починаа Archives - Република https://republika.mk/tema/pochinaa/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 12:59:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png починаа Archives - Република https://republika.mk/tema/pochinaa/ 32 32 Околу 337 деца починале во Европа и Централна Азија во 2021 година од горештини https://republika.mk/zivot/zdravje/okolu-337-detsa-pochinale-vo-evropa-i-tsentralna-azija-vo-2021-godina-od-goreshtini/ Wed, 24 Jul 2024 12:59:37 +0000 https://republika.mk/?p=799871

Како последица на сè повисоките температури во Европа и Централна Азија околу 377 деца починале во 2021 година – се вели во новата анализа на податоци „Победете ја горештината: детското здравје сред топлотните бранови во Европа и Централна Азија“ од 23 земји од регионот објавена денеска од УНИЦЕФ.

Анализата открива дека половина од овие деца починале во првата година од животот од болести предизвикани од топлина. Повеќето деца починале во летните месеци.

Околу половина од децата низ Европа и Централна Азија – или 92 милиони деца – веќе се изложени на чести топлотни бранови во регион каде што температурите растат со најбрзо темпо во светот. Сè повисоките температури може да предизвикаат сериозни здравствени компликации кај децата, особено кај најмалите, дури и за кратко време. Без соодветна нега, ваквите компликации може да бидат опасни по живот, рече Регина Де Доминисис, регионална директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија.

Изложеноста на топлина има акутни ефекти врз децата, дури и пред да се родат, па може да доведе до предвремено породување, мала тежина при раѓање, мртвороденче и вродени аномалии. Топлотниот удар претставува директна причина за смртност кај доенчињата, може да го засегне нивниот раст и да предизвика низа педијатриски заболувања. Исто така, во извештајот се забележува дека екстремните горештини предизвикале загуба на над 32.000 години здрав живот кај децата и тинејџерите во регионот.

Бидејќи температурите и натаму растат, УНИЦЕФ ги повикува владите низ Европа и Централна Азија да интегрираат стратегии за намалување на ефектот од топлотните бранови преку Националните утврдени придонеси, да инвестираат во здравствени акциски планови за справување со екстремни температури и во примарната здравствена заштита за обезбедување посоодветна поддршка при болести предизвикани од топлина кај децата, да инвестираат во системи за рано предупредување, каде што спаѓаат и системи за предупредување при топлотни бранови, да ги адаптираат образовните установи за да се намалат температурите во просторот каде што децата учат и да ги подготват наставниците како да постапуваат кога има топлотен бран, да ги приспособат урбанистичкото планирање и инфраструктурата, како и да обезбедат опременост на зградите, посебно на оние во кои се сместени најранливите заедници, за да се минимизира изложеноста на топлина, да се обезбеди снабдување со чиста вода, особено во земјите каде што квалитетот и достапноста на водата се влошуваат.

Иако топлината не е главен фактор што придонесува за смртност на доенчињата во Македонија, изложеноста на чести топлотни бранови и понатаму загрижува, налагајќи националните климатско-еколошки политики континуирано да ги земаат предвид децата и младите.

Покрај повиците за владина акција од регионалното соопштение за печатот, во Македонија треба да се размисли за адаптирање на предучилишните и образовните установи, и оспособување на наставниците и родителите да одговорат на топлотниот стрес. Адаптацијата на училиштата често се превидува затоа што топлотните бранови најчесто се појавуваат за време на летниот распуст. Но, бидејќи климатските промени водат до почести топлотни бранови и периоди на високи температури и на крајот од пролетта и на почетокот од есента, образовните установи треба да се подготват за топлотните шокови, за да се избегне затворање на училиштата или продолжување на летниот распуст како резултат од екстремните температури.

Освен тоа, постои потреба да се инвестира во ажуриран здравствен акциски план за справување со високите температури и во примарната здравствена заштита за да се обезбеди адекватна поддршка на превенцијата, раниот одговор, дијагнозата и третманот на болестите кај децата предизвикани од топлина. Планот треба да даде приоритет на најранливите деца, меѓу кои спаѓаат децата што живеат во сиромаштија, во супстандардни услови на домување, децата со попреченост и децата што живеат и работат на улица.

 

The post Околу 337 деца починале во Европа и Централна Азија во 2021 година од горештини appeared first on Република.

