подуен стомак Archives - Република https://republika.mk/tema/poduen-stomak/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 18:38:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png подуен стомак Archives - Република https://republika.mk/tema/poduen-stomak/ 32 32 Храна против подуеност https://republika.mk/zivot/zdravje/hrana-protiv-poduenost/ Thu, 11 Jul 2024 18:38:17 +0000 https://republika.mk/?p=795942

Денот на плажа треба да содржи релаксација, чувство на спокојство и многу забава, но сето тоа може да го расипе подуеноста од која страдаат многу жени во летните месеци.

Доколку сакате да се чувствувате сигурни во новото бикини и да уживате во денот без да се чувствувате тешко, ви предлагаме да избегнувате газирани пијалоци, слатки и алкохол во деновите на подуеност и да носите здрава храна на плажа која ќе ви помогне да го надминете овој проблем.

Вкусна храна против подуеност која ќе ви го врати стомачето во првобитната состојба

Авокадо
Авокадото е многу хранливо, содржи одлична количина на витамини Ц и К, калиум, лутеин и витамин Е. Во случај на подуеност ќе ви помогне калиумот од авокадото, суштински минерал вклучен во регулирањето на балансот на течности и нивото на натриум, за да се спречи задржување на водата, како и влакна кои го движат дигестивниот тракт.

Свежа краставица
Свежите краставици содржат околу 95% вода – неверојатно, нели? Краставицата ви помага при хидратација и спречува подуеност што може да се појави кога не внесуваме доволно течности во телото.

Јогурт
Ако често патите од подуеност, пијте јогурт. Полн е со пробиотици, корисни бактерии кои играат клучна улога за здравјето на цревата и ги елиминираат симптомите како подуеност.

Бобинки
Бобинките како што се јагодите, боровинките и капините содржат антиоксиданси, витамини и минерали, како и растителни влакна, поради што цревата работат добро, а стомакот останува рамен.

Лубеница
Лубениците се нискокалорични, полни со вода, антиоксиданси и влакна – вистинска песна за вашите црева, но и за вашата коса, кожа и нокти.

Банана
Бананите се вкусни и хранливи, а исто така се богати со калиум, хранлива материја која поддржува здрава рамнотежа на течности.

The post Храна против подуеност appeared first on Република.

]]>

Денот на плажа треба да содржи релаксација, чувство на спокојство и многу забава, но сето тоа може да го расипе подуеноста од која страдаат многу жени во летните месеци. Доколку сакате да се чувствувате сигурни во новото бикини и да уживате во денот без да се чувствувате тешко, ви предлагаме да избегнувате газирани пијалоци, слатки и алкохол во деновите на подуеност и да носите здрава храна на плажа која ќе ви помогне да го надминете овој проблем. Вкусна храна против подуеност која ќе ви го врати стомачето во првобитната состојба Авокадо Авокадото е многу хранливо, содржи одлична количина на витамини Ц и К, калиум, лутеин и витамин Е. Во случај на подуеност ќе ви помогне калиумот од авокадото, суштински минерал вклучен во регулирањето на балансот на течности и нивото на натриум, за да се спречи задржување на водата, како и влакна кои го движат дигестивниот тракт. Свежа краставица Свежите краставици содржат околу 95% вода – неверојатно, нели? Краставицата ви помага при хидратација и спречува подуеност што може да се појави кога не внесуваме доволно течности во телото. Јогурт Ако често патите од подуеност, пијте јогурт. Полн е со пробиотици, корисни бактерии кои играат клучна улога за здравјето на цревата и ги елиминираат симптомите како подуеност. Бобинки Бобинките како што се јагодите, боровинките и капините содржат антиоксиданси, витамини и минерали, како и растителни влакна, поради што цревата работат добро, а стомакот останува рамен. Лубеница Лубениците се нискокалорични, полни со вода, антиоксиданси и влакна – вистинска песна за вашите црева, но и за вашата коса, кожа и нокти. Банана Бананите се вкусни и хранливи, а исто така се богати со калиум, хранлива материја која поддржува здрава рамнотежа на течности.

The post Храна против подуеност appeared first on Република.

]]>