почеток на преговори Archives - Република https://republika.mk/tema/pochetok-na-pregovori/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Mar 2024 11:59:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png почеток на преговори Archives - Република https://republika.mk/tema/pochetok-na-pregovori/ 32 32 Кратко траеше радоста на Босна: Почетокот на преговорите зависи од многу услови https://republika.mk/vesti/balkan/kratko-traeshe-radosta-na-bosna-pochetokot-na-pregovorite-zavisi-od-mnogu-uslovi/ Wed, 20 Mar 2024 11:59:06 +0000 https://republika.mk/?p=756698

Европските лидери се подготвени да дадат „зелено светло“ за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина, се наведува во нацрт-документот од 19 март до кој имал пристап магазинот „Политико“, пренесе Кликс.

Европската унија ѝ додели на Босна и Херцеговина кандидатски статус во декември 2022 година. Минатата недела, Европската комисија даде позитивна препорака за почеток на официјалните пристапни преговори, кои лидерите на Европскиот совет сега планираат да ги следат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dobi-pregovori-pred-makedonija-bosna-kojashto-e-protektorat-ukraina-vo-vojna-i-moldavija-bez-utvrdena-teritorija/

Текстот вклучува услови за пристапни преговори, велејќи дека следниот дел од процесот може да се случи само „штом ќе се преземат релевантните чекори наведени во препораката на Комисијата од 12 октомври 2022 година', што значи дека БиХ треба да направи поголем напредок во својата домашна задача пред да може да влезе во блокот, наведува Кликс.

Актуелниот нацрт ќе биде разгледан од амбасадорите на ЕУ в среда и лидерите на ЕУ в четврток. Неколку дипломати беа оптимисти дека лидерите на крајот ќе го усвојат сегашниот курс за БиХ.

Еден дипломат од земја која првично беше поскептичен за досегашниот напредок на БиХ, кој доби анонимност да зборува искрено на оваа тема, изјави за Политико дека вториот дел од пасусот е клучен.

-Сите реформи за кои се договоривме навистина треба да се завршат пред да се случи каков било следен чекор за Босна, рече тој.

Пред седницата на Европскиот совет в четврток, седум европски земји ги повикаа своите колеги да ги следат препораките на Европската комисија за Босна и Херцеговина.

Австрија, Хрватска, Чешката Република, Грција, Италија, Словачка и Словенија рекоа дека блокот треба „да го искористи моментумот и сегашната можност“, а Германија се приклучи во нејзината поддршка

The post Кратко траеше радоста на Босна: Почетокот на преговорите зависи од многу услови appeared first on Република.

]]>

Европските лидери се подготвени да дадат „зелено светло“ за отворање на пристапните преговори со Босна и Херцеговина, се наведува во нацрт-документот од 19 март до кој имал пристап магазинот „Политико“, пренесе Кликс. Европската унија ѝ додели на Босна и Херцеговина кандидатски статус во декември 2022 година. Минатата недела, Европската комисија даде позитивна препорака за почеток на официјалните пристапни преговори, кои лидерите на Европскиот совет сега планираат да ги следат. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dobi-pregovori-pred-makedonija-bosna-kojashto-e-protektorat-ukraina-vo-vojna-i-moldavija-bez-utvrdena-teritorija/ Текстот вклучува услови за пристапни преговори, велејќи дека следниот дел од процесот може да се случи само „штом ќе се преземат релевантните чекори наведени во препораката на Комисијата од 12 октомври 2022 година', што значи дека БиХ треба да направи поголем напредок во својата домашна задача пред да може да влезе во блокот, наведува Кликс. Актуелниот нацрт ќе биде разгледан од амбасадорите на ЕУ в среда и лидерите на ЕУ в четврток. Неколку дипломати беа оптимисти дека лидерите на крајот ќе го усвојат сегашниот курс за БиХ. Еден дипломат од земја која првично беше поскептичен за досегашниот напредок на БиХ, кој доби анонимност да зборува искрено на оваа тема, изјави за Политико дека вториот дел од пасусот е клучен. -Сите реформи за кои се договоривме навистина треба да се завршат пред да се случи каков било следен чекор за Босна, рече тој. Пред седницата на Европскиот совет в четврток, седум европски земји ги повикаа своите колеги да ги следат препораките на Европската комисија за Босна и Херцеговина. Австрија, Хрватска, Чешката Република, Грција, Италија, Словачка и Словенија рекоа дека блокот треба „да го искористи моментумот и сегашната можност“, а Германија се приклучи во нејзината поддршка

The post Кратко траеше радоста на Босна: Почетокот на преговорите зависи од многу услови appeared first on Република.

]]>
Студен туш од Португалија: ЕУ не може да прима нови членки и мора тоа да им го каже на земјите-кандидатки https://republika.mk/vesti/svet/studen-tush-od-portugalija-eu-ne-moze-da-prima-novi-chlenki-i-mora-toa-da-im-go-kaze-na-zemjite-kandidatki/ Thu, 24 Nov 2022 09:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=577555

Португалскиот премиер Антонио Коста „ги попари“ земјите кандидатки за членство во Европската Унија, со изјавата дека ЕУ не е во состојба да прима нови земји како свои членки.

Во разговор со португалската редакција на Си-Ен-Ен, Коста се осврнал пред се на Украина, која се надева дека ќе добие брз прием во ЕУ, како европски одговор на војната што ја отпочна Русија. Но, Коста ги посочил и балканските земји, за кои рекол дека досега добиле многу ветувања од ЕУ, и предупредил дека мора да ги намалиме очекувањата.

- Критериумите на ЕУ за прием на нови членки се многу јасни. Но, за жал, ние немаме критериуми со кои ќе го оцениме нашиот капацитет да примиме нови членки. Треба да бидеме јасни пред кандидатките. Во сегашната институционална структура, со сегашната буџетска архитектура, Европската Унија не е во позиција да ги исполни очекувањата кои ги поттикна, изјави Коста.

Португалија беше една од најактивните членки на ЕУ во подготвување на новите обврски кон Македонија, со цел да се задоволат бугарските барања.

Португалскиот предлог му претходеше на францускиот предлог, кој сега стана обврска што целата ЕУ и ја наложува на Македонија - да ги прифати бугарските барања во полето на Уставот, историјата и, по се изгледа, и идентитетот. За време на овие преговори, додека Португалија беше претседавач со ЕУ, португалската министерка за Европа Ана Паула Закаријас даде крајно контроверзна изјава во која за „јазикот на Македонија“ рече дека низ историјата бил дел од бугарскиот јазик.

The post Студен туш од Португалија: ЕУ не може да прима нови членки и мора тоа да им го каже на земјите-кандидатки appeared first on Република.

]]>

Португалскиот премиер Антонио Коста „ги попари“ земјите кандидатки за членство во Европската Унија, со изјавата дека ЕУ не е во состојба да прима нови земји како свои членки. Во разговор со португалската редакција на Си-Ен-Ен, Коста се осврнал пред се на Украина, која се надева дека ќе добие брз прием во ЕУ, како европски одговор на војната што ја отпочна Русија. Но, Коста ги посочил и балканските земји, за кои рекол дека досега добиле многу ветувања од ЕУ, и предупредил дека мора да ги намалиме очекувањата.
- Критериумите на ЕУ за прием на нови членки се многу јасни. Но, за жал, ние немаме критериуми со кои ќе го оцениме нашиот капацитет да примиме нови членки. Треба да бидеме јасни пред кандидатките. Во сегашната институционална структура, со сегашната буџетска архитектура, Европската Унија не е во позиција да ги исполни очекувањата кои ги поттикна, изјави Коста.
Португалија беше една од најактивните членки на ЕУ во подготвување на новите обврски кон Македонија, со цел да се задоволат бугарските барања. Португалскиот предлог му претходеше на францускиот предлог, кој сега стана обврска што целата ЕУ и ја наложува на Македонија - да ги прифати бугарските барања во полето на Уставот, историјата и, по се изгледа, и идентитетот. За време на овие преговори, додека Португалија беше претседавач со ЕУ, португалската министерка за Европа Ана Паула Закаријас даде крајно контроверзна изјава во која за „јазикот на Македонија“ рече дека низ историјата бил дел од бугарскиот јазик.

The post Студен туш од Португалија: ЕУ не може да прима нови членки и мора тоа да им го каже на земјите-кандидатки appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Официјално почнува скринингот, мора уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-oficijalno-pochnuva-skriningot-mora-ustavnite-izmeni/ Thu, 15 Sep 2022 06:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=550883

Во Брисел денеска официјално почнува скринингот за усогласеноста на македонското законодавство со тоа на Европската Унија. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за МИА, по повод отпочнување на оваа фаза од нашето пристапување кон ЕУ, вели дека скринигот практично е фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме. Тој повикува дека сега е неопходно фокусот да се стави на градење на консензусот за продолжување на европските интеграции, градење на консензусот за уставните измени и на кој начин може и опозицијата да се вгради во процесот на преговори и процесот на евроинтеграција.

Маричиќ очекува скринингот да заврши во ноември 2023 година. Во однос на уставните измени неопходни за отворање на кластерите, вели дека тоа воопшто нема да биде лесен процес и оти од нас зависи кога ќе продолжиме со евроинтеграциите. Дециден е дека веќе нема условувања или дополнителни нови услови од која било држава членка, вклучувајќи ја и Бугарија, туку јасно се дефинирани условите под кои ги водиме преговорите и под кои услови ќе го продолжиме после скринингот. Нагласува дека во компромисот со Бугарија имаме доволно гаранции и за нашиот идентитет и за нашиот јазик и нема никакви шанси, ниту прилика да се случи каква била асимилација или бугаризација.

-Најпрво мислам дека треба да кажеме за граѓаните и да повториме дека Македонија ги започна преговорите за членство во Европската Унија. Тие започнаа на 19 јули, практично тогаш беше и воведната сесија на скринингот. Тоа е многу битно за да сфатиме дека по 17 години чекање влеговме во нова фаза. Таа фаза – скринингот е практично задолжителен дел на преговорите. Тоа не е нешто ново и не е нешто што се прави само за нас. Сите држави особено во последниов период коишто имаа или имаат активни процес на преговори поминаа низ овој процес на скрининг, вели Маричиќ за МИА.

Тој потсети дека скринингот се состои од две фази, едната е билатерален, другиот е објаснувачки.

-Првиот е практично воведниот и е објаснувачки што ние делумно го поминавме 2018 и 2019 година и практично сега не почнуваме од нула, туку продолжуваме каде што застанавме тогаш. Во објаснувачкиот скрининг се претставуваат актите и стандардите на ЕУ што ние треба да ги прифатиме за да станеме членка на ЕУ и сето она што е во изминативе три години ново како европска регулатива ќе ни биде претставено, презентирано во објаснувачкиот скрининг. Веднаш потоа ќе настапи билатералниот скрининг, дел од нив ќе течат и паралелно. Во билатералниот скрининг веќе ние имаме поголема улога, односно државите членки на ЕУ и Европската комисија ќе ни поставуваат прашања нас, а ние ќе презентираме колку сме усогласени во определени области, во сите области и колку време цениме дека ќе ни треба за да целосно се усогласиме, појасни Маричиќ за МИА.

Според вицепремиерот, ние имаме некоја проценка дека досега сме усогласени околу 40 отсто, значи скоро половина, а тоа значи, вели, дека сме ги искористиле добро овие 17 години чекање за да ги почнеме преговорите и во некои области сме на исто ниво или на подобро ниво од државите кои веќе преговараат со години како Србија и Црна Гора.

-Затоа мислам дека овој скрининг е многу важен за да ја држиме нашата администрација во кондиција, но и целото општество со сите експерти, со цел граѓанското општество, академската јавност, бизнис заедницата да бидат активни да го следат скринингот и да учествуваат во него. Тоа е многу важно затоа што од скринингот ни зависат како ќе изгледаат листата на задачи, репер и мерила, бенч маркови коишто ќе важат за сите поглавја и за сите кластери. Практично скринингот е таа фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме. И затоа мислам дека овие денови ги составуваме и тимовите, од четврток започнува – денеска практично започнува скринингот и ги тераме дел по дел, фаза по фаза за сите поглавја, очекуваме да заврши во ноември 2023 година. Тоа е планот што заедно го направивме со Европската комисија, рече Маричиќ.

Во однос на тоа дали се очекуваат потешкотии во некои области во усогласувањето на законодавството и каде имаме слабости, Маричиќ вели дека многу работа не очекува во вториот кластер – Внатрешниот пазар, а исто така и во првиот, којшто е најважен, а тоа се Темелните вредности.

– Кластерот Темелни вредности, прв се отвора, последен се затвора, отворен е низ целите преговори и напредокот во тој кластер го диктира напредокот во другите кластери. Но, мислам дека во Внатрешен пазар имаме многу работа и во конкурентност и иновации исто така, кај Зелената агенда, тоа е многу скап кластер што бара многу инвестирање во животната средина и технологии што се позитивни кон животната средина. Во кластерот Земјоделие таму имаме цел еден битен дел и за државна помош и за субвенции, но и за стандардите во земјоделието и мислам дека секаде имаме многу работа, но Внатрешен пазар ќе ни треба најмногу, оценува вицепремиерот за МИА.

На прашање на МИА кога очекува да почне процедурата за уставните измени, неопходни за отворање на кластерите, имајќи ја предвид и иницијативата за референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на договорот со Бугарија, која, пак беше отфрлена од собранискиот спикер Талат Џафери, Маричиќ вели дека тоа воопшто нема да биде лесен процес и оти од нас зависи кога ќе продолжиме со евроинтегративниот процес.

– Ние имаме некој рок што сами си го зададовме заедно со планот за скрининг, а тоа е до крајот на скринингот, значи до ноември 2023, до крајот на идната година практично да ги комплетираме уставните измени и јас мислам дека ќе успееме во тој рок да ги комплетираме. Во однос на, тоа секако нема да биде воопшто лесен процес, но мислам дека секој пратеник и сите политички партии ќе бидат на висина на задачата затоа што сега од нас зависи кога ќе продолжиме. Нема веќе условувања или дополнителни нови услови од која било држава членка, вклучувајќи ја и Бугарија, туку јасно се дефинирани условите под кои ги водиме преговорите и под кои услови ќе го продолжиме после скринингот, рече Маричиќ.

Вицепремиерот во однос на прашањето за референдум вели дека треба разумно да се погледне.

-На ова прашање вака формулирано и во овој момент не е потребен референдум, особено затоа што тоа чини осум милиони евра самото организирање на референдум, што во услови на криза не ни е потребно, во услови кога ни претстои зима за која што се бориме да имаме редовно снабдување, понормални цени за сите оние клучни продукти како струја, гас итн, рече Маричиќ.

Тој е дециден дека во овој момент е потребно е да се фокусираме на градење на консензусот за продолжување на европските интеграции и градење на консензусот за уставните измени и на кој начин може и опозицијата да се вгради во процесот на преговори и процесот на европска интеграција.

-Ние како држава многу одамна имаме одлучено, уште при осамостојувањето и со парламентарните декларации и за НАТО и за ЕУ, меѓутоа и низ годините имаме изградено консензус дека сакаме да бидеме членка на Европската Унија. Затоа вистинското прашање е дали сакаме да бидеме членка на Европската Унија, а не дали сме за поништување на Договорот со Бугарија, а тој договор е веќе пет години во важност, опозицијата имала прилика и да гласа против, има прилика Собранието во кој било момент да го отповика доколку има мнозинство и мислам дека е тоа повеќе политички маневар и политичка игра отколку искрена желба за референдум којшто може само да не одвлече назад, оценува тој.

Затоа сметам, додава Маричиќ, дека политичарите треба да си ја преземат одговорноста и да излезат пред граѓаните да објаснат зошто и како ќе ја поддржат или нема да ја поддржат нашата европска интеграција и продолжувањето на преговорите.

– Во компромисот со Бугарија имаме доволно гаранции и за нашиот идентитет и за нашиот јазик и нема никакви шанси ниту прилика да се случи каква била асимилација или бугаризација како што велат затоа што знаеме кои сме и што сме. Влегуваме самоуверено во преговорите и имаме јасна цел – да станеме членка на Европската Унија како држава, како Македонија и тоа да го направиме како Македонци со заштитен идентитет и јазик, порача Маричиќ.

Прашан како во практика ќе се одвива новата методологија на преговарање, кога ќе ги отвориме кластерите и кое е најоптимистичното сценарио да станеме членка, Маричиќ за МИА вели дека клучно за ова се реформите, но и желбата на ЕУ.

-Многу е неблагодарно од сега да се предвидува. Тоа ниту една држава не можела да го предвиди и не го знаела од почетокот на преговорите. Еве во Хрватска за датум за пристапување почнало да се разговара некои шест месеци пред да се затворат преговорите, а тие траеја шест години. Меѓутоа, ние ако го завршиме скринингот за година и половина и доколку не губиме време, доколку имаме добро темпо на реформи, бидејќи тоа е клучното, не само билатералните прашања. Тие мислам ние и во голема мера ги имаме завршено, рече Маричиќ.

Она што го немаме завршено, додаде тој, и на што треба да работиме се реформите што ќе не доведат до стопроцентна усогласеност со ЕУ и што нема да се сведат само на законодавство, туку и на пракса и имплементација.

-Затоа мислам ако работиме интензивно и ако работиме како што треба соодветно без губење време сосема е изводливо нормално зависно од желбата и на Европската Унија, односно спремноста да прифати нови членки сосема е изводливо до крајот на оваа декада да бидеме членка на Унијата, оцени Маричиќ за МИА.

Македонија доби едногласна одлука за почеток на преговори уште во март 2020 година, но Бугарија го блокираше нивното отпочнување поради билатерални историски и јазични прашања. По прифаќањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ и по потпишувањето на билатералниот Протокол на 17 јули 2022 година од страна на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, е усвоена и Преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ. На 19 јули се одржа и Меѓувладината конференција на политички состанок помеѓу ЕУ и Македонија, а веднаш беше означен и почетокот на скрининг процесот со првите општи напомени за неговиот тек и нацрт Календар.

The post Маричиќ: Официјално почнува скринингот, мора уставните измени appeared first on Република.

