починат донатор Archives - Република https://republika.mk/tema/pochinat-donator/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 12:00:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png починат донатор Archives - Република https://republika.mk/tema/pochinat-donator/ 32 32 Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донатор https://republika.mk/zivot/zdravje/dvajtsa-patsienti-so-retka-krvna-grupa-dobija-bubrezi-od-pochinat-donator/ Fri, 01 Nov 2024 12:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=833078

Во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники во Скопје e изведена уште една трансплантација на органи од починат донатор, соопштија од Министерството за здравство.

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.

Во тек на изминатото деноноќие извршивме трансплантација од починат донатор. Изразувам посебна благодарност на семеството на дарителот, кои во најболен момент на лична загуба, се одлучија да ги донираат органите, покажувајќи силна емпатија и човекољубие кон пациентите кои чекаат трансплантација. Пациентите кои примија органи се со уреден постоперативен тек. Им посакувам брзо закрепнување и долг живот. Изразувам благодарност и на медицинските тимови од сите клиники кои беа вклучени во процесот на трансплантација, изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

[caption id="attachment_833081" align="alignnone" width="1030"] Поради ретката крвна група, овојпат на националните листи немаше реципиенти за другите органи, велат од Министерството за здравство / Фото: МЗ[/caption]

За жал, поради ретката крвна група, овојпат на националните листи немаше реципиенти за другите органи, велат од МЗ.

Трансплантацијата за најголем дел од пациентите е единствена шанса за живот. За други, пак, е можност за поквалитетен живот. Но, таа не може да се случи доколку не постои актот на органодарување. Само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите, трансплантацијата е возможна. Да се подари органи, значи да се подари некому втора шанса за живот, додаваат од Министерството.

На 7 октомври Македонија го одбележа Европскиот ден на органодонаторство со 85 донирани органи за неполни четири години, од кои 38 бубрега, 11 срца, четири црни дроба и 32 коскени ткива.

Во 2020 година беше направена првата трансплантација на срце во Македонија, една година подцина, во 2021 се изврши првата трансплантација на коскени ткива, а во 2022 беше направена првата трансплантација на црн дроб.

The post Двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрези од починат донатор appeared first on Република.

]]>