]]>

Како последица на сè повисоките температури во Европа и Централна Азија околу 377 деца починале во 2021 година – се вели во новата анализа на податоци „Победете ја горештината: детското здравје сред топлотните бранови во Европа и Централна Азија“ од 23 земји од регионот објавена денеска од УНИЦЕФ. Анализата открива дека половина од овие деца починале во првата година од животот од болести предизвикани од топлина. Повеќето деца починале во летните месеци.
Околу половина од децата низ Европа и Централна Азија – или 92 милиони деца – веќе се изложени на чести топлотни бранови во регион каде што температурите растат со најбрзо темпо во светот. Сè повисоките температури може да предизвикаат сериозни здравствени компликации кај децата, особено кај најмалите, дури и за кратко време. Без соодветна нега, ваквите компликации може да бидат опасни по живот, рече Регина Де Доминисис, регионална директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија.
Изложеноста на топлина има акутни ефекти врз децата, дури и пред да се родат, па може да доведе до предвремено породување, мала тежина при раѓање, мртвороденче и вродени аномалии. Топлотниот удар претставува директна причина за смртност кај доенчињата, може да го засегне нивниот раст и да предизвика низа педијатриски заболувања. Исто така, во извештајот се забележува дека екстремните горештини предизвикале загуба на над 32.000 години здрав живот кај децата и тинејџерите во регионот. Бидејќи температурите и натаму растат, УНИЦЕФ ги повикува владите низ Европа и Централна Азија да интегрираат стратегии за намалување на ефектот од топлотните бранови преку Националните утврдени придонеси, да инвестираат во здравствени акциски планови за справување со екстремни температури и во примарната здравствена заштита за обезбедување посоодветна поддршка при болести предизвикани од топлина кај децата, да инвестираат во системи за рано предупредување, каде што спаѓаат и системи за предупредување при топлотни бранови, да ги адаптираат образовните установи за да се намалат температурите во просторот каде што децата учат и да ги подготват наставниците како да постапуваат кога има топлотен бран, да ги приспособат урбанистичкото планирање и инфраструктурата, како и да обезбедат опременост на зградите, посебно на оние во кои се сместени најранливите заедници, за да се минимизира изложеноста на топлина, да се обезбеди снабдување со чиста вода, особено во земјите каде што квалитетот и достапноста на водата се влошуваат. Иако топлината не е главен фактор што придонесува за смртност на доенчињата во Македонија, изложеноста на чести топлотни бранови и понатаму загрижува, налагајќи националните климатско-еколошки политики континуирано да ги земаат предвид децата и младите. Покрај повиците за владина акција од регионалното соопштение за печатот, во Македонија треба да се размисли за адаптирање на предучилишните и образовните установи, и оспособување на наставниците и родителите да одговорат на топлотниот стрес. Адаптацијата на училиштата често се превидува затоа што топлотните бранови најчесто се појавуваат за време на летниот распуст. Но, бидејќи климатските промени водат до почести топлотни бранови и периоди на високи температури и на крајот од пролетта и на почетокот од есента, образовните установи треба да се подготват за топлотните шокови, за да се избегне затворање на училиштата или продолжување на летниот распуст како резултат од екстремните температури. Освен тоа, постои потреба да се инвестира во ажуриран здравствен акциски план за справување со високите температури и во примарната здравствена заштита за да се обезбеди адекватна поддршка на превенцијата, раниот одговор, дијагнозата и третманот на болестите кај децата предизвикани од топлина. Планот треба да даде приоритет на најранливите деца, меѓу кои спаѓаат децата што живеат во сиромаштија, во супстандардни услови на домување, децата со попреченост и децата што живеат и работат на улица.  

The post Околу 337 деца починале во Европа и Централна Азија во 2021 година од горештини appeared first on Република.

]]>
Осум деца и една жена починаа откако јаделе месо од желка во Занзибар https://republika.mk/zivot/zdravje/osum-detsa-i-edna-zhena-pochinaa-otkako-jadele-meso-od-zhelka-vo-zanzibar/ Mon, 11 Mar 2024 10:29:10 +0000 https://republika.mk/?p=753564

Осум деца и една жена починаа откако јаделе месо од морска желка во архипелагот Занзибар, јавува Скај њуз. Властите соопштија дека 78 лица се хоспитализирани откако јаделе оброк од месо од желка на островот Пемба.

Во Занзибар, месото од желка се смета за деликатес. Јадењето контаминирано месо од морска желка може да предизвика хелонитоксичност, редок вид на труење со храна што може да биде фатално. Не постои познат противотров и на пациентите може да им се понуди само супортивен третман.

Хаџи Бакари, лекар од областа Мкоани, рече дека лабораториските тестови покажале дека сите пациенти јаделе месо од желка минатиот вторник. Тој додаде дека жената која почина во петокот е мајка на дете кое починало еден ден претходно од труење.

Властите во Занзибар, полуавтономниот регион на Танзанија, испратија тим за управување со катастрофи на островот. Тимот ги повика луѓето во Занзибар да не јадат јадења со месо од желка.

Во ноември 2021 година, тригодишно дете и шест други починаа на Пемба откако јадеа месо од желка, а три лица завршија во болница.

Симптомите на хелонитоксичност варираат, но вклучуваат гадење, повраќање и чир во грлото и устата. Во тешки случаи, пациентите може да страдаат од мускулна слабост, делумна парализа и вознемиреност, а некои може да паднат во кома, пишува Скај њуз.

 

The post Осум деца и една жена починаа откако јаделе месо од желка во Занзибар appeared first on Република.

]]>

Осум деца и една жена починаа откако јаделе месо од морска желка во архипелагот Занзибар, јавува Скај њуз. Властите соопштија дека 78 лица се хоспитализирани откако јаделе оброк од месо од желка на островот Пемба. Во Занзибар, месото од желка се смета за деликатес. Јадењето контаминирано месо од морска желка може да предизвика хелонитоксичност, редок вид на труење со храна што може да биде фатално. Не постои познат противотров и на пациентите може да им се понуди само супортивен третман. Хаџи Бакари, лекар од областа Мкоани, рече дека лабораториските тестови покажале дека сите пациенти јаделе месо од желка минатиот вторник. Тој додаде дека жената која почина во петокот е мајка на дете кое починало еден ден претходно од труење. Властите во Занзибар, полуавтономниот регион на Танзанија, испратија тим за управување со катастрофи на островот. Тимот ги повика луѓето во Занзибар да не јадат јадења со месо од желка. Во ноември 2021 година, тригодишно дете и шест други починаа на Пемба откако јадеа месо од желка, а три лица завршија во болница. Симптомите на хелонитоксичност варираат, но вклучуваат гадење, повраќање и чир во грлото и устата. Во тешки случаи, пациентите може да страдаат од мускулна слабост, делумна парализа и вознемиреност, а некои може да паднат во кома, пишува Скај њуз.  

The post Осум деца и една жена починаа откако јаделе месо од желка во Занзибар appeared first on Република.