]]>

Во Брисел денеска официјално почнува скринингот за усогласеноста на македонското законодавство со тоа на Европската Унија. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за МИА, по повод отпочнување на оваа фаза од нашето пристапување кон ЕУ, вели дека скринигот практично е фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме. Тој повикува дека сега е неопходно фокусот да се стави на градење на консензусот за продолжување на европските интеграции, градење на консензусот за уставните измени и на кој начин може и опозицијата да се вгради во процесот на преговори и процесот на евроинтеграција. Маричиќ очекува скринингот да заврши во ноември 2023 година. Во однос на уставните измени неопходни за отворање на кластерите, вели дека тоа воопшто нема да биде лесен процес и оти од нас зависи кога ќе продолжиме со евроинтеграциите. Дециден е дека веќе нема условувања или дополнителни нови услови од која било држава членка, вклучувајќи ја и Бугарија, туку јасно се дефинирани условите под кои ги водиме преговорите и под кои услови ќе го продолжиме после скринингот. Нагласува дека во компромисот со Бугарија имаме доволно гаранции и за нашиот идентитет и за нашиот јазик и нема никакви шанси, ниту прилика да се случи каква била асимилација или бугаризација.
-Најпрво мислам дека треба да кажеме за граѓаните и да повториме дека Македонија ги започна преговорите за членство во Европската Унија. Тие започнаа на 19 јули, практично тогаш беше и воведната сесија на скринингот. Тоа е многу битно за да сфатиме дека по 17 години чекање влеговме во нова фаза. Таа фаза – скринингот е практично задолжителен дел на преговорите. Тоа не е нешто ново и не е нешто што се прави само за нас. Сите држави особено во последниов период коишто имаа или имаат активни процес на преговори поминаа низ овој процес на скрининг, вели Маричиќ за МИА.
Тој потсети дека скринингот се состои од две фази, едната е билатерален, другиот е објаснувачки.
-Првиот е практично воведниот и е објаснувачки што ние делумно го поминавме 2018 и 2019 година и практично сега не почнуваме од нула, туку продолжуваме каде што застанавме тогаш. Во објаснувачкиот скрининг се претставуваат актите и стандардите на ЕУ што ние треба да ги прифатиме за да станеме членка на ЕУ и сето она што е во изминативе три години ново како европска регулатива ќе ни биде претставено, презентирано во објаснувачкиот скрининг. Веднаш потоа ќе настапи билатералниот скрининг, дел од нив ќе течат и паралелно. Во билатералниот скрининг веќе ние имаме поголема улога, односно државите членки на ЕУ и Европската комисија ќе ни поставуваат прашања нас, а ние ќе презентираме колку сме усогласени во определени области, во сите области и колку време цениме дека ќе ни треба за да целосно се усогласиме, појасни Маричиќ за МИА.
Според вицепремиерот, ние имаме некоја проценка дека досега сме усогласени околу 40 отсто, значи скоро половина, а тоа значи, вели, дека сме ги искористиле добро овие 17 години чекање за да ги почнеме преговорите и во некои области сме на исто ниво или на подобро ниво од државите кои веќе преговараат со години како Србија и Црна Гора.
-Затоа мислам дека овој скрининг е многу важен за да ја држиме нашата администрација во кондиција, но и целото општество со сите експерти, со цел граѓанското општество, академската јавност, бизнис заедницата да бидат активни да го следат скринингот и да учествуваат во него. Тоа е многу важно затоа што од скринингот ни зависат како ќе изгледаат листата на задачи, репер и мерила, бенч маркови коишто ќе важат за сите поглавја и за сите кластери. Практично скринингот е таа фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме. И затоа мислам дека овие денови ги составуваме и тимовите, од четврток започнува – денеска практично започнува скринингот и ги тераме дел по дел, фаза по фаза за сите поглавја, очекуваме да заврши во ноември 2023 година. Тоа е планот што заедно го направивме со Европската комисија, рече Маричиќ.
Во однос на тоа дали се очекуваат потешкотии во некои области во усогласувањето на законодавството и каде имаме слабости, Маричиќ вели дека многу работа не очекува во вториот кластер – Внатрешниот пазар, а исто така и во првиот, којшто е најважен, а тоа се Темелните вредности.
– Кластерот Темелни вредности, прв се отвора, последен се затвора, отворен е низ целите преговори и напредокот во тој кластер го диктира напредокот во другите кластери. Но, мислам дека во Внатрешен пазар имаме многу работа и во конкурентност и иновации исто така, кај Зелената агенда, тоа е многу скап кластер што бара многу инвестирање во животната средина и технологии што се позитивни кон животната средина. Во кластерот Земјоделие таму имаме цел еден битен дел и за државна помош и за субвенции, но и за стандардите во земјоделието и мислам дека секаде имаме многу работа, но Внатрешен пазар ќе ни треба најмногу, оценува вицепремиерот за МИА.
На прашање на МИА кога очекува да почне процедурата за уставните измени, неопходни за отворање на кластерите, имајќи ја предвид и иницијативата за референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на договорот со Бугарија, која, пак беше отфрлена од собранискиот спикер Талат Џафери, Маричиќ вели дека тоа воопшто нема да биде лесен процес и оти од нас зависи кога ќе продолжиме со евроинтегративниот процес.
– Ние имаме некој рок што сами си го зададовме заедно со планот за скрининг, а тоа е до крајот на скринингот, значи до ноември 2023, до крајот на идната година практично да ги комплетираме уставните измени и јас мислам дека ќе успееме во тој рок да ги комплетираме. Во однос на, тоа секако нема да биде воопшто лесен процес, но мислам дека секој пратеник и сите политички партии ќе бидат на висина на задачата затоа што сега од нас зависи кога ќе продолжиме. Нема веќе условувања или дополнителни нови услови од која било држава членка, вклучувајќи ја и Бугарија, туку јасно се дефинирани условите под кои ги водиме преговорите и под кои услови ќе го продолжиме после скринингот, рече Маричиќ.
Вицепремиерот во однос на прашањето за референдум вели дека треба разумно да се погледне.
-На ова прашање вака формулирано и во овој момент не е потребен референдум, особено затоа што тоа чини осум милиони евра самото организирање на референдум, што во услови на криза не ни е потребно, во услови кога ни претстои зима за која што се бориме да имаме редовно снабдување, понормални цени за сите оние клучни продукти како струја, гас итн, рече Маричиќ.
Тој е дециден дека во овој момент е потребно е да се фокусираме на градење на консензусот за продолжување на европските интеграции и градење на консензусот за уставните измени и на кој начин може и опозицијата да се вгради во процесот на преговори и процесот на европска интеграција.
-Ние како држава многу одамна имаме одлучено, уште при осамостојувањето и со парламентарните декларации и за НАТО и за ЕУ, меѓутоа и низ годините имаме изградено консензус дека сакаме да бидеме членка на Европската Унија. Затоа вистинското прашање е дали сакаме да бидеме членка на Европската Унија, а не дали сме за поништување на Договорот со Бугарија, а тој договор е веќе пет години во важност, опозицијата имала прилика и да гласа против, има прилика Собранието во кој било момент да го отповика доколку има мнозинство и мислам дека е тоа повеќе политички маневар и политичка игра отколку искрена желба за референдум којшто може само да не одвлече назад, оценува тој.
Затоа сметам, додава Маричиќ, дека политичарите треба да си ја преземат одговорноста и да излезат пред граѓаните да објаснат зошто и како ќе ја поддржат или нема да ја поддржат нашата европска интеграција и продолжувањето на преговорите. – Во компромисот со Бугарија имаме доволно гаранции и за нашиот идентитет и за нашиот јазик и нема никакви шанси ниту прилика да се случи каква била асимилација или бугаризација како што велат затоа што знаеме кои сме и што сме. Влегуваме самоуверено во преговорите и имаме јасна цел – да станеме членка на Европската Унија како држава, како Македонија и тоа да го направиме како Македонци со заштитен идентитет и јазик, порача Маричиќ. Прашан како во практика ќе се одвива новата методологија на преговарање, кога ќе ги отвориме кластерите и кое е најоптимистичното сценарио да станеме членка, Маричиќ за МИА вели дека клучно за ова се реформите, но и желбата на ЕУ.
-Многу е неблагодарно од сега да се предвидува. Тоа ниту една држава не можела да го предвиди и не го знаела од почетокот на преговорите. Еве во Хрватска за датум за пристапување почнало да се разговара некои шест месеци пред да се затворат преговорите, а тие траеја шест години. Меѓутоа, ние ако го завршиме скринингот за година и половина и доколку не губиме време, доколку имаме добро темпо на реформи, бидејќи тоа е клучното, не само билатералните прашања. Тие мислам ние и во голема мера ги имаме завршено, рече Маричиќ.
Она што го немаме завршено, додаде тој, и на што треба да работиме се реформите што ќе не доведат до стопроцентна усогласеност со ЕУ и што нема да се сведат само на законодавство, туку и на пракса и имплементација.
-Затоа мислам ако работиме интензивно и ако работиме како што треба соодветно без губење време сосема е изводливо нормално зависно од желбата и на Европската Унија, односно спремноста да прифати нови членки сосема е изводливо до крајот на оваа декада да бидеме членка на Унијата, оцени Маричиќ за МИА.
Македонија доби едногласна одлука за почеток на преговори уште во март 2020 година, но Бугарија го блокираше нивното отпочнување поради билатерални историски и јазични прашања. По прифаќањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ и по потпишувањето на билатералниот Протокол на 17 јули 2022 година од страна на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, е усвоена и Преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ. На 19 јули се одржа и Меѓувладината конференција на политички состанок помеѓу ЕУ и Македонија, а веднаш беше означен и почетокот на скрининг процесот со првите општи напомени за неговиот тек и нацрт Календар.

The post Маричиќ: Официјално почнува скринингот, мора уставните измени appeared first on Република.

]]>
Маричиќ за „Канал 5“: Имаме амбиција и цел членството во ЕУ да се случи што поскоро https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-za-kanal5-imame-ambicija-i-cel-chlenstvoto-vo-eu-da-se-sluchi-shto-poskoro/ Thu, 08 Sep 2022 20:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=548857

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со поранешниот хрватски преговарач, Дрбњак, учествуваше во емисијата „Жешко политичко лето“, каде изјави дека треба да имаме амбиција, и цел за членството во ЕУ да се случи што поскоро, односно Македонија да влезе во првото наредно проширување на Европската Унија кога и да биде тоа.

Нам ни е важно да ова време, оваа година и половина од скринингот, и понатаму фазите на отворање на поглавјата и кластерите да ги искористиме максимално за да ги изведеме потребните реформи, рече Маричиќ додавајќи дека овие години сега треба да ги искористиме максимално.

Експертот Дробњак додаде дека најважното нешто што Македонија може да го научи од Хрватска е дека успехот е возможен, дека преговорите можат успешно да се завршат и може да се стане член на Европската Унија.

Хрватската приказна покажува дека тоа не е невозможна мисија, туку тоа е дофатливо и возможно. Секоја генерација на преговорите е специфична на свој начин, и вашите преговори не се во потполност исти какви што беа хрватските, ниту преговарачките рамки се исти. Но, некои основни правила остануваат исти, преговорите имаат своја многу специфична димензија, која бара вклученост на што поширок круг во општеството, истакна Дробњак.

Вицепремиерот и главен преговарач со Унијата, Маричиќ, во емисијата рече дека целосно сме  подготвени за почеток на преговорите и дека имаме добар тим, истакувајќи дека имаме и енергија и сила и волја и знаење да ги започнеме и успешно да ги завршиме преговорите.

Експертот Дробњак смета дека целта на Македонија до 2030 да стане членка на Европската Унија е еден многу амбициозен, но истовремено и добро поставен датум, осврнувајќи се на примерот на Хрватска.

Ние добивме јасен увид во терминот за пристапување шест месеци пред затворањето на последното поглавје. Ние полни пет години преговаравме бе да знаеме кога ќе влеземе во Унијата. Тоа не е процес во кој однапред може да се дефинира датумот. Сега на Владата на Македонија и на целото општество, да го најдете вистинскиот начин. Ако се фати добар ритам, ако се влезе со полна сила во реформите, на администрацијата, на законодавството, ако тоа навистина стане еден општ национален проект, мислам дека можете да одите со едно навистина добро темпо напред, потенцираше Дробњак.

The post Маричиќ за „Канал 5“: Имаме амбиција и цел членството во ЕУ да се случи што поскоро appeared first on Република.

Маричиќ-Азески: Заеднички ќе го трансформираме македонското стопанство во европско https://republika.mk/vesti/ekonomija/marichikj-azeski-zaednichki-kje-go-transformirame-makedonskoto-stopanstvo-vo-evropsko/ Wed, 07 Sep 2022 20:32:40 +0000 https://republika.mk/?p=548464

Денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и главен преговарач на тимот што ќе преговара со Европската Унија оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на која разговараа за соработката и учеството на Стопанската комора во процесот на преговори.

- Колку подобро се адаптира македонското стопанство, толку ќе биде полесно по влезот во ЕУ. Со Стопанската комора ја зајакнуваме соработката, на полето на евроинтеграциите, со цел што е можно подобро исполнување на обврските, но и подготовка за можностите што ќе ги донесе идното членство за македонската економија и општество во целина, рече вицепремиерот Маричиќ.

Претседателот Азески посочи дека Стопанската комора на Македонија го поздравува отпочнувањето на процесот и го прифаќа предлог барањето за вклучување на бизнис заедницата во преговарачкиот тим. Коморите вели Азески мора да бидат вклучени во преговарачкиот процес од самиот почеток кога се моделираат промените, како клучна врска со компаниите која ќе обезбеди транспарентност на процесот кон бизнисот и олеснување на примената (која не секогаш ќе биде лесна и ќе бара драстични промени во работењето на бизнисите). За таа цел претседателот на Комората ја предложи Јадранка Аризанковска за координатор на преговарачкиот тим од Стопанската комора која има 33 години работно искуство во коморско работење, сертифициран менаџмент консултант, инструктор и ментор за проекти и менаџмент процесите во компаниите, проект менаџер на повеќе од 10-тици проекти во Комората реализирани од европските програми преку Европската комисија и повеќе од 20 години работно искуство од директна соработка со европските институции за теми кои придонесуваат за приближување на македонската економија кон европското законодавство.

- Верувам дека експертите од Стопанската комора, кои ќе бидат вклучени во работата на преговарачките работни групи од почетокот на пристапните преговори, ќе дадат значаен придонес во исполнувањето на европските обврски, како со професионално знаење, така и со директни контакти и инпути од бизнис заедницата, истакна Маричиќ, посакувајќи ѝ успех на Аризанковска и добра соработка со Секретаријатот за европски прашања.

На средбата вицепремиерот и главниот преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, го информираше претседателот Азески дека преговорите треба да се одвиваат со забрзана динамика и да се затворат што е можно побргу, во согласност со новата методологија за водење на преговорите за пристапување во ЕУ. Истите треба да овозможат сериозни промени во економијата и во другите области (правосудство, владеење на право, животна средина, институции) кои не можат да се постигнат без ставање во некаква рамка и доследно спроведување. Преговарачката структура од македонска страна ќе вклучува експерти, државни службеници со долгогодишно работно искуство на ова поле, експерти и стручни лица од бизнисот, надвор од институциите, но и надвор од државата, кои имаат искуство со водење преговори и пристапување други држави во ЕУ, со цел ефикасни и успешни преговори за справување со сите предизвици.

Улогата на Стопанската комора на Македонија во процесот на преговарање со ЕУ е од голема важност бидејќи ќе придонесува за подигање на свеста во деловното опкружување што значи да се биде дел од единствениот европски пазар, и влијанието за економскиот раст, креирањето нови работни места, подобрување на конкурентноста на претпријатијата, нивото на инвестиции и др. Одредниците коишто ги покриваат поглавјата од економија се однесуваат на критериумот на функционална пазарна економија. Дополнително Европската комисија, а сега и земјите членки, ќе воведат нови индикатори преку коишто ќе го мерат прогресот и ќе има еден позасилен двонасочен комуникациски канал во иднина.

The post Маричиќ-Азески: Заеднички ќе го трансформираме македонското стопанство во европско appeared first on Република.

]]>

Денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и главен преговарач на тимот што ќе преговара со Европската Унија оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, на која разговараа за соработката и учеството на Стопанската комора во процесот на преговори.
- Колку подобро се адаптира македонското стопанство, толку ќе биде полесно по влезот во ЕУ. Со Стопанската комора ја зајакнуваме соработката, на полето на евроинтеграциите, со цел што е можно подобро исполнување на обврските, но и подготовка за можностите што ќе ги донесе идното членство за македонската економија и општество во целина, рече вицепремиерот Маричиќ.
Претседателот Азески посочи дека Стопанската комора на Македонија го поздравува отпочнувањето на процесот и го прифаќа предлог барањето за вклучување на бизнис заедницата во преговарачкиот тим. Коморите вели Азески мора да бидат вклучени во преговарачкиот процес од самиот почеток кога се моделираат промените, како клучна врска со компаниите која ќе обезбеди транспарентност на процесот кон бизнисот и олеснување на примената (која не секогаш ќе биде лесна и ќе бара драстични промени во работењето на бизнисите). За таа цел претседателот на Комората ја предложи Јадранка Аризанковска за координатор на преговарачкиот тим од Стопанската комора која има 33 години работно искуство во коморско работење, сертифициран менаџмент консултант, инструктор и ментор за проекти и менаџмент процесите во компаниите, проект менаџер на повеќе од 10-тици проекти во Комората реализирани од европските програми преку Европската комисија и повеќе од 20 години работно искуство од директна соработка со европските институции за теми кои придонесуваат за приближување на македонската економија кон европското законодавство.
- Верувам дека експертите од Стопанската комора, кои ќе бидат вклучени во работата на преговарачките работни групи од почетокот на пристапните преговори, ќе дадат значаен придонес во исполнувањето на европските обврски, како со професионално знаење, така и со директни контакти и инпути од бизнис заедницата, истакна Маричиќ, посакувајќи ѝ успех на Аризанковска и добра соработка со Секретаријатот за европски прашања.
На средбата вицепремиерот и главниот преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, го информираше претседателот Азески дека преговорите треба да се одвиваат со забрзана динамика и да се затворат што е можно побргу, во согласност со новата методологија за водење на преговорите за пристапување во ЕУ. Истите треба да овозможат сериозни промени во економијата и во другите области (правосудство, владеење на право, животна средина, институции) кои не можат да се постигнат без ставање во некаква рамка и доследно спроведување. Преговарачката структура од македонска страна ќе вклучува експерти, државни службеници со долгогодишно работно искуство на ова поле, експерти и стручни лица од бизнисот, надвор од институциите, но и надвор од државата, кои имаат искуство со водење преговори и пристапување други држави во ЕУ, со цел ефикасни и успешни преговори за справување со сите предизвици. Улогата на Стопанската комора на Македонија во процесот на преговарање со ЕУ е од голема важност бидејќи ќе придонесува за подигање на свеста во деловното опкружување што значи да се биде дел од единствениот европски пазар, и влијанието за економскиот раст, креирањето нови работни места, подобрување на конкурентноста на претпријатијата, нивото на инвестиции и др. Одредниците коишто ги покриваат поглавјата од економија се однесуваат на критериумот на функционална пазарна економија. Дополнително Европската комисија, а сега и земјите членки, ќе воведат нови индикатори преку коишто ќе го мерат прогресот и ќе има еден позасилен двонасочен комуникациски канал во иднина.

