подвижна лента Archives - Република https://republika.mk/tema/podvizhna-lenta/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jul 2023 11:28:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png подвижна лента Archives - Република https://republika.mk/tema/podvizhna-lenta/ 32 32 Хорор на аеродром: Жена останала без нога откако и се заглавила во подвижна лента (вознемирувачко) https://republika.mk/vesti/svet/horor-na-aerodrom-zhena-ostanala-bez-noga-otkako-i-se-zaglavila-vo-podvizhna-lenta-voznemiruvachko/ Sun, 02 Jul 2023 11:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=657413

Една жена ја загубила ногата откако била повлечена од подвижната лента на аеродромот во Бангкок. 57-годишната патничка патувала со лет од меѓународниот аеродром Дон Муанг до тајландската провинција Након Си Тамарат.

Во шокантната несреќа, таа се сопнала преку својот розев куфер и механизмот на подвижната лента го зафатил нејзиното стапало, со што и ги скинал мускулите, тетивата и коската.

Другите патници, видно вознемирени од глетката, се обиделе да го притиснат прекинувачот за итни случаи додека машината продолжила да и ја дроби ногата.

Медицинскиот тим на крајот морал да и ја ампутира левата нога над коленото, соопштија аеродромските власти.

Потоа патничката била префрлена во болница во главниот град.

Медицинскиот тим во болницата изјавил дека патичката првично била испратена во Карун каде и било кажано дека не можат повторно да и ја „закачат“ ногата, но жената побарала да биде префрлена во друга болница за второ мислење.

Аеродромските власти наредија истрага за да се утврдат причините за несреќата, пренесува „Дејли мејл“.

На куферот што лежел во нејзина близина недостасувале две тркала, а на лице место се забележани и скршени делови од постојката што го покрива делот каде завршува подвижната лента.

Таа автоматска патека веднаш е затворена за патници додека инженерски тим врши инспекции и безбедносни проверки.

The post Хорор на аеродром: Жена останала без нога откако и се заглавила во подвижна лента (вознемирувачко) appeared first on Република.

]]>

Една жена ја загубила ногата откако била повлечена од подвижната лента на аеродромот во Бангкок. 57-годишната патничка патувала со лет од меѓународниот аеродром Дон Муанг до тајландската провинција Након Си Тамарат. Во шокантната несреќа, таа се сопнала преку својот розев куфер и механизмот на подвижната лента го зафатил нејзиното стапало, со што и ги скинал мускулите, тетивата и коската. Другите патници, видно вознемирени од глетката, се обиделе да го притиснат прекинувачот за итни случаи додека машината продолжила да и ја дроби ногата. Медицинскиот тим на крајот морал да и ја ампутира левата нога над коленото, соопштија аеродромските власти. Потоа патничката била префрлена во болница во главниот град. Медицинскиот тим во болницата изјавил дека патичката првично била испратена во Карун каде и било кажано дека не можат повторно да и ја „закачат“ ногата, но жената побарала да биде префрлена во друга болница за второ мислење. Аеродромските власти наредија истрага за да се утврдат причините за несреќата, пренесува „Дејли мејл“. На куферот што лежел во нејзина близина недостасувале две тркала, а на лице место се забележани и скршени делови од постојката што го покрива делот каде завршува подвижната лента. Таа автоматска патека веднаш е затворена за патници додека инженерски тим врши инспекции и безбедносни проверки.

The post Хорор на аеродром: Жена останала без нога откако и се заглавила во подвижна лента (вознемирувачко) appeared first on Република.

]]>