]]>
Поранешен премиер на Холандија и неговата сопруга починаа со помош на евтаназија https://republika.mk/vesti/svet/poraneshen-premier-na-holandija-i-negovata-sopruga-pochinaa-so-pomosh-na-evtanazija/ Fri, 09 Feb 2024 18:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=742316

Дрис ван Агт, демохристијанскиот премиер на Холандија од 1977 до 1982 година, почина со помош на евтаназија, соопшти организацијата за човекови права што тој ја основа. Истата процедура била направена и на неговата сопруга. И двајцата имаа 93 години.

Форумот за права (The Rights Forum) соопшти двојката починала во понеделникот и ќе биде погребана на приватна церемонија во источниот град Нијмеген.

Тој почина рака под рака со својата сакана сопруга Еугени ван Агт-Крекелберг, неговата поддршка и сидро повеќе од 70 години и која секогаш ја нарекуваше ’моја девојка', се вели во соопштението на невладината организација.

Двајцата веќе некое време биле со нарушено здравје. Во 2019 година, Ван Агт доживеа мозочно крварење додека држеше говор на комеморација за Палестинците и никогаш целосно не закрепна. Христијанско-демократот, кој стана сè попрогресивен откако ја напушти политиката, на крајот ја напушти својата партија во 2017 година поради разликите околу нејзиниот пристап кон односите меѓу Израел и Палестинците.

 

The post Поранешен премиер на Холандија и неговата сопруга починаа со помош на евтаназија appeared first on Република.

]]>

Дрис ван Агт, демохристијанскиот премиер на Холандија од 1977 до 1982 година, почина со помош на евтаназија, соопшти организацијата за човекови права што тој ја основа. Истата процедура била направена и на неговата сопруга. И двајцата имаа 93 години. Форумот за права (The Rights Forum) соопшти двојката починала во понеделникот и ќе биде погребана на приватна церемонија во источниот град Нијмеген.
Тој почина рака под рака со својата сакана сопруга Еугени ван Агт-Крекелберг, неговата поддршка и сидро повеќе од 70 години и која секогаш ја нарекуваше ’моја девојка', се вели во соопштението на невладината организација.
Двајцата веќе некое време биле со нарушено здравје. Во 2019 година, Ван Агт доживеа мозочно крварење додека држеше говор на комеморација за Палестинците и никогаш целосно не закрепна. Христијанско-демократот, кој стана сè попрогресивен откако ја напушти политиката, на крајот ја напушти својата партија во 2017 година поради разликите околу нејзиниот пристап кон односите меѓу Израел и Палестинците.  

The post Поранешен премиер на Холандија и неговата сопруга починаа со помош на евтаназија appeared first on Република.

]]>
Во Шпанија повеќе од 6.000 луѓе починаа поради високите температури https://republika.mk/vesti/svet/vo-shpanija-poveke-od-6-000-luge-pochinaa-poradi-visokite-temperaturi/ Mon, 21 Aug 2023 08:16:53 +0000 https://republika.mk/?p=674069

Во Шпанија летово поради високите температури починаа повеќе од 6. 000 луѓе, од кои повеќето се стари и болни, како и оние кои немаат средства да се заштитат од екстремните горештини.

Во таа медитеранска земја минатото лето починаа најмалку 12. 000 луѓе поради високите температури, соопштија од здравствениот институт Карлос Трети и Државната метеоролошка агенција.

Високите температури особено им се закануваат на постарите од 80 години и на посиромашните слоеви од населението кои немаат средства за набавка на климатизери, пишува Ел Паис.

Според податоците на порталот за недвижности „Idealista“ за оваа година, 38 отсто од шпанските домови имаат клима уред, што е два отсто повеќе од претходната година.

Дури и во најжешките шпански провинции, речиси една третина од населението нема клима: во Кордоба 72 отсто од домовите ги имаат, во Севиља 71 отсто и во Мадрид 60 отсто

The post Во Шпанија повеќе од 6.000 луѓе починаа поради високите температури appeared first on Република.

]]>

Во Шпанија летово поради високите температури починаа повеќе од 6. 000 луѓе, од кои повеќето се стари и болни, како и оние кои немаат средства да се заштитат од екстремните горештини. Во таа медитеранска земја минатото лето починаа најмалку 12. 000 луѓе поради високите температури, соопштија од здравствениот институт Карлос Трети и Државната метеоролошка агенција. Високите температури особено им се закануваат на постарите од 80 години и на посиромашните слоеви од населението кои немаат средства за набавка на климатизери, пишува Ел Паис. Според податоците на порталот за недвижности „Idealista“ за оваа година, 38 отсто од шпанските домови имаат клима уред, што е два отсто повеќе од претходната година. Дури и во најжешките шпански провинции, речиси една третина од населението нема клима: во Кордоба 72 отсто од домовите ги имаат, во Севиља 71 отсто и во Мадрид 60 отсто

The post Во Шпанија повеќе од 6.000 луѓе починаа поради високите температури appeared first on Република.

]]>
Пациенти на Радиологија умираат додека ги чекаат резултатите од компјутерска томографија и магнетна резонанса https://republika.mk/vesti/makedonija/pacienti-na-radiologija-umiraat-dodeka-gi-chekaat-rezultatite-od-kompjuterska-tomografija-i-magnetna-rezonansa/ Thu, 30 Jun 2022 11:32:36 +0000 https://republika.mk/?p=521574

Околу 1.200 пациенти, меѓу кои и болни од рак повеќе од шест месеци чекаат да им се прочитаат резултатите од компјутерска томографија и магнетна резонанса на скопската Клиника за радиологија, пишува  „Фокус“. 

