починале Archives - Република https://republika.mk/tema/pochinale/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Aug 2024 08:34:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png починале Archives - Република https://republika.mk/tema/pochinale/ 32 32 Во Грција за една недела од ковид-19 починале 39 лица https://republika.mk/vesti/balkan/vo-grtsija-za-edna-nedela-od-kovid-19-pochinale-39-litsa/ Fri, 30 Aug 2024 08:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=811455

Летниот пораст на вирусната активност оваа година започна порано за разлика од летото во 2023 година и досега се чини дека се карактеризира со поголем број хоспитализации, но помал број пациенти приклучени на апарати и смртни случаи во споредба со лани, пишува во неделниот извештај за Ковид-19 во Грција на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци, во периодот од 19 до 25 август позитивноста кај сите тестирани примероци бележи мал пад во однос на претходната седмица, регистрирани се 815 нови хоспитализации, а вкупно 38 пациенти се приклучени на апарати.

Од Ковид-19 починале 39 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 40.

Од ЕОДИ соопштуваат дека од крајот на пролетта доминира варијантата BA. 2.86 што носи најмалку една од мутациите F456L и R346T и посочуваат дека оваа категорија на мутации не е поврзана со зголемен ризик од тешка болест.

 

The post Во Грција за една недела од ковид-19 починале 39 лица appeared first on Република.

]]>

Летниот пораст на вирусната активност оваа година започна порано за разлика од летото во 2023 година и досега се чини дека се карактеризира со поголем број хоспитализации, но помал број пациенти приклучени на апарати и смртни случаи во споредба со лани, пишува во неделниот извештај за Ковид-19 во Грција на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци, во периодот од 19 до 25 август позитивноста кај сите тестирани примероци бележи мал пад во однос на претходната седмица, регистрирани се 815 нови хоспитализации, а вкупно 38 пациенти се приклучени на апарати. Од Ковид-19 починале 39 лица, додека просечниот неделен број на смртни случаи во претходните четири седмици бил 40. Од ЕОДИ соопштуваат дека од крајот на пролетта доминира варијантата BA. 2.86 што носи најмалку една од мутациите F456L и R346T и посочуваат дека оваа категорија на мутации не е поврзана со зголемен ризик од тешка болест.  

The post Во Грција за една недела од ковид-19 починале 39 лица appeared first on Република.

]]>
Мајка ѝ и сестра ѝ на Мараја Кери починале во ист ден https://republika.mk/zivot/semejstvo/majka-i-sestra-na-maraja-keri-pochinale-vo-ist-den/ Tue, 27 Aug 2024 07:18:43 +0000 https://republika.mk/?p=810431

Пејачката Мараја Кери откри дека мајка ѝ Патриша (87) и сестра ѝ Алисон (63) починале во ист ден.

Срцето ми е скршено бидејќи минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт, и сестра ми го загуби животот истиот ден. Се чувствувам благословено што можев да ја поминам последната недела со мајка ми пред да почине. Ја ценам сечија љубов и поддршка и би замолила за почитување на мојата приватност во овој тежок период, пренесе „Пипл“.

Повеќе детали за трагедиите што ја погодија Кери не се соопштуваат.

The post Мајка ѝ и сестра ѝ на Мараја Кери починале во ист ден appeared first on Република.

]]>

Пејачката Мараја Кери откри дека мајка ѝ Патриша (87) и сестра ѝ Алисон (63) починале во ист ден.
Срцето ми е скршено бидејќи минатиот викенд ја изгубив мајка ми. За жал, во трагичен пресврт, и сестра ми го загуби животот истиот ден. Се чувствувам благословено што можев да ја поминам последната недела со мајка ми пред да почине. Ја ценам сечија љубов и поддршка и би замолила за почитување на мојата приватност во овој тежок период, пренесе „Пипл“.
Повеќе детали за трагедиите што ја погодија Кери не се соопштуваат.

The post Мајка ѝ и сестра ѝ на Мараја Кери починале во ист ден appeared first on Република.

]]>
Две лица заразени со ковид-19 починале минатата недела https://republika.mk/zivot/zdravje/dve-litsa-zarazeni-so-kovid-19-pochinale-minatata-nedela/ Mon, 26 Aug 2024 13:16:24 +0000 https://republika.mk/?p=810303

Од 19 до 25 август, тестирани се вкупно 597 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 1,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 213 нови позитивни случаи, со намалување од 21,4 проценти во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

Во тековната недела, регистрирани биле заболени лица во 18 градови. Најголем дел од регистрираните случаи биле од Скопје - 99, Кавадарци - 23, Охрид - 20, Тетово - 18, Битола - седумнаесет. Највисока инциденца била регистрирана во Кавадарци.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 275 лица. Пријавени се две починати лица асоцирани со Ковид-19. Се работи за лица на возраст од 48-88 години, со коморбидитети, починати во болнички услови, а во однос на вакциналниот статус, едното лице е невакцинирано, а другото примило две дози вакцина против Ковид-19, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 25 август, пријавени се вкупно 351.577 случаи на коронавирус.