The post Маричиќ-Азески: Заеднички ќе го трансформираме македонското стопанство во европско appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Граѓанскиот сектор е партнер на државата и ќе биде дел од преговарачкиот процес со ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-gragjanskiot-sektor-e-partner-na-drzavata-i-kje-bide-del-od-pregovarachkiot-proces-so-eu/ Thu, 25 Aug 2022 10:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=543937

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска одржа координативен состанок со претставниците на граѓанскиот сектор, пред кои го објасни процесот на скрининг и даде краток осврт на тековните активности на Секретаријатот за европски прашања во пресрет на подготовките за скрининг состаноците, кои започнуваат за три недели.

Убеден сум дека граѓанските организации ќе дадат  значаен придонес во спроведувањето на реформите и напредокот кон членството во ЕУ. Граѓанскиот сектор е признат партнер на Владата во овој процес. Ова партнерство и искрена соработка меѓу државниот и граѓанскиот сектор е еден од предусловите за успешно искористување на структурните фондови на ЕУ, рече вицепремиерот Маричиќ, додавајќи дека треба граѓанските организации да се подготвуваат и за учество, и за користење и поголема апсорпција на ЕУ фондови.

Вицепремиерот Маричиќ на состанокот со граѓанските организации отвори дискусија за модалитетот и начинот на кој претставниците на граѓанските организации ќе бидат вклучени во овој процес, за што дополнително ќе треба заеднички да се договорат, и посочи дека Секретаријатот за европски прашања веќе има ангажирано и регионален експерт преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Македонија, кој би помогнал во дефинирање на соработката, поставувањето платформа за вклучување претставници на граѓанското општество во работните групи од самиот почетокот на пристапните преговори.

Со отпочнување на неговиот ангажман, секако дека ќе бидете во блиска соработка за да може да се изнајде модел кој ќе биде во најдобар интерес на процесот. За време на целиот процес, Советот за соработка со граѓанските организации ќе биде мостот на комуникација, истакна Маричиќ пред претставниците на граѓанските организации.

 Вицепремиерот Маричиќ продолжува со меѓуинституционалните координативните состаноци кои изминатите денови ги спроведува пред финиширањето на преговарачката структура, која следната недела треба да се усвои од страна на Владата.

The post Маричиќ: Граѓанскиот сектор е партнер на државата и ќе биде дел од преговарачкиот процес со ЕУ appeared first on Република.

Тилев: Преговорите нема да можат да продолжат без уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/tilev-pregovorite-nema-da-mozat-da-prodolzat-bez-ustavnite-izmeni/ Fri, 12 Aug 2022 18:23:25 +0000 https://republika.mk/?p=539523

Државниот советник за европски политики во Секретаријатот за европски прашања, Драган Тилев за МИА го појаснува претстојниот процес на билатерален скрининг со ЕУ за усогласеноста на европското законодавство со македонското, што треба да започне во септември. Тој вели дека од формално-правен аспект, нема дилема оти за нас преговорите веќе се започнати со отворањето Меѓувладината конференција, што ќе остане отворено за целото времетраење на преговорите, кои треба да резултираат со потпишување и ратификација на Пристапниот договор и полноправно членство на земјата во ЕУ.

Тилев за МИА исто така вели дека геополитичката констелација на состојбите, налага да се размислува рационално и да се одлучува брзо, но и исправно, во интерес на државните и националните приоритети и оти подобра алтернатива за нас од членство во ЕУ нема и нема да има во догледно време.

Според него, секоја слабост која би ја покажале во нашата евроатлантска ориентација ни оди на штета и може да има долгорочни негативни последици.

– Сосема е јасно, од заклучоците на Советот и од изјавите на политичките челници на ЕУ, дека преговорите нема да можат да продолжат, доколку не се случат уставните измени. Тоа е голем товар за нашето општество и голем политички предизвик, кој не смее да тлее долго, оценува државниот советник Тилев за МИА.

Појаснува дека скрининг процесот или преглед на законодавството е составен дел од процесот на пристапни преговори и оти се одвива во две фази –  објаснувачки и билатерален дел.

Тој потсетува дека Одлуката за почеток на преговорите беше донесена уште во март 2020 година со едногласност, а по потпишувањето на билатералниот Протокол на 17 јули 2022 година и добиената согласност од Бугарија е усвоена и Преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ, во писмена процедура на вонредна седница на 18 јули 2022 година. Ден потоа, односно на 19 јули се отвори и Меѓувладината конференција на политички состанок помеѓу ЕУ и Македонија, а веднаш официјално започна и скрининг процесот со првите општи напомени за неговиот тек и нацрт Календар.

– Првата фаза, објаснувачкиот скрининг е преглед на европското законодавство кога експертите од Европската комисија го презентираат и детално објаснуваат европското законодавство пред нашите експерти. Тоа се правните акти кои се предмет на пристапните преговори или поточно, кои ќе мора да ги транспонираме во домашниот правен систем и целосно да ги имплементираме. Втората фаза е билатералниот дел, кога нашите експерти го презентираат статусот на транспозицијата на тоа исто европско законодавство во националниот правен систем, односно што досега сме транспонирале, како тече имплементацијата, што и кога од европското закондавство ќе транспонираме во наредниот период, со јасен план и за тоа кога ќе бидеме целосно хармонизирани со европското законодавство, во сите области, вели Тилев.

Тој нагласи дека првата фаза, односно објаснувачкиот скрининг, заедно со Албанија, веќе го спроведовме еднаш во периодот 2018-2019 година, за вкупно 33 поглавја, но поради блокадите на кои наидовме во меѓувреме истиот беше ставен на пауза.

– Со одблокирањето на процесот и отворањето на Меѓувладината конференција и рестартирањето на скринингот, всушност ќе се престроиме сега според новата Методологија за пристапни преговори. Скринингот ќе продолжи по кластерска структура, во шест кластери во кои се групирани 33 поглавја и тоа со освежување на делот на објаснувачкиот скрининг, заедно за нас и Албанија, со новото законодавство усвоено од декември 2019 до денеска, односно до 2022/2023 година, а потоа паралелно и со билатералните скрининзи за сите кластери, области и поглавја, но во овој дел одвоено, посебно за нас и посебно за Албанија, појанува тој.

Скринингот ќе трае до ноември 2023, со можност за одредени прилагодувања

На прашање на МИА да појасни колку време ќе трае скринингот и што потоа, Тилев вели дека скринингот, „освежувањето“ и билатералниот скрининг, според нацрт Календарот ќе трае до ноември 2023 година, со можност за прилагодување според дадените услови.

– Ќе започнеме со Кластерот за Фундаментални вредности, кој според новата Методологија и според Преговарачката рамка, се отвора прв и се затвора на крајот на пристапните преговори, ќе трае најдолго и исто така е најкомплексен и најтежок за преговори. Во рамките на овој кластер се елементи во преговорите, покрај Владеење на правото (поглавјата 23 и 24), кои за првпат се дел од преговорите, а тоа се Економските критериуми, Реформа на јавната администрација и Функционалност на демократските институции. Кон овој Кластер исто така се приклучени и поглавјата за Јавни набавки, Статистика и Финансиска контрола, а дополнително сите овие елементи се хоризонтално поврзани со капацитетите за борба против корупцијата, појаснува Тилев за МИА.

Тој истакна дека по завршувањето на билатералните скрининзи, според дадениот календар, следат т.н. „скрининг извештаи“, во кои Европската комисија за сите кластери, области и поглавја прави пресек на статусот, плановите и условите за отворање на секој кластер. Усвојувањето на овие скрининг извештаи, додава, и дефинираните одредници за отворање на преговорите за секој кластер се усвојуваат од страна на Советот на ЕУ со едногласност.

– Во нашиот случај, за отворање на преговорите за кластерот Фундаментални вредности, веќе се предвидени основните одредници, и тоа, Патоказ за владеење на правото со приложен Акциски план и Патоказ за реформа на јавната администрација. Потоа следат и времени одредници во делот на Владеење на правото, како и одредници за затворање на преговорите за сите поодделни поглавја, истакна Тилев за МИА.

Тилев оценува дека сме подготвени и имаме доволно капацитети за овој процес, бидејќи државава се подготвуваше за преговори многу години наназад, но напоменува дека тоа не смее да не доведе до заклучок дека скринингот, односно билатералниот скрининг е лесна и едноставна вежба.

Напротив, додава Тилев, се работи за исклучително сложен процес на продлабочени анализи за сите секторски политики со јасен план за тоа што, кој, кога, како и со кои финансиски средства ќе направи за целосна хармонизација со целокупното европско право, вклучително и непречена и компетентна имплементација на истото.

– Во повеќе наврати сум истакнувал дека сме подготвени да ги започнеме преговорите и скринингот, но за да ефикасно преговараме и ги затвориме преговорите до 2030 година, потребно е значително зајакнување и подмладување на структурите надлежни за водење на процесот. Имено, во политичката изјава на претседателот на Владата на отворањето на Меѓувладината конференција дадовме ветување, а со тоа преземавме обврска, до 2030 година да бидеме целосно подготвени за полноправно членство. Тоа значи дека сите ресурси ќе треба да ги впрегнеме за да ја исполниме таа амбициозна цел, која според мене, треба да стане државен проект и државен приоритет број еден, истакна тој.

Тилев исто така посочува дека доколку се оценува вкупната усогласеност на нашето со законодавството на ЕУ, кое според груба проценка во моментов достигнува околу 45 проценти, може генерално да кажеме дека нашата стартна позиција е доста добра, речиси на нивото на Црна Гора и Србија кои веќе преговараат една деценија.

– Но, тоа е само наша проценка, за да имаме вистинска претстава до каде сме, ќе треба да почекаме да ги поминеме билатералните скрининзи и да ги добиен скрининг извештаите за сите кластери. Тогаш ќе може да кажеме попрецизно и објективно до каде сме и уште колкав пат имаме до изодиме до целта, вели Тилев.

Тој нагласи дека за нас од особена важност ќе биде делот за владеење на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, реформа на јавната администрација и функционалноста на демократските институции, вклучително и добрососедските односи, односно имплементацијата на билатералните договори со Грција и Бугарија.

– Од аспект на финансиски потреби, односно големи инвестиции, предизвик ќе бидат енергетската и транспортната инфраструктура, како и инвестициите во делот на заштита на животната средина, и од аспект на обемноста на европското законодавство, посебен предизвик ќе биде делот на земјоделство, безбедност на храна и повторно, заштитата на животната средина, оцени Тилев.

Отворање на Втора меѓувладина конференција, по уставните измени

Државниот советник за европски политики Драган Тилев за разговор за МИА потсетува дека од заклучоците на Советот и од изјавите на политичките челници на ЕУ преговорите нема да можат да продолжат, доколку не се случат уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.

–  Со заклучоците од Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година, дефинирани се чекорите по кои ќе се движи нашата Меѓувладина конференција. Имено по нејзиното отворање, во формат на политичка конференција, наметната ни е и првата „политичка одредница“, а тоа се уставните измени, како предуслов за комплетирање на отворањето на пристапните преговори со следната Меѓувладина конференција. Таа треба да се случи по пат на автоматизам, без нова политичка одлука, веднаш штом ги заокружиме и официјализираме уставните измени, оценува Тилев.

Тој нагласува дека од страна на Советот на ЕУ, на 18 јули е усвоена и Преговарачката рамка, со која се дефинирани условите под кои Македонија ќе може да стане полноправна членка на ЕУ.

– Истата е речиси невозможно да се промени, освен по истата постапка како што е донесена и со едногласност на сите земји членки. Сосема е јасно, од заклучоците на Советот и од изјавите на политичките челници на ЕУ, дека преговорите нема да можат да продолжат, доколку не се случат уставните измени. Тоа е голем товар за нашето општество и голем политички предизвик кој не смее да тлее долго, оценува државниот советник Тилев за МИА.

Праксата ќе покаже дали новата Методологија е функционална

Тилев на прашање на МИА за тоа дека процесот на преговори со останатите балкански држави Србија и Црна Гора, кои траат десетина години, може да значи дека ЕУ го забавува процесот на проширување и дали постои веројатност дека проширувањето би запрело со Хрватска, вели дека токму затоа била усвоена новата Методологија, со цел да се динамизира процесот, но допрва ќе видиме дали во пракса тоа ќе функционира.

– Една од основните причини за тоа зошто Франција го блокираше процесот на проширување во 2019 година, чија патем прва жртва бевме токму ние, и зошто беше усвоена Новата методологија во март 2020 година, беше токму за да се забрза и динамизира пристапниот процес. Спороста со која се преговараше со Црна Гора и Србија, предизвикуваше несигурност и непредвидливост за тие две држави, но и за целиот Западен Балкан, нагласи Тилев.

Тој вели дека новата Методологија требаше да внесе динамика и да го забрза процесот.

– Дали во пракса тоа ќе се случи, треба да видиме токму низ преговорите со нас и Албанија. Секако дека не е позитивно тоа што се дозволи внесување на билатералните прашања во преговарачката рамка на ЕУ за нас, и секако дека тоа нема позитивно да влијае на пристапниот процес. Колку негативно влијание ќе има билатерализацијата на нашиот процес и на проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан, одговорот ќе треба да го побараме во Брисел, Париз, Берлин, Софија, Атина, нагласува тој.

Тилев оценува и дека геополитичката констелација на состојбите, налагаат да се размислува рационално и да се одлучува брзо, но и исправно, во интерес на државните и националните приоритети.

– Подобра алтерантива за нас од членство во ЕУ, нема и нема да има во догледно време. Секоја слабост која би ја покажале во нашата евроатлантска ориентација ни оди на штета и може да има долгорочни негативни последици, вели за МИА државниот советник за европски политики Драган Тилев.

The post Тилев: Преговорите нема да можат да продолжат без уставните измени appeared first on Република.

]]>

Државниот советник за европски политики во Секретаријатот за европски прашања, Драган Тилев за МИА го појаснува претстојниот процес на билатерален скрининг со ЕУ за усогласеноста на европското законодавство со македонското, што треба да започне во септември. Тој вели дека од формално-правен аспект, нема дилема оти за нас преговорите веќе се започнати со отворањето Меѓувладината конференција, што ќе остане отворено за целото времетраење на преговорите, кои треба да резултираат со потпишување и ратификација на Пристапниот договор и полноправно членство на земјата во ЕУ. Тилев за МИА исто така вели дека геополитичката констелација на состојбите, налага да се размислува рационално и да се одлучува брзо, но и исправно, во интерес на државните и националните приоритети и оти подобра алтернатива за нас од членство во ЕУ нема и нема да има во догледно време. Според него, секоја слабост која би ја покажале во нашата евроатлантска ориентација ни оди на штета и може да има долгорочни негативни последици.
– Сосема е јасно, од заклучоците на Советот и од изјавите на политичките челници на ЕУ, дека преговорите нема да можат да продолжат, доколку не се случат уставните измени. Тоа е голем товар за нашето општество и голем политички предизвик, кој не смее да тлее долго, оценува државниот советник Тилев за МИА.
Појаснува дека скрининг процесот или преглед на законодавството е составен дел од процесот на пристапни преговори и оти се одвива во две фази –  објаснувачки и билатерален дел. Тој потсетува дека Одлуката за почеток на преговорите беше донесена уште во март 2020 година со едногласност, а по потпишувањето на билатералниот Протокол на 17 јули 2022 година и добиената согласност од Бугарија е усвоена и Преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ, во писмена процедура на вонредна седница на 18 јули 2022 година. Ден потоа, односно на 19 јули се отвори и Меѓувладината конференција на политички состанок помеѓу ЕУ и Македонија, а веднаш официјално започна и скрининг процесот со првите општи напомени за неговиот тек и нацрт Календар.
– Првата фаза, објаснувачкиот скрининг е преглед на европското законодавство кога експертите од Европската комисија го презентираат и детално објаснуваат европското законодавство пред нашите експерти. Тоа се правните акти кои се предмет на пристапните преговори или поточно, кои ќе мора да ги транспонираме во домашниот правен систем и целосно да ги имплементираме. Втората фаза е билатералниот дел, кога нашите експерти го презентираат статусот на транспозицијата на тоа исто европско законодавство во националниот правен систем, односно што досега сме транспонирале, како тече имплементацијата, што и кога од европското закондавство ќе транспонираме во наредниот период, со јасен план и за тоа кога ќе бидеме целосно хармонизирани со европското законодавство, во сите области, вели Тилев.
Тој нагласи дека првата фаза, односно објаснувачкиот скрининг, заедно со Албанија, веќе го спроведовме еднаш во периодот 2018-2019 година, за вкупно 33 поглавја, но поради блокадите на кои наидовме во меѓувреме истиот беше ставен на пауза.
– Со одблокирањето на процесот и отворањето на Меѓувладината конференција и рестартирањето на скринингот, всушност ќе се престроиме сега според новата Методологија за пристапни преговори. Скринингот ќе продолжи по кластерска структура, во шест кластери во кои се групирани 33 поглавја и тоа со освежување на делот на објаснувачкиот скрининг, заедно за нас и Албанија, со новото законодавство усвоено од декември 2019 до денеска, односно до 2022/2023 година, а потоа паралелно и со билатералните скрининзи за сите кластери, области и поглавја, но во овој дел одвоено, посебно за нас и посебно за Албанија, појанува тој.