Според информации на „Фокус“, од јануари досега не биле прочитани резултати од магнетна резонанса на глава, врат, рбет, и еден и куп компјутерски томографии. На клиниката има повеќе од 20 лекари кои реално на дневно ниво еден доктор да чита 20 резултати за три дена ќе можат да се прочитаат сите резултати.

Како што пишува „Фокус“ многу од пациентите на кои животот им зависи од овие резулатите чекаат со месеци, а меѓу нив се и болни од карцином, кај кои треба веднаш да се реагира, за да знаат како понатаму со терапијата. Тоа што е уште пострашно во целата приказна е што дел од пациентите и починале додека да ги дочекаат резултатите.

Целиот текс тука

The post Пациенти на Радиологија умираат додека ги чекаат резултатите од компјутерска томографија и магнетна резонанса appeared first on Република.

]]>

Околу 1.200 пациенти, меѓу кои и болни од рак повеќе од шест месеци чекаат да им се прочитаат резултатите од компјутерска томографија и магнетна резонанса на скопската Клиника за радиологија, пишува  „Фокус“.  Според информации на „Фокус“, од јануари досега не биле прочитани резултати од магнетна резонанса на глава, врат, рбет, и еден и куп компјутерски томографии. На клиниката има повеќе од 20 лекари кои реално на дневно ниво еден доктор да чита 20 резултати за три дена ќе можат да се прочитаат сите резултати. Како што пишува „Фокус“ многу од пациентите на кои животот им зависи од овие резулатите чекаат со месеци, а меѓу нив се и болни од карцином, кај кои треба веднаш да се реагира, за да знаат како понатаму со терапијата. Тоа што е уште пострашно во целата приказна е што дел од пациентите и починале додека да ги дочекаат резултатите. Целиот текс тука

The post Пациенти на Радиологија умираат додека ги чекаат резултатите од компјутерска томографија и магнетна резонанса appeared first on Република.

]]>
Починаа 10 лица од ковид, 631 новозаразени од кои 102 се реинфекции https://republika.mk/zivot/zdravje/pochinaa-10-lica-od-kovid-631-novozarazeni-od-koi-102-se-reinfekcii/ Thu, 24 Feb 2022 14:01:06 +0000 https://republika.mk/?p=463219

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.818 тестови, а регистрирани се 631 нов случаj на КОВИД-19:
Скопје – 337, Велес – 45, Битола – 32, Куманово – 30, Кавадарци – 26, Прилеп – 24, Тетово и Охрид – по 18, Струмица – 17, Кичево – 15, Гостивар – 8, Неготино и Дебар – по 7, Гевгелија, Ресен и Крива Паланка – по 6, Штип и Делчево – по 5, Кочани, Струга и Радовиш – по 3, Пробиштип и Богданци – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово, Македоснки Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (631), регистрирани се 102 реинфекции.

Регистриран сe 910 оздравени пациенти од: Скопје – 504, Битола – 43, Куманово, Кавадарци и Велес – по 37, Прилеп – 28, Тетово – 27, Охрид – 21, Струмица и Струга – по 18, Кичево и Гевгелија – по 16, Гостивар – 15, Радовиш – 13, Штип – 12, Свети Николе – 11, Неготино – 10, Ресен – 8, Валандово – 6, Кочани и Берово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка и Богданци – по 3, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 2, Пробиштип, Крушево, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (75г и 91г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Кавадарци (70г), Струга (81г) и Прилеп (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Свети Николе (1), и Радовиш (1). Починатите лица се на возраст од 74г. до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 15.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.818 тестови преку: ИЈЗ-383, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-74, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–129, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-82, Биотек-101, Систина-52, лабораторија Лаор-61, Синлаб-15, Ремедика-15, Плодност-20, Генеа-10, Никоб Лаб-264, ВФВ Медикал-36, Ели Медика-18, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.196.

Досега во земјата се направени вкупно 1.880.891 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.712, бројот на оздравени пациенти е 281.582, на починати е 8.968 а бројот на активни случаи изнесува 5.162.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 137120, Активни 2808
Куманово 16105, Активни 214
Битола 14177, Активни 286
Прилеп 13521, Активни 196
Тетово 13345, Активни 159
Кавадарци 10101, Активни 193
Велес 9403, Активни 230
Гостивар 9359, Активни 76
Охрид 8488, Активни 129
Струмица 7907, Активни 123
Штип 7884, Активни 48
Кичево 5383, Активни 101
Кочани 4929, Активни 50
Струга 4639, Активни 52
Гевгелија 4202, Активни 79
Неготино 3614, Активни 79
Свети Николе 2619, Активни 16
Ресен 2578, Активни 58
Радовиш 2502, Активни 50
Крива Паланка 2361, Активни 28
Делчево 1888, Активни 18
Берово 1709, Активни 9
Дебар 1619, Активни 37
Валандово 1525, Активни 18
Виница 1362, Активни 5
Пробиштип 1284, Активни 5
Богданци 993, Активни 24
Кратово 928, Активни 14
Крушево 880, Активни 16
Демир Хисар 814, Активни 11
Македонски Брод 690, Активни 13
Демир Капија 548, Активни 9
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 458, Активни 6
Дојран 256, Активни 0