Регистрирани се 167.436 машки и 184.141 женски заболени лица. Најголем број заболени се на возраст над 60 години - 90.884, додека највисок морбидитет (26.341,6/100.000) се регистрира кај возрасната група од 30-39 години, се додава во извештајот.

Првиот случај беше регистриран на 26 февруари 2020 година.

 

The post Две лица заразени со ковид-19 починале минатата недела appeared first on Република.

]]>

Од 19 до 25 август, тестирани се вкупно 597 материјали во лабораториите каде се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 1,8 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 213 нови позитивни случаи, со намалување од 21,4 проценти во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Во тековната недела, регистрирани биле заболени лица во 18 градови. Најголем дел од регистрираните случаи биле од Скопје - 99, Кавадарци - 23, Охрид - 20, Тетово - 18, Битола - седумнаесет. Највисока инциденца била регистрирана во Кавадарци.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 275 лица. Пријавени се две починати лица асоцирани со Ковид-19. Се работи за лица на возраст од 48-88 години, со коморбидитети, починати во болнички услови, а во однос на вакциналниот статус, едното лице е невакцинирано, а другото примило две дози вакцина против Ковид-19, пишува во извештајот на ИЈЗ.
Заклучно со 25 август, пријавени се вкупно 351.577 случаи на коронавирус.
Регистрирани се 167.436 машки и 184.141 женски заболени лица. Најголем број заболени се на возраст над 60 години - 90.884, додека највисок морбидитет (26.341,6/100.000) се регистрира кај возрасната група од 30-39 години, се додава во извештајот.
Првиот случај беше регистриран на 26 февруари 2020 година.  

The post Две лица заразени со ковид-19 починале минатата недела appeared first on Република.

]]>
Лани од горештините во Европа починале 62 илјади луѓе https://republika.mk/zivot/zdravje/lani-od-goreshtinite-vo-evropa-pochinale-62-iljadi-luge/ Sun, 16 Jul 2023 07:48:48 +0000 https://republika.mk/?p=661841

61.672 луѓе починале од болести поврзани со горештини во Европа во периодот од 30 мај до 4 септември минатата година, според студијата објавена во списанието Nature Medicine.

Италија беше најтешко погодена земја со околу 18.000 смртни случаи, следи Шпанија со нешто повеќе од 11.000 и Германија со околу 8.000.

Истражувачите откриле и дека екстремната жештина несразмерно им штети на постарите и жените.

Од скоро 62.000 анализирани смртни случаи, стапката на смртност од жешкото време била за 63 отсто повисока кај жените отколку кај мажите.

Возраста беше исто така важен фактор, при што бројот на смртни случаи значително се зголеми кај оние над 65 години, јави Си-Ен-Ен.

Истражувачите ги анализираа податоците за температурата и смртноста помеѓу 2015 и 2022 година за 35 европски земји со вкупно население од 543 милиони луѓе и ги искористија за да создадат епидемиолошки модели за пресметување на смртните случаи поврзани со исклучително високи температури на воздухот.

Авторите на студијата предупредуваат дека светот само ќе стане потопол и дека без ефективни планови за адаптација, Европа би можела да се соочи со повеќе од 68.000 предвремени смртни случаи секое лето до 2030 година и над 94.000 до 2040 година.

 

The post Лани од горештините во Европа починале 62 илјади луѓе appeared first on Република.

]]>

61.672 луѓе починале од болести поврзани со горештини во Европа во периодот од 30 мај до 4 септември минатата година, според студијата објавена во списанието Nature Medicine. Италија беше најтешко погодена земја со околу 18.000 смртни случаи, следи Шпанија со нешто повеќе од 11.000 и Германија со околу 8.000. Истражувачите откриле и дека екстремната жештина несразмерно им штети на постарите и жените. Од скоро 62.000 анализирани смртни случаи, стапката на смртност од жешкото време била за 63 отсто повисока кај жените отколку кај мажите. Возраста беше исто така важен фактор, при што бројот на смртни случаи значително се зголеми кај оние над 65 години, јави Си-Ен-Ен. Истражувачите ги анализираа податоците за температурата и смртноста помеѓу 2015 и 2022 година за 35 европски земји со вкупно население од 543 милиони луѓе и ги искористија за да создадат епидемиолошки модели за пресметување на смртните случаи поврзани со исклучително високи температури на воздухот. Авторите на студијата предупредуваат дека светот само ќе стане потопол и дека без ефективни планови за адаптација, Европа би можела да се соочи со повеќе од 68.000 предвремени смртни случаи секое лето до 2030 година и над 94.000 до 2040 година.  

