побарувачка Archives - Република https://republika.mk/tema/pobaruvachka/ За подобро да се разбереме Wed, 15 May 2024 10:28:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png побарувачка Archives - Република https://republika.mk/tema/pobaruvachka/ 32 32 Опаѓа побарувачката на нафта https://republika.mk/vesti/svet/opaga-pobaruvachkata-na-nafta/ Wed, 15 May 2024 10:28:45 +0000 https://republika.mk/?p=778265

Глобалната побарувачка на нафта ќе забави од 2,3 милиони барели на 1,1 милиони барели дневно во 2024 година, предвидува Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) во мајскиот извештај.

Прогнозата за 2024 година е намалена за околу 100.000 барели дневно од претходната априлска проценка бидејќи ИЕА гледа дека растот на побарувачката на нафта се враќа на својот историски тренд по екстремната нестабилност во годините на пандемијата и војната во Украина.

Според извештајот, слабата индустриска активност и благите зимски температури ја намалија потрошувачката на енергија во првиот квартал од 2024 година, особено во Европа.

The post Опаѓа побарувачката на нафта appeared first on Република.

]]>

Глобалната побарувачка на нафта ќе забави од 2,3 милиони барели на 1,1 милиони барели дневно во 2024 година, предвидува Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) во мајскиот извештај. Прогнозата за 2024 година е намалена за околу 100.000 барели дневно од претходната априлска проценка бидејќи ИЕА гледа дека растот на побарувачката на нафта се враќа на својот историски тренд по екстремната нестабилност во годините на пандемијата и војната во Украина. Според извештајот, слабата индустриска активност и благите зимски температури ја намалија потрошувачката на енергија во првиот квартал од 2024 година, особено во Европа.

The post Опаѓа побарувачката на нафта appeared first on Република.

]]>
Откако им се намали цената, низ продавниците нема јајца ниту за лек https://republika.mk/vesti/ekonomija/otkako-im-se-namali-tsenata-niz-prodavnitsite-nema-jajtsa-nitu-za-lek/ Tue, 26 Sep 2023 11:47:17 +0000 https://republika.mk/?p=685301

Скопјани последниве неколку денови мака мачат да набават некои основни продукти. Или брзо се трошат, или се носат во мали количини, па кој начека во моментот купува, за веќе после кусо време да нема за другите. Еден таков прехрамбен производ кој по рафтовите во продавниците го нема ниту за лек, се јајцата.

Со денови ги обиколуваме маркетите, но  јајца не можеме никаде да најдаме. Ниту во поголемите, ниту во помалите продавнички, се жалат скопјани.

Живинарските фарми пак нагласуваат дека нивниот аларм дека намалувањето на цените на јајцата ќе резултира со намалување на понудата, се покажа точен.

Намалувањето на цената на јајцата за 10 отсто се одразува врз нашето работење. Не е можно како основа за пресметка на продажната цена да се земе летната цена, која секогаш е пониска од цените во есен и зима. Не се исплаќа производството, тоа се намалува, па логично е и да нема јајца по продавниците. До кога ќе потрае ваквата ситуација не знаеме. Може ќе биде и полошо, со оглед на тоа дека допрва ни доаѓа периодот на зголемена потрошувачка, поради периодот на слави и други прослави, тврдат производителите на јајца.

The post Откако им се намали цената, низ продавниците нема јајца ниту за лек appeared first on Република.

]]>

Скопјани последниве неколку денови мака мачат да набават некои основни продукти. Или брзо се трошат, или се носат во мали количини, па кој начека во моментот купува, за веќе после кусо време да нема за другите. Еден таков прехрамбен производ кој по рафтовите во продавниците го нема ниту за лек, се јајцата. Со денови ги обиколуваме маркетите, но  јајца не можеме никаде да најдаме. Ниту во поголемите, ниту во помалите продавнички, се жалат скопјани. Живинарските фарми пак нагласуваат дека нивниот аларм дека намалувањето на цените на јајцата ќе резултира со намалување на понудата, се покажа точен. Намалувањето на цената на јајцата за 10 отсто се одразува врз нашето работење. Не е можно како основа за пресметка на продажната цена да се земе летната цена, која секогаш е пониска од цените во есен и зима. Не се исплаќа производството, тоа се намалува, па логично е и да нема јајца по продавниците. До кога ќе потрае ваквата ситуација не знаеме. Може ќе биде и полошо, со оглед на тоа дека допрва ни доаѓа периодот на зголемена потрошувачка, поради периодот на слави и други прослави, тврдат производителите на јајца.

The post Откако им се намали цената, низ продавниците нема јајца ниту за лек appeared first on Република.

]]>
ИЕА: Светската потрошувачка на јаглен оваа година ќе биде најголема досега https://republika.mk/vesti/svet/iea-svetskata-potroshuvachka-na-jaglen-ovaa-godina-kje-bide-najgolema-dosega/ Fri, 16 Dec 2022 11:00:52 +0000 https://republika.mk/?p=586411

Глобалната потрошувачка на јаглен оваа година ќе биде најголема досега, и доколку не се интензивираат напорите за транзиција кон економии со ниска потрошувачка на јаглерод, таа ќе остане на слично ниво во следните неколку години, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Високите цени на бензинот по руската инвазија врз Украина и прекините во снабдувањето доведоа до тоа некои земји годинава да се свртат кон релативно поевтиниот јаглен.

