под вода Archives - Република https://republika.mk/tema/pod-voda/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 21:47:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png под вода Archives - Република https://republika.mk/tema/pod-voda/ 32 32 Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода https://republika.mk/vesti/svet/dramatichni-stseni-od-shpanija-malaga-e-pod-voda/ Wed, 13 Nov 2024 21:47:19 +0000 https://republika.mk/?p=837409

Само две недели по разорните поплави што ја парализираа Шпанија, поточно Валенсија, Малага сега е под црвена метеоролошка тревога, каде што веќе се евакуирани 3.000 жители.

На социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно ја покажуваат моменталната ситуација во Малага.

На една од снимките е прикажан поплавен аеродром, додека на друго видео се гледа огромно количество вода што блика меѓу станбените згради и паѓа на веќе поплавената улица.

Шпанската агенција за цивилна заштита вчера ги предупреди жителите на „екстремен ризик од поплави“.

Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да бидат најмногу погодени од новиот временски феномен познат како „Дана“.

Другите делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и брегот Тарагона, исто така се под црвено предупредување, додека Валенсија, Андалузија и Балеарските Острови се под портокалово предупредување.

Во Малага, училиштата се затворени, како и многу супермаркети.

 

The post Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода appeared first on Република.

]]>

Само две недели по разорните поплави што ја парализираа Шпанија, поточно Валенсија, Малага сега е под црвена метеоролошка тревога, каде што веќе се евакуирани 3.000 жители. На социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно ја покажуваат моменталната ситуација во Малага. На една од снимките е прикажан поплавен аеродром, додека на друго видео се гледа огромно количество вода што блика меѓу станбените згради и паѓа на веќе поплавената улица. Шпанската агенција за цивилна заштита вчера ги предупреди жителите на „екстремен ризик од поплави“. Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да бидат најмногу погодени од новиот временски феномен познат како „Дана“. Другите делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и брегот Тарагона, исто така се под црвено предупредување, додека Валенсија, Андалузија и Балеарските Острови се под портокалово предупредување. Во Малага, училиштата се затворени, како и многу супермаркети.  

The post Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода appeared first on Република.

]]>
Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода https://republika.mk/vesti/svet/poplavi-vo-ungarija-budimpeshta-pod-voda/ Sat, 21 Sep 2024 11:59:18 +0000 https://republika.mk/?p=818480

Дунав веќе неколку денови е излеан од своето корито во центарот на Будимпешта. Во изминативе денови нивото на водата во главниот град на Унгарија порасна за повеќе од еден метар. Насипите во повеќето делови на градот се веќе поплавени, а водата веќе стигна пред зградата на унгарскиот Парламент.

Според прогнозите, годинашната поплава нема да го надмине рекордниот водостој на Дунав во историјата. Во Будимпешта пикот се очекува да биде денес кога водата треба да се искачи на 840 сантиметри, што е 51 сантиметар под нивото на поплавата од 2013 година.

Во главниот град на Унгарија веќе почнаа да се применуваат сообраќајни ограничувања – затворени се многу метро станици, променети се автобуските и трамвајските линии. Во многу делови на Унгарија има затворени патишта.

Кишороси, село на островот Сант’Андреа во округот Пешта, целосно е отсечено од надворешниот свет поради водата, а критична е и ситуацијата и во Вача. Од безбедносни причини, повеќе од 150 населени места покрај Дунав останаа без струја. Во средината на септември поплави ги погодија земјите од Централна и Источна Европа. Покрај Унгарија, поплави има и во Полска, Чешка, Австрија, Словачка и Романија.

 

The post Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода appeared first on Република.

]]>

Дунав веќе неколку денови е излеан од своето корито во центарот на Будимпешта. Во изминативе денови нивото на водата во главниот град на Унгарија порасна за повеќе од еден метар. Насипите во повеќето делови на градот се веќе поплавени, а водата веќе стигна пред зградата на унгарскиот Парламент. Според прогнозите, годинашната поплава нема да го надмине рекордниот водостој на Дунав во историјата. Во Будимпешта пикот се очекува да биде денес кога водата треба да се искачи на 840 сантиметри, што е 51 сантиметар под нивото на поплавата од 2013 година. Во главниот град на Унгарија веќе почнаа да се применуваат сообраќајни ограничувања – затворени се многу метро станици, променети се автобуските и трамвајските линии. Во многу делови на Унгарија има затворени патишта. Кишороси, село на островот Сант’Андреа во округот Пешта, целосно е отсечено од надворешниот свет поради водата, а критична е и ситуацијата и во Вача. Од безбедносни причини, повеќе од 150 населени места покрај Дунав останаа без струја. Во средината на септември поплави ги погодија земјите од Централна и Источна Европа. Покрај Унгарија, поплави има и во Полска, Чешка, Австрија, Словачка и Романија.  

The post Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода appeared first on Република.

]]>