пловидба Archives - Република https://republika.mk/tema/plovidba/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Aug 2024 07:15:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пловидба Archives - Република https://republika.mk/tema/plovidba/ 32 32 Во прекин пловидбата во Студенчишкиот канал поради прославата на Денот на Армијата https://republika.mk/zivot/servisi/vo-prekin-plovidbata-vo-studenchishkiot-kanal-poradi-proslavata-na-denot-na-armijata/ Sun, 18 Aug 2024 07:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=807615

Пловидбата по Каналот Студенчишта во Охрид денеска ќе биде во прекин, и тоа во периодот од 9:30 до 12 часот, информираат од СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско Eзеро“.

Забраната е воведена поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде што во посочениот период ќе се одржува Централната свеченост по повод 18 Август - Денот на Армијата.

Од СВР Охрид се апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција

The post Во прекин пловидбата во Студенчишкиот канал поради прославата на Денот на Армијата appeared first on Република.

]]>

Пловидбата по Каналот Студенчишта во Охрид денеска ќе биде во прекин, и тоа во периодот од 9:30 до 12 часот, информираат од СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско Eзеро“. Забраната е воведена поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде што во посочениот период ќе се одржува Централната свеченост по повод 18 Август - Денот на Армијата. Од СВР Охрид се апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција

The post Во прекин пловидбата во Студенчишкиот канал поради прославата на Денот на Армијата appeared first on Република.

]]>
Бугарија и Романија ќе бараат европски пари за пловидба на Дунав https://republika.mk/vesti/balkan/bugarija-i-romanija-kje-baraat-evropski-pari-za-plovidba-na-dunav/ Sat, 14 May 2022 16:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=502308

Министерот за транспорт Николај Сабев учествуваше на церемонија на именување на на новоизградениот маневарски брод „Искар“, сопственост на Извршната агенција за „Проучување и поддршка на реката Дунав“, соопшти прес-центарот на Министерството за транспорт.

 

За време на настанот, тој рече дека земјата заедно со Романија ќе бара европски финансиски средства, кои во следните неколку години ќе создадат нормални услови за пловидба по Дунав повеќе денови во годината и со поголем капацитет на бродови.
Ги забрзуваме чекорите кон реално спроведување на мерките поставени во проектот „Брз Дунав“, додаде Сабев, коментирајќи дека треба да се формира бугарско-романска структура која ќе аплицира со заеднички проект за европско финансирање од Механизмот за поврзана Европа.

Министерот објасни дека е време Бугарија да почне ефикасно да ги исполнува своите обврски за одржување на бродската рута, што пак значително ќе ја зголеми економската ефикасност на флотите на Дунав.

„Искар“ е најновата компонента од опремата на Агенцијата, со кој сега ќе може сама да ги врши активностите за продлабочување на реката. Се очекува, по спроведување на потребната обука на екипажот во текот на летото да почнат првите реални активности, информираат од Министерството за транспорт.

The post Бугарија и Романија ќе бараат европски пари за пловидба на Дунав appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт Николај Сабев учествуваше на церемонија на именување на на новоизградениот маневарски брод „Искар“, сопственост на Извршната агенција за „Проучување и поддршка на реката Дунав“, соопшти прес-центарот на Министерството за транспорт.   За време на настанот, тој рече дека земјата заедно со Романија ќе бара европски финансиски средства, кои во следните неколку години ќе создадат нормални услови за пловидба по Дунав повеќе денови во годината и со поголем капацитет на бродови. Ги забрзуваме чекорите кон реално спроведување на мерките поставени во проектот „Брз Дунав“, додаде Сабев, коментирајќи дека треба да се формира бугарско-романска структура која ќе аплицира со заеднички проект за европско финансирање од Механизмот за поврзана Европа. Министерот објасни дека е време Бугарија да почне ефикасно да ги исполнува своите обврски за одржување на бродската рута, што пак значително ќе ја зголеми економската ефикасност на флотите на Дунав. „Искар“ е најновата компонента од опремата на Агенцијата, со кој сега ќе може сама да ги врши активностите за продлабочување на реката. Се очекува, по спроведување на потребната обука на екипажот во текот на летото да почнат првите реални активности, информираат од Министерството за транспорт.

The post Бугарија и Романија ќе бараат европски пари за пловидба на Дунав appeared first on Република.

]]>