почнува Archives - Република https://republika.mk/tema/pochnuva/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Nov 2023 07:52:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png почнува Archives - Република https://republika.mk/tema/pochnuva/ 32 32 Почнува 30. Министерски состанок на ОБСЕ, во Скопје доаѓаат Ентони Блинкен и Сергеј Лавров https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-30-ministerski-sostanok-na-obse-vo-skopje-doagaat-entoni-blinken-i-sergej-lavrov/ Wed, 29 Nov 2023 07:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=717358

Министрите за надворешни работи и други претставници на 57 земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и на државите партнери, се состануваат во наредните три дена во Скопје за да разговараат за иднината на организацијата и за предизвиците со кои се соочува. Министерскиот совет ќе го означи и крајот на едногодишното претседавање на Македонија со ОБСЕ. Нов претседавач ќе биде Mалта откако во понеделникот беше постигнат компромис меѓу земјите-членки по ветото од Русија и Белорусија за Естонија која според ротирачкиот принцип требаше да го преземе претседавачкото место.

Во Скопје ќе дојдат државниот секретар на САД Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Учеството на шефот на руската дипломатија беше неизвесно поради меѓународните санкции против Русија по војната во Украина, но откако Бугарија го отвори небото и дозволи прелет на рускиот владин авион, а ЕУ кажа дека тоа не е кршење на санкциите, од Москва беше потврдено дека Лавров доаѓа во Скопје.

Доаѓањето на Лавров, пак, е причина за откажувањето на учеството на министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и шефовите на дипломатиите на Естонија, Летонија и Литванија, Маргус Цахна, Кришјанис Каринш и Габриелиус Ландсбергис.

Украина на форумот ќе биде претставена од делегација од нивното МНР, потврдија за МИА од украинската Амбасада во Скопје. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко, соопшти дека Киев високо ги цени напорите на Македонија како држава-претседавач на ОБСЕ во 2023 година и лично на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои покажаа висок професионализам и непоколеблива посветеност на заштитата на принципите и обврските на ОБСЕ и што дале приоритетот на прашањето за спротивставување на руската агресија врз Украина.

Министрите за надворешни работи на трите балтички земји, пак, во заедничка изјава велат дека „присуството на Лавров носи ризик да се даде легитимитет на агресорот Русија како законски член на заедницата на слободни нации, да ги банализира ѕверските злосторства што Русија ги направи, како и очигледното руско кршење и презирање на основните принципи и обврски на ОБСЕ“. Според нив, „Русија ќе ја искористи оваа можност да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на Западот“.

Други откажувања засега нема. Присуството го потврди високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, но како што најави, нема да разговара со Сергеј Лавров.

Министрите за надворешни работи на земјите в четврток и петок во Скопје ќе разговараат и за мандатите на четворица високи функционери на ОБСЕ, вклучително и германската дипломатка Хелга Шмид како генерален секретар. Нивните мандати истекуваат на 4 декември, а се уште нема договор дали и кој ќе ги наследи, поради забелешките на Русија и Белорусија. Во последните години, а особено по војната во Украина, Москва го користи правото на вето во ОБСЕ, каде одлуките се носат со консензус.

Кандидатурата на Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за претседавач на организацијата беше прифатена со консензус од 56 земји учеснички на министер

ОБСЕ вработува околу 3.600 луѓе, главно во своите теренски операции, но и во секретаријатот во Виена и нејзините институции. ОБСЕ има статус на набљудувач во Обединетите нации.

 

The post Почнува 30. Министерски состанок на ОБСЕ, во Скопје доаѓаат Ентони Блинкен и Сергеј Лавров appeared first on Република.