The post Починаа 10 лица од ковид, 631 новозаразени од кои 102 се реинфекции appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.818 тестови, а регистрирани се 631 нов случаj на КОВИД-19: Скопје – 337, Велес – 45, Битола – 32, Куманово – 30, Кавадарци – 26, Прилеп – 24, Тетово и Охрид – по 18, Струмица – 17, Кичево – 15, Гостивар – 8, Неготино и Дебар – по 7, Гевгелија, Ресен и Крива Паланка – по 6, Штип и Делчево – по 5, Кочани, Струга и Радовиш – по 3, Пробиштип и Богданци – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово, Македоснки Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (631), регистрирани се 102 реинфекции. Регистриран сe 910 оздравени пациенти од: Скопје – 504, Битола – 43, Куманово, Кавадарци и Велес – по 37, Прилеп – 28, Тетово – 27, Охрид – 21, Струмица и Струга – по 18, Кичево и Гевгелија – по 16, Гостивар – 15, Радовиш – 13, Штип – 12, Свети Николе – 11, Неготино – 10, Ресен – 8, Валандово – 6, Кочани и Берово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка и Богданци – по 3, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 2, Пробиштип, Крушево, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (75г и 91г) и по едно починато лице од Куманово (81г), Кавадарци (70г), Струга (81г) и Прилеп (67г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Свети Николе (1), и Радовиш (1). Починатите лица се на возраст од 74г. до 92г. Лицата за починати се пријавени во период од 15.02. до 21.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а едно лице во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 7 лица се регистрирани коморбидитети. Направени се 2.818 тестови преку: ИЈЗ-383, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-74, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–129, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-82, Биотек-101, Систина-52, лабораторија Лаор-61, Синлаб-15, Ремедика-15, Плодност-20, Генеа-10, Никоб Лаб-264, ВФВ Медикал-36, Ели Медика-18, Ројал Медика–6, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб–8, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.196. Досега во земјата се направени вкупно 1.880.891 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 295.712, бројот на оздравени пациенти е 281.582, на починати е 8.968 а бројот на активни случаи изнесува 5.162. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 137120, Активни 2808 Куманово 16105, Активни 214 Битола 14177, Активни 286 Прилеп 13521, Активни 196 Тетово 13345, Активни 159 Кавадарци 10101, Активни 193 Велес 9403, Активни 230 Гостивар 9359, Активни 76 Охрид 8488, Активни 129 Струмица 7907, Активни 123 Штип 7884, Активни 48 Кичево 5383, Активни 101 Кочани 4929, Активни 50 Струга 4639, Активни 52 Гевгелија 4202, Активни 79 Неготино 3614, Активни 79 Свети Николе 2619, Активни 16 Ресен 2578, Активни 58 Радовиш 2502, Активни 50 Крива Паланка 2361, Активни 28 Делчево 1888, Активни 18 Берово 1709, Активни 9 Дебар 1619, Активни 37 Валандово 1525, Активни 18 Виница 1362, Активни 5 Пробиштип 1284, Активни 5 Богданци 993, Активни 24 Кратово 928, Активни 14 Крушево 880, Активни 16 Демир Хисар 814, Активни 11 Македонски Брод 690, Активни 13 Демир Капија 548, Активни 9 Македонска Каменица 521, Активни 2 Пехчево 458, Активни 6 Дојран 256, Активни 0

The post Починаа 10 лица од ковид, 631 новозаразени од кои 102 се реинфекции appeared first on Република.

]]>
Од ковид починаа уште 19 лица, 1.348 новозаразени https://republika.mk/zivot/zdravje/od-kovid-pochinaa-ushte-19-lica-1-348-novozarazeni/ Fri, 11 Feb 2022 15:03:49 +0000 https://republika.mk/?p=457271

Од ковид-19 починаа уште 19 лица во Македонија и со тоа бројката на пациенти кои ја загубијата битката со болеста од почетокот на пандемијата се искачи на 8.705. Од овие вкупно 19 починати, двајца биле целосно вакцинирани, а кај 17 пациенти биле регистирани коморбидитети.

Според информациите од Министерството за здравство во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: 6 починати лица од Скопје (75г, 81г, 86г, 90г, 92г и 97г), 2 лица од Гостивар (70г и 77г) и по едно лице од Струмица (71г), Велес (80г)и Штип (78г). Од пријавените лица 10 лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Кичево (2), Прилеп (2), Скопје (1), Струмица (1), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 55г до 91г. Од пријавените лица 2 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 01.02.2021 - 09.02.2022г.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.996 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 725, Куманово – 73, Битола – 67, Кавадарци – 57, Прилеп – 54, Тетово – 45, Велес – 43, Струмица – 32, Кичево – 30, Неготино – 27, Свети Николе – 26, Охрид – 23, Гостивар – 21, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Струга и Крива Паланка – по 11, Ресен – 10, Кочани – 7, Валандово и Крушево – по 5, Богданци – 4, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 3, Берово, Виница, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (1.348), регистрирани се 196 реинфекции.

Регистрирани сe 1.247 оздравени пациенти од: Скопје – 573, Кавадарци – 71, Куманово – 64, Велес – 60, Тетово и Струмица – по 57, Прилеп – 48, Охрид – 41, Гостивар – 40, Битола – 35, Неготино – 32, Кочани и Гевгелија – по 26, Штип – 18, Радовиш – 17, Струга – 12, Свети Николе – 11, Делчево – 9, Богданци и Пехчево – по 7, Ресен, Валандово и Крушево – по 5, Виница, Кратово и Демир Капија – по 4, Дебар – 3, Берово и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Направени се 3.996 тестови преку: ИЈЗ-476, ЦЈЗ Скопје-110, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–187, Жан Митрев (Филип Втори)-104, Авицена-155, Биотек-183, Систина-78, лабораторија Лаор-76, Синлаб-34, Ремедика-17, Плодност-51, Генеа-19, Никоб Лаб-377, ВФВ Медикал-63, Ели Медика-50, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-28, Рапид Лаб–26, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.677.

