плати на наставници Archives - Република https://republika.mk/tema/plati-na-nastavnici/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 07:38:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плати на наставници Archives - Република https://republika.mk/tema/plati-na-nastavnici/ 32 32 Јаневска: Оставија дупка од 5 милијарди денари, безобразно е да ги повикуваат наставниците на протести за повисоки плати https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ostavija-dupka-od-5-milijardi-denari-bezobrazno-e-da-gi-povikuvaat-nastavnitsite-na-protesti-za-povisoki-plati/ Sun, 01 Sep 2024 13:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=811986

Министерката за образование и наука Весна Јаневска смета дека наставниците се во право и си ги бараат и бранат своите права. Целосно, како што вели, застанува на нивна страна. Зголемување на платите и за наставниците и за сите други се планира за следната година штом, како што рече, државата ќе може да го издржи товарот. Денешниот протест на наставниците, според неа, го организира партија, која кога била власт, не обезбедила средства ниту за исплата на плати, а не пак за нивно покачување.

- Недолично е, дозволите да употребам збор, безобразно е, по само два месеца власта која не обезбеди доволно пари да се исплатат платите ги повикува наставниците на протест за нивно покажување. Ние обезбедивме огромни средства да им ги исплатиме платите. Оттука сметам дека ова е крајна манипулација на наставниците кои до само пред два месеца ги водеа, рече Јаневска.

Според неа, ставот за платите на наставниците го соопштила неколку пати во јавноста, а тоа е дека покачување се предвидува во 2025 година.

- Годинава, поради огромната наследена дупка во буџетот на МОН во износ од 5 милијарди денари, немаме можност веднаш да реагираме. Со ребалансот месецов, обезбедивме средства за нормален тек на исплатата на постојните права за кои немаше пари, за исплата на стипендии, субвенциониран оброк, превоз, плати во образованието, освоени награди и така таму. Сосема е разбирливо дека наставниците се во право, тие си ги бараат и бранат своите права и целосно застанувам на нивна страна. Апелирам, да издржиме краток период и заедно да ја пребродиме кризата која е резултат на лошото и несовесно менаџирање  на парите од претходното раководство и уверувам дека сé ќе биде подобро за неколку месеци, рече министерката Јаневска на прес-сконференција.

Социјалниот дијалог, најави таа, продолжува.

- Во првиот момент кога ќе може државата да го издржи товарот на покачувањето на платите не само на наставниците и на другите, ние тоа ќе го направиме, рече таа.

Денеска пред Министерството за образование и наука се одржа протест организиран од страна на СДСМ под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/chlenovite-na-sonk-ne-dozvolija-sdsm-da-gi-zavede-filipche-i-20-partiski-aktivisti-protestiraa-pred-mon/

Од протестот се оградија од Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК).

https://republika.mk/vesti/makedonija/shamar-za-sdsm-sonk-se-ograduva-od-sekakov-vid-na-politichki-vlijanija-i-nema-da-uchestvuvaat-na-nikakvi-partiski-organizirani-protesti/