The post Лани од горештините во Европа починале 62 илјади луѓе appeared first on Република.

]]>
За еден месец во Кина од ковид-19 починаа 60 илјади лица https://republika.mk/zivot/zdravje/za-eden-mesets-vo-kina-od-kovid-19-pochinaa-60-iljadi-litsa/ Sat, 14 Jan 2023 12:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=596787

Кина во саботата објави дека во болниците во текот на триесеттина дена откако се укинати строгите епидемиолошки мерки, починале околу 60.000 луѓе чијашто смрт се поврзува со ковид-19.

Во периодот од 8-ми декември и 12-ти јануари починале 59.930 луѓе, изјавил за новинарите функционер на Националната комисија за здравство Џијао Јахуи.

Овој показател не ги вклучува починатите надвор од медицинските установи. Хоспитализациите поради Covid-19 во Кина достигнале врв и бројот на болничките пациенти продолжува да паѓа, додаде Џијао.

Според него, во пад е бројот на пациентите за коишто е неопходна итна медицинска помош, како и процентот на позитивните на ковид-19 во вкупниот број тестирани лица.

The post За еден месец во Кина од ковид-19 починаа 60 илјади лица appeared first on Република.

]]>

Кина во саботата објави дека во болниците во текот на триесеттина дена откако се укинати строгите епидемиолошки мерки, починале околу 60.000 луѓе чијашто смрт се поврзува со ковид-19.
Во периодот од 8-ми декември и 12-ти јануари починале 59.930 луѓе, изјавил за новинарите функционер на Националната комисија за здравство Џијао Јахуи.
Овој показател не ги вклучува починатите надвор од медицинските установи. Хоспитализациите поради Covid-19 во Кина достигнале врв и бројот на болничките пациенти продолжува да паѓа, додаде Џијао. Според него, во пад е бројот на пациентите за коишто е неопходна итна медицинска помош, како и процентот на позитивните на ковид-19 во вкупниот број тестирани лица.

The post За еден месец во Кина од ковид-19 починаа 60 илјади лица appeared first on Република.

]]>
Во САД од ковид-19 починале еден милион луѓе https://republika.mk/vesti/svet/vo-sad-od-kovid-19-pochinale-eden-milion-lugje/ Mon, 16 May 2022 17:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=503059

Бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата на ковид-19 во САД денеска се искачи на еден милион, помалку од две и пол години од почетокот на пандемијата.

Бројот на починати е утврден врз основа на посмртници од Центарот за здравствена статистика на Американскиот центар за контрола и превенција на болести. Се проценува дека вистинскиот број на директни или индиректни смртни случаи од ковид-19 е многу поголем, поради нарушувања во здравствениот систем. Пред три месеци, вкупно во САД имаше вкупно 900.000 починати од ковид-19.

Во моментов, просечната дневна смртност од коронавирус во САД е околу 300, додека за време на врвот во јануари 2021 година, таа изнесуваше околу 3.400 смртни случаи дневно.

Три четвртини од починатите имале 65 или повеќе години, и повеќе се мажи отколку жени. Најмногу луѓе починале во урбаните средини.

The post Во САД од ковид-19 починале еден милион луѓе appeared first on Република.

]]>

Бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата на ковид-19 во САД денеска се искачи на еден милион, помалку од две и пол години од почетокот на пандемијата. Бројот на починати е утврден врз основа на посмртници од Центарот за здравствена статистика на Американскиот центар за контрола и превенција на болести. Се проценува дека вистинскиот број на директни или индиректни смртни случаи од ковид-19 е многу поголем, поради нарушувања во здравствениот систем. Пред три месеци, вкупно во САД имаше вкупно 900.000 починати од ковид-19. Во моментов, просечната дневна смртност од коронавирус во САД е околу 300, додека за време на врвот во јануари 2021 година, таа изнесуваше околу 3.400 смртни случаи дневно. Три четвртини од починатите имале 65 или повеќе години, и повеќе се мажи отколку жени. Најмногу луѓе починале во урбаните средини.

The post Во САД од ковид-19 починале еден милион луѓе appeared first on Република.

]]>
За две години пандемија ковид-19, починале над 6 милиони луѓе https://republika.mk/zivot/zdravje/za-dve-godini-pandemija-kovid-19-pochinale-nad-6-milioni-lugje/ Mon, 07 Mar 2022 09:42:28 +0000 https://republika.mk/?p=468828

Шест милиони луѓе починаа во светот како последица на ковид-19 од почетокот на избувнувањето на пандемијата, која влезе во третата година, покажуваат денешните податоци на веб-страницата „Ворлдметар“.