Досега во земјата се направени вкупно 1.838.584 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 284.875, бројот на оздравени пациенти е 264.443, на починати е 8.705, а бројот на активни случаи изнесува 11.727.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 131157, Активни 7081
Куманово 15624, Активни 496
Битола 13612, Активни 560
Прилеп 13193, Активни 311
Тетово 12985, Активни 381
Кавадарци 9701, Активни 425
Гостивар 9160, Активни 229
Велес 8944, Активни 295
Охрид 8287, Активни 249
Штип 7735, Активни 118
Струмица 7626, Активни 226
Кичево 5168, Активни 146
Кочани 4824, Активни 119
Струга 4528, Активни 91
Гевгелија 4029, Активни 151
Неготино 3450, Активни 156
Свети Николе 2565, Активни 86
Ресен 2489, Активни 71
Радовиш 2410, Активни 88
Крива Паланка 2293, Активни 56
Делчево 1856, Активни 57
Берово 1678, Активни 23
Дебар 1544, Активни 23
Валандово 1481, Активни 63
Виница 1336, Активни 27
Пробиштип 1272, Активни 13
Богданци 959, Активни 54
Кратово 910, Активни 26
Крушево 858, Активни 14
Демир Хисар 796, Активни 21
Македонски Брод 671, Активни 29
Демир Капија 521, Активни 14
Македонска Каменица 519, Активни 14
Пехчево 446, Активни 8
Дојран 248, Активни 6

The post Од ковид починаа уште 19 лица, 1.348 новозаразени appeared first on Република.

]]>

Од ковид-19 починаа уште 19 лица во Македонија и со тоа бројката на пациенти кои ја загубијата битката со болеста од почетокот на пандемијата се искачи на 8.705. Од овие вкупно 19 починати, двајца биле целосно вакцинирани, а кај 17 пациенти биле регистирани коморбидитети. Според информациите од Министерството за здравство во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 11 починати лица: 6 починати лица од Скопје (75г, 81г, 86г, 90г, 92г и 97г), 2 лица од Гостивар (70г и 77г) и по едно лице од Струмица (71г), Велес (80г)и Штип (78г). Од пријавените лица 10 лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Кичево (2), Прилеп (2), Скопје (1), Струмица (1), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 55г до 91г. Од пријавените лица 2 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 01.02.2021 - 09.02.2022г. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.996 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 725, Куманово – 73, Битола – 67, Кавадарци – 57, Прилеп – 54, Тетово – 45, Велес – 43, Струмица – 32, Кичево – 30, Неготино – 27, Свети Николе – 26, Охрид – 23, Гостивар – 21, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Струга и Крива Паланка – по 11, Ресен – 10, Кочани – 7, Валандово и Крушево – по 5, Богданци – 4, Делчево, Дебар, Кратово и Демир Хисар – по 3, Берово, Виница, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2. Од вкупниот број на позитивни (1.348), регистрирани се 196 реинфекции. Регистрирани сe 1.247 оздравени пациенти од: Скопје – 573, Кавадарци – 71, Куманово – 64, Велес – 60, Тетово и Струмица – по 57, Прилеп – 48, Охрид – 41, Гостивар – 40, Битола – 35, Неготино – 32, Кочани и Гевгелија – по 26, Штип – 18, Радовиш – 17, Струга – 12, Свети Николе – 11, Делчево – 9, Богданци и Пехчево – по 7, Ресен, Валандово и Крушево – по 5, Виница, Кратово и Демир Капија – по 4, Дебар – 3, Берово и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1. Направени се 3.996 тестови преку: ИЈЗ-476, ЦЈЗ Скопје-110, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–5, ЦЈЗ Куманово-73, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–187, Жан Митрев (Филип Втори)-104, Авицена-155, Биотек-183, Систина-78, лабораторија Лаор-76, Синлаб-34, Ремедика-17, Плодност-51, Генеа-19, Никоб Лаб-377, ВФВ Медикал-63, Ели Медика-50, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-28, Рапид Лаб–26, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-30, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.677. Досега во земјата се направени вкупно 1.838.584 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 284.875, бројот на оздравени пациенти е 264.443, на починати е 8.705, а бројот на активни случаи изнесува 11.727. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 131157, Активни 7081 Куманово 15624, Активни 496 Битола 13612, Активни 560 Прилеп 13193, Активни 311 Тетово 12985, Активни 381 Кавадарци 9701, Активни 425 Гостивар 9160, Активни 229 Велес 8944, Активни 295 Охрид 8287, Активни 249 Штип 7735, Активни 118 Струмица 7626, Активни 226 Кичево 5168, Активни 146 Кочани 4824, Активни 119 Струга 4528, Активни 91 Гевгелија 4029, Активни 151 Неготино 3450, Активни 156 Свети Николе 2565, Активни 86 Ресен 2489, Активни 71 Радовиш 2410, Активни 88 Крива Паланка 2293, Активни 56 Делчево 1856, Активни 57 Берово 1678, Активни 23 Дебар 1544, Активни 23 Валандово 1481, Активни 63 Виница 1336, Активни 27 Пробиштип 1272, Активни 13 Богданци 959, Активни 54 Кратово 910, Активни 26 Крушево 858, Активни 14 Демир Хисар 796, Активни 21 Македонски Брод 671, Активни 29 Демир Капија 521, Активни 14 Македонска Каменица 519, Активни 14 Пехчево 446, Активни 8 Дојран 248, Активни 6

The post Од ковид починаа уште 19 лица, 1.348 новозаразени appeared first on Република.

