плоштад скендербег Archives - Република https://republika.mk/tema/ploshtad-skenderbeg/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 14:19:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плоштад скендербег Archives - Република https://republika.mk/tema/ploshtad-skenderbeg/ 32 32 Владата ќе одвои 20 милиони евра за изградба на нова подземна гаража кај плоштадот Скендербег https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ke-odvoi-20-milioni-evra-za-izgradba-na-nova-podzemna-garazha-kaj-ploshtadot-skenderbeg/ Tue, 26 Nov 2024 14:19:27 +0000 https://republika.mk/?p=841970

Владата на денешната седница донесе одлука да одвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за изградба на нова подземна гаража кај плоштадот Скендербег во Скопје, најави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

Новата гаража, како што кажа на денешната прес-конференција во Владата, ќе има 371 паркинг место распоредени на две подземни нивоа со вкупна површина од повеќе од 13.000 квадратни метри.

Во подземната гаража ќе бидат обезбедени и адекватни паркинг места за лица со посебни потреби. Со таа инвестиција се заокружува плоштадот Скендербег и се демонстрира нашата посветеност кон решавање на инфраструктурните предизвисци со кои се соочува нашиот главен град, Старата скопска чаршија, општина Чаир и општина Центар, рече Меџити.

Нагласи дека изградбата на оваа гаража е од особено значење за чаршијата и за Чаир и ќе го реши долгогодишниот проблем со недостиг на паркинг места во овој дел од градот со што се очекува зголемување на бројот на туристите во Старата чаршија.

Во наредниот период ќе работиме проектот да биде реализиран во најкраток можен рок и со највисок квалитет. Ќе обезбедиме транспарентност и отчетност во сите фази од реализацијата со цел да ги оправдаме довербата и очекувањата на граѓаните, рече Меџити.

Во одговор на прашање рече дека наскоро ќе биде објавен тендерот за изградба и додаде дека очекува градежните работи да почнат на почетокот на следната година.

 

The post Владата ќе одвои 20 милиони евра за изградба на нова подземна гаража кај плоштадот Скендербег appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница донесе одлука да одвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за изградба на нова подземна гаража кај плоштадот Скендербег во Скопје, најави денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. Новата гаража, како што кажа на денешната прес-конференција во Владата, ќе има 371 паркинг место распоредени на две подземни нивоа со вкупна површина од повеќе од 13.000 квадратни метри.
Во подземната гаража ќе бидат обезбедени и адекватни паркинг места за лица со посебни потреби. Со таа инвестиција се заокружува плоштадот Скендербег и се демонстрира нашата посветеност кон решавање на инфраструктурните предизвисци со кои се соочува нашиот главен град, Старата скопска чаршија, општина Чаир и општина Центар, рече Меџити.
Нагласи дека изградбата на оваа гаража е од особено значење за чаршијата и за Чаир и ќе го реши долгогодишниот проблем со недостиг на паркинг места во овој дел од градот со што се очекува зголемување на бројот на туристите во Старата чаршија.
Во наредниот период ќе работиме проектот да биде реализиран во најкраток можен рок и со највисок квалитет. Ќе обезбедиме транспарентност и отчетност во сите фази од реализацијата со цел да ги оправдаме довербата и очекувањата на граѓаните, рече Меџити.
Во одговор на прашање рече дека наскоро ќе биде објавен тендерот за изградба и додаде дека очекува градежните работи да почнат на почетокот на следната година.  

The post Владата ќе одвои 20 милиони евра за изградба на нова подземна гаража кај плоштадот Скендербег appeared first on Република.

]]>
Владата одвои финансиски средства за изградба на катна гаража кај „Скендербег“ https://republika.mk/vesti/skopje/vladata-odvoi-finansiski-sredstva-za-izgradba-na-katna-garazha-kaj-skenderbeg/ Tue, 26 Nov 2024 14:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=841957

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити најави дека Владата донесе одлука да одвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за изградба на подземна катна гаража кај плоштадот „Скендерберг“ во Скопје.

Проектот предвидува изградба на 371 паркинг место, распоредени на две подземни нивоа на површина од повеќе од 13 илјади метри квадратни.

Ваквата одлука била официјализирана на денешната редовна седница на Владата.

Според Меџити, изградбата на ваквиот проект е особено значајна за Старата скопска чаршија и општина Чаир. Добивањето на дозволата за изградба е при крај од Министерството за транспорт, а градежните активности треба да започнат на почетокот на наредната година.

The post Владата одвои финансиски средства за изградба на катна гаража кај „Скендербег“ appeared first on Република.

]]>

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити најави дека Владата донесе одлука да одвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за изградба на подземна катна гаража кај плоштадот „Скендерберг“ во Скопје. Проектот предвидува изградба на 371 паркинг место, распоредени на две подземни нивоа на површина од повеќе од 13 илјади метри квадратни. Ваквата одлука била официјализирана на денешната редовна седница на Владата. Според Меџити, изградбата на ваквиот проект е особено значајна за Старата скопска чаршија и општина Чаир. Добивањето на дозволата за изградба е при крај од Министерството за транспорт, а градежните активности треба да започнат на почетокот на наредната година.

The post Владата одвои финансиски средства за изградба на катна гаража кај „Скендербег“ appeared first on Република.

]]>