The post Јаневска: Оставија дупка од 5 милијарди денари, безобразно е да ги повикуваат наставниците на протести за повисоки плати appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска смета дека наставниците се во право и си ги бараат и бранат своите права. Целосно, како што вели, застанува на нивна страна. Зголемување на платите и за наставниците и за сите други се планира за следната година штом, како што рече, државата ќе може да го издржи товарот. Денешниот протест на наставниците, според неа, го организира партија, која кога била власт, не обезбедила средства ниту за исплата на плати, а не пак за нивно покачување.
- Недолично е, дозволите да употребам збор, безобразно е, по само два месеца власта која не обезбеди доволно пари да се исплатат платите ги повикува наставниците на протест за нивно покажување. Ние обезбедивме огромни средства да им ги исплатиме платите. Оттука сметам дека ова е крајна манипулација на наставниците кои до само пред два месеца ги водеа, рече Јаневска.
Според неа, ставот за платите на наставниците го соопштила неколку пати во јавноста, а тоа е дека покачување се предвидува во 2025 година.
- Годинава, поради огромната наследена дупка во буџетот на МОН во износ од 5 милијарди денари, немаме можност веднаш да реагираме. Со ребалансот месецов, обезбедивме средства за нормален тек на исплатата на постојните права за кои немаше пари, за исплата на стипендии, субвенциониран оброк, превоз, плати во образованието, освоени награди и така таму. Сосема е разбирливо дека наставниците се во право, тие си ги бараат и бранат своите права и целосно застанувам на нивна страна. Апелирам, да издржиме краток период и заедно да ја пребродиме кризата која е резултат на лошото и несовесно менаџирање  на парите од претходното раководство и уверувам дека сé ќе биде подобро за неколку месеци, рече министерката Јаневска на прес-сконференција.
Социјалниот дијалог, најави таа, продолжува.
- Во првиот момент кога ќе може државата да го издржи товарот на покачувањето на платите не само на наставниците и на другите, ние тоа ќе го направиме, рече таа.
Денеска пред Министерството за образование и наука се одржа протест организиран од страна на СДСМ под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите“. https://republika.mk/vesti/makedonija/chlenovite-na-sonk-ne-dozvolija-sdsm-da-gi-zavede-filipche-i-20-partiski-aktivisti-protestiraa-pred-mon/ Од протестот се оградија од Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК). https://republika.mk/vesti/makedonija/shamar-za-sdsm-sonk-se-ograduva-od-sekakov-vid-na-politichki-vlijanija-i-nema-da-uchestvuvaat-na-nikakvi-partiski-organizirani-protesti/

The post Јаневска: Оставија дупка од 5 милијарди денари, безобразно е да ги повикуваат наставниците на протести за повисоки плати appeared first on Република.

]]>
Членовите на СОНК не дозволија СДСМ да ги заведе: Филипче и 20 партиски активисти протестираа пред МОН https://republika.mk/vesti/makedonija/chlenovite-na-sonk-ne-dozvolija-sdsm-da-gi-zavede-filipche-i-20-partiski-aktivisti-protestiraa-pred-mon/ Sun, 01 Sep 2024 12:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=811983

Десетина наставици излегоа на протестот на просветните работници што го организира СДСМ.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија - СОНК, како најголем синдикат за образование и наука, во кој членуваат над 20 000 просветни работници, уште вчера најави дека членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот.

Денешниот протест, на кој се обрати и претседателот на СДСМ Венко Филипче, за ВМРО-ДПМНЕ бил „фијаско“.

Фијаско на СДС пред МОН, само дваесетина активисти на партијата дојдоа на најавениот голем партиски протест. Филипче ја нема поддршката ниту на своите членови, а не пак на народот, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов за протестот на наставниците поттикнат од СДСМ.

Ако СДСМ беше на власт ќе имаше пари и за покачување на плати и за почитување на сите колективни договори. Никој не верува дека нема пари за покачување на платите на наставниците за 12%. Гледаме дека има пари за нови четири министерства и цела армија партиски вработувања, има пари за луксузирања со скапи авионски карти, има пари измислување на нови директорски места во Царина и така натаму.

Буџетот има пари, но платите не се приоритет. Ако имаше средства во времето на СДСМ, и тоа во најголемите светски кризи, здравствена, економска, енергетска како нема пари овој септември за да се покачат платите на просветните работници, изјави Филипче од Паркот на новинарите кај МОН.

За ВМРО-ДПМНЕ, пак, фактите се други. Според Попов, факт и реалност е дека СДС беше на власт до пред 2 месеци.

Тие ги имаа сите можности да ги зголемат платите на наставниците и тоа не го направија. Наставниците знаат дека од СДС се лицемерни, вели во изјавата Попов.

Овој собир пред почетокот на учебната година е алармирање на власта за погрешните политики во образованието.

Апелирам Владата да се соземе и сфати дека без редовно покачување на платите, во услови кога цените растат и тие не ги контролираат како тоа што го правеше СДСМ, животниот стандард ќе паѓа. Економијата нема да расте како што најавуваат и ќе создадат се потежок живот за граѓаните и работниците, изјави Филипче, на што Попов одговори дека наставниот кадар не наседнал на политиканството на СДС.