]]>

Министрите за надворешни работи и други претставници на 57 земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и на државите партнери, се состануваат во наредните три дена во Скопје за да разговараат за иднината на организацијата и за предизвиците со кои се соочува. Министерскиот совет ќе го означи и крајот на едногодишното претседавање на Македонија со ОБСЕ. Нов претседавач ќе биде Mалта откако во понеделникот беше постигнат компромис меѓу земјите-членки по ветото од Русија и Белорусија за Естонија која според ротирачкиот принцип требаше да го преземе претседавачкото место. Во Скопје ќе дојдат државниот секретар на САД Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Учеството на шефот на руската дипломатија беше неизвесно поради меѓународните санкции против Русија по војната во Украина, но откако Бугарија го отвори небото и дозволи прелет на рускиот владин авион, а ЕУ кажа дека тоа не е кршење на санкциите, од Москва беше потврдено дека Лавров доаѓа во Скопје. Доаѓањето на Лавров, пак, е причина за откажувањето на учеството на министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и шефовите на дипломатиите на Естонија, Летонија и Литванија, Маргус Цахна, Кришјанис Каринш и Габриелиус Ландсбергис. Украина на форумот ќе биде претставена од делегација од нивното МНР, потврдија за МИА од украинската Амбасада во Скопје. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко, соопшти дека Киев високо ги цени напорите на Македонија како држава-претседавач на ОБСЕ во 2023 година и лично на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои покажаа висок професионализам и непоколеблива посветеност на заштитата на принципите и обврските на ОБСЕ и што дале приоритетот на прашањето за спротивставување на руската агресија врз Украина. Министрите за надворешни работи на трите балтички земји, пак, во заедничка изјава велат дека „присуството на Лавров носи ризик да се даде легитимитет на агресорот Русија како законски член на заедницата на слободни нации, да ги банализира ѕверските злосторства што Русија ги направи, како и очигледното руско кршење и презирање на основните принципи и обврски на ОБСЕ“. Според нив, „Русија ќе ја искористи оваа можност да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на Западот“. Други откажувања засега нема. Присуството го потврди високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, но како што најави, нема да разговара со Сергеј Лавров. Министрите за надворешни работи на земјите в четврток и петок во Скопје ќе разговараат и за мандатите на четворица високи функционери на ОБСЕ, вклучително и германската дипломатка Хелга Шмид како генерален секретар. Нивните мандати истекуваат на 4 декември, а се уште нема договор дали и кој ќе ги наследи, поради забелешките на Русија и Белорусија. Во последните години, а особено по војната во Украина, Москва го користи правото на вето во ОБСЕ, каде одлуките се носат со консензус. Кандидатурата на Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за претседавач на организацијата беше прифатена со консензус од 56 земји учеснички на министер ОБСЕ вработува околу 3.600 луѓе, главно во своите теренски операции, но и во секретаријатот во Виена и нејзините институции. ОБСЕ има статус на набљудувач во Обединетите нации.  

The post Почнува 30. Министерски состанок на ОБСЕ, во Скопје доаѓаат Ентони Блинкен и Сергеј Лавров appeared first on Република.

]]>
Во Охрид почнува Летната школа по македонски јазик: Учествуваат 70 странски македонисти https://republika.mk/vesti/kultura/vo-ohrid-pochnuva-letnata-shkola-po-makedonski-jazik-uchestvuvaat-70-stranski-makedonisti/ Thu, 17 Aug 2023 07:38:40 +0000 https://republika.mk/?p=672873

Во Охрид утре ќе пристигнат околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави за да бидат дел од 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).

Како што најавија од МСМЈКЛ при УКИМ, по пристигнувањето на странските македонисти и слависти и по отпочнување со лекторската настава, на 18 август во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи свечено отворање на настанот, а свечено обраќање ќе има ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски,  обраќање ќе има и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот од предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промотор ќе биде проф. д-р Гордана Алексова, долгогодишна лекторка на школите на Семинарот.

Пријавени се семинаристи од Кина, САД, Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешка. Оттаму додаваат дека значајно е што бројот на семинаристите се зголемува во споредба со претходните години што е уште еден показател и за континуираното зголемување за македонистиката во меѓународната академска заедница.

Составот на учесниците уште еднаш потврдува дека се остварува определбата на МСМЈЛК при УКИМ, македонскиот јазик да одекнува насекаде низ светот – се вели во соопштението.

Програмата на Школата е конципирана така што семинаристите ќе следат лекторска настава. Организирани се лекторски групи за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно кое е со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, при што дел од нив ќе бидат во чест на важни јубилеи за македонистиката и за македонската историја кои се чествуваат во 2023 година.

Според МСМЈЛК , тоа се пред сè јубилеите 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков, како и 120 години од Илинденското востание и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.

