плати администрација Archives - Република https://republika.mk/tema/plati-administracija/ За подобро да се разбереме Tue, 04 Jul 2023 07:14:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плати администрација Archives - Република https://republika.mk/tema/plati-administracija/ 32 32 Платите во јавниот сектор утре ќе ги договора работна група од ЕСС, синдикатот бара покачување од 14,2 отсто https://republika.mk/vesti/ekonomija/platite-vo-javniot-sektor-utre-ke-gi-dogovora-rabotna-grupa-od-ess-sindikatot-bara-pokachuvane-od-14-2-otsto/ Tue, 04 Jul 2023 07:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=657886

Преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор треба да продолжат утре во формат на работна група, откако на вчерашната седница на Економско-социјалниот совет не беше постигнат договор за методологијата за пораст на платите, но како што информираа синдикалните претставници има поместување од страна на Владата и Министерството за финансии во поглед на нивните предлози и забелешки.

Ставот на Владата е дека ќе поддржат кое било решение што ќе биде системско и одржливо за да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на јавниот сектор.

Предлогот  што го изнеле вчера синдикатите е инфлацијата која минатата година беше 14,2 проценти да биде основен параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор, а сите да добијат процентуално зголемување на платите. Тие доставиле и предлог со кој бараат платите на избраните и именуваните лица да се вратат на ниво како пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на нивните плати да биде исто како за другите вработени во јавниот сектор, информираше претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов.

Според Трендафилов, во прашање се нијанси, но, се уште се далеку од договор.

-Прифатлив е моделот од две и пол години за да добиеме методологија како во делот на минималната плата со тоа што ќе имаме просечна плата по коефициент на сложеност по истекот на две години, но како ССМ сметаме дека доколку од септември се случи тоа, да почне примената на Општиот колективен договор за јавен сектор, функционерските плати треба да се вратат на нивото пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив, така и за работниците, информира Трендафилов.

За претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков формулата просечна плата по коефициент на сложеност на работно место е моделот што треба да се применува во наредниот период.

- Тоа што не интересира како СОНК и како Конфедерација на слободни синдикати е периодот на усогласување на платите. Не зборуваме за зголемување, туку за усогласување на плати. Тоа ние мораме оваа година да го компензираме за да дојдеме на исто ниво од лани. Во спротивно, секакво усогласување на плати под овие проценти би значело свесно уназадување на нашиот буџет. Тоа сигурно нема да го прифатиме и мора да го сработиме сето во текот на 2023 година, изјави Неделков

Според него, транзицискиот период на усогласување во 2024 и 2025 година би бил прифатлив кога ќе биде договорена динамиката за усогласување на платите согласно постоечките колективни договори.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) Марјан Ристески, пак, рече дека Владата понудила методологија и покачување на платите за 5,3 проценти, што истакна, е неприфатливо.

-Македонскиот работник го интересира да кажат колку сега во моментов ќе му се покачи плата. Тоа што се предлага за 2025 или за 2028 година, до тогаш можеби 30 отсто од тие ќе одат во пензија, другите ќе ја напуштат државата, за кого ќе важи оваа методологија, изјави денеска Ристески пред почетокот на седницата на Економско-социјалниот совет што се одржа во Владата.

Ристевски рече дека тие бараат конкретно да знаат колку ќе биде покачувањето за да можат да ги известат работниците точно колку плата ќе имаат во сите засегнати сектори.

Од Министерството за труд и социјална по седницата на ЕСС најавија дека дијалогот за пораст на платите во јавниот сектор продолжува, а целта е креирање на одржлив и праведен систем за сите.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е оптимист дека ќе се најде решение за методологијата за раст на платите во јавниот сектор, но порача дека тоа мора да биде системско и одржливо, не само во корист на вработените во јавниот сектор, туку и во полза на граѓаните кои добиваат јавни услуги.

За него е нејасно од каде се излезени 14-те проценти кои синдикатите бараат да бидат основен параметар за зголемувањето на платите.