Кога СДС беа на власт платите доцнеа, направија хаос со програмите, ги деградираа наставниците. Сега сето тоа е различно ВМРО-ДПМНЕ го враќа дигнитетот на наставниот кадар, а платите ќе се зголемат од март 2025 година. Наставниците ја гледаат посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Наставниот кадар ќе добие зголемување на платите во првата година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, многу нови инвестиции во образованието и подобрување  на неговиот квалитет“, вели Попов.

The post Членовите на СОНК не дозволија СДСМ да ги заведе: Филипче и 20 партиски активисти протестираа пред МОН appeared first on Република.

]]>

Десетина наставици излегоа на протестот на просветните работници што го организира СДСМ. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија - СОНК, како најголем синдикат за образование и наука, во кој членуваат над 20 000 просветни работници, уште вчера најави дека членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот. Денешниот протест, на кој се обрати и претседателот на СДСМ Венко Филипче, за ВМРО-ДПМНЕ бил „фијаско“.
Фијаско на СДС пред МОН, само дваесетина активисти на партијата дојдоа на најавениот голем партиски протест. Филипче ја нема поддршката ниту на своите членови, а не пак на народот, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов за протестот на наставниците поттикнат од СДСМ. Ако СДСМ беше на власт ќе имаше пари и за покачување на плати и за почитување на сите колективни договори. Никој не верува дека нема пари за покачување на платите на наставниците за 12%. Гледаме дека има пари за нови четири министерства и цела армија партиски вработувања, има пари за луксузирања со скапи авионски карти, има пари измислување на нови директорски места во Царина и така натаму. Буџетот има пари, но платите не се приоритет. Ако имаше средства во времето на СДСМ, и тоа во најголемите светски кризи, здравствена, економска, енергетска како нема пари овој септември за да се покачат платите на просветните работници, изјави Филипче од Паркот на новинарите кај МОН.
За ВМРО-ДПМНЕ, пак, фактите се други. Според Попов, факт и реалност е дека СДС беше на власт до пред 2 месеци.
Тие ги имаа сите можности да ги зголемат платите на наставниците и тоа не го направија. Наставниците знаат дека од СДС се лицемерни, вели во изјавата Попов.
Овој собир пред почетокот на учебната година е алармирање на власта за погрешните политики во образованието.
Апелирам Владата да се соземе и сфати дека без редовно покачување на платите, во услови кога цените растат и тие не ги контролираат како тоа што го правеше СДСМ, животниот стандард ќе паѓа. Економијата нема да расте како што најавуваат и ќе создадат се потежок живот за граѓаните и работниците, изјави Филипче, на што Попов одговори дека наставниот кадар не наседнал на политиканството на СДС. Кога СДС беа на власт платите доцнеа, направија хаос со програмите, ги деградираа наставниците. Сега сето тоа е различно ВМРО-ДПМНЕ го враќа дигнитетот на наставниот кадар, а платите ќе се зголемат од март 2025 година. Наставниците ја гледаат посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ. Наставниот кадар ќе добие зголемување на платите во првата година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, многу нови инвестиции во образованието и подобрување  на неговиот квалитет“, вели Попов.

The post Членовите на СОНК не дозволија СДСМ да ги заведе: Филипче и 20 партиски активисти протестираа пред МОН appeared first on Република.

]]>
Наставниците во март следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата https://republika.mk/vesti/makedonija/nastavnitsite-vo-mart-slednata-godina-ke-dobijat-12-otsto-pokachuvane-na-plata/ Thu, 08 Aug 2024 11:33:25 +0000 https://republika.mk/?p=804562

Согласно тоа како се движи бруто-домашниот производ (БДП) и согласно колективниот договор, наставниците во март идната година ќе добијат околу 12 проценти покачување на платата, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарски прашања за време на увидот на спортска сала во Булачани, Јаневска рече дека имала две конструктивни средби со СОНК, како и со група наставници.