Скринингот ќе трае до ноември 2023, со можност за одредени прилагодувања

На прашање на МИА да појасни колку време ќе трае скринингот и што потоа, Тилев вели дека скринингот, „освежувањето“ и билатералниот скрининг, според нацрт Календарот ќе трае до ноември 2023 година, со можност за прилагодување според дадените услови.
– Ќе започнеме со Кластерот за Фундаментални вредности, кој според новата Методологија и според Преговарачката рамка, се отвора прв и се затвора на крајот на пристапните преговори, ќе трае најдолго и исто така е најкомплексен и најтежок за преговори. Во рамките на овој кластер се елементи во преговорите, покрај Владеење на правото (поглавјата 23 и 24), кои за првпат се дел од преговорите, а тоа се Економските критериуми, Реформа на јавната администрација и Функционалност на демократските институции. Кон овој Кластер исто така се приклучени и поглавјата за Јавни набавки, Статистика и Финансиска контрола, а дополнително сите овие елементи се хоризонтално поврзани со капацитетите за борба против корупцијата, појаснува Тилев за МИА.
Тој истакна дека по завршувањето на билатералните скрининзи, според дадениот календар, следат т.н. „скрининг извештаи“, во кои Европската комисија за сите кластери, области и поглавја прави пресек на статусот, плановите и условите за отворање на секој кластер. Усвојувањето на овие скрининг извештаи, додава, и дефинираните одредници за отворање на преговорите за секој кластер се усвојуваат од страна на Советот на ЕУ со едногласност.
– Во нашиот случај, за отворање на преговорите за кластерот Фундаментални вредности, веќе се предвидени основните одредници, и тоа, Патоказ за владеење на правото со приложен Акциски план и Патоказ за реформа на јавната администрација. Потоа следат и времени одредници во делот на Владеење на правото, како и одредници за затворање на преговорите за сите поодделни поглавја, истакна Тилев за МИА.
Тилев оценува дека сме подготвени и имаме доволно капацитети за овој процес, бидејќи државава се подготвуваше за преговори многу години наназад, но напоменува дека тоа не смее да не доведе до заклучок дека скринингот, односно билатералниот скрининг е лесна и едноставна вежба. Напротив, додава Тилев, се работи за исклучително сложен процес на продлабочени анализи за сите секторски политики со јасен план за тоа што, кој, кога, како и со кои финансиски средства ќе направи за целосна хармонизација со целокупното европско право, вклучително и непречена и компетентна имплементација на истото.
– Во повеќе наврати сум истакнувал дека сме подготвени да ги започнеме преговорите и скринингот, но за да ефикасно преговараме и ги затвориме преговорите до 2030 година, потребно е значително зајакнување и подмладување на структурите надлежни за водење на процесот. Имено, во политичката изјава на претседателот на Владата на отворањето на Меѓувладината конференција дадовме ветување, а со тоа преземавме обврска, до 2030 година да бидеме целосно подготвени за полноправно членство. Тоа значи дека сите ресурси ќе треба да ги впрегнеме за да ја исполниме таа амбициозна цел, која според мене, треба да стане државен проект и државен приоритет број еден, истакна тој.
Тилев исто така посочува дека доколку се оценува вкупната усогласеност на нашето со законодавството на ЕУ, кое според груба проценка во моментов достигнува околу 45 проценти, може генерално да кажеме дека нашата стартна позиција е доста добра, речиси на нивото на Црна Гора и Србија кои веќе преговараат една деценија.
– Но, тоа е само наша проценка, за да имаме вистинска претстава до каде сме, ќе треба да почекаме да ги поминеме билатералните скрининзи и да ги добиен скрининг извештаите за сите кластери. Тогаш ќе може да кажеме попрецизно и објективно до каде сме и уште колкав пат имаме до изодиме до целта, вели Тилев.
Тој нагласи дека за нас од особена важност ќе биде делот за владеење на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, реформа на јавната администрација и функционалноста на демократските институции, вклучително и добрососедските односи, односно имплементацијата на билатералните договори со Грција и Бугарија.
– Од аспект на финансиски потреби, односно големи инвестиции, предизвик ќе бидат енергетската и транспортната инфраструктура, како и инвестициите во делот на заштита на животната средина, и од аспект на обемноста на европското законодавство, посебен предизвик ќе биде делот на земјоделство, безбедност на храна и повторно, заштитата на животната средина, оцени Тилев.

Отворање на Втора меѓувладина конференција, по уставните измени

Државниот советник за европски политики Драган Тилев за разговор за МИА потсетува дека од заклучоците на Советот и од изјавите на политичките челници на ЕУ преговорите нема да можат да продолжат, доколку не се случат уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.
–  Со заклучоците од Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година, дефинирани се чекорите по кои ќе се движи нашата Меѓувладина конференција. Имено по нејзиното отворање, во формат на политичка конференција, наметната ни е и првата „политичка одредница“, а тоа се уставните измени, како предуслов за комплетирање на отворањето на пристапните преговори со следната Меѓувладина конференција. Таа треба да се случи по пат на автоматизам, без нова политичка одлука, веднаш штом ги заокружиме и официјализираме уставните измени, оценува Тилев.
Тој нагласува дека од страна на Советот на ЕУ, на 18 јули е усвоена и Преговарачката рамка, со која се дефинирани условите под кои Македонија ќе може да стане полноправна членка на ЕУ.
– Истата е речиси невозможно да се промени, освен по истата постапка како што е донесена и со едногласност на сите земји членки. Сосема е јасно, од заклучоците на Советот и од изјавите на политичките челници на ЕУ, дека преговорите нема да можат да продолжат, доколку не се случат уставните измени. Тоа е голем товар за нашето општество и голем политички предизвик кој не смее да тлее долго, оценува државниот советник Тилев за МИА.

Праксата ќе покаже дали новата Методологија е функционална

Тилев на прашање на МИА за тоа дека процесот на преговори со останатите балкански држави Србија и Црна Гора, кои траат десетина години, може да значи дека ЕУ го забавува процесот на проширување и дали постои веројатност дека проширувањето би запрело со Хрватска, вели дека токму затоа била усвоена новата Методологија, со цел да се динамизира процесот, но допрва ќе видиме дали во пракса тоа ќе функционира.
– Една од основните причини за тоа зошто Франција го блокираше процесот на проширување во 2019 година, чија патем прва жртва бевме токму ние, и зошто беше усвоена Новата методологија во март 2020 година, беше токму за да се забрза и динамизира пристапниот процес. Спороста со која се преговараше со Црна Гора и Србија, предизвикуваше несигурност и непредвидливост за тие две држави, но и за целиот Западен Балкан, нагласи Тилев.
Тој вели дека новата Методологија требаше да внесе динамика и да го забрза процесот.
– Дали во пракса тоа ќе се случи, треба да видиме токму низ преговорите со нас и Албанија. Секако дека не е позитивно тоа што се дозволи внесување на билатералните прашања во преговарачката рамка на ЕУ за нас, и секако дека тоа нема позитивно да влијае на пристапниот процес. Колку негативно влијание ќе има билатерализацијата на нашиот процес и на проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан, одговорот ќе треба да го побараме во Брисел, Париз, Берлин, Софија, Атина, нагласува тој.
Тилев оценува и дека геополитичката констелација на состојбите, налагаат да се размислува рационално и да се одлучува брзо, но и исправно, во интерес на државните и националните приоритети.
– Подобра алтерантива за нас од членство во ЕУ, нема и нема да има во догледно време. Секоја слабост која би ја покажале во нашата евроатлантска ориентација ни оди на штета и може да има долгорочни негативни последици, вели за МИА државниот советник за европски политики Драган Тилев.

The post Тилев: Преговорите нема да можат да продолжат без уставните измени appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Cеверна Македонија ги започна преговорите за членство во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ceverna-makedonija-gi-zapochna-pregovorite-za-chlenstvo-vo-eu/ Fri, 05 Aug 2022 07:03:25 +0000 https://republika.mk/?p=536938

Република Cеверна Македонија по 17 години во чекалната, ги започна преговорите за членство во Европската Унија, велат од СДСМ.

Со првата меѓувладина седница и со скрининг процесот кој е во тек Cеверна Македонија го отвори направи историски исчекор кон реализација на стратешката цел - членството во ЕУ.

Преговорите се водат на македонски јазик, со чиста формулација, без никакви фусноти и додавки, со заштитен македонски јазик и со историски прашања надвор од преговарачкиот процес.

Со тоа пропаднаа сите лаги за наводна асимилација и бугаризација, за загрозување на македонскиот идентитет што хистерично ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ.

Времето покажа дека сите такви лаги служеле единствено за да се попречи напредокот на државата и таа да се врати назад во изолација и неизвеснот.

Сега, потребно е сите да се вклучат во процесот на преговори, потребните реформи да бидат донесени за преговарачкиот процес да заврши што побрзо.

Македонската иднина е европска и неа не може никој да ја загрози, велат од партијата.

The post СДСМ: Cеверна Македонија ги започна преговорите за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Република Cеверна Македонија по 17 години во чекалната, ги започна преговорите за членство во Европската Унија, велат од СДСМ.
Со првата меѓувладина седница и со скрининг процесот кој е во тек Cеверна Македонија го отвори направи историски исчекор кон реализација на стратешката цел - членството во ЕУ. Преговорите се водат на македонски јазик, со чиста формулација, без никакви фусноти и додавки, со заштитен македонски јазик и со историски прашања надвор од преговарачкиот процес. Со тоа пропаднаа сите лаги за наводна асимилација и бугаризација, за загрозување на македонскиот идентитет што хистерично ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ. Времето покажа дека сите такви лаги служеле единствено за да се попречи напредокот на државата и таа да се врати назад во изолација и неизвеснот. Сега, потребно е сите да се вклучат во процесот на преговори, потребните реформи да бидат донесени за преговарачкиот процес да заврши што побрзо. Македонската иднина е европска и неа не може никој да ја загрози, велат од партијата.

The post СДСМ: Cеверна Македонија ги започна преговорите за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Гир: Ако не го смените Уставот, процесот запира тука https://republika.mk/vesti/makedonija/gir-ako-ne-go-smenite-ustavot-procesot-zapira-tuka/ Sun, 31 Jul 2022 08:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=535262

Преговорите се отворени и скринингот започна. Одржувањето на наредната меѓувладина конференција зависи од билатералниот договор меѓу двете засегнати земји. Ако не ги направите уставните измени веројатно преговарачкиот процес ќе запре и ќе се чека решавањето на ова прашање, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Целото интервју овде.

The post Гир: Ако не го смените Уставот, процесот запира тука appeared first on Република.

]]>

Преговорите се отворени и скринингот започна. Одржувањето на наредната меѓувладина конференција зависи од билатералниот договор меѓу двете засегнати земји. Ако не ги направите уставните измени веројатно преговарачкиот процес ќе запре и ќе се чека решавањето на ова прашање, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Целото интервју овде.

The post Гир: Ако не го смените Уставот, процесот запира тука appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Доста беа лаги, почнавме преговори со ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-dosta-bea-lagi-pochnavme-pregovori-so-eu/ Wed, 27 Jul 2022 07:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=533611

Со заполнување на преговорите, пропаднаа сите лаги и измислици за наводна бугаризација и асимилација, вели СДСМ.

Напротив, започнавме преговори со ЕУ со зачуван идентитет со чиста формулација на македонски јазик без додавки и фусноти..

На крајот, се потврди и дека анти европската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, свесно ги лажеше и се уште ги граѓаните и ги злоупотребува.

Северна Македнија ги започна преговорите со ЕУ по цели 17 години во чекалната и ова е нова ера за нашите граѓани која носи бројни придобивки.

Сега, откако сите лаги за јазикот и идентитетот пукнаа како меур од сапуница, кога пропаднаа сите блокади и обиди за дестабилизација, потребно е сите политички и општествени чинители да дадат свој придонес за европскиот пат.

Членството во ЕУ е стратешка национална и државна цел поставена уште на денот на независноста, сите имаат одговорност пред граѓаните да обезбедат европска иднина на граѓаните и државата, се вели во соопштението од партијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-da-ne-laze-es-gi-otpochna-pregovorite-so-albanija-a-so-makedonija-otpochna-faza-na-otvoranje-na-pregovori/

The post СДСМ: Доста беа лаги, почнавме преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Со заполнување на преговорите, пропаднаа сите лаги и измислици за наводна бугаризација и асимилација, вели СДСМ.
Напротив, започнавме преговори со ЕУ со зачуван идентитет со чиста формулација на македонски јазик без додавки и фусноти.. На крајот, се потврди и дека анти европската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, свесно ги лажеше и се уште ги граѓаните и ги злоупотребува. Северна Македнија ги започна преговорите со ЕУ по цели 17 години во чекалната и ова е нова ера за нашите граѓани која носи бројни придобивки. Сега, откако сите лаги за јазикот и идентитетот пукнаа како меур од сапуница, кога пропаднаа сите блокади и обиди за дестабилизација, потребно е сите политички и општествени чинители да дадат свој придонес за европскиот пат. Членството во ЕУ е стратешка национална и државна цел поставена уште на денот на независноста, сите имаат одговорност пред граѓаните да обезбедат европска иднина на граѓаните и државата, се вели во соопштението од партијата.
https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-da-ne-laze-es-gi-otpochna-pregovorite-so-albanija-a-so-makedonija-otpochna-faza-na-otvoranje-na-pregovori/

The post СДСМ: Доста беа лаги, почнавме преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Гир: Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот како што бара Бугарија, наку скринингот ќе запре https://republika.mk/vesti/makedonija/gir-stanuvanjeto-chlenka-vo-eu-zavisi-od-brzinata-so-koja-se-sproveduvaat-reformite/ Tue, 26 Jul 2022 17:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=533483

Добра вест е што минатата недела Европската Унија почна преговори за членство со Македонија и Албанија. Тоа се одлични вести, тоа е историски развој и за засегнатите земји, но и за ЕУ. И отидовме чекор понатаму, на истиот ден почна скрининг процесот. Значи одбројувањето до влезот на Македонија во ЕУ почна, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир.

Апсолутно ги почнавте преговорите со Европската Унија и тоа е добра вест, рече Гир во интервју за Канал 5 телевизија.

Во однос на разликите во документите за Македонија и Албанија, Гир рече дека е релативно нормално да има разлики меѓу секој пристапен процес во одреден степен.

Во овој случај се сведува на следното го имавме тоа што се нарекува меѓувладина конференција минатата недела со што го почнавме процесот. Сега го почнавме и скрининг процесот. На крајот од тој процес Македонија ќе ја има втората меѓувладина конференција и за да се одржи истата, Македонија треба да ја исполни обврската која ја направи кон Бугарија, за да го промени Уставот со цел да има експлицитна одредница за лица и граѓани кои се идентификуваат како Бугари, во заштитата на самиот Устав, појаснува Гир.

Но, вели евроамбасадорот, бидејќи овој услов е во рацете на Македонија тоа на никаков начин не треба да резултира со одлагања или да служи како пречка на процесот, бидејќи, според него, нема ниту една страна или држава која би спречила одржување на оваа втора меѓувладина конференција.

Гир појаснува дека има две фази во скрининг процесот. Првата фаза, вели тој, се нарекува Објаснувачки скрининг и тоа е кога Европската Комисија заедно со Македонија и Албанија го разгледува целосниот процес и гледа што треба да се направи за време на тој процес. Според Гир, двете земји се доста напредни во тој поглед поради подготвителната работа која се случи низ годините.

Потоа, додава тој, има втора фаза, или Билатерален скрининг, кој, според него е многу структуриран и интензивен во дијалогот и кој може да трае од 14 до 16 месеци во целост, а во кој Европската Комисија ги гледа нормите и законодавството во сила во Македонија и во Албанија, ги гледа празнините, идентификува каде тие празнини треба да се пополнат и идентификува кои одредници се потребни да бидат направени за напредок.

Во однос на промената на македонскиот Устав и што доколку не се случи, евроамбасадорот нагласи дека тогаш најверојатното сценарио би било дека процесот ќе застане таму.

Промената на Уставот е суверена одлука на оваа земја. Но, земјата веќе има добар извештај за меѓуетничките односи и доколку се направи таа промена, тоа дополнително ќе го зацврсти напредокот кој е направен на тоа поле. Доколку промената на Уставот не се случи, јас би рекол дека најверојатното сценарио би било дека процесот едноставно ќе застане таму. Со други зборови скринингот ќе продолжи до одредена точка и потоа ќе застане да ја чека државата, рече Гир, појаснувајќи оти тоа не е бидејќи трета држава ставила вето, туку дека самата држава одлучила да се повлече од обврските кои ги преземала по ова прашање.

Станувањето членка во ЕУ, како што дополни тој, зависи од брзината со која се спроведуваат реформите.

Јас сум многу уверен. Почнавме преговори, земјата има причина да биде оптимистична и да биде уверена во својот идентитет и во својата европска перспектива. Мислам дека процесот се движи со позитивна динамика напред, но има многу работа, многу реформи пред земјата да стане полноправна членка на ЕУ, порача Гир во интервјуто за Канал 5.

The post Гир: Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот како што бара Бугарија, наку скринингот ќе запре appeared first on Република.

]]>

Добра вест е што минатата недела Европската Унија почна преговори за членство со Македонија и Албанија. Тоа се одлични вести, тоа е историски развој и за засегнатите земји, но и за ЕУ. И отидовме чекор понатаму, на истиот ден почна скрининг процесот. Значи одбројувањето до влезот на Македонија во ЕУ почна, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир.
Апсолутно ги почнавте преговорите со Европската Унија и тоа е добра вест, рече Гир во интервју за Канал 5 телевизија.
Во однос на разликите во документите за Македонија и Албанија, Гир рече дека е релативно нормално да има разлики меѓу секој пристапен процес во одреден степен.
Во овој случај се сведува на следното го имавме тоа што се нарекува меѓувладина конференција минатата недела со што го почнавме процесот. Сега го почнавме и скрининг процесот. На крајот од тој процес Македонија ќе ја има втората меѓувладина конференција и за да се одржи истата, Македонија треба да ја исполни обврската која ја направи кон Бугарија, за да го промени Уставот со цел да има експлицитна одредница за лица и граѓани кои се идентификуваат како Бугари, во заштитата на самиот Устав, појаснува Гир.
Но, вели евроамбасадорот, бидејќи овој услов е во рацете на Македонија тоа на никаков начин не треба да резултира со одлагања или да служи како пречка на процесот, бидејќи, според него, нема ниту една страна или држава која би спречила одржување на оваа втора меѓувладина конференција. Гир појаснува дека има две фази во скрининг процесот. Првата фаза, вели тој, се нарекува Објаснувачки скрининг и тоа е кога Европската Комисија заедно со Македонија и Албанија го разгледува целосниот процес и гледа што треба да се направи за време на тој процес. Според Гир, двете земји се доста напредни во тој поглед поради подготвителната работа која се случи низ годините. Потоа, додава тој, има втора фаза, или Билатерален скрининг, кој, според него е многу структуриран и интензивен во дијалогот и кој може да трае од 14 до 16 месеци во целост, а во кој Европската Комисија ги гледа нормите и законодавството во сила во Македонија и во Албанија, ги гледа празнините, идентификува каде тие празнини треба да се пополнат и идентификува кои одредници се потребни да бидат направени за напредок. Во однос на промената на македонскиот Устав и што доколку не се случи, евроамбасадорот нагласи дека тогаш најверојатното сценарио би било дека процесот ќе застане таму.
Промената на Уставот е суверена одлука на оваа земја. Но, земјата веќе има добар извештај за меѓуетничките односи и доколку се направи таа промена, тоа дополнително ќе го зацврсти напредокот кој е направен на тоа поле. Доколку промената на Уставот не се случи, јас би рекол дека најверојатното сценарио би било дека процесот едноставно ќе застане таму. Со други зборови скринингот ќе продолжи до одредена точка и потоа ќе застане да ја чека државата, рече Гир, појаснувајќи оти тоа не е бидејќи трета држава ставила вето, туку дека самата држава одлучила да се повлече од обврските кои ги преземала по ова прашање.
Станувањето членка во ЕУ, како што дополни тој, зависи од брзината со која се спроведуваат реформите.
Јас сум многу уверен. Почнавме преговори, земјата има причина да биде оптимистична и да биде уверена во својот идентитет и во својата европска перспектива. Мислам дека процесот се движи со позитивна динамика напред, но има многу работа, многу реформи пред земјата да стане полноправна членка на ЕУ, порача Гир во интервјуто за Канал 5.