Барањето платите на избраните и именуваните лица да се вратат на ниво како пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за работниците, така и за функционерите денеска е прв пат ставено на маса.

-Не знам од каде се излезени 14-те проценти. На Економско-социјалниот совет денеска, во помал состав, без работодавачите, зборувавме за методологијата за платите во јавниот сектор која се обидувавме да ја усогласиме. Методологија базира на просечната плата помножена со коефициент, со период на прилагодување за да дојдеме до тој модел. Секако, во среда продолжуваат разговорите во формат на работни групи и кое било решение што сметаме дека е системско и одржливо за да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на јавниот сектор, а тоа се задоволни граѓани од услугите од јавниот сектор, ќе го поддржиме. Сметам дека дискусијата за платите на функционерите,  1060 наспроти 136 000, не е работа на дискусија. Секако, решението што ќе го дадеме ќе биде аплицирано за сите, а што е тоа, ќе можеме да го кажеме кога ќе го постигнеме преку дијалог. Преку дијалог ќе дискутираме, прв пат денеска беше даден на маса таков предлог. Треба да видиме што значи тоа вистински. Има институции кои немаат синдикати и треба сеопфатно да се дискутира дали и каков модел би требало да аплицираме, нагласи Битиќи.

Според него, синдикалците не бараат решение со аплицирање една методологија, туку велат „за помалку платените работни места да биде поголемо зголемувањето, за повеќе платените да биде помало“.

-Моделот денеска што го претставивме - споредбено, септември оваа година со септември лани, зголемувањето е далеку над процентот на инфлација што го имавме минатата година и затоа е тоа работа на дискусија. Ќе се разговара во среда, во четврток, во петок, за да се најде решение. Мислам дека ќе се најде решение, најдобро во овој момент за сите во јавниот сектор, но и за сите во државата, подвлече вицепремиерот Битиќи. 

Министерот за финансии Фатмир Бесими викендот на брифинг со медиумите кажа дека е свесен за социоекономскиот притисок, но оти капацитетите на Буџетот се веќе познати, за плати во јавниот сектор се одвојуваат  960 милиони евра,  а 10 проценти ќе значи речиси дополнителни 100 милиони евра.  - Затоа зборувам дека одиме кон решение, затоа ни треба транзициски период, рече Бесими.

Според соопштението од МТСП, на вчерашниот состанок социјалните партнери се договориле понатамошните преговори за методологијата за пораст на платите во јавниот сектор да се одвива во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, а ќе излезе со предлози до следната седница на ЕСС.

Средбата ќе се одржи во Министерството за финансии со почеток во 9 часот.

The post Платите во јавниот сектор утре ќе ги договора работна група од ЕСС, синдикатот бара покачување од 14,2 отсто appeared first on Република.