Во рамките на Школата ќе биде организирана и јазична работилница, а за семинаристите коишто се интересираат за македонскиот фолклор, традиционално ќе се одржи и курс по македонски ора. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на книги, книжевни средби и интерактивни настани, а семинаристите ќе бидат специјални гости и на 35. меѓународна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, информира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

По завршувањето на Летната школа, од 1 до 3 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржува и јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ.

The post Во Охрид почнува Летната школа по македонски јазик: Учествуваат 70 странски македонисти appeared first on Република.

]]>

Во Охрид утре ќе пристигнат околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави за да бидат дел од 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Како што најавија од МСМЈКЛ при УКИМ, по пристигнувањето на странските македонисти и слависти и по отпочнување со лекторската настава, на 18 август во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржи свечено отворање на настанот, а свечено обраќање ќе има ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски,  обраќање ќе има и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Традицинално, на отворањето ќе биде промовиран и зборникот од предавања од претходната летна школа на МСМЈЛК при УКИМ, а промотор ќе биде проф. д-р Гордана Алексова, долгогодишна лекторка на школите на Семинарот. Пријавени се семинаристи од Кина, САД, Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешка. Оттаму додаваат дека значајно е што бројот на семинаристите се зголемува во споредба со претходните години што е уште еден показател и за континуираното зголемување за македонистиката во меѓународната академска заедница.
Составот на учесниците уште еднаш потврдува дека се остварува определбата на МСМЈЛК при УКИМ, македонскиот јазик да одекнува насекаде низ светот – се вели во соопштението.
Програмата на Школата е конципирана така што семинаристите ќе следат лекторска настава. Организирани се лекторски групи за сите нивоа на познавање на македонскиот јазик – почетно, средно и напредно кое е со две поднивоа, за јазик, и за литература. На Школата ќе се одржат и единаесет предавања на еминентни истражувачи, за важни теми за македонскиот јазик, литература и култура, при што дел од нив ќе бидат во чест на важни јубилеи за македонистиката и за македонската историја кои се чествуваат во 2023 година. Според МСМЈЛК , тоа се пред сè јубилеите 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Мисирков, како и 120 години од Илинденското востание и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.
Во рамките на Школата ќе биде организирана и јазична работилница, а за семинаристите коишто се интересираат за македонскиот фолклор, традиционално ќе се одржи и курс по македонски ора. Во рамките на Школата ќе се одржат и промоции на книги, книжевни средби и интерактивни настани, а семинаристите ќе бидат специјални гости и на 35. меѓународна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, информира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
По завршувањето на Летната школа, од 1 до 3 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржува и јубилејната, 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ.

The post Во Охрид почнува Летната школа по македонски јазик: Учествуваат 70 странски македонисти appeared first on Република.

]]>
Во Кривичниот суд почнува судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-krivichniot-sud-pochnuva-sudeneto-na-kardiohirurgot-zhan-mitrev-i-negovata-bolnitsa/ Tue, 28 Feb 2023 08:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=614018

Во Кривичниот основен суд во Скопје денеска треба да почне судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница.

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

Советот за оценка на обвинителниот акт на 13 февруари го одобри во целост обвинението и за денеска го закжа првото рочиште.

Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист.
Во текот на постапката, како што информирааат од ОЈО Скопје, јавниот обвинител обезбедил докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице – приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од Ковид – 19, кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари или 1,57 милиони евра.

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Ковид-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата.

Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од Ковид-19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот или превенцијата од Ковид-19.

На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.

Жан Митрев уверува дека е невин и тврди дека не бил измамен ниту еден пациент.

Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

The post Во Кривичниот суд почнува судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница appeared first on Република.