The post Гир: Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот како што бара Бугарија, наку скринингот ќе запре appeared first on Република.

]]>
Повторно ќе седиме на магарешка клупа и ќе чекаме нов услов https://republika.mk/vesti/makedonija/povtorno-kje-sedime-na-magareshka-klupa-i-kje-chekame-nov-uslov/ Sat, 23 Jul 2022 08:45:57 +0000 https://republika.mk/?p=532358

Тоа беше обична фотосесија во Брисел, и, за жал, после таа фотосесија, единствен губитник ќе биде Македонија, македонскиот народ и граѓаните во Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за весникот „Вечер“ зборувајќи за првата меѓувладина седница.

Дури и Албанците во Македонија нема да одат напред, ќе одат Албанците во Албанија затоа што тие ќе си преговараат, ќе си ги отворат кластерите, и зависи сега од нив со која брзина ќе напредуваат. Но Албанците во Македонија, македонскиот народ, повторно ќе бидеме во ходник и ќе седиме на магарешка клупа и ќе чекаме некој нов услов да се исполни, а тоа е условот промена на Устав, а дури потоа да ни биде поставена преговарачката рамка, вели Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-dui-vleze-vo-pakt-so-bugarija-i-go-predade-makedonskiot-narod/

АКО ПАДНЕ УСТАВОТ, ЗАВРШУВА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Министерот Османи е речиси уверен дека по првата конференција во Брисел, во предвидениот рок ќе се премине и на втората седница, за што услов е да се случат уставните измени. Тој е убеден дека измените во Преамбулата ќе се случат, а во исто време Вие сте сигурни дека нема да се соберат потребните 81 пратеник, со оглед дека сте децидни дека вашите пратеници нема да гласаат. Како нотарските изјави ќе бидат гарант дека некој нема да го смени мислењето, да речеме да биде уценет и да гласа за?

Едноставно сум сигурен, имам полна доверба во тие луѓе дека нема да се случи промената на Уставот, затоа што помина времето на притисоци и на уцени, и убеден сум во капацитетот на овие луѓе дека ќе истраат и ќе опстојат на својот став да не гласаат за промена на Уставот бидејќи тоа е последниот браник на македонскиот идентитет. Затоа што падне ли Уставот, помине ли преговарачката рамка, завршува македонскиот идентитет.

The post Повторно ќе седиме на магарешка клупа и ќе чекаме нов услов appeared first on Република.

]]>

Тоа беше обична фотосесија во Брисел, и, за жал, после таа фотосесија, единствен губитник ќе биде Македонија, македонскиот народ и граѓаните во Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за весникот „Вечер“ зборувајќи за првата меѓувладина седница.
Дури и Албанците во Македонија нема да одат напред, ќе одат Албанците во Албанија затоа што тие ќе си преговараат, ќе си ги отворат кластерите, и зависи сега од нив со која брзина ќе напредуваат. Но Албанците во Македонија, македонскиот народ, повторно ќе бидеме во ходник и ќе седиме на магарешка клупа и ќе чекаме некој нов услов да се исполни, а тоа е условот промена на Устав, а дури потоа да ни биде поставена преговарачката рамка, вели Мицкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-dui-vleze-vo-pakt-so-bugarija-i-go-predade-makedonskiot-narod/

АКО ПАДНЕ УСТАВОТ, ЗАВРШУВА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Министерот Османи е речиси уверен дека по првата конференција во Брисел, во предвидениот рок ќе се премине и на втората седница, за што услов е да се случат уставните измени. Тој е убеден дека измените во Преамбулата ќе се случат, а во исто време Вие сте сигурни дека нема да се соберат потребните 81 пратеник, со оглед дека сте децидни дека вашите пратеници нема да гласаат. Како нотарските изјави ќе бидат гарант дека некој нема да го смени мислењето, да речеме да биде уценет и да гласа за? Едноставно сум сигурен, имам полна доверба во тие луѓе дека нема да се случи промената на Уставот, затоа што помина времето на притисоци и на уцени, и убеден сум во капацитетот на овие луѓе дека ќе истраат и ќе опстојат на својот став да не гласаат за промена на Уставот бидејќи тоа е последниот браник на македонскиот идентитет. Затоа што падне ли Уставот, помине ли преговарачката рамка, завршува македонскиот идентитет.

The post Повторно ќе седиме на магарешка клупа и ќе чекаме нов услов appeared first on Република.

]]>
Поповски: Плаќаме превисока цена за да почнеме преговори, јас таков протокол не би потпишал https://republika.mk/vesti/makedonija/popovski-plakjame-previsoka-cena-za-da-pochneme-pregovori-jas-takov-protokol-ne-bi-potpishal/ Sat, 23 Jul 2022 08:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=532355

Превисока цена плаќаме за да ги почнеме преговорите. Загрижувачки и понижувачки се условите под кои го почнуваме дијалогот со ЕУ. Но, ги разбирам и оние кои се оптимисти дека работите ќе се смената, за жал јас не верувам. Бугарските власти испорачаа многу барања - промена на Устав, ревизија на историјата, јазикот, образование, јас таков протокол не би потпишал, дециден е екс министерот за финансии и поранешен потпретседател на СДСМ Никола Поповски.

Поповски кој е дел од советот на народна банка во интервју за „Трилинг“ се осврнува и финански економските предизвици, но и со порака со бизнис заедницата.

Основниот услов за добро стопанисување на компaниите е ниската инфлација. Ако го нема тоа, висината на каматните стапки не игра важна улога, оттаму централните банки со зголемување на каматните стапки всушност водат сметка и за реалната економија, вели Поповски.

Во однос на проекциите на инфлацијата укажа дека никој во глобални рамки не можеше да предвиди толку висок раст, иако се проектираше забрзување. Потсети дека Народната банка имаше две сценарија презентирани на прес-конференцијата, при што попесимистичкото упатуваше на инфлација повисока од 10 проценти.

Кога се правеше таа во април тоа беше само месец и нешто после избувнувањето на војната и почетокот на инфлацијата во светот – поголемата инфлација, и работите делуваа дека во третиот и четвртиот квартал ќе почне да се намалува инфлацијата, тоа инаку го предвидуваа и сите меѓународни и приватни и државни институции, од ММФ, Светска банка, Европска Унија, па дури и најголемите агенции во светот и најголемите банки кои имаат свои сектори. Значи никој не мислеше дека ќе оди до ова ниво, рече Поповски кој е поранешен министер за финансии.

Во однос на очекувањата за стабилизирање на цените, Поповски очекува тоа да се случи во 2023 година.

Цените од 2022 година се високи и во 2023 нема да продолжат да растат, ниту на нафтата, на прехрамбените основни производи, на базичните метали, што значи дека инфлацијата ќе се смири, но не смееме тоа да го прифатиме како олеснување, вели Поповски и посочува дека мора да се дејствува, бидејќи високата инфлација на никого не му користи.

The post Поповски: Плаќаме превисока цена за да почнеме преговори, јас таков протокол не би потпишал appeared first on Република.

]]>

Превисока цена плаќаме за да ги почнеме преговорите. Загрижувачки и понижувачки се условите под кои го почнуваме дијалогот со ЕУ. Но, ги разбирам и оние кои се оптимисти дека работите ќе се смената, за жал јас не верувам. Бугарските власти испорачаа многу барања - промена на Устав, ревизија на историјата, јазикот, образование, јас таков протокол не би потпишал, дециден е екс министерот за финансии и поранешен потпретседател на СДСМ Никола Поповски. Поповски кој е дел од советот на народна банка во интервју за „Трилинг“ се осврнува и финански економските предизвици, но и со порака со бизнис заедницата.
Основниот услов за добро стопанисување на компaниите е ниската инфлација. Ако го нема тоа, висината на каматните стапки не игра важна улога, оттаму централните банки со зголемување на каматните стапки всушност водат сметка и за реалната економија, вели Поповски.
Во однос на проекциите на инфлацијата укажа дека никој во глобални рамки не можеше да предвиди толку висок раст, иако се проектираше забрзување. Потсети дека Народната банка имаше две сценарија презентирани на прес-конференцијата, при што попесимистичкото упатуваше на инфлација повисока од 10 проценти.
Кога се правеше таа во април тоа беше само месец и нешто после избувнувањето на војната и почетокот на инфлацијата во светот – поголемата инфлација, и работите делуваа дека во третиот и четвртиот квартал ќе почне да се намалува инфлацијата, тоа инаку го предвидуваа и сите меѓународни и приватни и државни институции, од ММФ, Светска банка, Европска Унија, па дури и најголемите агенции во светот и најголемите банки кои имаат свои сектори. Значи никој не мислеше дека ќе оди до ова ниво, рече Поповски кој е поранешен министер за финансии.
Во однос на очекувањата за стабилизирање на цените, Поповски очекува тоа да се случи во 2023 година.
Цените од 2022 година се високи и во 2023 нема да продолжат да растат, ниту на нафтата, на прехрамбените основни производи, на базичните метали, што значи дека инфлацијата ќе се смири, но не смееме тоа да го прифатиме како олеснување, вели Поповски и посочува дека мора да се дејствува, бидејќи високата инфлација на никого не му користи.

The post Поповски: Плаќаме превисока цена за да почнеме преговори, јас таков протокол не би потпишал appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Наместо да се отвори преговарачката рамка се дадоа насоки за отварање на Уставот и затоа во Македонија нема прослава https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-namesto-da-se-otvori-pregovarachkata-ramka-se-dadoa-nasoki-za-otvaranje-na-ustavot-i-zatoa-vo-makedonija-nema-proslava/ Thu, 21 Jul 2022 18:17:35 +0000 https://republika.mk/?p=531937

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието во своето гостување во емисијата „Само интервју“ зборуваше за меѓувладината конференција која се одржа во Брисел и потенцираше дека Македонија всушност одржа прва фотосесија на проформа меѓувладина конференција каде што наместо да се отвори преговарачката рамка се дадоа насоки за отварање на Уставот и затоа во Македонија нема прослава, нема радување, туку има едно горко чувство.

Да бидам искрен прво според мене ова не е прва меѓувладина конференција, затоа што прва меѓувладина конференција според европските правила е онаа на која што се усвојува преговарачката рамка и таква меѓувладина конференција одржа Албанија, таква меѓувладина конференција во еден ден одржа Хрватска, Словенија, Бугарија, Романија кога почнуваа преговори за членство во ЕУ. Македонија одржа прва фотосесија на проформа меѓувладина конференција каде што наместо да се отвори преговарачката рамка се дадоа насоки за отварање на Уставот и затоа во Македонија нема прослава, нема радување, туку има едно горко чувство. И затоа и делегацијата од Брисел кога се врати ако ова беше историски момент за прослава, требаше да излезат на плоштад, претходно организираа ЕУ фестивали, кога им беше референдумот и слично, требаше сега да организираат како Влада и Ковачевски и Маричиќ и Бујар Османи, истакна Милошоски.

Пратеникот Милошоски потенцираше дека доколку ова беше историски момент, народот тоа ќе го препознаеше.

Јас мислам дека самите присутни во Брисел знаат зошто нема прослава. Инаку кога има историски момент, народот знае сам да го препознае, кажа пратеникот.

Во текот на своето гостување Милошоски се осврна на потпишувањето на Договорт за добрососедство и истакна дека од потпишувањето на Договорот за добрососедство Бугарија и Македонија имаат најлоши можни меѓусебни односи билателарни, спортски, културни, политички односи.

Од 2017 година до денес, од потпишувањето на Договорот за добрососедство Бугарија и Македонија имаат најлоши можни меѓусебни односи билателарни, спортски, културни, политички, секакви односи. Се гледа дека со потпис и уцени не се постигнува добрососедство, се постигнува со градење на доверба, додаде тој.

The post Милошоски: Наместо да се отвори преговарачката рамка се дадоа насоки за отварање на Уставот и затоа во Македонија нема прослава appeared first on Република.

Маричиќ: Од нас зависи дали по скринингот ќе застанеме или ќе продолжиме со преговорите https://republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-od-nas-zavisi-dali-po-skriningot-kje-zastaneme-ili-kje-prodolzime-so-pregovorite/ Thu, 21 Jul 2022 15:22:32 +0000 https://republika.mk/?p=531888

Се уште немаме утврдено календар или динамика за уставите измени со кои во Преамбулата на Уставот треба да ги внесеме Бугарите и другите заинтересирани заедници, но тоа треба да го завршиме најдоцна до крајот на процесот на скринингот и од нас ќе зависи дали ќе застанеме тука или ќе продолжиме со преговорите по поглавјата и кластерите, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Внимателно ќе ги разгледаме околностите и начинот на кој што би го отвориле дијалогот во Собранието и целта на отворање на процесот на уставните измени е тие да завршат успешно. Во моментот кога ќе тргне дијалогот во Собранието и меѓу политичките партии, ќе го утврдиме ова прашања, а тоа секако ќе биде по летниот одмор на Собранието и ќе може тогаш да говориме за точен календар. Нам ни е најважно ниту да одиме пребрзо, ниту да доцниме, туку тој процес да има позитивен исход, истакна вицепремиерот во одговор на новинарско прашање за динамиката на предвидените уставни измени согласно францускиот предлог.

Тој потенцира дека уставните измени се важни за да можеме да го продолжиме процесот на преговори, без дополнителни политички одлуки на Советот на ЕУ, потенцирајќи дека во однос на ова прашање ќе бидат консултирани експерти по уставно право, кои учествувале и во претходните фази од измените на Уставот.

Секако, дека тој процес ќе започне со иницијатива на Владата за уставни измени, како што започна и за Преспанскиот договор. Во моментот кога ќе се утврди текстот и потребата, ќе тргнеме во тој процес, но најважно е да создадеме една атмосфера во која што нема да се повтори онаа слика од Собранието од минатата недела, која што не овозможуваше ниту услови за дијалог, ниту за нормална размена на аргументи, истакна Маричиќ.

Идејата е за тој процес да се води отворена и јавна расправа, со вклучување на чинителите задолжени за спроведување на измените, како и на претставници на задниците што треба да бидат вклучени во Уставот.

Во содржинска смисла овие уставни измени би биле најлесни од сите, бидејќи веќе имаме седум заедници во Уставот и треба да додадеме уште најмалку три или уште колку ќе решиме. Не гледам зошто некој би имал против, бидејќи нашиот уставен концепт дозволува заедниците да бидат спомнати во Уставот и од тоа да црпат одредени права базирани на Охридскиот договор, истакна Маричиќ.

Тој потенцира дека немаме рок за спроведување на уставните измени, а датумот ноември 2023 е утврден како временска рамка за завршување на скринингот и дури ако до тогаш завршат сите скрининзи, бидат усвоени извештаите на Советот на ЕУ и бидат утврдени реперите за отворање на кластерите, за да одиме во наредна фаза ќе мораме да ја завршиме промената на Уставот.

Дали ќе го направиме тоа до ноември 2023 или по ноември 2023 зависи од нас и од расположението во Собранието. Мислам дека наш интерес е тоа да се случи што побрзо за да го тргнеме како задача и да немаме друга задача до наредната меѓувладина конференција. Динамиката се уште не е определена, но ќе има доволно време најпрво да се вразуми дебатата, да имаме простор за аргументација, за размена на идеи и вистински политички дијалог со сите политички партии и пратеници во Собранието, за да имаме атмосфера за остварување на потребното двотретинско мнозинство, рече вицепремиерот.

Тој потенцира дека тоа нема да биде лесно, но дека секоја партија и секој пратеник имаат одговорност да донесат одлука дали ќе застанеме на крајот на скринингот или ќе продолжиме со преговорите со отворање на поглавјата и кластерите.

Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за Преговарачката рамка, Маричиќ нагласи дека „веќе имаме научено лекции“ со вакви иницијативи.

 Вие се сеќавате дека опозицијата инсистираше на референдум за Договорот со Грција. Тоа беше една долгорочна заложба во сите политички програми на опозицијата со години. Тоа во 2018-та година го прифати и Владата и решивме да организираме референдум, кој што партијата што го бараше со години на крајот реши да го бојкотира. На тој начин остави една дамка на целиот процес, иако можеше да учествува и да се затвори тоа прашање, истакна Маричиќ.

Според него, тоа треба да биде научена лекција, бидејќи овој пат има доволно легитимитет на институциите, особено на Собранието, да дискутира и во еден демократски процес на дијалог да се дојде до двотретинско мнозинство, што е сосема доволна гаранција и легитимитет за уставните измени и без референдум.

Владата не расправала и не донела одлука по ова прашање, но мој личен став е дека нема потреба од референдум и дека е подобро институциите да си ја преземат својата одговорност, наместо да се користи евентуалниот референдум за манипулации и политички поени, потенцира Маричиќ.

The post Маричиќ: Од нас зависи дали по скринингот ќе застанеме или ќе продолжиме со преговорите appeared first on Република.