]]>

Преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор треба да продолжат утре во формат на работна група, откако на вчерашната седница на Економско-социјалниот совет не беше постигнат договор за методологијата за пораст на платите, но како што информираа синдикалните претставници има поместување од страна на Владата и Министерството за финансии во поглед на нивните предлози и забелешки. Ставот на Владата е дека ќе поддржат кое било решение што ќе биде системско и одржливо за да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на јавниот сектор. Предлогот  што го изнеле вчера синдикатите е инфлацијата која минатата година беше 14,2 проценти да биде основен параметар со кој ќе се зголемат платите во јавниот сектор, а сите да добијат процентуално зголемување на платите. Тие доставиле и предлог со кој бараат платите на избраните и именуваните лица да се вратат на ниво како пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на нивните плати да биде исто како за другите вработени во јавниот сектор, информираше претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов. Според Трендафилов, во прашање се нијанси, но, се уште се далеку од договор. -Прифатлив е моделот од две и пол години за да добиеме методологија како во делот на минималната плата со тоа што ќе имаме просечна плата по коефициент на сложеност по истекот на две години, но како ССМ сметаме дека доколку од септември се случи тоа, да почне примената на Општиот колективен договор за јавен сектор, функционерските плати треба да се вратат на нивото пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за нив, така и за работниците, информира Трендафилов. За претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков формулата просечна плата по коефициент на сложеност на работно место е моделот што треба да се применува во наредниот период. - Тоа што не интересира како СОНК и како Конфедерација на слободни синдикати е периодот на усогласување на платите. Не зборуваме за зголемување, туку за усогласување на плати. Тоа ние мораме оваа година да го компензираме за да дојдеме на исто ниво од лани. Во спротивно, секакво усогласување на плати под овие проценти би значело свесно уназадување на нашиот буџет. Тоа сигурно нема да го прифатиме и мора да го сработиме сето во текот на 2023 година, изјави Неделков Според него, транзицискиот период на усогласување во 2024 и 2025 година би бил прифатлив кога ќе биде договорена динамиката за усогласување на платите согласно постоечките колективни договори. Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) Марјан Ристески, пак, рече дека Владата понудила методологија и покачување на платите за 5,3 проценти, што истакна, е неприфатливо. -Македонскиот работник го интересира да кажат колку сега во моментов ќе му се покачи плата. Тоа што се предлага за 2025 или за 2028 година, до тогаш можеби 30 отсто од тие ќе одат во пензија, другите ќе ја напуштат државата, за кого ќе важи оваа методологија, изјави денеска Ристески пред почетокот на седницата на Економско-социјалниот совет што се одржа во Владата. Ристевски рече дека тие бараат конкретно да знаат колку ќе биде покачувањето за да можат да ги известат работниците точно колку плата ќе имаат во сите засегнати сектори. Од Министерството за труд и социјална по седницата на ЕСС најавија дека дијалогот за пораст на платите во јавниот сектор продолжува, а целта е креирање на одржлив и праведен систем за сите. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е оптимист дека ќе се најде решение за методологијата за раст на платите во јавниот сектор, но порача дека тоа мора да биде системско и одржливо, не само во корист на вработените во јавниот сектор, туку и во полза на граѓаните кои добиваат јавни услуги. За него е нејасно од каде се излезени 14-те проценти кои синдикатите бараат да бидат основен параметар за зголемувањето на платите. Барањето платите на избраните и именуваните лица да се вратат на ниво како пред одлуката на Уставниот суд и зголемувањето на платите да биде како за работниците, така и за функционерите денеска е прв пат ставено на маса. -Не знам од каде се излезени 14-те проценти. На Економско-социјалниот совет денеска, во помал состав, без работодавачите, зборувавме за методологијата за платите во јавниот сектор која се обидувавме да ја усогласиме. Методологија базира на просечната плата помножена со коефициент, со период на прилагодување за да дојдеме до тој модел. Секако, во среда продолжуваат разговорите во формат на работни групи и кое било решение што сметаме дека е системско и одржливо за да ја зголеми ефикасноста, продуктивноста и ефективноста на јавниот сектор, а тоа се задоволни граѓани од услугите од јавниот сектор, ќе го поддржиме. Сметам дека дискусијата за платите на функционерите,  1060 наспроти 136 000, не е работа на дискусија. Секако, решението што ќе го дадеме ќе биде аплицирано за сите, а што е тоа, ќе можеме да го кажеме кога ќе го постигнеме преку дијалог. Преку дијалог ќе дискутираме, прв пат денеска беше даден на маса таков предлог. Треба да видиме што значи тоа вистински. Има институции кои немаат синдикати и треба сеопфатно да се дискутира дали и каков модел би требало да аплицираме, нагласи Битиќи. Според него, синдикалците не бараат решение со аплицирање една методологија, туку велат „за помалку платените работни места да биде поголемо зголемувањето, за повеќе платените да биде помало“. -Моделот денеска што го претставивме - споредбено, септември оваа година со септември лани, зголемувањето е далеку над процентот на инфлација што го имавме минатата година и затоа е тоа работа на дискусија. Ќе се разговара во среда, во четврток, во петок, за да се најде решение. Мислам дека ќе се најде решение, најдобро во овој момент за сите во јавниот сектор, но и за сите во државата, подвлече вицепремиерот Битиќи.  Министерот за финансии Фатмир Бесими викендот на брифинг со медиумите кажа дека е свесен за социоекономскиот притисок, но оти капацитетите на Буџетот се веќе познати, за плати во јавниот сектор се одвојуваат  960 милиони евра,  а 10 проценти ќе значи речиси дополнителни 100 милиони евра.  - Затоа зборувам дека одиме кон решение, затоа ни треба транзициски период, рече Бесими. Според соопштението од МТСП, на вчерашниот состанок социјалните партнери се договориле понатамошните преговори за методологијата за пораст на платите во јавниот сектор да се одвива во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, а ќе излезе со предлози до следната седница на ЕСС. Средбата ќе се одржи во Министерството за финансии со почеток во 9 часот.

