ПМФ Archives - Република https://republika.mk/tema/pmf/ За подобро да се разбереме Wed, 11 May 2022 14:35:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ПМФ Archives - Република https://republika.mk/tema/pmf/ 32 32 Џолев: Барањето на Агим Ислами од случајот „Алфа” ќе се процесуира откако Aпелација ќе одлучи по жалба на сообвинет https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dzolev-baranjeto-na-agim-islami-od-sluchajot-alfa-kje-se-procesuira-otkako-apelacija-kje-odluchi-po-zalba-na-soobvinet/ Wed, 11 May 2022 14:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=501084

Се додека Апелациониот суд – Скопје, не донесе пресуда по жалбата поднесена од обвинетиот Алмир Дрпљанин, Кривичниот суд – Скопје не може да постапува по барањето за повторување на постапката за случајот „Алфа”, поднесено од одбраната на Агим Ислами, осуден на доживотна казна затвор за нападот и убиството на припадник на единицата Алфа во ноември 2008-та година на паркингот пред Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Претседателот на Основен Кривичен суд – Скопје, Иван Џолев, на новинарско прашање дали е разгледано новото вештачење, новите докази поднесени од одбраната на осудениот Ислами, изјави дека во моментот предметот во врска со случајот „Алфа” се наоѓа во Апелациониот суд каде во втор степен треба да се одлучува по жалба на еден од сообвинетите, односно за Алмир Дрпљанин.

Истиот момент кога ќе биде изготвена пресудата во Апелациониот суд, ние ќе постапиме по барањето за повторување на постапката. Ќе го процесуираме, каква ќе биде одлуката не знам. Меѓутоа ќе се постапи по барањето за повторување, ќе се разгледа и доколку има основ ќе донесеме одлука соодветна, истакна Џолев одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста организирана за приемот на осмата генерација слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители.

Јануари годинава од мозочен удар во затворот почина Реџаил Ќерими, кој заедно со Ислами беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-redzail-kjerimi-osuden-na-dozivoten-zatvor-za-napadot-kaj-pmf/

На 26 ноември 2008 година, на паркингот на Математичко-природниот факултет во Скопје, во вооружен напад на полициските „Алфи“ еден припадник загина, а двајца негови колеги со кои бил на патрола беа повредени. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.

The post Џолев: Барањето на Агим Ислами од случајот „Алфа” ќе се процесуира откако Aпелација ќе одлучи по жалба на сообвинет appeared first on Република.

]]>

Се додека Апелациониот суд – Скопје, не донесе пресуда по жалбата поднесена од обвинетиот Алмир Дрпљанин, Кривичниот суд – Скопје не може да постапува по барањето за повторување на постапката за случајот „Алфа”, поднесено од одбраната на Агим Ислами, осуден на доживотна казна затвор за нападот и убиството на припадник на единицата Алфа во ноември 2008-та година на паркингот пред Природно-математичкиот факултет во Скопје. Претседателот на Основен Кривичен суд – Скопје, Иван Џолев, на новинарско прашање дали е разгледано новото вештачење, новите докази поднесени од одбраната на осудениот Ислами, изјави дека во моментот предметот во врска со случајот „Алфа” се наоѓа во Апелациониот суд каде во втор степен треба да се одлучува по жалба на еден од сообвинетите, односно за Алмир Дрпљанин.
Истиот момент кога ќе биде изготвена пресудата во Апелациониот суд, ние ќе постапиме по барањето за повторување на постапката. Ќе го процесуираме, каква ќе биде одлуката не знам. Меѓутоа ќе се постапи по барањето за повторување, ќе се разгледа и доколку има основ ќе донесеме одлука соодветна, истакна Џолев одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста организирана за приемот на осмата генерација слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители.
Јануари годинава од мозочен удар во затворот почина Реџаил Ќерими, кој заедно со Ислами беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-redzail-kjerimi-osuden-na-dozivoten-zatvor-za-napadot-kaj-pmf/ На 26 ноември 2008 година, на паркингот на Математичко-природниот факултет во Скопје, во вооружен напад на полициските „Алфи“ еден припадник загина, а двајца негови колеги со кои бил на патрола беа повредени. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.

The post Џолев: Барањето на Агим Ислами од случајот „Алфа” ќе се процесуира откако Aпелација ќе одлучи по жалба на сообвинет appeared first on Република.

]]>