]]>

Се уште немаме утврдено календар или динамика за уставите измени со кои во Преамбулата на Уставот треба да ги внесеме Бугарите и другите заинтересирани заедници, но тоа треба да го завршиме најдоцна до крајот на процесот на скринингот и од нас ќе зависи дали ќе застанеме тука или ќе продолжиме со преговорите по поглавјата и кластерите, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.
Внимателно ќе ги разгледаме околностите и начинот на кој што би го отвориле дијалогот во Собранието и целта на отворање на процесот на уставните измени е тие да завршат успешно. Во моментот кога ќе тргне дијалогот во Собранието и меѓу политичките партии, ќе го утврдиме ова прашања, а тоа секако ќе биде по летниот одмор на Собранието и ќе може тогаш да говориме за точен календар. Нам ни е најважно ниту да одиме пребрзо, ниту да доцниме, туку тој процес да има позитивен исход, истакна вицепремиерот во одговор на новинарско прашање за динамиката на предвидените уставни измени согласно францускиот предлог.
Тој потенцира дека уставните измени се важни за да можеме да го продолжиме процесот на преговори, без дополнителни политички одлуки на Советот на ЕУ, потенцирајќи дека во однос на ова прашање ќе бидат консултирани експерти по уставно право, кои учествувале и во претходните фази од измените на Уставот.
Секако, дека тој процес ќе започне со иницијатива на Владата за уставни измени, како што започна и за Преспанскиот договор. Во моментот кога ќе се утврди текстот и потребата, ќе тргнеме во тој процес, но најважно е да создадеме една атмосфера во која што нема да се повтори онаа слика од Собранието од минатата недела, која што не овозможуваше ниту услови за дијалог, ниту за нормална размена на аргументи, истакна Маричиќ.
Идејата е за тој процес да се води отворена и јавна расправа, со вклучување на чинителите задолжени за спроведување на измените, како и на претставници на задниците што треба да бидат вклучени во Уставот.
Во содржинска смисла овие уставни измени би биле најлесни од сите, бидејќи веќе имаме седум заедници во Уставот и треба да додадеме уште најмалку три или уште колку ќе решиме. Не гледам зошто некој би имал против, бидејќи нашиот уставен концепт дозволува заедниците да бидат спомнати во Уставот и од тоа да црпат одредени права базирани на Охридскиот договор, истакна Маричиќ.
Тој потенцира дека немаме рок за спроведување на уставните измени, а датумот ноември 2023 е утврден како временска рамка за завршување на скринингот и дури ако до тогаш завршат сите скрининзи, бидат усвоени извештаите на Советот на ЕУ и бидат утврдени реперите за отворање на кластерите, за да одиме во наредна фаза ќе мораме да ја завршиме промената на Уставот.
Дали ќе го направиме тоа до ноември 2023 или по ноември 2023 зависи од нас и од расположението во Собранието. Мислам дека наш интерес е тоа да се случи што побрзо за да го тргнеме како задача и да немаме друга задача до наредната меѓувладина конференција. Динамиката се уште не е определена, но ќе има доволно време најпрво да се вразуми дебатата, да имаме простор за аргументација, за размена на идеи и вистински политички дијалог со сите политички партии и пратеници во Собранието, за да имаме атмосфера за остварување на потребното двотретинско мнозинство, рече вицепремиерот.
Тој потенцира дека тоа нема да биде лесно, но дека секоја партија и секој пратеник имаат одговорност да донесат одлука дали ќе застанеме на крајот на скринингот или ќе продолжиме со преговорите со отворање на поглавјата и кластерите. Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум за Преговарачката рамка, Маричиќ нагласи дека „веќе имаме научено лекции“ со вакви иницијативи.
 Вие се сеќавате дека опозицијата инсистираше на референдум за Договорот со Грција. Тоа беше една долгорочна заложба во сите политички програми на опозицијата со години. Тоа во 2018-та година го прифати и Владата и решивме да организираме референдум, кој што партијата што го бараше со години на крајот реши да го бојкотира. На тој начин остави една дамка на целиот процес, иако можеше да учествува и да се затвори тоа прашање, истакна Маричиќ.
Според него, тоа треба да биде научена лекција, бидејќи овој пат има доволно легитимитет на институциите, особено на Собранието, да дискутира и во еден демократски процес на дијалог да се дојде до двотретинско мнозинство, што е сосема доволна гаранција и легитимитет за уставните измени и без референдум.
Владата не расправала и не донела одлука по ова прашање, но мој личен став е дека нема потреба од референдум и дека е подобро институциите да си ја преземат својата одговорност, наместо да се користи евентуалниот референдум за манипулации и политички поени, потенцира Маричиќ.

The post Маричиќ: Од нас зависи дали по скринингот ќе застанеме или ќе продолжиме со преговорите appeared first on Република.

]]>
Фајненшл тајмс: Прерано е да се слави почеток на преговори https://republika.mk/vesti/makedonija/fajnenshl-tajms-prerano-e-da-se-slavi-pochetok-na-pregovori/ Thu, 21 Jul 2022 14:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=531871

Необичните услови поврзани со патот на Македонија кон членство во Европската унија се причина за загриженост, оценува „Фајненшл тајмс“ по повод почетокот на процесот за пристапување во ЕУ со Скопје и Тирана.

Весникот пишува дека во 1971 година, офицерите на ЦИА напишале документ на 12 страници со наслов „Македонски синдром“ кој го издржал тестот на времето како јасна анализа на еден од најнерешливите историски спорови во Југоисточна Европа и додава дека авторите на документот можеби нема да бидат изненадени ако знаат дека, и покрај различниот геополитички контекст од тоа време, тензиите околу македонскиот идентитет останале нерешени. Поради овие причини, оценува ФТ, прерано е да се слави почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Македонија и Албанија.

Во Брисел се одржа првиот состанок за скрининг процесот

Весникот пишува дека европските лидери храбро одговориле на рускиот напад врз Украина со доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија минатиот месец. Тие, исто така, го забрзаа процесот за Македонија и Албанија, за да не се занемарат државите од Западен Балкан кои тропаат на врата речиси од почетокот на овој век. Но, во брзањето да ја направат вистинската работа, лидерите на ЕУ натрупаа проблеми за иднината, истакнува ФТ. Весникот наведува дека европските лидери во суштина ја повикуваат Македонија да се приклучи, но велат дека тоа нема да се случи ако не исполнат низа ригорозни барања поставени од Бугарија кои се однесуваат првенствено на јазикот, националниот идентитет и историјата.

Измени на Уставот, референдум или избори, што е прво на политичкото мени?

Во која било фаза од пристапните преговори, Бугарија има моќ да ги запре или одложи со изјавување дека Македонија ги избегнува своите обврски, наведува ФТ, додавајќи дека условите на Бугарија ги надминуваат формалните критериуми за пристапување во ЕУ, кои главно се однесуваат на исполнувањето на ЕУ стандардите за слободна пазарна економија и демократија и инкорпорирање на законодавството на ЕУ во националното право. За влез во ЕУ, ниту еден претходен кандидат никогаш не бил принуден да попушти пред барањата на друга земја за прашања како што се толкувањата на историјата кои никогаш не можат да имаат постојан, фиксен одговор. Но, Бугарија е членка на ЕУ од 2007 година, а Македонија е кандидат. Непријатната вистина е дека Софија е напред, пишува ФТ.

Научници со реакција за унилатералната изјава за македонскиот јазик

Весникот оценува дека ЕУ, поддржувајќи ја позицијата на Бугарија, како единствен начин да се придвижи напред, не само што престана да биде непристрасен арбитер меѓу двете земји, туку и направи веројатно дека слични пречки ќе бидат поставени и пред другите земји од Западен Балкан. На пример, овој месец се разгоре спорот меѓу Хрватска, која е во ЕУ, и Србија, која е кандидат, околу планираната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на споменикот на местото на хрватските злосторства врз Србите во Втората светска војна. Што ако еден ден Хрватска го следи примерот на Бугарија и бара од Србија да го прифати хрватското читање на историјата на Југославија во 20 век, пишува ФТ.

Весникот наведува дека, во одбрана на ЕУ, парламентот на Македонија одобри протокол кој ги вклучува условите на Бугарија, но додава дека тоа е само половина од приказната. Софија инсистира дека нејзиниот сосед мора да го промени својот устав за да му даде формален статус на бугарското малцинство во Македонија, а за тоа ќе биде потребно двотретинско мнозинство во парламентот, што во моментов изгледа далечна перспектива, додава ФТ.

За власта ова е историски ден, за ВМРО-ДПМНЕ почеток на бугарски уцени

Проблемот на малцинствата го вклучува и едностраниот пристап на ЕУ. Македонија ќе мора да го измени својот устав, но Бугарија не е обврзана да ги гарантира правата на своето македонско малцинство, и покрај бројните пресуди на Европскиот суд за човекови права во корист на таа заедница, пишува весникот.

За волја на вистината, се додава во текстот, секоја страна треба да покаже подобро разбирање за другата. Од издигнувањето на современата македонска национална свест во 19 и 20 век, Бугарија се бори со самиот концепт на посебна македонска националност.

Кога Југославија се распадна во 1990-тите, Бугарија беше првата земја што ја призна новата македонска држава. Но, не го признава македонскиот јазик, сметајќи го за гранка на бугарскиот. Во документ на ЦИА од 1971 година се вели: „Софија тврди дека сите Македонци се навистина етнички Бугари отсечени од својата татковина“, пишува ФТ.

Истакнувајќи дека за Скопје било од витално значење да ги реши своите разлики со грчкиот договор од Преспа во 2018 година, ФТ додава дека ЕУ, сепак, покажувајќи фаворитство кон Бугарија во однос на Македонија, можеби ненамерно ставила клип кој, како што се тврди, го поддржува.

The post Фајненшл тајмс: Прерано е да се слави почеток на преговори appeared first on Република.

]]>

Необичните услови поврзани со патот на Македонија кон членство во Европската унија се причина за загриженост, оценува „Фајненшл тајмс“ по повод почетокот на процесот за пристапување во ЕУ со Скопје и Тирана. Весникот пишува дека во 1971 година, офицерите на ЦИА напишале документ на 12 страници со наслов „Македонски синдром“ кој го издржал тестот на времето како јасна анализа на еден од најнерешливите историски спорови во Југоисточна Европа и додава дека авторите на документот можеби нема да бидат изненадени ако знаат дека, и покрај различниот геополитички контекст од тоа време, тензиите околу македонскиот идентитет останале нерешени. Поради овие причини, оценува ФТ, прерано е да се слави почеток на преговорите за пристапување во ЕУ со Македонија и Албанија.

Во Брисел се одржа првиот состанок за скрининг процесот

Весникот пишува дека европските лидери храбро одговориле на рускиот напад врз Украина со доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија минатиот месец. Тие, исто така, го забрзаа процесот за Македонија и Албанија, за да не се занемарат државите од Западен Балкан кои тропаат на врата речиси од почетокот на овој век. Но, во брзањето да ја направат вистинската работа, лидерите на ЕУ натрупаа проблеми за иднината, истакнува ФТ. Весникот наведува дека европските лидери во суштина ја повикуваат Македонија да се приклучи, но велат дека тоа нема да се случи ако не исполнат низа ригорозни барања поставени од Бугарија кои се однесуваат првенствено на јазикот, националниот идентитет и историјата.

Измени на Уставот, референдум или избори, што е прво на политичкото мени?

Во која било фаза од пристапните преговори, Бугарија има моќ да ги запре или одложи со изјавување дека Македонија ги избегнува своите обврски, наведува ФТ, додавајќи дека условите на Бугарија ги надминуваат формалните критериуми за пристапување во ЕУ, кои главно се однесуваат на исполнувањето на ЕУ стандардите за слободна пазарна економија и демократија и инкорпорирање на законодавството на ЕУ во националното право. За влез во ЕУ, ниту еден претходен кандидат никогаш не бил принуден да попушти пред барањата на друга земја за прашања како што се толкувањата на историјата кои никогаш не можат да имаат постојан, фиксен одговор. Но, Бугарија е членка на ЕУ од 2007 година, а Македонија е кандидат. Непријатната вистина е дека Софија е напред, пишува ФТ.

Научници со реакција за унилатералната изјава за македонскиот јазик

Весникот оценува дека ЕУ, поддржувајќи ја позицијата на Бугарија, како единствен начин да се придвижи напред, не само што престана да биде непристрасен арбитер меѓу двете земји, туку и направи веројатно дека слични пречки ќе бидат поставени и пред другите земји од Западен Балкан. На пример, овој месец се разгоре спорот меѓу Хрватска, која е во ЕУ, и Србија, која е кандидат, околу планираната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ на споменикот на местото на хрватските злосторства врз Србите во Втората светска војна. Што ако еден ден Хрватска го следи примерот на Бугарија и бара од Србија да го прифати хрватското читање на историјата на Југославија во 20 век, пишува ФТ. Весникот наведува дека, во одбрана на ЕУ, парламентот на Македонија одобри протокол кој ги вклучува условите на Бугарија, но додава дека тоа е само половина од приказната. Софија инсистира дека нејзиниот сосед мора да го промени својот устав за да му даде формален статус на бугарското малцинство во Македонија, а за тоа ќе биде потребно двотретинско мнозинство во парламентот, што во моментов изгледа далечна перспектива, додава ФТ.

За власта ова е историски ден, за ВМРО-ДПМНЕ почеток на бугарски уцени

Проблемот на малцинствата го вклучува и едностраниот пристап на ЕУ. Македонија ќе мора да го измени својот устав, но Бугарија не е обврзана да ги гарантира правата на своето македонско малцинство, и покрај бројните пресуди на Европскиот суд за човекови права во корист на таа заедница, пишува весникот. За волја на вистината, се додава во текстот, секоја страна треба да покаже подобро разбирање за другата. Од издигнувањето на современата македонска национална свест во 19 и 20 век, Бугарија се бори со самиот концепт на посебна македонска националност. Кога Југославија се распадна во 1990-тите, Бугарија беше првата земја што ја призна новата македонска држава. Но, не го признава македонскиот јазик, сметајќи го за гранка на бугарскиот. Во документ на ЦИА од 1971 година се вели: „Софија тврди дека сите Македонци се навистина етнички Бугари отсечени од својата татковина“, пишува ФТ. Истакнувајќи дека за Скопје било од витално значење да ги реши своите разлики со грчкиот договор од Преспа во 2018 година, ФТ додава дека ЕУ, сепак, покажувајќи фаворитство кон Бугарија во однос на Македонија, можеби ненамерно ставила клип кој, како што се тврди, го поддржува.

The post Фајненшл тајмс: Прерано е да се слави почеток на преговори appeared first on Република.

]]>
Лешоски: Европа кон Бугарија се однесува како мајка која го прикрива синот силеџија https://republika.mk/vesti/makedonija/leshoski-evropa-kon-bugarija-se-odnesuva-kako-majka-koja-go-prikriva-sinot-siledzija/ Wed, 20 Jul 2022 16:36:12 +0000 https://republika.mk/?p=531520

Поетот Дарко Лешоски со послание до Европејците го кометира потпишувањето на погубниот Договор за пријателство со Бугарија, од кој произлегоа сите зла за Македонија.

Испадна дека вие сте Балканци за нас. Испадна дека се караме по дома ние Македонците зошто на некој во Унијата ваша му е мал, pardon my french, а вие сте колку него подеднакво – неурачунливи, пишува Лешоски.

„Послание до Европјаните“

Бев на три метра од потпишувањето на Договорот за пријателство со Република Бугарија. Го слушав шкрипењето од пенкалата по хартијата. Мислев дека е добро. И дека ќе му кажам на Вапцаров со гордост дека бев таму кога ќе дојде време да се видиме очи в очи. Ако сме планирани да се видиме на исти места отаде Вселена. Јас бев, сум и секогаш ќе сум убеден дека нема поголем Европјанин од Македонецот. Тоа ќе е така дури дишам. Никој на светов тоа чувство не може да ми го земе, а камо дека сум Македонец. Зошто знам од кај сум. Чив сум. И глобализацијата на светот од каде тргнала.

Ја знам истата верзија на таа историја, онака како што ја учите на Оксфорд и Сорбона. Мене „црната Атена“ која хара со векови низ Балканот и одмора во крвта на балканските националисти, крвта ми ја препознавала како лажна и без „пост-вистини“ од вашите најлиберални или најнационалистичките европски или балкански квази-политички или уште полошо квази-академски гнезда. Препознавањето на тие „валкани кујни“ мене ми е генетско, а не камо ли кризите на балканските либида. Тоа мене ми е природно. Јас бев убеден дека „бугарското“ и „балканското“ излегло од Бугарија. Jас се смеам на историското потекло на фразата „bugger off!“ ама и на оној вицот: „Што се добива кога ќе се искапе валкан Македонец?“ - Еми мрсна вода и чист Блгарин!

Сум се смеел и ќе се смеам дури сум жив зошто знам дека смеата ослободува, (а не работата, како што мислеле многумина во Европа некогаш, па и во Бугарија да бидеме искрени, па и во Југославија да бидеме уште поискрени и кај нас уште најискрени – фашисти имало секаде, АМА некаде повеќе, а некаде помалку, сегде!) Зошто сум знаел кој сум, а не ми ни паѓало на памет да му кажувам некому друг што е.

Сум се смеел зошто сум знаел и сметал дека Европа е добро. Дека Бугарите или останатите соседи пораснале и се Европјани колку нас. Или било кој од останатите нации на Европа. Испадна дека ние сме Французи за вас - Французите. Данци за вас. Ние работевме и работиме на унапредувањето на сечии права - освен на правото да бидеш Македонец, кој говори Македонски јазик. Испадна дека ние сме Швеѓани, за вас...

Млаки и млитави бирократи кои според Језекиила природно устата ги блуе и исфрла, телото не ја прима таа вистина.

Од каде тие фрустрации кон некој толку мал? Од каде желбата да се посматра насилството немо драга Европо, драги Европјани?

Навистина е импресивно ама испадна дека вие сте Македонци за нас... Со сите најдолни стереотипи кои се врзани за зборот „македонче“ (за мене еден од најодвратните зборови на светот). Црното за вас е како за нас Македонците - „сивкасто“ ако некој е твој.

Црно ако не е твој.

Бело ако е некој баш твој.

Испадна дека вие сте Балканци за нас. Испадна дека се караме по дома ние Македонците зошто на некој во Унијата ваша му е мал, pardon my french, а вие сте колку него подеднакво – неурачунливи.

Вие сте непресметливи драги и почитувани Европјани, Бугари како и да е. Ќе речеш што е тоа непресметлив? Па еве ова е: Вие Европјани или Бугари - исто му доаѓа. Тоа е непресметливост. Ама Грците не се Бугари, ќе речеш, ама ние па не може ич па да сме Бугари што ве толелиравме со транспренти на сред вашиот парламент „Македонија е Бугарија!“ – пошто не сме членки на ЕУ. Не сме во ЕУ, Бугарија е во ЕУ - дакле не сме Бугари. Дакле (што би рекле Бугарите) - не сме Бугари. Ете во кратки црти тоа е таа ваша непресметливост. Еден за сите - сите за нигде. Вие сте непресметливи.

