подмоље Archives - Република https://republika.mk/tema/podmolje/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Jun 2023 13:31:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png подмоље Archives - Република https://republika.mk/tema/podmolje/ 32 32 Mинистерот се надева дека до 10 јули повторно да се возил на трасата од Охрид до Подмоље https://republika.mk/vesti/ekonomija/ministerot-se-nadeva-deka-do-10-juli-povtorno-da-se-vozil-na-trasata-od-ohrid-do-podmole/ Fri, 16 Jun 2023 14:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=652186

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид во градежните активности на автопатот Охрид – Кичево, на делницата од Охрид до Подмоље.

Очекувам по тоа што го разговаравме до 10 јули да завршат градежните активности во овој дел, да започнеме потоа со последната фаза, со поставување еластични огради и одобрување на времениот режим. Она што е важно е дека до 10 јули ќе биде приспособена оваа трака и ќе се вози повторно по оваа автопатска делница. Сметам дека за ударниот дел од туристичката сезона оваа траса ќе биде приспособена, рече Бочварски.

Тој нагласи дека се што се работи е во насока на развој на туризмот во Охрид и верува дека граѓаните ќе имаат разбирање и ќе дадат поддршка затоа што после овие градежни работи влезот во Охрид ќе биде со автопатско решение.

Главната  поддршка за реализација на овој проект треба да дојде токму од Општина Охрид. Ние како Влада сме реализирале многу проекти во Охрид независно која политичка партија е на власт, најголемиот проект во мандатот на сегашниот градоначалник на Охрид е улицата „Македонски просветители“ што е инвестиција на Минситерството за транспорт и врски и на Владата. Не видов тогаш коментар од градоначалникот дека со реализацијата на тој проект се подобруваат условите за развој на туризмот, а сега кога излегуваме на терен со механизација да го решиме проблемот затекнат од минатото, гледам коментари и критики во јавноста. Сметам дека е некоректно, поддршката треба да дојде пред се од градоначалникот, општината и граѓаните, рече Бочварски.

Тој потсети дека реализирани биле бројни координации, состаноци со 15 институции за да се решат сите проблеми во проектот на автопатот Охрид - Кичево, да се репроектират косините, да се проектираат клучките, да се решат сите експропријации...за конечно повторно да се работи на овој проект.

Оние кои го направиле проблемот во минатото со отпочнување на изградбата на овој автопат на таков начин, сега критикуваат. Сметам дека ние сме тие кои ги решиле проблемите и сме тука да направиме увид, да направиме дополнителен притисок со цел градежната механизација да продолжи со работа и да се пушти автопатот за сообраќај, рече Бочварски.

Рустеми од своја страна истакна дека на трасата се работи етапно чекор по чекор, проблемите на трасата се надминати, останува изведувачите и подизведувачите да ги завршат градежните активности согласно предвидената динамика и утврдените рокови.

Често сме на терен, вложуваме големи напори да се почитува договорот до 31 оваа година да биде завршен автопатот..., рече Рустеми.

The post Mинистерот се надева дека до 10 јули повторно да се возил на трасата од Охрид до Подмоље appeared first on Република.

]]>

Пијан 23-годишник осомничен за предизвикување на судирот во кој ноќва загина охриѓанец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pijan-23-godishnik-osomnichen-za-predizvikuvanje-na-sudirot-vo-koj-nokjva-zagina-ohrigjanec/ Mon, 21 Feb 2022 11:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=461420

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишниот М.Л. од селото Белчишта во Општина Дебрца, поради основано сомнение дека е причинител на тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се случи кај Охрид.

Поведувањето на постапката следи откако јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид, во координација со увидна екипа од МВР, изврши увид на самото место на сообраќајна несреќа што се случи рано изутринава 35 минути по полноќ на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје.

Осомничениот, управувајќи патничко моторно возило „Ауди А6“ со охридски регистарски ознаки, не се придржувал на условите на патот, не ги почитувал сообраќајните прописи и во видно алкохолизирана состојба, преминал во лентата од коловозот наменета за движење возила од спротивна насока.

Притоа тој со возилото удрил во возило „Фолксваген поло“, управувано од 30-годишно лице од Охрид, кое силината на ударот се здобило со смртни повреди.

Според Јавното обвинителство, постои основано сомнение дека тој е сторител на кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Веднаш по увидот, јавниот обвинител издал насоки и наредби за прибирање на траги од местото на настанот, за утврдување на количество на алкохол во крвта на осомничениот, за сообраќајно – техничко вештачење, како и за обдукција на телото на починатиот.

The post Пијан 23-годишник осомничен за предизвикување на судирот во кој ноќва загина охриѓанец appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишниот М.Л. од селото Белчишта во Општина Дебрца, поради основано сомнение дека е причинител на тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се случи кај Охрид. Поведувањето на постапката следи откако јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид, во координација со увидна екипа од МВР, изврши увид на самото место на сообраќајна несреќа што се случи рано изутринава 35 минути по полноќ на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје. Осомничениот, управувајќи патничко моторно возило „Ауди А6“ со охридски регистарски ознаки, не се придржувал на условите на патот, не ги почитувал сообраќајните прописи и во видно алкохолизирана состојба, преминал во лентата од коловозот наменета за движење возила од спротивна насока. Притоа тој со возилото удрил во возило „Фолксваген поло“, управувано од 30-годишно лице од Охрид, кое силината на ударот се здобило со смртни повреди. Според Јавното обвинителство, постои основано сомнение дека тој е сторител на кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Веднаш по увидот, јавниот обвинител издал насоки и наредби за прибирање на траги од местото на настанот, за утврдување на количество на алкохол во крвта на осомничениот, за сообраќајно – техничко вештачење, како и за обдукција на телото на починатиот.

The post Пијан 23-годишник осомничен за предизвикување на судирот во кој ноќва загина охриѓанец appeared first on Република.

]]>
Тешка сообраќајна незгода кај Подмоље, едно лице починало https://republika.mk/vesti/crna-hronika/teshka-soobrakjajna-nezgoda-kaj-podmolje-edno-lice-pochinalo/ Mon, 21 Feb 2022 08:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=461291

Доцна синоќа по 1 часот по полноќ, се случи тешка сообраќајна незгода кај Подмоље, поточно делницата која е во градба, во непосредна близина на Алдо, со загуба на млад човечки живот, пишува Охрид 1.

На 21.02.2022 година во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди“ управувано од 24 годишен жител од селото Белчишта, општина Дебарца и „Фолксваген Поло“, управувано од 30 годишен Охриѓанец. На местото на несреќата починал возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека возач на возилото „Ауди“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, информираа од СВР Охрид.

The post Тешка сообраќајна незгода кај Подмоље, едно лице починало appeared first on Република.