The post Платите во јавниот сектор утре ќе ги договора работна група од ЕСС, синдикатот бара покачување од 14,2 отсто appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор https://republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-sotsijalnite-partneri-postignaa-znachitelen-napredok-vo-pregovorite-za-rast-na-platite-vo-javen-sektor/ Thu, 29 Jun 2023 17:00:19 +0000 https://republika.mk/?p=656575

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска претседаваше со единаесетата седница на Економско социјалниот совет.

На седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, Размена Чекиќ – Дуровиќ, државна секретарка на Министерството за економија, членови на претставници на синдикатите, членови на претставници на работодавачите и претставници на институциите.

Седницата започна со едноминутно молчење и оддавање на почит кон прерано починатиот, Дарко Димовски, Претседател на Сојузот на Синдикати на Република Македонија.

На седницата од страна на претставниците на Владата беше презентиранa Методологија за пораст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период од 2023 - 2025 година односно зголемување на платите во период од 2.5 години.

По конструктивна дискусија помеѓу социјалните партнери во однос на предлогот, се донесе заклучок дека периодот на транзиција од 2.5 години е прифатлив, а владините претставници ќе направат нови симулации согласно понудените предлози од страна на синдикатите.

Социјалните партнери се согласија за продолжување на седницата на Економско социјалниот совет во понеделник, на која што ќе се разгледуваат новите понудени предлози за пресметка на платата на вработените во јавниот сектор.

The post Тренчевска: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор appeared first on Република.

Интензивно се преговара за системско решение за платите на административците, но Бесими не знае кога и како ќе завршат преговорите https://republika.mk/vesti/ekonomija/intenzivno-se-pregovara-za-sistemsko-reshenie-za-platite-na-administrativtsite-no-besimi-ne-znae-koga-i-kako-ke-zavrshat-pregovorite/ Wed, 14 Jun 2023 12:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=651340

За сите вработени во јавниот сектор ќе се воспостави методологија за плати која ќе биде системско решение и гарантирано право на вработените во јавниот сектор во однос на заштита од инфлација и следење на продуктивноста на економијата, односно конкурентноста на стопанството, повтори денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Нагласи дека интензивно се дискутира за методологијата за плати во јавниот сектор што ќе биде системско решени и тоа што ќе биде договорено со синдикатите ќе важи за сите. Додаде дека не може да прејудицира кога и како ќе завршат преговорите. Откако ќе завршат преговорите најави дека ќе треба одреден транзициски период за да се имплементира решението во Буџетот.

Во фаза сме на преговори во рамките на Економско-социјалниот дијалог што се води во Владата на кој присуствуваат три страни – Владата во конкретниот случај како работодавач, синдикатите на работниците во јавниот сектор и Организацијата на работодавачи. Таму се водат преговори. Принципиелниот став за кој сме усогласени е дека се работи на потпишување и усогласување на Општ колективен договор што ќе важи подеднакво за сите вработени во јавниот сектор. Очекуваме да се усогласиме во однос на ставовите, рече Бесими во одговор на прашање пред почетокот на презентацијата на Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам на Република Македонија усвоен од страна на Манивал Комитетот при Советот на Европа.

Порача дека се водат интензивни преговори со сите синдикати од јавниот сектор.