Топлотните бранови и сушите во некои региони, исто така ја зголемија побарувачката за електрична енергија и го намалија производството од хидроцентралите, додека производството од нуклеарните централи беше исто така многу слабо, особено во Европа каде Франција мораше да ги затвори нуклеарните реактори заради одржување.

Годишниот извештај на ИЕА за оваа година предвидува раст на глобалната употреба на јаглен за 1,2 отсто, над осум милијарди тони, ниво што е постигнато за прв пат во една година. Претходниот рекорд беше поставен во 2013 година.

Исто така, се проценува дека потрошувачката на јаглен ќе остане непроменета на тоа ниво до 2025 година, бидејќи падот на потрошувачката на развиените пазари се компензира со континуираната силна побарувачка во азиските економии во развој.

Ова значи дека јагленот ќе продолжи да биде убедливо најголемиот единствен извор на емисии на јаглерод диоксид во светскиот енергетски систем.

Најголем раст на побарувачката на јаглен се очекува во Индија и тоа од седум отсто, потоа Европската унија со високи шест отсто и Кина со раст од 0,4 отсто.

Светот е блиску до врвот во употребата на фосилни горива, со јагленот на пат да биде првото фосилно гориво кое ќе се намали, но сè уште не сме таму, изјави Кеисуке Садамори, директорот за енергетски пазари и безбедност на ИЕА.

Побарувачката за јаглен во Европа скокна поради растечкото преминување од гас на јаглен поради високите цени на гасот и откако руските испораки беа драстично намалени.

Но, до 2025 година, европската побарувачка на јаглен се очекува да падне под нивото од 2022 година, се вели во извештајот.

Глобалното производство на електрична енергија од јаглен се очекува да порасне на ново рекордно ниво од околу 10,3 терават часови оваа година, додека производството на јаглен се предвидува да се зголеми за 5,4 отсто на околу 8,3 милијарди тони, исто така на рекордно ниво.

Се очекува производството да достигне врв следната година, но до 2025 година би требало да падне под нивото од 2022 година.

Трите најголеми производители на јаглен – Кина, Индија и Индонезија – соодветно ќе постигнат рекордно производство оваа година, но и покрај високите цени и добрите маржи за производителите на јаглен, нема знаци за зголемени инвестиции во проекти за извоз на јаглен.

The post ИЕА: Светската потрошувачка на јаглен оваа година ќе биде најголема досега appeared first on Република.

]]>

Глобалната потрошувачка на јаглен оваа година ќе биде најголема досега, и доколку не се интензивираат напорите за транзиција кон економии со ниска потрошувачка на јаглерод, таа ќе остане на слично ниво во следните неколку години, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Високите цени на бензинот по руската инвазија врз Украина и прекините во снабдувањето доведоа до тоа некои земји годинава да се свртат кон релативно поевтиниот јаглен. Топлотните бранови и сушите во некои региони, исто така ја зголемија побарувачката за електрична енергија и го намалија производството од хидроцентралите, додека производството од нуклеарните централи беше исто така многу слабо, особено во Европа каде Франција мораше да ги затвори нуклеарните реактори заради одржување. Годишниот извештај на ИЕА за оваа година предвидува раст на глобалната употреба на јаглен за 1,2 отсто, над осум милијарди тони, ниво што е постигнато за прв пат во една година. Претходниот рекорд беше поставен во 2013 година. Исто така, се проценува дека потрошувачката на јаглен ќе остане непроменета на тоа ниво до 2025 година, бидејќи падот на потрошувачката на развиените пазари се компензира со континуираната силна побарувачка во азиските економии во развој. Ова значи дека јагленот ќе продолжи да биде убедливо најголемиот единствен извор на емисии на јаглерод диоксид во светскиот енергетски систем. Најголем раст на побарувачката на јаглен се очекува во Индија и тоа од седум отсто, потоа Европската унија со високи шест отсто и Кина со раст од 0,4 отсто. Светот е блиску до врвот во употребата на фосилни горива, со јагленот на пат да биде првото фосилно гориво кое ќе се намали, но сè уште не сме таму, изјави Кеисуке Садамори, директорот за енергетски пазари и безбедност на ИЕА. Побарувачката за јаглен во Европа скокна поради растечкото преминување од гас на јаглен поради високите цени на гасот и откако руските испораки беа драстично намалени. Но, до 2025 година, европската побарувачка на јаглен се очекува да падне под нивото од 2022 година, се вели во извештајот. Глобалното производство на електрична енергија од јаглен се очекува да порасне на ново рекордно ниво од околу 10,3 терават часови оваа година, додека производството на јаглен се предвидува да се зголеми за 5,4 отсто на околу 8,3 милијарди тони, исто така на рекордно ниво. Се очекува производството да достигне врв следната година, но до 2025 година би требало да падне под нивото од 2022 година. Трите најголеми производители на јаглен – Кина, Индија и Индонезија – соодветно ќе постигнат рекордно производство оваа година, но и покрај високите цени и добрите маржи за производителите на јаглен, нема знаци за зголемени инвестиции во проекти за извоз на јаглен.

The post ИЕА: Светската потрошувачка на јаглен оваа година ќе биде најголема досега appeared first on Република.

]]>