]]>

Во Кривичниот основен суд во Скопје денеска треба да почне судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. Советот за оценка на обвинителниот акт на 13 февруари го одобри во целост обвинението и за денеска го закжа првото рочиште. Како што информираа од ОЈО Скопје за овој предмет, не станува збор за „измама на пациенти“, односно совесноста и несовесноста на лекувањето не е предмет на ова кривично дело, туку за класична измама, односно прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, а со цел противправно прибавување на имотна корист. Во текот на постапката, како што информирааат од ОЈО Скопје, јавниот обвинител обезбедил докази за поткрепа на основаните сомненија дека обвинетиот, во периодот од јуни 2020 година до јуни 2022 година, со намера за правното лице – приватна здравствена установа да прибави значителна противправна имотна корист, со прикривање факти ги довел во заблуда оштетените пациенти лекувани во болницата од Ковид – 19, кај кои е извршена хемофилтрација и членови на нивните семејства, со што ги навел секој од нив да стори штета на својот имот во различни износи, а во вкупен износ од 97.461.600 денари или 1,57 милиони евра. Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен да се применува и е ефикасен за лекување од Ковид-19, притоа користејќи ги приликите на здравствената криза предизвикана од пандемијата. Тој се повикувал на документ издаден од Американската управа за храна и лекови во април 2020 година, со кој на компанијата „Бакстер“ и било издадено овластување за вонредна употреба на Оксирис сетот (Oxiris Set Device), како медицинско средство со кое се спроведува постапката за хемофилтрација кај пациенти со потврден коронавирус, на возраст од 18 години или повеќе кои се на интезивна нега со потврдена или итна респираторна слабост и потреба за прочистување на крвта. Меѓутоа, можноста за употреба на методот кај пациенти заболени од Ковид-19 тој не смеел да ја промовира, истовремено прикривајќи го фактот дека методот не е одобрен во третманот на оваа болест, ниту од издавачот, ниту во нашата земја, како и дека овластувањето за медицинското средство е издадено само во вонредна постапка поради пандемијата, со дефинирани критериуми и опсег на примена. Исто така, покрај потенцијалниот бенефит, третманот имал и сериозни потенцијални ризици за кои пациентот морал да биде запознаен, па средството не смеело да се прикажува како безбедно или ефикасно во третманот или превенцијата од Ковид-19. На овој начин обвинетиот кај секој од оштетените создал лажна претстава и заблуда, па најголем дел од нив при приемот на конкретен пациент во болницата, однапред уплаќале средства за по два циклуси на хемофилтрација како дел од болнички пакети, без да им биде објаснет овoj метод и потенцијалните ризици од него и без да се прибави соодветна согласност за примената на таква процедура кај пациентите, што е спротивно на условите утврдени во овластувањето и на здравствените прописи и стандарди, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје. Жан Митрев уверува дека е невин и тврди дека не бил измамен ниту еден пациент. Предметот е оформен по допрен глас, откако ИРЛ минатата година го објави документарец „Нечиста крв“, во кој обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, по по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

The post Во Кривичниот суд почнува судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата болница appeared first on Република.

]]>
Почнува Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ https://republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-festivalot-na-kreativen-dokumentaren-film-makedoks/ Thu, 18 Aug 2022 09:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=541595

Со проекција на документарниот филм „Сѐ што дише“ на режисерот Шаун Аксин вечерва во 21 часот во Куршумли ан во Скопје почнува 13. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс" кој ќе трае до 25 август.

Освен во Куршумли ан, „МакеДокс“ ќе се одржува и пред платото на Музејот на Македонија, Младинскиот културен центар и во „Јуроп хаус".

Под мотото „Лупење идеи", фокусот на годинешното издание е ставен на развојот на идеите. Пред проекцијата на филмот „Сѐ што дише"  ќе биде прикажан краткометражниот филм „Иднината е водена палата" на режисерката Хуанита Анзага.

По филмската проекција на отворањето, во 23 часот, концерт ќе одржи групата „Баклава“, која ќе изведе песни од својот репертоар, но и новите песни посветени на Скопје.

Во рамките на програмата Земја во фокус е Чешка, а почесен гостин на фестивалот е познатата чешка документаристка Хелена Тшештикова, која ќе одржи и мастерклас на 20 август во „Јуроп хаус Скопје“.

Според изјавата на извршниот директор на фестивалот, Дарко Набаков, годинешниот фестивал ќе има 70 гости од странство, кои доаѓаат од целата Европа, а сите филмови ќе бидат прикажани во живо освен еден мал дел од копродукцискиот форум кој ќе се случува хибридно, односно и онлајн и во живо во МКЦ.

Петрула Вељановска, која е дел од програмскиот тим на „МакеДокс", рече дека оваа година на адресата на Фестивалот пристигнале филмови од пет континенти. И оваа година филмовите ќе бидат поделени во четири натпреварувачки програми и ќе се борат за пет награди.