Вие сте драги Европјани, мајка на млад силеџија која го брани со едиповски елан. И тоа беше и е срамно да се гледа. Нажалост, од утре за мене цела Европска Унија сте...Бугари. Бугарска Унија. Вие лечите и лечевте комплекси на нас. Вие се уште не сте ги надраснале памфлетите на Даниел Дефо. Ниту оние на Волтер, ниту на лорд Рочестер, ниту на Орвел...дури ни покојни. Историја како што велите.

Испадна дека ние сме господа. Ама баш господа за сите вас, членки.
Вие сте Бугарија. Итар Пејо. Ние сме Болен Дојчин - за греота. Историја која досадно и наново се повторува. Нека ви служи на чест, Европо… Мене ми беше тешко да ве гледам цел изминат период како се унижувате и поголтнувате, измислувате протоколи и други смешни патокази, ми беше тешко да ја гледам моќната Европа како се унижува да не понижи нас. Станавте помали од нас. Мали. Многу мали. Направивте од нашиот сон за Европа само еден ждриг, подриг од бирократ, прејаден ќебапи со чубрица. Вие станавте песаментеиро мои Европјани.

„Песаментаиро“ (Португалски јазик) и мислам дека е именка. Песаментеиро е непознат човек што се преправа дека е роднина на починатиот за да земе нешто од храната што се раздава за душа.

Вие се преправавте дека не познавате дури ние ја оплакуваме нашата несреќа и ни нудите сочувство. Се преправате се уште.

А имавте шанса да не заштитите. А и да не познавате. Ние веќе триесет години ве молиме да не запознаете. Вие одбравте да сте слаби. Ам баш слаби. Греој. Вашиот кукавичлок е речиси триесет години долг и на еднакво ниво од маж кој заведува жена која нема намера да ја сака. Немоќ скриена зад патријархална ароганција на право на вето и даден збор кој не смее да се погази колку и да е лага.

Ние сме Мадс Микелсен во „Jagten“ кога влегува во црквата со насолзени очи за вас, „чесните“ и „принципиелните“.

Одземање на силата. Вие сте старозаветен Бог што се понижи да го унижи Јова. Вие сте старата дама Историја. Вие сте Стар Завет. Очајно и немо посматрање и финансирање на својата пропаст како погледот од астронаутот од Кјубриковата Одисеја 2001. Најстрашната приказна откако постои Вселената.

Од утре ние сме со Бугарија очи в очи. И ќе се лажеме дека преговараме со Европјани, ќе се лажеме дека преговараме за некакви критериуми од „нормална природа“ – мито, корупција, владеење на право, добро здравство, енергетска ефикасност, а наместо тоа ќе се расправаме за дијалекти, за право на постоење и дистинкција, ќе се лажеме за факти апсолвирани од целата светска славистика, ќе се лажеме сами меѓу нас во Македонија, ќе се лажат сами тие во Бугарија, онака како мазгата што кажува со гордост дека коњот и е вујко, а крие дека магарето и е татко. Нашите народи се уморни од себелажење.

Јас не сум уморен да сум Македонец. Ниту Европјанин. Ама уморен сум кога ќе вриснам: „Мајко овој твој син ме тепа и ме гази“ - ти Европо да молчиш. И затоа мојата сушност се накрева и мене ми е тешко повеќе тебе Европо да те сметам за дом или за мајка. Ама немам избор. Ниту за себелажење немам избор. Од тебе сум. И знам дека ниеден твој народ или син ја нема нашата космичка сила да чувствуваме длабоко како океан и со "македонска понизност" што е сила, иако ни се сметала за слабост секогаш. Сила која ти ја немаш да ти простиме онака како што мајка си ти не можеш да ја бираш. Една Турција која ти долго не ја сакаш, го знае тоа и го научи за нас и таа ќе ми е секогаш повеќе мајка од тебе, макар со поглед да те стопли и да рече:

Не, не дели го детето на пола. Како мајката пред Соломона.“

А велиш, ти си ми мајка. Велиш јас тебе ко Македонец ти припаѓам.

Далеку сте вие од нас драга Европо. Можеби онолку века колку од важноста на Крстета Петков Мисирков или Конески за нас до неважноста на оној несреќник Ванчо Михајлов роден во Македонија, по негова желба син на Бугарија . Koj смее тоа негово право да му го одземе? Никој!
Далеку колку од визијата на Свети Кирила спроти зачмаеноста на папата дека дождот врне за сите и сите имаат право на свој јазик да го узнаат Бога.

Вие сте знаење и сила.

Ние само желба за видело, желба за подобра иднина.

Кога човек ќе го изгуби разумот велат тој станува само душа и го носат во лудница.

Кога ќе ја изгуби душата, а ќе го задржи разумот, чудовиште… фашиста.

Вие сте др. Фаустус од драмата на Дуковски кога вели: „Осеќаш ли како влага знање у тебе?“

Кој е што изгуби овде драги Европјани? Кој е луд?! М.М.Е кој прв почна!

Ние сме сиромашна, еколошки загадена, дигитално слабо писмена и можеби најстрашното - помалку од десет проценти од нас имаат доверба во правосудниот систем, дека црното е црно, а белото бело. Системот на вредности нам ни е многу еродиран. Ни треба нам вистинска помош. Суштинска и несебична. Не лажни сочувства се до повторното експлодирање на следниот балкански силеџија.

Но, ние на сите тие маки, треба уште јазикот кој го зборуваме и имињата на нашите прадедовци одамна згниени во гробовите да ги браниме наново и наново? Да имам јас право да кажам дека не зборувам на нечиј дијалект, ами на мојот јазик? Зарем не беше данскиот јазик литературен јазик на Норвешка цели три века? Ќе ја остави ли без членство во ЕУ, ќе ја уценува ли Данска, Норвешка утре? Смешно нели? Зарем навистина немате попаметна работа од тоа да штитите апсурди и насилства? Како ние да немаме попаметна работа? Како вие да немате попаметна работа... Земјата гори, луѓето умираат, зимата се заканува и намигнува како чума.

Да зборувам на мојот дијалект драги Европјани, на стар вевчански во мојот случај (кој полека ,но природно изумира) како што зборуваше баба ми, или пак „бошкачки“, како што зборуваше дедо ми некогаш со мене за да го знам и да не изгине („дијалект во дијалектот“ би било можеби најлесно да се објасни тој систем) ќе си помисли било која културна или историска комисија дека лаам, дека лаам како од некој јазичен изолат, мои драги Европјани, дека Баскијци сте имале овде, а не пак да треба да се правдам дека мојот јазик е дијалект на нечиј друг.

Ние немаме патишта мои несреќни Европјани, кај нас се вршат клинички експериментти по болници без да знаеме, а вие барате да се откажуваме од било какви историски, јазични или територијални претензии преку било какви договори? Кој е овде луд?!

Вие политичарите европски знаете и мислите дека зборовите се Сила. Сила која светови создава.Ние поетите или писателите знаеме дека тие се само замена и полнета слама, за онаму каде има двојни стандарди и Бог - нема. Темелите ваши. И како тие многу лесно се рушат.
Еве вака... Како сега.

Пред крајот, ние Македонците, а и останатите народи на Балканот знаеме пред сите вас драги Европјани дека „големите“ земји се како блокови во „Тетрис“, големата Македонија ја гледавме така, моќната Византија ја гледавме така, големата Османска империја, големата Бугарија, големата Србија, конечно - Југославија... кога со сила ти сакаш да станеш или останеш цела, а за едни си мајка, за други маќеа - ти исчезнуваш!

Мои драги Европјани, вашиот Кафка (кој во овие моменти на апсурд е повеќе мој отколку ваш, а и по емоционална и душевна интелегенција) има еден пасаж во неговите писма до Милена: „Јас тебе ти припаѓам, го прифатила ти тоа или не некогаш“.

Така и јас тебе. Како Македонец, на Македонија и на Европа (а не на само една твоја членка). Вие мене, јас вам.

Простете ми што не можам да се радувам мои драги Европјани... кога по некое улично куче со години ти фрлаш камења, ако се наведнеш да му дадеш леб тоа инстиктивно ќе се исплаши пак. Ќе избега. Колку и добро да му мислиш. Треба време - за да ти поверува пак.

Само имај на ум драга и учена Европо, колевко на знаењето и културата, дека ние Македонците сме подеднакво блиски и до Грците и Албанците како народи, а не само до Бугарите и дека епитафот од Казанѕакис ни е близок и нам: „Δεν ελπίζω τίποτα. Δε φοβάμαι τίποτα. Είμαι λέφτερος.“

А тој на македонски јазик гласи: „Не се надевам на ништо, не се плашам од ништо. Јас сум слободен.“)

И за крај, ако еден ден не пуштите да влеземе во ЕУ, да работиме заедно и да се дружиме и да се развиваме, разберете ја можноста од некоја банална и ступидна предлог- регулатива (можеби ќе биде само една плус на стотиците други кои ги имате) и опростете ни ја како хир или фрустрација, а таа би била: Нам Македонците да не закопуваат простум кога ќе починеме.

Простум! Само тоа.

За да се одмориме од клечење и молење да бидеме Македонци. Од клечење и молење, пред сите вас.

Барем, мртви. А и за историјата во иднина да биде појасна и полесна за идните генерации. Така барем ќе знаат дека не имало некогаш.

И знам дека ова можеби ви звучи смешно или патетично, ама верувајте нема ништо попатетично од тоа колку вие се понижувавте да ги заштитите нашите соседи и да им угодите. Ни доаѓа тешка зима. Во такви зими дури и ежовите знаат да се стутулат еден до еден доволно блиску да им се греат еден од друг телата, доволно далеку да не си ги истераат очите со своите боцки. Се надевам имате и вие ежови во Европа па сте виделе како јас дете од село. А таму не само што сум видел ежови, ами и ова ме научиле и го знам:

„Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.“

Бог да го благослови мојот народ и да ги чува твоите народи Европо, да не сетат никогаш ни дел од нашите понижувања!

Со почит,

Дарко Лешоски, Долна Маала, од село Вевчани, општина Вевчани, Република Вевчани во Република Македонија, на неколку километри од границата со Република Албанија. Европа. Планета Земја.

The post Лешоски: Европа кон Бугарија се однесува како мајка која го прикрива синот силеџија appeared first on Република.

]]>

Поетот Дарко Лешоски со послание до Европејците го кометира потпишувањето на погубниот Договор за пријателство со Бугарија, од кој произлегоа сите зла за Македонија.
Испадна дека вие сте Балканци за нас. Испадна дека се караме по дома ние Македонците зошто на некој во Унијата ваша му е мал, pardon my french, а вие сте колку него подеднакво – неурачунливи, пишува Лешоски.
„Послание до Европјаните“ Бев на три метра од потпишувањето на Договорот за пријателство со Република Бугарија. Го слушав шкрипењето од пенкалата по хартијата. Мислев дека е добро. И дека ќе му кажам на Вапцаров со гордост дека бев таму кога ќе дојде време да се видиме очи в очи. Ако сме планирани да се видиме на исти места отаде Вселена. Јас бев, сум и секогаш ќе сум убеден дека нема поголем Европјанин од Македонецот. Тоа ќе е така дури дишам. Никој на светов тоа чувство не може да ми го земе, а камо дека сум Македонец. Зошто знам од кај сум. Чив сум. И глобализацијата на светот од каде тргнала. Ја знам истата верзија на таа историја, онака како што ја учите на Оксфорд и Сорбона. Мене „црната Атена“ која хара со векови низ Балканот и одмора во крвта на балканските националисти, крвта ми ја препознавала како лажна и без „пост-вистини“ од вашите најлиберални или најнационалистичките европски или балкански квази-политички или уште полошо квази-академски гнезда. Препознавањето на тие „валкани кујни“ мене ми е генетско, а не камо ли кризите на балканските либида. Тоа мене ми е природно. Јас бев убеден дека „бугарското“ и „балканското“ излегло од Бугарија. Jас се смеам на историското потекло на фразата „bugger off!“ ама и на оној вицот: „Што се добива кога ќе се искапе валкан Македонец?“ - Еми мрсна вода и чист Блгарин! Сум се смеел и ќе се смеам дури сум жив зошто знам дека смеата ослободува, (а не работата, како што мислеле многумина во Европа некогаш, па и во Бугарија да бидеме искрени, па и во Југославија да бидеме уште поискрени и кај нас уште најискрени – фашисти имало секаде, АМА некаде повеќе, а некаде помалку, сегде!) Зошто сум знаел кој сум, а не ми ни паѓало на памет да му кажувам некому друг што е. Сум се смеел зошто сум знаел и сметал дека Европа е добро. Дека Бугарите или останатите соседи пораснале и се Европјани колку нас. Или било кој од останатите нации на Европа. Испадна дека ние сме Французи за вас - Французите. Данци за вас. Ние работевме и работиме на унапредувањето на сечии права - освен на правото да бидеш Македонец, кој говори Македонски јазик. Испадна дека ние сме Швеѓани, за вас... Млаки и млитави бирократи кои според Језекиила природно устата ги блуе и исфрла, телото не ја прима таа вистина. Од каде тие фрустрации кон некој толку мал? Од каде желбата да се посматра насилството немо драга Европо, драги Европјани? Навистина е импресивно ама испадна дека вие сте Македонци за нас... Со сите најдолни стереотипи кои се врзани за зборот „македонче“ (за мене еден од најодвратните зборови на светот). Црното за вас е како за нас Македонците - „сивкасто“ ако некој е твој. Црно ако не е твој. Бело ако е некој баш твој. Испадна дека вие сте Балканци за нас. Испадна дека се караме по дома ние Македонците зошто на некој во Унијата ваша му е мал, pardon my french, а вие сте колку него подеднакво – неурачунливи. Вие сте непресметливи драги и почитувани Европјани, Бугари како и да е. Ќе речеш што е тоа непресметлив? Па еве ова е: Вие Европјани или Бугари - исто му доаѓа. Тоа е непресметливост. Ама Грците не се Бугари, ќе речеш, ама ние па не може ич па да сме Бугари што ве толелиравме со транспренти на сред вашиот парламент „Македонија е Бугарија!“ – пошто не сме членки на ЕУ. Не сме во ЕУ, Бугарија е во ЕУ - дакле не сме Бугари. Дакле (што би рекле Бугарите) - не сме Бугари. Ете во кратки црти тоа е таа ваша непресметливост. Еден за сите - сите за нигде. Вие сте непресметливи. Вие сте драги Европјани, мајка на млад силеџија која го брани со едиповски елан. И тоа беше и е срамно да се гледа. Нажалост, од утре за мене цела Европска Унија сте...Бугари. Бугарска Унија. Вие лечите и лечевте комплекси на нас. Вие се уште не сте ги надраснале памфлетите на Даниел Дефо. Ниту оние на Волтер, ниту на лорд Рочестер, ниту на Орвел...дури ни покојни. Историја како што велите. Испадна дека ние сме господа. Ама баш господа за сите вас, членки. Вие сте Бугарија. Итар Пејо. Ние сме Болен Дојчин - за греота. Историја која досадно и наново се повторува. Нека ви служи на чест, Европо… Мене ми беше тешко да ве гледам цел изминат период како се унижувате и поголтнувате, измислувате протоколи и други смешни патокази, ми беше тешко да ја гледам моќната Европа како се унижува да не понижи нас. Станавте помали од нас. Мали. Многу мали. Направивте од нашиот сон за Европа само еден ждриг, подриг од бирократ, прејаден ќебапи со чубрица. Вие станавте песаментеиро мои Европјани. „Песаментаиро“ (Португалски јазик) и мислам дека е именка. Песаментеиро е непознат човек што се преправа дека е роднина на починатиот за да земе нешто од храната што се раздава за душа. Вие се преправавте дека не познавате дури ние ја оплакуваме нашата несреќа и ни нудите сочувство. Се преправате се уште. А имавте шанса да не заштитите. А и да не познавате. Ние веќе триесет години ве молиме да не запознаете. Вие одбравте да сте слаби. Ам баш слаби. Греој. Вашиот кукавичлок е речиси триесет години долг и на еднакво ниво од маж кој заведува жена која нема намера да ја сака. Немоќ скриена зад патријархална ароганција на право на вето и даден збор кој не смее да се погази колку и да е лага. Ние сме Мадс Микелсен во „Jagten“ кога влегува во црквата со насолзени очи за вас, „чесните“ и „принципиелните“. Одземање на силата. Вие сте старозаветен Бог што се понижи да го унижи Јова. Вие сте старата дама Историја. Вие сте Стар Завет. Очајно и немо посматрање и финансирање на својата пропаст како погледот од астронаутот од Кјубриковата Одисеја 2001. Најстрашната приказна откако постои Вселената. Од утре ние сме со Бугарија очи в очи. И ќе се лажеме дека преговараме со Европјани, ќе се лажеме дека преговараме за некакви критериуми од „нормална природа“ – мито, корупција, владеење на право, добро здравство, енергетска ефикасност, а наместо тоа ќе се расправаме за дијалекти, за право на постоење и дистинкција, ќе се лажеме за факти апсолвирани од целата светска славистика, ќе се лажеме сами меѓу нас во Македонија, ќе се лажат сами тие во Бугарија, онака како мазгата што кажува со гордост дека коњот и е вујко, а крие дека магарето и е татко. Нашите народи се уморни од себелажење. Јас не сум уморен да сум Македонец. Ниту Европјанин. Ама уморен сум кога ќе вриснам: „Мајко овој твој син ме тепа и ме гази“ - ти Европо да молчиш. И затоа мојата сушност се накрева и мене ми е тешко повеќе тебе Европо да те сметам за дом или за мајка. Ама немам избор. Ниту за себелажење немам избор. Од тебе сум. И знам дека ниеден твој народ или син ја нема нашата космичка сила да чувствуваме длабоко како океан и со "македонска понизност" што е сила, иако ни се сметала за слабост секогаш. Сила која ти ја немаш да ти простиме онака како што мајка си ти не можеш да ја бираш. Една Турција која ти долго не ја сакаш, го знае тоа и го научи за нас и таа ќе ми е секогаш повеќе мајка од тебе, макар со поглед да те стопли и да рече: Не, не дели го детето на пола. Како мајката пред Соломона.“ А велиш, ти си ми мајка. Велиш јас тебе ко Македонец ти припаѓам. Далеку сте вие од нас драга Европо. Можеби онолку века колку од важноста на Крстета Петков Мисирков или Конески за нас до неважноста на оној несреќник Ванчо Михајлов роден во Македонија, по негова желба син на Бугарија . Koj смее тоа негово право да му го одземе? Никој! Далеку колку од визијата на Свети Кирила спроти зачмаеноста на папата дека дождот врне за сите и сите имаат право на свој јазик да го узнаат Бога. Вие сте знаење и сила. Ние само желба за видело, желба за подобра иднина. Кога човек ќе го изгуби разумот велат тој станува само душа и го носат во лудница. Кога ќе ја изгуби душата, а ќе го задржи разумот, чудовиште… фашиста. Вие сте др. Фаустус од драмата на Дуковски кога вели: „Осеќаш ли како влага знање у тебе?“ Кој е што изгуби овде драги Европјани? Кој е луд?! М.М.Е кој прв почна! Ние сме сиромашна, еколошки загадена, дигитално слабо писмена и можеби најстрашното - помалку од десет проценти од нас имаат доверба во правосудниот систем, дека црното е црно, а белото бело. Системот на вредности нам ни е многу еродиран. Ни треба нам вистинска помош. Суштинска и несебична. Не лажни сочувства се до повторното експлодирање на следниот балкански силеџија. Но, ние на сите тие маки, треба уште јазикот кој го зборуваме и имињата на нашите прадедовци одамна згниени во гробовите да ги браниме наново и наново? Да имам јас право да кажам дека не зборувам на нечиј дијалект, ами на мојот јазик? Зарем не беше данскиот јазик литературен јазик на Норвешка цели три века? Ќе ја остави ли без членство во ЕУ, ќе ја уценува ли Данска, Норвешка утре? Смешно нели? Зарем навистина немате попаметна работа од тоа да штитите апсурди и насилства? Како ние да немаме попаметна работа? Како вие да немате попаметна работа... Земјата гори, луѓето умираат, зимата се заканува и намигнува како чума. Да зборувам на мојот дијалект драги Европјани, на стар вевчански во мојот случај (кој полека ,но природно изумира) како што зборуваше баба ми, или пак „бошкачки“, како што зборуваше дедо ми некогаш со мене за да го знам и да не изгине („дијалект во дијалектот“ би било можеби најлесно да се објасни тој систем) ќе си помисли било која културна или историска комисија дека лаам, дека лаам како од некој јазичен изолат, мои драги Европјани, дека Баскијци сте имале овде, а не пак да треба да се правдам дека мојот јазик е дијалект на нечиј друг. Ние немаме патишта мои несреќни Европјани, кај нас се вршат клинички експериментти по болници без да знаеме, а вие барате да се откажуваме од било какви историски, јазични или територијални претензии преку било какви договори? Кој е овде луд?! Вие политичарите европски знаете и мислите дека зборовите се Сила. Сила која светови создава.Ние поетите или писателите знаеме дека тие се само замена и полнета слама, за онаму каде има двојни стандарди и Бог - нема. Темелите ваши. И како тие многу лесно се рушат. Еве вака... Како сега. Пред крајот, ние Македонците, а и останатите народи на Балканот знаеме пред сите вас драги Европјани дека „големите“ земји се како блокови во „Тетрис“, големата Македонија ја гледавме така, моќната Византија ја гледавме така, големата Османска империја, големата Бугарија, големата Србија, конечно - Југославија... кога со сила ти сакаш да станеш или останеш цела, а за едни си мајка, за други маќеа - ти исчезнуваш! Мои драги Европјани, вашиот Кафка (кој во овие моменти на апсурд е повеќе мој отколку ваш, а и по емоционална и душевна интелегенција) има еден пасаж во неговите писма до Милена: „Јас тебе ти припаѓам, го прифатила ти тоа или не некогаш“. Така и јас тебе. Како Македонец, на Македонија и на Европа (а не на само една твоја членка). Вие мене, јас вам. Простете ми што не можам да се радувам мои драги Европјани... кога по некое улично куче со години ти фрлаш камења, ако се наведнеш да му дадеш леб тоа инстиктивно ќе се исплаши пак. Ќе избега. Колку и добро да му мислиш. Треба време - за да ти поверува пак. Само имај на ум драга и учена Европо, колевко на знаењето и културата, дека ние Македонците сме подеднакво блиски и до Грците и Албанците како народи, а не само до Бугарите и дека епитафот од Казанѕакис ни е близок и нам: „Δεν ελπίζω τίποτα. Δε φοβάμαι τίποτα. Είμαι λέφτερος.“ А тој на македонски јазик гласи: „Не се надевам на ништо, не се плашам од ништо. Јас сум слободен.“) И за крај, ако еден ден не пуштите да влеземе во ЕУ, да работиме заедно и да се дружиме и да се развиваме, разберете ја можноста од некоја банална и ступидна предлог- регулатива (можеби ќе биде само една плус на стотиците други кои ги имате) и опростете ни ја како хир или фрустрација, а таа би била: Нам Македонците да не закопуваат простум кога ќе починеме. Простум! Само тоа. За да се одмориме од клечење и молење да бидеме Македонци. Од клечење и молење, пред сите вас. Барем, мртви. А и за историјата во иднина да биде појасна и полесна за идните генерации. Така барем ќе знаат дека не имало некогаш. И знам дека ова можеби ви звучи смешно или патетично, ама верувајте нема ништо попатетично од тоа колку вие се понижувавте да ги заштитите нашите соседи и да им угодите. Ни доаѓа тешка зима. Во такви зими дури и ежовите знаат да се стутулат еден до еден доволно блиску да им се греат еден од друг телата, доволно далеку да не си ги истераат очите со своите боцки. Се надевам имате и вие ежови во Европа па сте виделе како јас дете од село. А таму не само што сум видел ежови, ами и ова ме научиле и го знам: „Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.“ Бог да го благослови мојот народ и да ги чува твоите народи Европо, да не сетат никогаш ни дел од нашите понижувања! Со почит, Дарко Лешоски, Долна Маала, од село Вевчани, општина Вевчани, Република Вевчани во Република Македонија, на неколку километри од границата со Република Албанија. Европа. Планета Земја.

