велестово“, денеска во 13 часот во Велестово свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“.

Како што информира програмскиот директор на манифестацијата, Јулијана Величковска, станува збор за дело на уметникот Никола Пијанманов кој е инспириран од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке.

Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.

Истиот ден, со почеток од 18 часот во кафе бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Прелудиум“ – преднастан на јубилејната 35. Поетска ноќ во Велестово, на кој ќе настапат осум поети од пет земји: Марија Дејановиќ (Хрватска), Ким Симонсен (Фарски Острови), Танос Гогос (Грција), Марио Де Роза (Италија), а од домашните автори ќе настапат Долорес Атанасова ‒ Лори, Ѓоко Здравески, Марина Икономова Шокева и Сашо Огненовски.

 

The post Прелудиум на 35. Поетска ноќ во Велестово вечерва во Охрид appeared first on Република.

]]>

Спроти отворањето на 35. издание на „Поетската ноќ во Велестово“, денеска во 13 часот во Велестово свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“. Како што информира програмскиот директор на манифестацијата, Јулијана Величковска, станува збор за дело на уметникот Никола Пијанманов кој е инспириран од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке. Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид. Истиот ден, со почеток од 18 часот во кафе бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Прелудиум“ – преднастан на јубилејната 35. Поетска ноќ во Велестово, на кој ќе настапат осум поети од пет земји: Марија Дејановиќ (Хрватска), Ким Симонсен (Фарски Острови), Танос Гогос (Грција), Марио Де Роза (Италија), а од домашните автори ќе настапат Долорес Атанасова ‒ Лори, Ѓоко Здравески, Марина Икономова Шокева и Сашо Огненовски.  

The post Прелудиум на 35. Поетска ноќ во Велестово вечерва во Охрид appeared first on Република.

]]>
Откривање скулптура и „Прелудиум“ како вовед во 35. Поетска ноќ во Велестово https://republika.mk/vesti/kultura/otkrivane-skulptura-i-preludium-kako-voved-vo-35-poetska-nok-vo-velestovo/ Thu, 10 Aug 2023 14:44:33 +0000 https://republika.mk/?p=670847

Како вовед во 35. Поетска ноќ во Велестово, на 12 август сретсело, свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке. Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.

Истиот ден, со почеток од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Прелудиум“ – преднастан на јубилејната 35. Поетска ноќ во Велестово, на кој ќе читаат девет поети од пет земји: Марија Дејановиќ (Хрватска), Ким Симонсен (Фарски Острови), Танос Гогос (Грција), Марио Де Роза (Италија), Марко Грегур (Хрватска), Долорес Атанасова ‒ Лори, Ѓоко Здравески, Марина Икономова Шокева и Сашо Огненовски од Македонија.

 

The post Откривање скулптура и „Прелудиум“ како вовед во 35. Поетска ноќ во Велестово appeared first on Република.

]]>

Како вовед во 35. Поетска ноќ во Велестово, на 12 август сретсело, свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке. Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид. Истиот ден, со почеток од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Прелудиум“ – преднастан на јубилејната 35. Поетска ноќ во Велестово, на кој ќе читаат девет поети од пет земји: Марија Дејановиќ (Хрватска), Ким Симонсен (Фарски Острови), Танос Гогос (Грција), Марио Де Роза (Италија), Марко Грегур (Хрватска), Долорес Атанасова ‒ Лори, Ѓоко Здравески, Марина Икономова Шокева и Сашо Огненовски од Македонија.  

The post Откривање скулптура и „Прелудиум“ како вовед во 35. Поетска ноќ во Велестово appeared first on Република.

]]>
Со портрет на Лидија Димковска ќе биде отворена манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-portret-na-lidija-dimkovska-kje-bide-otvorena-manifestacijata-poetska-nokj-vo-velestovo/ Tue, 16 Aug 2022 09:56:00 +0000 https://republika.mk/?p=540864

Три поетски читања и учество на десетина поети од земјава и од странство, ликовна изложба, дебати и работилници за креативно пишување ќе се остварат во рамки на 34-тото издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, која оваа година ќе се одржи од 19 до 21 август во Велестово и Охрид.