Програмата, како што информираат од Македокс, ќе почне утре, со проекција на филмот „Рене – Затвореник на слободата“ (Чешка, 2021, 102’) на режисерката Хелена Тшештикова, една од најзначајните авторки во чешката документаристика и „мајка на тајм-лапс документарецот“. Таа на 20 август во „Europe House Скопје“ ќе одржи мастерклас на кој низ разговор со Туе Стен Милер ќе ги сподели своите тајни за тоа како ги снима своите документарци, чие снимање понекогаш трае и по 20 години.

Дизајнот на плакатот за 13. „МакеДокс“ е на Самир Карахасан.

Билети можат да се набават онлајн преку продажната мрежа на мк.тикетс (www.mktickets.mk). Целовечерен билет за проекциите во Куршумли-ан чини 200 денари, а билет за втората проекција во Куршумли-ан чини 150 денари. Единечен билет за проекциите на платото на Музеј на РСМ може да се набави по цена од 100 денари. Билетите за церемонијата на отворање на 18 август и церемонијата на доделување награди на 24 август се со цена од 300 денари. Единечен билет за проекциите во МКЦ е 50 денари, а за деца под 10 години билетите се бесплатни.

Тринаесеттото издание на „Македокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Грчкиот културен центар, МЕДИА деск МК, Музеј на Македонија, Археолошки музеј, Музеј на современата уметност...

The post Почнува Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>

Со проекција на документарниот филм „Сѐ што дише“ на режисерот Шаун Аксин вечерва во 21 часот во Куршумли ан во Скопје почнува 13. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс" кој ќе трае до 25 август. Освен во Куршумли ан, „МакеДокс“ ќе се одржува и пред платото на Музејот на Македонија, Младинскиот културен центар и во „Јуроп хаус". Под мотото „Лупење идеи", фокусот на годинешното издание е ставен на развојот на идеите. Пред проекцијата на филмот „Сѐ што дише"  ќе биде прикажан краткометражниот филм „Иднината е водена палата" на режисерката Хуанита Анзага. По филмската проекција на отворањето, во 23 часот, концерт ќе одржи групата „Баклава“, која ќе изведе песни од својот репертоар, но и новите песни посветени на Скопје. Во рамките на програмата Земја во фокус е Чешка, а почесен гостин на фестивалот е познатата чешка документаристка Хелена Тшештикова, која ќе одржи и мастерклас на 20 август во „Јуроп хаус Скопје“. Според изјавата на извршниот директор на фестивалот, Дарко Набаков, годинешниот фестивал ќе има 70 гости од странство, кои доаѓаат од целата Европа, а сите филмови ќе бидат прикажани во живо освен еден мал дел од копродукцискиот форум кој ќе се случува хибридно, односно и онлајн и во живо во МКЦ. Петрула Вељановска, која е дел од програмскиот тим на „МакеДокс", рече дека оваа година на адресата на Фестивалот пристигнале филмови од пет континенти. И оваа година филмовите ќе бидат поделени во четири натпреварувачки програми и ќе се борат за пет награди. Програмата, како што информираат од Македокс, ќе почне утре, со проекција на филмот „Рене – Затвореник на слободата“ (Чешка, 2021, 102’) на режисерката Хелена Тшештикова, една од најзначајните авторки во чешката документаристика и „мајка на тајм-лапс документарецот“. Таа на 20 август во „Europe House Скопје“ ќе одржи мастерклас на кој низ разговор со Туе Стен Милер ќе ги сподели своите тајни за тоа како ги снима своите документарци, чие снимање понекогаш трае и по 20 години. Дизајнот на плакатот за 13. „МакеДокс“ е на Самир Карахасан. Билети можат да се набават онлајн преку продажната мрежа на мк.тикетс (www.mktickets.mk). Целовечерен билет за проекциите во Куршумли-ан чини 200 денари, а билет за втората проекција во Куршумли-ан чини 150 денари. Единечен билет за проекциите на платото на Музеј на РСМ може да се набави по цена од 100 денари. Билетите за церемонијата на отворање на 18 август и церемонијата на доделување награди на 24 август се со цена од 300 денари. Единечен билет за проекциите во МКЦ е 50 денари, а за деца под 10 години билетите се бесплатни. Тринаесеттото издание на „Македокс“ е поддржано од Агенцијата за филм на Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Грчкиот културен центар, МЕДИА деск МК, Музеј на Македонија, Археолошки музеј, Музеј на современата уметност...

The post Почнува Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ appeared first on Република.

]]>