]]>
Рекорден број заразени со ковид, 2.341 од 6.139 теста, починаа 26 лица, осум биле целосно вакцинирани https://republika.mk/zivot/zdravje/rekorden-broj-zarazeni-so-kovid-2-341-od-6-139-testa-pochinaa-26-lica-osum-bile-celosno-vakcinirani/ Tue, 25 Jan 2022 17:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=449380

Вкупно 26 лица починаа од компликации од ковид-19, од кои осум се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети, и уште 2.341 заразени од 6.193 тестови соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број нови позитивни, 308 се реинфекции, од кои една втора реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 10 починати лица од Скопје (51г, 68г, 73г, 76г, 78г, 78г, 78г, 86г, 91г и 95г), по 2 починати од Тетово (66г и 79г), Велес (74г и 83г) и по едно починато лице од Гевгелија (82г), Кавадарци (52г), Крива Паланка (74г), Куманово (81г), Македоснка Каменица (88г), Охрид (74г) и Струмица (57г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице, од Штип (83г), со датум на смрт на 19.01.2022г. во болнички услови.
Дополнително од страна на ОБ Гевгелија пријавени се 4 лица (по две лица од Дојран и Гевгелија). Починатите лица се на возраст од 74 – 91г. Починати во претходните две недели. Сите се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), осум лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2.341 нов случај на КОВИД-19:
Скопје – 1.146, Битола – 185, Кавадарци – 115, Куманово – 101, Велес – 92, Тетово – 74, Прилеп – 72, Гевгелија – 65, Гостивар – 49, Кичево – 45, Охрид и Неготино – по 43, Валандово – 31, Радовиш – 29, Ресен – 28, Кочани – 27, Струмица и Струга - по 25, Штип – 20, Делчево – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Виница – 10, Крива Паланка, Берово и Демир Капија - по 9, Демир Хисар – 8, Кратово и Пехчево – по 6, Македонски Брод и Македонска Камница – по 5, Крушево – 4, Пробиштип – 3, Дебар и Дојран – по 2.

Од вкупниот број на позитивни (2.341), регистрирани се 308 реинфекции, од кои една втора реинфекција.

Регистрирани сe 1.470 оздравени пациенти од: Скопје – 768, Битола - 115, Прилеп – 98, Куманово – 82, Струмица – 55, Велес – 40, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Гостивар – 27, Штип и Крива Паланка – по 26, Кичево – 22, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Неготино – 15, Гевгелија и Ресен – по 14, Радовиш – 13, Делчево и Крушево – по 10, Пробиштип -6, Виница и Демир Хисар – по 5, Валандово и Богданци – по 4, Кратово и Македонски Брод – по 2, Охрид и Демир Капија – по 1.

Направени се 6.193 тестови преку: ИЈЗ-583, ЦЈЗ Скопје-90, ЦЈЗ Битола-108, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–7, Жан Митрев (Филип Втори)-187, Авицена-245, Биотек-368, Систина-149, лабораторија Лаор-160, Синлаб-59, Ремедика-25, Плодност-102, Генеа-28, Никоб Лаб-314, ВФВ Медикал-92, Ели Медика-81, Ројал Медика–35, Спектра-ММ-41, Рапид Лаб–24, Жан Митрев Струмица–20, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-52, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.236.

Досега во земјата се направени вкупно 1.755.926 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 117574, Активни 11390
Куманово 14425, Активни 736
Прилеп 12455, Активни 754
Битола 12222, Активни 1613
Тетово 12089, Активни 492
Гостивар 8596, Активни 323
Кавадарци 8508, Активни 627
Велес 8218, Активни 409
Охрид 7753, Активни 682
Штип 7363, Активни 311
Струмица 6967, Активни 448
Кичево 4827, Активни 297
Кочани 4500, Активни 217
Струга 4278, Активни 268
Гевгелија 3587, Активни 404
Неготино 3014, Активни 228
Свети Николе 2353, Активни 112
Ресен 2260, Активни 231
Радовиш 2148, Активни 179
Крива Паланка 2142, Активни 107
Делчево 1704, Активни 159
Берово 1614, Активни 95
Дебар 1492, Активни 22
Валандово 1302, Активни 164
Виница 1259, Активни 49
Пробиштип 1238, Активни 39
Кратово 865, Активни 59
Богданци 823, Активни 83
Крушево 806, Активни 130
Демир Хисар 754, Активни 72
Македонски Брод 616, Активни 37
Македонска Каменица 486, Активни 45
Демир Капија 476, Активни 29
Пехчево 410, Активни 31
Дојран 204, Активни 14

The post Рекорден број заразени со ковид, 2.341 од 6.139 теста, починаа 26 лица, осум биле целосно вакцинирани appeared first on Република.