Во петок, со почеток од 21 часот сретсело во Велестово, ќе започне официјалната програма со поетски портрет на македонската поетеса Лидија Димковска. Потоа, во 22 часот, ќе следи отворањето на ликовната изложба „Плачот на Адам“, на уметникот Никола Пијанманов, која ќе се одржи во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

За следниот ден од манифестацијата, односно 20 август, предвидени се настанот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“, серија настани кои ќе заппќнат во 11 часот претпладне во просториите на „Касарна ХАБ“ во Охрид.

Искуствата ќе ги споделат поетите од проектот OH READ: Селахатин Јолгиден (Турција), Мањола Наси (Албанија), Валентина Бакти (Србија), Диме Данов (Македонија) и Јулијана Величковска (Македонија).

Подоцна, во 18 часот, во кафе и бар „Шила“ во Охрид, ќе се одржи и интернационалното поетско читање на кое ќе настапат поетите од проектот OH READ, заедно со другите учесници на фестивалот, односно поетите Ким Симонсен (Фарски Острови), Лидија Димковска (Македонија), Алеш Мустар (Словенија), Ана Голејшка Џикова (Македонија) и Зоран Јакимоски (Македонија). Во рамки на читањето предвидена е и една куса дебата за значењето на книжевните преводи.

Фестивалот ќе заврши во недела, на 21 август, со уште едно интернационално поетско читање „Поезија ‒ Залез“ што ќе се одржи во природа, на локација во селото Велестово што се наоѓа во националниот парк „Галичица“, на кое ќе настапат сите поети учесници на фестивалот, а ќе се дебатира и за улогата на пејзажот во книжевноста, со што би ја подигнале свеста за екологијата.

 

The post Со портрет на Лидија Димковска ќе биде отворена манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ appeared first on Република.

]]>

Три поетски читања и учество на десетина поети од земјава и од странство, ликовна изложба, дебати и работилници за креативно пишување ќе се остварат во рамки на 34-тото издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, која оваа година ќе се одржи од 19 до 21 август во Велестово и Охрид. Во петок, со почеток од 21 часот сретсело во Велестово, ќе започне официјалната програма со поетски портрет на македонската поетеса Лидија Димковска. Потоа, во 22 часот, ќе следи отворањето на ликовната изложба „Плачот на Адам“, на уметникот Никола Пијанманов, која ќе се одржи во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. За следниот ден од манифестацијата, односно 20 август, предвидени се настанот „OH READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“, серија настани кои ќе заппќнат во 11 часот претпладне во просториите на „Касарна ХАБ“ во Охрид. Искуствата ќе ги споделат поетите од проектот OH READ: Селахатин Јолгиден (Турција), Мањола Наси (Албанија), Валентина Бакти (Србија), Диме Данов (Македонија) и Јулијана Величковска (Македонија). Подоцна, во 18 часот, во кафе и бар „Шила“ во Охрид, ќе се одржи и интернационалното поетско читање на кое ќе настапат поетите од проектот OH READ, заедно со другите учесници на фестивалот, односно поетите Ким Симонсен (Фарски Острови), Лидија Димковска (Македонија), Алеш Мустар (Словенија), Ана Голејшка Џикова (Македонија) и Зоран Јакимоски (Македонија). Во рамки на читањето предвидена е и една куса дебата за значењето на книжевните преводи. Фестивалот ќе заврши во недела, на 21 август, со уште едно интернационално поетско читање „Поезија ‒ Залез“ што ќе се одржи во природа, на локација во селото Велестово што се наоѓа во националниот парк „Галичица“, на кое ќе настапат сите поети учесници на фестивалот, а ќе се дебатира и за улогата на пејзажот во книжевноста, со што би ја подигнале свеста за екологијата.  

The post Со портрет на Лидија Димковска ќе биде отворена манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ appeared first on Република.

]]>