победничка Archives - Република https://republika.mk/tema/pobednichka/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Jun 2023 14:13:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png победничка Archives - Република https://republika.mk/tema/pobednichka/ 32 32 Победничка на Вимблдон се мажи за фан кој ѝ побарал селфи на улица https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pobednichka-na-vimbldon-se-mazhi-za-fan-koj-pobaral-selfi-na-ulitsa/ Fri, 02 Jun 2023 14:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=647158

Шпанската тенисерка Габриње Мугуруза се мажи за обожавател кој ѝ побарал „селфи“ на улица. Мугуруза ќе стапи во брак со Артуро Борхес, со кој неодамна сподели заедничка фотографија со натпис: „Веќе ме имавте на „здраво“.

Нејзината приказна е невообичаена од повеќе причини, пред се поради тоа што некогаш најдобрата тенисерка на светот постојано е на пат. Обврските во нејзината професионална кариера бараат таа да не може да се посвети на нешто друго освен на тенисот, за што е потребна голема пожртвуваност и разбирање од партнерот.

Мугуруза сега е на пауза од тенисот, бидејќи нема играно од Австралија опен и Лион, што значи дека е надвор од тенисот веќе подолго време. Шпанскиот весник „Ола“ ги објави деталите за необичната романса која се разви во претходните години и ќе го добие својот убав епилог пред матичар.

„Мојот хотел беше многу блиску до Централ Парк и бидејќи ми беше досадно решив да излезам и да прошетам. Додека одев налетав на него, ми посака среќа на САД Опен и веднаш помислив колку е убав. Ме привлече и тоа што тој не е од светот на тенисот. Ме освои“, откри Мугуруза.

Грен слем шампионката од Ролан Гарос во 2016 година и Вимблдон во 2017 година беше и број еден во светот во 2017 година, а денеска е на 168. место на ВТА листата. Таа во досегашната кариера има освоено десет титули.

The post Победничка на Вимблдон се мажи за фан кој ѝ побарал селфи на улица appeared first on Република.

]]>

Шпанската тенисерка Габриње Мугуруза се мажи за обожавател кој ѝ побарал „селфи“ на улица. Мугуруза ќе стапи во брак со Артуро Борхес, со кој неодамна сподели заедничка фотографија со натпис: „Веќе ме имавте на „здраво“. Нејзината приказна е невообичаена од повеќе причини, пред се поради тоа што некогаш најдобрата тенисерка на светот постојано е на пат. Обврските во нејзината професионална кариера бараат таа да не може да се посвети на нешто друго освен на тенисот, за што е потребна голема пожртвуваност и разбирање од партнерот. Мугуруза сега е на пауза од тенисот, бидејќи нема играно од Австралија опен и Лион, што значи дека е надвор од тенисот веќе подолго време. Шпанскиот весник „Ола“ ги објави деталите за необичната романса која се разви во претходните години и ќе го добие својот убав епилог пред матичар. „Мојот хотел беше многу блиску до Централ Парк и бидејќи ми беше досадно решив да излезам и да прошетам. Додека одев налетав на него, ми посака среќа на САД Опен и веднаш помислив колку е убав. Ме привлече и тоа што тој не е од светот на тенисот. Ме освои“, откри Мугуруза. Грен слем шампионката од Ролан Гарос во 2016 година и Вимблдон во 2017 година беше и број еден во светот во 2017 година, а денеска е на 168. место на ВТА листата. Таа во досегашната кариера има освоено десет титули.

The post Победничка на Вимблдон се мажи за фан кој ѝ побарал селфи на улица appeared first on Република.

]]>