Клучно е да имаме системско решение кое ќе гарантира статус и стандард на вработените во јавниот сектор, а воедно ќе ја следи и продуктивноста на нашата економија. Се дискутира дали минималната или просечната плата да биде основа за методологијата и откога ќе се реши тоа е прашање ќе важи за сите во јавниот сектор како што претходно направивме со системското решение за минималната плата и пензиите, рече Бесими.

Посочи дека Министерството за информатичко општество и администрација веќе има предлог-решение за плати во јавниот сектор кое, исто така, треба да биде системско решение.

И годинава има раст на платите во јавниот сектор, и тоа не само раст на минималната плата, туку линеарно прилагодување на сите што влегоа во Законот за административи службеници и другите кои во меѓувреме имаа регулирано колективни договори усогласени со тој закон, посочи Бесими.

The post Интензивно се преговара за системско решение за платите на административците, но Бесими не знае кога и како ќе завршат преговорите appeared first on Република.

]]>

За сите вработени во јавниот сектор ќе се воспостави методологија за плати која ќе биде системско решение и гарантирано право на вработените во јавниот сектор во однос на заштита од инфлација и следење на продуктивноста на економијата, односно конкурентноста на стопанството, повтори денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Нагласи дека интензивно се дискутира за методологијата за плати во јавниот сектор што ќе биде системско решени и тоа што ќе биде договорено со синдикатите ќе важи за сите. Додаде дека не може да прејудицира кога и како ќе завршат преговорите. Откако ќе завршат преговорите најави дека ќе треба одреден транзициски период за да се имплементира решението во Буџетот.
Во фаза сме на преговори во рамките на Економско-социјалниот дијалог што се води во Владата на кој присуствуваат три страни – Владата во конкретниот случај како работодавач, синдикатите на работниците во јавниот сектор и Организацијата на работодавачи. Таму се водат преговори. Принципиелниот став за кој сме усогласени е дека се работи на потпишување и усогласување на Општ колективен договор што ќе важи подеднакво за сите вработени во јавниот сектор. Очекуваме да се усогласиме во однос на ставовите, рече Бесими во одговор на прашање пред почетокот на презентацијата на Извештајот од 5-от круг на евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање на тероризам на Република Македонија усвоен од страна на Манивал Комитетот при Советот на Европа.
Порача дека се водат интензивни преговори со сите синдикати од јавниот сектор.
Клучно е да имаме системско решение кое ќе гарантира статус и стандард на вработените во јавниот сектор, а воедно ќе ја следи и продуктивноста на нашата економија. Се дискутира дали минималната или просечната плата да биде основа за методологијата и откога ќе се реши тоа е прашање ќе важи за сите во јавниот сектор како што претходно направивме со системското решение за минималната плата и пензиите, рече Бесими.
Посочи дека Министерството за информатичко општество и администрација веќе има предлог-решение за плати во јавниот сектор кое, исто така, треба да биде системско решение.
И годинава има раст на платите во јавниот сектор, и тоа не само раст на минималната плата, туку линеарно прилагодување на сите што влегоа во Законот за административи службеници и другите кои во меѓувреме имаа регулирано колективни договори усогласени со тој закон, посочи Бесими.

The post Интензивно се преговара за системско решение за платите на административците, но Бесими не знае кога и како ќе завршат преговорите appeared first on Република.

]]>
Бектеши најави минимална плата во март околу 20.500, покачување за административците за над 2.000 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-najavi-minimalna-plata-vo-mart-okolu-20-500-pokachuvane-za-administrativtsite-za-nad-2-000-denari/ Tue, 07 Feb 2023 11:26:48 +0000 https://republika.mk/?p=605939

Идниот месец најверојатно минималната плата ќе биде околу 20 500 денари во приватниот и јавниот сектор и тие средства се предвидени со Буџетот за 2023 година. Но, за да има еднаквост, треба за 2 000 денари линеарно да се покачат и платите во државната администрација, средства што се предвидени во сите институции, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Ако за ова треба да се донесе законско решение, Бектеши е убеден дека поддршка ќе дадат сите политички партии.

Според него, Министерството за финансии ги направи сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници.