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, од коронавирусот починале вкупно 5.999.158, а според експертите, „на епидемијата се уште не и се гледа крај“.

Оддалечените острови на Пацификот, кои немаа зараза две години, сега се борат со првите случаи на инфекција и смрт предизвикани од позаразната варијанта Омикрон.

Хонг Конг, каде што бројот на починати расте, овој месец трипати го тестира целото население од 7,5 милиони, следејќи ја кинеската стратегија за „нулта ковид“.

И покрај тоа што смртноста од вирусот останува висока во Полска, Унгарија, Романија и другите источноевропски земји, повеќе од еден милион бегалци од воена Украина пристигнаа во регионот. Украина е земја со мал процент вакцинирани и висока стапка на зараза и смртност.

И во САД, каде што има голем процент на вакцинирани, се приближуваат до милион регистрирани смртни случаи. Според денешните податоци, вкупниот број изнесува 984.000 починати.

Втор по смртност е Бразил со 652.000 починати, трета е Индија со 515.000, а Русија со 356.000 е четврта земја во светот по број на починати од коронавирус.

The post За две години пандемија ковид-19, починале над 6 милиони луѓе appeared first on Република.

]]>

Шест милиони луѓе починаа во светот како последица на ковид-19 од почетокот на избувнувањето на пандемијата, која влезе во третата година, покажуваат денешните податоци на веб-страницата „Ворлдметар“. Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, од коронавирусот починале вкупно 5.999.158, а според експертите, „на епидемијата се уште не и се гледа крај“. Оддалечените острови на Пацификот, кои немаа зараза две години, сега се борат со првите случаи на инфекција и смрт предизвикани од позаразната варијанта Омикрон. Хонг Конг, каде што бројот на починати расте, овој месец трипати го тестира целото население од 7,5 милиони, следејќи ја кинеската стратегија за „нулта ковид“. И покрај тоа што смртноста од вирусот останува висока во Полска, Унгарија, Романија и другите источноевропски земји, повеќе од еден милион бегалци од воена Украина пристигнаа во регионот. Украина е земја со мал процент вакцинирани и висока стапка на зараза и смртност. И во САД, каде што има голем процент на вакцинирани, се приближуваат до милион регистрирани смртни случаи. Според денешните податоци, вкупниот број изнесува 984.000 починати. Втор по смртност е Бразил со 652.000 починати, трета е Индија со 515.000, а Русија со 356.000 е четврта земја во светот по број на починати од коронавирус.

The post За две години пандемија ковид-19, починале над 6 милиони луѓе appeared first on Република.

]]>
На Света Гора најмалку 40 монаси починале од Ковид-19 https://republika.mk/vesti/balkan/na-sveta-gora-najmalku-40-monasi-pochinale-od-kovid-19/ Thu, 20 Jan 2022 13:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=447147

Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19, од вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина.

Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, од кои двајца вчера и додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега.

Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, два –три манастири, превентивно се затворени за верниците, а меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари.

Според „Та неа“, но и според натписите во грчките медиуми од изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно, ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат.

По изјавите на монах од Света гора дека постојат монаси – антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат и се одговорни за многу смртни случаи, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

The post На Света Гора најмалку 40 монаси починале од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Најмалку 40 монаси на Света Гора починале од Ковид-19, од вкупно 1.800 монаси, околу 1.000 се разболеле, а само 500 се вакцинирани, пишува грчкиот весник „Та неа“, јави дописничката на МИА од Атина. Игуменот од еден од манастирите, архимандритот Вартоломеј за весникот вели дека процените се дека над 40 монаси починале од Ковид-19, од кои двајца вчера и додава дека некои монаси се хоспитализирани и приклучени на апарати на интензивна нега. Весникот пишува дека еден манастир е во карантин, два –три манастири, превентивно се затворени за верниците, а меѓу постојаните жители на Света гора има и 400 монаси од Србија, Романија, Бугарија и Русија, кои категорично одбиваат да се вакцинираат и кога дел од нив се разболеле, побарале лекари од Белград, бидејќи не сакале лекување од грчки лекари. Според „Та неа“, но и според натписите во грчките медиуми од изминатиот период за време на пандемијата, на Света Гора постојат постари монаси кои се категорично против вакцинацијата и се најгласни меѓу антиваксерите, а воедно, ги советуваат и верниците кои ги посетуваат дека не треба да се вакцинираат. По изјавите на монах од Света гора дека постојат монаси – антиваксери кои со нивната реторика ги повикуваат верниците да не се вакцинираат и се одговорни за многу смртни случаи, пред неколку дена реагираше Обвинителството во Солун и покрена истрага за евентуално ширење лажни вести.

The post На Света Гора најмалку 40 монаси починале од Ковид-19 appeared first on Република.

]]>