The post Лешоски: Европа кон Бугарија се однесува како мајка која го прикрива синот силеџија appeared first on Република.

]]>
Курти: Стартот на преговорите на ЕУ со Скопје и Тирана е поттик за реформи на целиот Балкан https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-startot-na-pregovorite-na-eu-so-skopje-i-tirana-e-pottik-za-reformi-na-celiot-balkan/ Wed, 20 Jul 2022 15:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=531498

Косовскиот премиер Албин Курти ја отвори денешната седница на неговата влада со честитки до Македонија и Албанија за вчерашното отворање на пристапните преговори на двете земји со Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Оценувајќи дека „вчерашниот ден беше многу значаен за Западен Балкан и за неговиот пат кон интеграцијата во ЕУ“, Курти рече дека напредокот на Македонија и Албанија кон ЕУ е значаен датум, не само за тие две држави, туку и за целиот регион.

Уште еднаш им го честитам на Република Албанија и на Република Македонија отворањето на преговорите за членство во ЕУ. Ние се радуваме на ова историско достигнување на двете земји. Оваа одлука на ЕУ ни ја зајакнува посветеноста за реформи кои го преобразуваат и јакнат нашиот регион, а следствено на тоа тоа и Европа, изјави Курти на почетокот на денешнта владина седница.

The post Курти: Стартот на преговорите на ЕУ со Скопје и Тирана е поттик за реформи на целиот Балкан appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти ја отвори денешната седница на неговата влада со честитки до Македонија и Албанија за вчерашното отворање на пристапните преговори на двете земји со Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина. Оценувајќи дека „вчерашниот ден беше многу значаен за Западен Балкан и за неговиот пат кон интеграцијата во ЕУ“, Курти рече дека напредокот на Македонија и Албанија кон ЕУ е значаен датум, не само за тие две држави, туку и за целиот регион.
Уште еднаш им го честитам на Република Албанија и на Република Македонија отворањето на преговорите за членство во ЕУ. Ние се радуваме на ова историско достигнување на двете земји. Оваа одлука на ЕУ ни ја зајакнува посветеноста за реформи кои го преобразуваат и јакнат нашиот регион, а следствено на тоа тоа и Европа, изјави Курти на почетокот на денешнта владина седница.

The post Курти: Стартот на преговорите на ЕУ со Скопје и Тирана е поттик за реформи на целиот Балкан appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Во Брисел имаше фотосесија, за вистински почеток на преговорите потребно е промена на Уставот https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vo-brisel-imashe-fotosesija-za-vistinski-pochetok-na-pregovorite-potrebno-e-promena-na-ustavot/ Wed, 20 Jul 2022 06:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=531261

Во Брисел имаше фотосесија, за вистински старт треба промена на Уставот и обезличување кое го прифати Ковачевски, а ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи, велат од опозициската партијата.

-Нема почеток на преговори додека не се смени Уставот и спроведе бугаризација. Ковачевски ја стави Македонија во подредена положба и го услови почетокот на преговорите со промена на Уставот. Заради Ковачевски трајно се нарушени преговарачките позиции на Македонија. Предавникот Ковачевски, од позиција на премиер ја стави Македонија во потчинета положба во однос на Бугарија. И проблемот кој Бугарија го имаше со нас, го направи проблем кој ЕУ го има со нас, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека нема да дозволат да се реализира, како што истакнуваат, планот за бугаризација на Ковачевски.

-ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи и нема да дозволи промена на Устав. Македонија може подобро и Македонија заслужува подобро. А, предавникот Ковачевски ќе одговара за сите предавства, стои во партиското соопштение.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Во Брисел имаше фотосесија, за вистински почеток на преговорите потребно е промена на Уставот appeared first on Република.

]]>

Во Брисел имаше фотосесија, за вистински старт треба промена на Уставот и обезличување кое го прифати Ковачевски, а ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи, велат од опозициската партијата. -Нема почеток на преговори додека не се смени Уставот и спроведе бугаризација. Ковачевски ја стави Македонија во подредена положба и го услови почетокот на преговорите со промена на Уставот. Заради Ковачевски трајно се нарушени преговарачките позиции на Македонија. Предавникот Ковачевски, од позиција на премиер ја стави Македонија во потчинета положба во однос на Бугарија. И проблемот кој Бугарија го имаше со нас, го направи проблем кој ЕУ го има со нас, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму додаваат дека нема да дозволат да се реализира, како што истакнуваат, планот за бугаризација на Ковачевски. -ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи и нема да дозволи промена на Устав. Македонија може подобро и Македонија заслужува подобро. А, предавникот Ковачевски ќе одговара за сите предавства, стои во партиското соопштение.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Во Брисел имаше фотосесија, за вистински почеток на преговорите потребно е промена на Уставот appeared first on Република.

]]>
Започна билатералниот скрининг како дел од официјалниот почеток на преговорите https://republika.mk/vesti/makedonija/zapochna-bilateralniot-skrining-kako-del-od-oficijalniot-pochetok-na-pregovorite/ Wed, 20 Jul 2022 06:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=531239

Република Македонија попладнево во Брисел го започна билатералниот скрининг процес. Македонија од осамостојувањето во 1991 година, јасно и недвосмислено ја изрази својата стратешка определба за полноправно членство во НАТО и ЕУ и со сиот свој административен и општествен капацитет беше посветен да ги постигне овие цели.

На вчерашниот состанок обраќања имаа заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Вицепремиерот Маричиќ истакна дека 21 година по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација и 17 години како земја-кандидат за ЕУ, со денешниот состанок за отпочнување со скрининг процесот конечно влегуваме во последната фаза од нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ.

Како вицепремиер за европски прашања заедно со мојата институција, Секретаријатот за европски прашања, како главно координативно тело за преговарачкиот процес во Македонија, ќе ги насочиме нашите напори во обезбедување непречен тек на преговарачкиот процес во сите негови аспекти преку мобилизација на администрацијата бидејќи таа се смета за столб на овој процес. Во наредните недели ќе ја финализираме ревизијата на актите за преговарачката структура од 2019 година и ќе ја операционализираме.

Почетокот на скринингот, патувањето што денес заеднички го започнуваме со Република Албанија нема да биде лесно.

Пристапниот процес бара целосен ангажман, но знаеме дека нема да бидеме сами на овој пат. Сметаме на поддршката од Комисијата и нејзините служби, како наши партнери кои ќе дадат насоки и совети во процесот а ние ќе ги направиме сите напори да обезбедиме непречен тек на преговарачкиот процес во сите негови аспекти, рече Маричиќ.

Во обраќањето на инаугуративниот состанок за процесот на скрининг, министерот за надворешни работи Бујар Османи предочи дека денес ја започнуваме финалната фаза за остварување на првенствениот надворешно-политички приоритет на нашата држава – полноправно членство во Европската унија.

Патот дотука не беше нималку лесен, но денес нема да се навраќаме на минатото, туку нашиот поглед е свртен кон иднината и задачите кои треба да ги исполниме за време на преговарачкиот процес. Конечно, од стартната позиција ја почнуваме трката и отсега ќе зависи од нашите сили и способности – да ги мобилизираме сите наши човечки ресурси и посветено да работиме додека не ги исполниме потребните услови за влез во европското семејство во кое цивилизациски, вредносно и културно припаѓаме, рече Османи.

Владата верува дека новата Методологија, одобрена во март 2022 година, ќе даде нов поттик за пристапните преговори и ќе ја потврди посветеноста на Унијата кон политиката за проширување заедно со заложбите дадени во Солунската агенда и последователните декларации од Софија, Загреб и Брдо.

Истовремено очекуваме новата Методологија да ја покаже и докаже на дело својата основна цел - динамизирање на пристапните преговори, забрзана и неповратна трансформација на нашите општества во целосно функционални демократии еднакви на членките на Унијата, конвергенција на нашите економии и намалување на разликите во споредба со оние на земјите-членки на ЕУ, и на регионално и на државно ниво.

За таа цел, Владата денес на состанокот предложи да се организираат дополнителни состаноци на техничко ниво со претставници од администрацијата на Македонија, каде што европските служби подетално би презентирале како ќе се применува новата методологија за пристапување.

Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство и претставува аналитичка презентација на правото на ЕУ и состојбата во земјата кандидат во однос на него. Поспецифично, како процес, тој има за цел, од една страна - да ги запознае земјите кандидати со правното наследство на Европската Унија и на тој начин да ги подготви за преговорите. Од друга страна, целта е да се овозможи Комисијата и земјите-членки да го оценат степенот на подготвеност на земјите кандидати, да бидат информирани за нивните идни планови и да добијат прелиминарни насоки за прашањата што ќе бидат најактуелни во преговорите.

На состанокот за билатералниот скрининг како дел од официјалната делегација присуствуваа и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

The post Започна билатералниот скрининг како дел од официјалниот почеток на преговорите appeared first on Република.

]]>

Република Македонија попладнево во Брисел го започна билатералниот скрининг процес. Македонија од осамостојувањето во 1991 година, јасно и недвосмислено ја изрази својата стратешка определба за полноправно членство во НАТО и ЕУ и со сиот свој административен и општествен капацитет беше посветен да ги постигне овие цели. На вчерашниот состанок обраќања имаа заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Вицепремиерот Маричиќ истакна дека 21 година по потпишувањето на Спогодбата за асоцијација и стабилизација и 17 години како земја-кандидат за ЕУ, со денешниот состанок за отпочнување со скрининг процесот конечно влегуваме во последната фаза од нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ.
Како вицепремиер за европски прашања заедно со мојата институција, Секретаријатот за европски прашања, како главно координативно тело за преговарачкиот процес во Македонија, ќе ги насочиме нашите напори во обезбедување непречен тек на преговарачкиот процес во сите негови аспекти преку мобилизација на администрацијата бидејќи таа се смета за столб на овој процес. Во наредните недели ќе ја финализираме ревизијата на актите за преговарачката структура од 2019 година и ќе ја операционализираме. Почетокот на скринингот, патувањето што денес заеднички го започнуваме со Република Албанија нема да биде лесно. Пристапниот процес бара целосен ангажман, но знаеме дека нема да бидеме сами на овој пат. Сметаме на поддршката од Комисијата и нејзините служби, како наши партнери кои ќе дадат насоки и совети во процесот а ние ќе ги направиме сите напори да обезбедиме непречен тек на преговарачкиот процес во сите негови аспекти, рече Маричиќ.
Во обраќањето на инаугуративниот состанок за процесот на скрининг, министерот за надворешни работи Бујар Османи предочи дека денес ја започнуваме финалната фаза за остварување на првенствениот надворешно-политички приоритет на нашата држава – полноправно членство во Европската унија.
Патот дотука не беше нималку лесен, но денес нема да се навраќаме на минатото, туку нашиот поглед е свртен кон иднината и задачите кои треба да ги исполниме за време на преговарачкиот процес. Конечно, од стартната позиција ја почнуваме трката и отсега ќе зависи од нашите сили и способности – да ги мобилизираме сите наши човечки ресурси и посветено да работиме додека не ги исполниме потребните услови за влез во европското семејство во кое цивилизациски, вредносно и културно припаѓаме, рече Османи.
Владата верува дека новата Методологија, одобрена во март 2022 година, ќе даде нов поттик за пристапните преговори и ќе ја потврди посветеноста на Унијата кон политиката за проширување заедно со заложбите дадени во Солунската агенда и последователните декларации од Софија, Загреб и Брдо. Истовремено очекуваме новата Методологија да ја покаже и докаже на дело својата основна цел - динамизирање на пристапните преговори, забрзана и неповратна трансформација на нашите општества во целосно функционални демократии еднакви на членките на Унијата, конвергенција на нашите економии и намалување на разликите во споредба со оние на земјите-членки на ЕУ, и на регионално и на државно ниво. За таа цел, Владата денес на состанокот предложи да се организираат дополнителни состаноци на техничко ниво со претставници од администрацијата на Македонија, каде што европските служби подетално би презентирале како ќе се применува новата методологија за пристапување. Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство и претставува аналитичка презентација на правото на ЕУ и состојбата во земјата кандидат во однос на него. Поспецифично, како процес, тој има за цел, од една страна - да ги запознае земјите кандидати со правното наследство на Европската Унија и на тој начин да ги подготви за преговорите. Од друга страна, целта е да се овозможи Комисијата и земјите-членки да го оценат степенот на подготвеност на земјите кандидати, да бидат информирани за нивните идни планови и да добијат прелиминарни насоки за прашањата што ќе бидат најактуелни во преговорите. На состанокот за билатералниот скрининг како дел од официјалната делегација присуствуваа и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

The post Започна билатералниот скрининг како дел од официјалниот почеток на преговорите appeared first on Република.

]]>