Воведовме законско решение за утврдување на минималната плата. Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите. Имајќи го предвид зголемувањето на минималната плата, очекувам дека покачувањето ќе биде над 2 000 денари линеарно за секоја категорија во државната администрација. Ако некој се спротивстави на зголемување на платите, мислам дека ќе направи голема грешка, а ако треба да се носи законско решение, најверојатно ќе го поддржат сите политички партии. Треба да направиме се што е во наша можност за да ги зголемиме платите, имајќи ги предвид инфлацијата и очекувањата на граѓаните и во таа насока ќе постапиме како Влада. Министерот Бесими рече дека сите проекции и калкулации се направени, тоа тој и го најави, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.

The post Бектеши најави минимална плата во март околу 20.500, покачување за административците за над 2.000 денари appeared first on Република.

]]>

Идниот месец најверојатно минималната плата ќе биде околу 20 500 денари во приватниот и јавниот сектор и тие средства се предвидени со Буџетот за 2023 година. Но, за да има еднаквост, треба за 2 000 денари линеарно да се покачат и платите во државната администрација, средства што се предвидени во сите институции, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Ако за ова треба да се донесе законско решение, Бектеши е убеден дека поддршка ќе дадат сите политички партии. Според него, Министерството за финансии ги направи сите неопходни калкулации и е подготвено да се реализира зголемувањето на минималната плата и платата на административните службеници.
Воведовме законско решение за утврдување на минималната плата. Методологијата е целосно усогласена со синдикатите и институциите. Имајќи го предвид зголемувањето на минималната плата, очекувам дека покачувањето ќе биде над 2 000 денари линеарно за секоја категорија во државната администрација. Ако некој се спротивстави на зголемување на платите, мислам дека ќе направи голема грешка, а ако треба да се носи законско решение, најверојатно ќе го поддржат сите политички партии. Треба да направиме се што е во наша можност за да ги зголемиме платите, имајќи ги предвид инфлацијата и очекувањата на граѓаните и во таа насока ќе постапиме како Влада. Министерот Бесими рече дека сите проекции и калкулации се направени, тоа тој и го најави, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.

The post Бектеши најави минимална плата во март околу 20.500, покачување за административците за над 2.000 денари appeared first on Република.

]]>
Планираме историско зголемување на пензиите и на платите на вработените во јавниот сектор https://republika.mk/vesti/makedonija/planirame-istorisko-zgolemuvanje-na-penziite-i-na-platite-na-vrabotenite-vo-javniot-sektor/ Fri, 06 May 2022 06:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=498374

Низ социјален дијалог и без политичко влијание ќе се дојде до решение за платите во јавниот сектор, потенцираше вечерва премиерот Димитар Ковачевски, најавувајќи рекордно зголемување на пензиите коешто не е политички мотивирано.

Претседателот на Владата во гостувањето на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 нагласи дека Владата води транспарентни разговори со сите синдикати и дека тој секогаш е на страната на работниците.

– Треба низ социјален дијалог, како што било до сега и како што ќе биде, и низ социјален дијалог ќе дојдеме до решение. Да нема политички влијание, ние покажавме и низ штрајкот на СОНК дека нема политичко влијание од оваа Влада, не беа носени заменски наставници, децата не одеа во училиште две недели, никој не вршеше притисок, посочи Ковачевски.

Премиерот истакна дека во услови на увезена инфлација и светски кризи Владата ја зголеми минималната плата на задоволство на синдикатите. Сепак, како што додаде, дел од нив не сакаа да се постигне договор, веројатно политички мотивирани и сега ги гледаме со протести.

Тој информираше дека ќе има и воспоставување на методологија на раст на пензиите.

– Ќе имаме сега историско најголем раст на пензиите кој што не е политички мотивиран, туку кој што е методолошки и не е во изборна година. Истото треба да биде и со платите во јавниот сектор, порача Ковачевски.

Премиерот истакна дека неговата Влада е единствената која во првите 100 дена одржала толку многу седници за носење одлуки за справување со енергетската криза.