-Со СОНК остварив две средби. Можам да кажам дека имавме конструктивни средби и големо разбирање, но не само со СОНК, туку и поединечно со групи на наставници. Јас ги замолив и пред изборите и по изборите да имаат малку трпение. Знам што значи плата, и знам што значи да се живее од плата, но вие го знаете долгот на Министерството, го знаете долгот на државата така што за оваа година ние навистина немаме можности да преземеме некаква сериозна активност во тој правец, а јас како министер не можам да дозволам на моите наставници да им се покачи платата за 200-300 денари. Простете што велам мои, но јас сум одговорна за нив и тие се мои. Но, направени се сериозни разговори во Владата и со министерката за финансии и тие во март следната година ќе добијат според тоа како се движи БДП и според колективниот договор покачување од 10-12 проценти. Мислам дека тоа ќе биде 12 проценти покачување на платата, рече Јаневска.

Министерката Јаневска минатиот месец изјави дека ќе направат максимални напори платите на наставниците постепено да растат, изразувајќи уверување дека до крајот на мандатот ќе се потпише и нов колективен договор за основно и за средно образование.

The post Наставниците во март следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата appeared first on Република.

]]>

Согласно тоа како се движи бруто-домашниот производ (БДП) и согласно колективниот договор, наставниците во март идната година ќе добијат околу 12 проценти покачување на платата, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарски прашања за време на увидот на спортска сала во Булачани, Јаневска рече дека имала две конструктивни средби со СОНК, како и со група наставници.
-Со СОНК остварив две средби. Можам да кажам дека имавме конструктивни средби и големо разбирање, но не само со СОНК, туку и поединечно со групи на наставници. Јас ги замолив и пред изборите и по изборите да имаат малку трпение. Знам што значи плата, и знам што значи да се живее од плата, но вие го знаете долгот на Министерството, го знаете долгот на државата така што за оваа година ние навистина немаме можности да преземеме некаква сериозна активност во тој правец, а јас како министер не можам да дозволам на моите наставници да им се покачи платата за 200-300 денари. Простете што велам мои, но јас сум одговорна за нив и тие се мои. Но, направени се сериозни разговори во Владата и со министерката за финансии и тие во март следната година ќе добијат според тоа како се движи БДП и според колективниот договор покачување од 10-12 проценти. Мислам дека тоа ќе биде 12 проценти покачување на платата, рече Јаневска.
Министерката Јаневска минатиот месец изјави дека ќе направат максимални напори платите на наставниците постепено да растат, изразувајќи уверување дека до крајот на мандатот ќе се потпише и нов колективен договор за основно и за средно образование.

The post Наставниците во март следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата appeared first on Република.

]]>
Владата да запре со притисоците кон СОНК и во целост да ги исполни нивните барања https://republika.mk/vesti/makedonija/ladata-da-zapre-so-pritisocite-kon-sonk-i-vo-celost-da-gi-ispolni-nivnite-baranja/ Mon, 25 Apr 2022 13:15:23 +0000 https://republika.mk/?p=493361

Продолжуваат притисоците од Владата кон образовниот кадар. Продолжуваат срамните манипулации од СДСМ дека тие инвестирале во образовниот процес. Токму експериментите на СДСМ го урнаа образовниот процес и го нарушија угледот на просветните работници. Во овој момент додека СДСМ вели дека го штити достоинството на образованието Владата пак преводена од СДСМ спроведува најбрутални закани и притисоци кон оние што го користат правото на штрајк.

Дополнително, на површина излегува сета политизираност и партизација на Сојузот на синдикати. Димовски како синдикален лидер, за каков што се претставува, застана во одбрана на Владата наместо да ги штити правата на работниците, oбјаснува Марија Митева, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=-v4hk3KdPnY

Според неа, уцените, притисоците и заканите не и успеаја на власта да го скрши штрајкот на СОНК, па сега преку омилениот синдикалец Дарко Димовски измисли социјален дијалог преку кои се обидуваат да ги измамат наставниците, професорите и воспитувачките.

Владата на Ковачевски треба да ги прифати барањата на СОНК, а не да се обидува преку нивниот омилен синдикалец да прави квази договори.

Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник. Во средните училишта од сегашните 25.000 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.000 денари.

Ја повикуваме власта да им излезе во пресрет на барањата на просветните работници кои се во генерален штрајк повеќе од две недели и учениците да се вратат во школските клупи, а професорите и наставниците на нивните работни места.