]]>

Вкупно 26 лица починаа од компликации од ковид-19, од кои осум се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети, и уште 2.341 заразени од 6.193 тестови соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број нови позитивни, 308 се реинфекции, од кои една втора реинфекција. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 10 починати лица од Скопје (51г, 68г, 73г, 76г, 78г, 78г, 78г, 86г, 91г и 95г), по 2 починати од Тетово (66г и 79г), Велес (74г и 83г) и по едно починато лице од Гевгелија (82г), Кавадарци (52г), Крива Паланка (74г), Куманово (81г), Македоснка Каменица (88г), Охрид (74г) и Струмица (57г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице, од Штип (83г), со датум на смрт на 19.01.2022г. во болнички услови. Дополнително од страна на ОБ Гевгелија пријавени се 4 лица (по две лица од Дојран и Гевгелија). Починатите лица се на возраст од 74 – 91г. Починати во претходните две недели. Сите се починати во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (n=26), осум лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.193 тестови, а регистрирани се 2.341 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 1.146, Битола – 185, Кавадарци – 115, Куманово – 101, Велес – 92, Тетово – 74, Прилеп – 72, Гевгелија – 65, Гостивар – 49, Кичево – 45, Охрид и Неготино – по 43, Валандово – 31, Радовиш – 29, Ресен – 28, Кочани – 27, Струмица и Струга - по 25, Штип – 20, Делчево – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Виница – 10, Крива Паланка, Берово и Демир Капија - по 9, Демир Хисар – 8, Кратово и Пехчево – по 6, Македонски Брод и Македонска Камница – по 5, Крушево – 4, Пробиштип – 3, Дебар и Дојран – по 2. Од вкупниот број на позитивни (2.341), регистрирани се 308 реинфекции, од кои една втора реинфекција. Регистрирани сe 1.470 оздравени пациенти од: Скопје – 768, Битола - 115, Прилеп – 98, Куманово – 82, Струмица – 55, Велес – 40, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Гостивар – 27, Штип и Крива Паланка – по 26, Кичево – 22, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Неготино – 15, Гевгелија и Ресен – по 14, Радовиш – 13, Делчево и Крушево – по 10, Пробиштип -6, Виница и Демир Хисар – по 5, Валандово и Богданци – по 4, Кратово и Македонски Брод – по 2, Охрид и Демир Капија – по 1. Направени се 6.193 тестови преку: ИЈЗ-583, ЦЈЗ Скопје-90, ЦЈЗ Битола-108, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–7, Жан Митрев (Филип Втори)-187, Авицена-245, Биотек-368, Систина-149, лабораторија Лаор-160, Синлаб-59, Ремедика-25, Плодност-102, Генеа-28, Никоб Лаб-314, ВФВ Медикал-92, Ели Медика-81, Ројал Медика–35, Спектра-ММ-41, Рапид Лаб–24, Жан Митрев Струмица–20, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-52, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.236. Досега во земјата се направени вкупно 1.755.926 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно) Скопје 117574, Активни 11390 Куманово 14425, Активни 736 Прилеп 12455, Активни 754 Битола 12222, Активни 1613 Тетово 12089, Активни 492 Гостивар 8596, Активни 323 Кавадарци 8508, Активни 627 Велес 8218, Активни 409 Охрид 7753, Активни 682 Штип 7363, Активни 311 Струмица 6967, Активни 448 Кичево 4827, Активни 297 Кочани 4500, Активни 217 Струга 4278, Активни 268 Гевгелија 3587, Активни 404 Неготино 3014, Активни 228 Свети Николе 2353, Активни 112 Ресен 2260, Активни 231 Радовиш 2148, Активни 179 Крива Паланка 2142, Активни 107 Делчево 1704, Активни 159 Берово 1614, Активни 95 Дебар 1492, Активни 22 Валандово 1302, Активни 164 Виница 1259, Активни 49 Пробиштип 1238, Активни 39 Кратово 865, Активни 59 Богданци 823, Активни 83 Крушево 806, Активни 130 Демир Хисар 754, Активни 72 Македонски Брод 616, Активни 37 Македонска Каменица 486, Активни 45 Демир Капија 476, Активни 29 Пехчево 410, Активни 31 Дојран 204, Активни 14

The post Рекорден број заразени со ковид, 2.341 од 6.139 теста, починаа 26 лица, осум биле целосно вакцинирани appeared first on Република.

]]>
Контроверзните близнаци Богданов починаа од ковид-19 https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kontroverznite-bliznaci-bogdanov-pochinaa-od-kovid-19/ Wed, 05 Jan 2022 11:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=440793

Француските телевизиски ѕвезди со руско потекло Игор и Гришка Богданов починаа во растојание од само неколку дена од последиците од коронавирусот. Близнаците се прославија во научно-фантастичната емисија „Tемпс Икс“ од почетокот на 80-тите години на минатиот век, а и во наредните децении останаа дел од европскиот и светскиот шоубизнис.

Игор Богданов починал во понеделникот на 3 јануари, шест дена откако неговиот брат близнак Гришка починал во болница во Париз, по повеќе дена поминати во кома. Инаку, и двајцата биле хоспитализирани на 15 декември со компликации предизвикани од ковид-19. Роднините потврдиле дека ниту еден од браќата не бил вакциниран против коронавирусот.

Браќата Богданов имале 72 години, а беа познати по своите ексцентрични карактери, талентот за телевизиски настапи, но и по специфичниот моден стил и опсесијата со пластичните операции.

И покрај оваа бизарна навика, а двајцата негирале дека имаат страст за пластичните операции, Игор и Гришка биле вљубеници во науката, а дипломирале физика и објавиле бројни трудови од областа на космологијата.

The post Контроверзните близнаци Богданов починаа од ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Француските телевизиски ѕвезди со руско потекло Игор и Гришка Богданов починаа во растојание од само неколку дена од последиците од коронавирусот. Близнаците се прославија во научно-фантастичната емисија „Tемпс Икс“ од почетокот на 80-тите години на минатиот век, а и во наредните децении останаа дел од европскиот и светскиот шоубизнис. Игор Богданов починал во понеделникот на 3 јануари, шест дена откако неговиот брат близнак Гришка починал во болница во Париз, по повеќе дена поминати во кома. Инаку, и двајцата биле хоспитализирани на 15 декември со компликации предизвикани од ковид-19. Роднините потврдиле дека ниту еден од браќата не бил вакциниран против коронавирусот. Браќата Богданов имале 72 години, а беа познати по своите ексцентрични карактери, талентот за телевизиски настапи, но и по специфичниот моден стил и опсесијата со пластичните операции. И покрај оваа бизарна навика, а двајцата негирале дека имаат страст за пластичните операции, Игор и Гришка биле вљубеници во науката, а дипломирале физика и објавиле бројни трудови од областа на космологијата.

The post Контроверзните близнаци Богданов починаа од ковид-19 appeared first on Република.

]]>