– Производството на електрична енергија го имаме низ факти и бројки, тие покажуваат дека имаме максимално производство на струја во изминатата година. Ние сме единствената Влада која во првите 100 дена одржала толку многу седници за носење одлуки за справување со енергетската криза, во полн капацитет се РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино и менаџментот на ЕСМ има јасна задача се што е неопходно да се обезбеди за непречено производство. Цената на електричната енергија на светските пазари е малку падната, но ние секако дека мораме да имаме суровини, да имаме полно производство. Немаме 50 години инвестирано во овие системи, ама сега тоа ние го правиме, Ковачевски.

Премиерот додаде дека за Чебрен и Галиште одамна се зборува, но, како што рече, оваа Влада го внесе тој проект во втора фаза, има десетина понудувачи за тој капацитет.

– Се подготвува документацијата која е неопходна да се поднесе. Дополнително инвестираме во обновливи извори на енергија, ќе градиме соларна централа во штипско, а има и голем број светски компании кои сакаат да влезат во енергетскиот сектор. Затоа ќе укажам дека е неодговорно да се мисли само на себе во време на ваква глобална криза. Јас сум во постојана комуникација со Србија, со Бугарија, за да овозможиме непречен проток на храна и непречена трговија,  наведе Ковачевски.

Премиерот посочи дека ребаланс Буџетот можен кон крајот на мај или почеток на јуни, додавајќи дека за и да има некакви блокади во Собранието тој сепак ќе помине.

– Финансирањето на дефицитот во буџетот, заради падот на финансиите во цела Европа и планирањето на сите буџети, не само на нашиот, не било планирано според некои цени, особено пред кризата во Украина. Министерството за финансии и Народната банка пристапија сериозно и мораа да најдат извори на финансирање. Тие мора да го најдат вистинскиот извор, рече Ковачевски.

Во врска со разговорите со ММФ, премиерот рече дека не станува збор за никаков аранжман како што сака да манипулира опозицијата, туку за еден од инструментите на Фондот со далеку поповолни услови.

– Таков инструмент имавме и минатата година, а тој потоа ви дава можност да се зборува и со други инвеститори за обезбедување финансии. Министерството кога ќе заврши со преговорите ќе излезе пред јавноста и јасно ќе биде кажано за што станува збор и под какви услови, посочи Ковачевски.

Зборувајќи за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири, премиерот нагласи дека и тоа е потврда дека пред законот сите се исти.

– И во овој случај со Зекири, и во сите други случаи покажуваме дека пред законот сите се исти. Јас како премиер нема да толерирам незаконско однесување, но мораме да имаме предвид и презумпција на невиност, затоа истражните органи согласно законите да си работат и одлуките кои ги носат да се законити, изјави претседателот на Владата.

The post Планираме историско зголемување на пензиите и на платите на вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>

