победнички кандидат Archives - Република https://republika.mk/tema/pobednichki-kandidat/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Mar 2024 13:24:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png победнички кандидат Archives - Република https://republika.mk/tema/pobednichki-kandidat/ 32 32 Маричиќ: Пендаровски е победнички кандидат https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-pendarovski-e-pobednichki-kandidat/ Mon, 04 Mar 2024 13:24:55 +0000 https://republika.mk/?p=751079

Вчера уште еднаш бевме сведоци на лажните пропаганди и напумпани анкети на ДПМНЕ, дека тие биле непобедливи, дека имаат не знам каков рејтинг, дека наспроти СДСМ е 2-1, 3-1.

Но, вчера видовме дека тоа воопшто нема врска со реалноста. Се докажа дека нивните анкети, напумпани и лажни, служат како пропаганден инструмент за храбрење на нивните гласачи. СДСМ вчера покажа една организациона супериорност бидејќи во исто време организиравме и 8- мартовски марш на Форумот на жени во Кавадарци, каде што имаше над 6.000 луѓе, и во исто време собиравме потписи, за неколку часа се собраа преку 22.000, а вечерта имавме конгрес каде ја потврдивме кандидатурата на Пендаровски за втор мандат, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на гостувањето во утринската емисија на Слободен печат.

„Само 3-4.000 потписи имаше Силјановска повеќе, ама тоа е затоа што ние бевме фокусирани на повеќе настани, а ако се фокусиравме само на тоа ќе имавме и повеќе. Она што го видовме на дело е дека СДСМ е во добра партиска кондиција, обединета во делувањето, фокусирана на најбитните прашања и успева да покаже и пред граѓаните и пред сите дека е единствената прогресивна опција која треба да се поддржи“, рече Маричиќ.

Тој потенцираше дека е видлива разликата меѓу Стево Пендаровски, кој покажа дека е претседател на сите граѓани, без ниту една дамка или афера за време на својот мандат, наспроти Силјановска, која е следбеник на Ѓорѓе Иванов со кој тонеше државата 11 години.

ДПМНЕ ја предлага Силјановска, која е наследник на политиките на Иванов, за кој веќе не можеме и да ги доброиме гафовите. Таа објави дека ќе потпишела амнестија за насилниците од 27. април, таа беше потписник за кандидатурата на Иванов и е продолжител на неговите ликот и дело, за кој никој од нас не сакаме да се повтори“, рече Маричиќ.

Маричиќ потенцираше дека многу е важно политиката на ДПМНЕ која е безидејна да биде поразена. Затоа има разлика помеѓу Пендаровски и Силјановска и има разлика помеѓу политиките што нуди СДСМ.

Ние нудиме одговорна политика која што им кажува на граѓаните и нешто што на прв поглед не им се допаѓа, но не ги лажеме граѓаните. Сакаме да им кажеме како стојат работите навистина. Денеска нашата држава е ценет член на меѓународната заедница, ценета членка на НАТО, ценет кандидат за членка на ЕУ. Имаме отворени врати секаде во сите политички семејства и имаме стратешко партнерство со САД кое функционира на дело. Ако влеземе во замката на ДПМНЕ, дека можеме и треба да преговараме во нови услови кои што знаеме дека однапред нема да се реални за преговарање, тогаш ќе се доведеме до една ситуација, како со Грција во 2008. Сите беа на наша страна кога го добивме ветото за НАТО, а со тек на време се помалку имавме поддржувачи бидејќи тогаш нашата политика беше градење на непријателство и тензии со сите соседи наместо градење на пријателство и решавање на проблемите. Доколку водиме одговорна и отворена политика граѓаните ќе ја ценат повеќе отколку да ги лажеме како ДПМНЕ што ги лаже граѓаните дека ќе го врати иметe, рече Маричиќ.

Заблудите на ДПМНЕ скапо сме ги платиле во минатото и ако зборуваме веќе за вистинска љубов кон својот народ и татковината треба да бидеме искрени кон својот народ и татковината и да кажеме дека со заблуди и со лажни планови нема да ги донесеме нашите граѓани на подобро место. Напротив, нема подобра точка од оваа на која што сме сега.

The post Маричиќ: Пендаровски е победнички кандидат appeared first on Република.

]]>

Вчера уште еднаш бевме сведоци на лажните пропаганди и напумпани анкети на ДПМНЕ, дека тие биле непобедливи, дека имаат не знам каков рејтинг, дека наспроти СДСМ е 2-1, 3-1.
Но, вчера видовме дека тоа воопшто нема врска со реалноста. Се докажа дека нивните анкети, напумпани и лажни, служат како пропаганден инструмент за храбрење на нивните гласачи. СДСМ вчера покажа една организациона супериорност бидејќи во исто време организиравме и 8- мартовски марш на Форумот на жени во Кавадарци, каде што имаше над 6.000 луѓе, и во исто време собиравме потписи, за неколку часа се собраа преку 22.000, а вечерта имавме конгрес каде ја потврдивме кандидатурата на Пендаровски за втор мандат, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на гостувањето во утринската емисија на Слободен печат.
„Само 3-4.000 потписи имаше Силјановска повеќе, ама тоа е затоа што ние бевме фокусирани на повеќе настани, а ако се фокусиравме само на тоа ќе имавме и повеќе. Она што го видовме на дело е дека СДСМ е во добра партиска кондиција, обединета во делувањето, фокусирана на најбитните прашања и успева да покаже и пред граѓаните и пред сите дека е единствената прогресивна опција која треба да се поддржи“, рече Маричиќ. Тој потенцираше дека е видлива разликата меѓу Стево Пендаровски, кој покажа дека е претседател на сите граѓани, без ниту една дамка или афера за време на својот мандат, наспроти Силјановска, која е следбеник на Ѓорѓе Иванов со кој тонеше државата 11 години.