The post Владата да запре со притисоците кон СОНК и во целост да ги исполни нивните барања appeared first on Република.

]]>

Продолжуваат притисоците од Владата кон образовниот кадар. Продолжуваат срамните манипулации од СДСМ дека тие инвестирале во образовниот процес. Токму експериментите на СДСМ го урнаа образовниот процес и го нарушија угледот на просветните работници. Во овој момент додека СДСМ вели дека го штити достоинството на образованието Владата пак преводена од СДСМ спроведува најбрутални закани и притисоци кон оние што го користат правото на штрајк. Дополнително, на површина излегува сета политизираност и партизација на Сојузот на синдикати. Димовски како синдикален лидер, за каков што се претставува, застана во одбрана на Владата наместо да ги штити правата на работниците, oбјаснува Марија Митева, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/watch?v=-v4hk3KdPnY Според неа, уцените, притисоците и заканите не и успеаја на власта да го скрши штрајкот на СОНК, па сега преку омилениот синдикалец Дарко Димовски измисли социјален дијалог преку кои се обидуваат да ги измамат наставниците, професорите и воспитувачките.
Владата на Ковачевски треба да ги прифати барањата на СОНК, а не да се обидува преку нивниот омилен синдикалец да прави квази договори.
Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник. Во средните училишта од сегашните 25.000 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.000 денари.
Ја повикуваме власта да им излезе во пресрет на барањата на просветните работници кои се во генерален штрајк повеќе од две недели и учениците да се вратат во школските клупи, а професорите и наставниците на нивните работни места.

The post Владата да запре со притисоците кон СОНК и во целост да ги исполни нивните барања appeared first on Република.

]]>
Власта има пари за кафиња и ручеци, а нема за зголемување на платите на наставниците https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ima-pari-za-kafinja-i-rucheci-a-nema-za-zgolemuvanje-na-platite-na-nastavnicite/ Tue, 19 Apr 2022 06:42:11 +0000 https://republika.mk/?p=490291

СДСМ се лицемерни. Едно говореа пред неколку години, друго прават сега. Тогаш велеа дека е загарантирано со Устав правото на штрајк на вработените во образованието, а сега со закани, уцени и притисоци се обидуваат да го угушат штрајкот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во исто време трошат милиони евра на луксузирања, кафиња, цвеќиња, службени возила и криминални физибилити студии, а на наставниците им нудат само 10% покачување на платите и говорат дека нема пари.

Штрајкот на просветарите е логичен, до толку повеќе што ги бараат правата согласно колективен договор.

Патем понудата на власта е потценувачка ако се име предвид дека во овој краток период лебот поскапи за 110%, маслото за јадење за над 100%, горивата за 80%, струјата за 30% и сите останати животни трошоци од 30 до 50%.

Власта на СДСМ и ДУИ штедат на народот, за да имаат повеќе пари за криминални тендери и договори во 4 очи, стои во партиското соопштение

The post Власта има пари за кафиња и ручеци, а нема за зголемување на платите на наставниците appeared first on Република.

]]>

СДСМ се лицемерни. Едно говореа пред неколку години, друго прават сега. Тогаш велеа дека е загарантирано со Устав правото на штрајк на вработените во образованието, а сега со закани, уцени и притисоци се обидуваат да го угушат штрајкот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Во исто време трошат милиони евра на луксузирања, кафиња, цвеќиња, службени возила и криминални физибилити студии, а на наставниците им нудат само 10% покачување на платите и говорат дека нема пари.
Штрајкот на просветарите е логичен, до толку повеќе што ги бараат правата согласно колективен договор. Патем понудата на власта е потценувачка ако се име предвид дека во овој краток период лебот поскапи за 110%, маслото за јадење за над 100%, горивата за 80%, струјата за 30% и сите останати животни трошоци од 30 до 50%. Власта на СДСМ и ДУИ штедат на народот, за да имаат повеќе пари за криминални тендери и договори во 4 очи, стои во партиското соопштение

The post Власта има пари за кафиња и ручеци, а нема за зголемување на платите на наставниците appeared first on Република.

]]>