Низ социјален дијалог и без политичко влијание ќе се дојде до решение за платите во јавниот сектор, потенцираше вечерва премиерот Димитар Ковачевски, најавувајќи рекордно зголемување на пензиите коешто не е политички мотивирано. Претседателот на Владата во гостувањето на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 нагласи дека Владата води транспарентни разговори со сите синдикати и дека тој секогаш е на страната на работниците.
– Треба низ социјален дијалог, како што било до сега и како што ќе биде, и низ социјален дијалог ќе дојдеме до решение. Да нема политички влијание, ние покажавме и низ штрајкот на СОНК дека нема политичко влијание од оваа Влада, не беа носени заменски наставници, децата не одеа во училиште две недели, никој не вршеше притисок, посочи Ковачевски.
Премиерот истакна дека во услови на увезена инфлација и светски кризи Владата ја зголеми минималната плата на задоволство на синдикатите. Сепак, како што додаде, дел од нив не сакаа да се постигне договор, веројатно политички мотивирани и сега ги гледаме со протести. Тој информираше дека ќе има и воспоставување на методологија на раст на пензиите.
– Ќе имаме сега историско најголем раст на пензиите кој што не е политички мотивиран, туку кој што е методолошки и не е во изборна година. Истото треба да биде и со платите во јавниот сектор, порача Ковачевски.
Премиерот истакна дека неговата Влада е единствената која во првите 100 дена одржала толку многу седници за носење одлуки за справување со енергетската криза.
– Производството на електрична енергија го имаме низ факти и бројки, тие покажуваат дека имаме максимално производство на струја во изминатата година. Ние сме единствената Влада која во првите 100 дена одржала толку многу седници за носење одлуки за справување со енергетската криза, во полн капацитет се РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино и менаџментот на ЕСМ има јасна задача се што е неопходно да се обезбеди за непречено производство. Цената на електричната енергија на светските пазари е малку падната, но ние секако дека мораме да имаме суровини, да имаме полно производство. Немаме 50 години инвестирано во овие системи, ама сега тоа ние го правиме, Ковачевски.
Премиерот додаде дека за Чебрен и Галиште одамна се зборува, но, како што рече, оваа Влада го внесе тој проект во втора фаза, има десетина понудувачи за тој капацитет.
– Се подготвува документацијата која е неопходна да се поднесе. Дополнително инвестираме во обновливи извори на енергија, ќе градиме соларна централа во штипско, а има и голем број светски компании кои сакаат да влезат во енергетскиот сектор. Затоа ќе укажам дека е неодговорно да се мисли само на себе во време на ваква глобална криза. Јас сум во постојана комуникација со Србија, со Бугарија, за да овозможиме непречен проток на храна и непречена трговија,  наведе Ковачевски. Премиерот посочи дека ребаланс Буџетот можен кон крајот на мај или почеток на јуни, додавајќи дека за и да има некакви блокади во Собранието тој сепак ќе помине.
– Финансирањето на дефицитот во буџетот, заради падот на финансиите во цела Европа и планирањето на сите буџети, не само на нашиот, не било планирано според некои цени, особено пред кризата во Украина. Министерството за финансии и Народната банка пристапија сериозно и мораа да најдат извори на финансирање. Тие мора да го најдат вистинскиот извор, рече Ковачевски.
Во врска со разговорите со ММФ, премиерот рече дека не станува збор за никаков аранжман како што сака да манипулира опозицијата, туку за еден од инструментите на Фондот со далеку поповолни услови.
– Таков инструмент имавме и минатата година, а тој потоа ви дава можност да се зборува и со други инвеститори за обезбедување финансии. Министерството кога ќе заврши со преговорите ќе излезе пред јавноста и јасно ќе биде кажано за што станува збор и под какви услови, посочи Ковачевски.
Зборувајќи за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири, премиерот нагласи дека и тоа е потврда дека пред законот сите се исти.
– И во овој случај со Зекири, и во сите други случаи покажуваме дека пред законот сите се исти. Јас како премиер нема да толерирам незаконско однесување, но мораме да имаме предвид и презумпција на невиност, затоа истражните органи согласно законите да си работат и одлуките кои ги носат да се законити, изјави претседателот на Владата.

The post Планираме историско зголемување на пензиите и на платите на вработените во јавниот сектор appeared first on Република.

]]>
Администрацијата бара следната плата да е усогласена, во спротивно ветуваат „радикално делување“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/administracijata-bara-slednata-plata-da-e-usoglasena-vo-sprotivno-vetuvaat-radikalno-deluvanje/ Thu, 03 Mar 2022 13:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=467133

Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ) при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара средба со премиерот за надминување на, како што велат, последиците од зголемувањето на минималната плата.

Од Синдикатот нагласуваат дека не се против зголемувањето на минималната плата, но бараат усогласување и на останатите плати.

Ако се дозволи и во иднина административните, судските и јавните службеници на повеќе нивоа со различна сложеност на работни места, како што беше и досега, да земаат минимална и под минималната плата што е случај само во јавниот сектор, без да се направи пропорционалнао покачување на платите, ќе дојде до големо незадоволсто на нашето членство. Затоа бараме сега, а впрочем тоа го побаравме и преку нашиот национален синдикат КСС, во кој членуваме, да се усогласи бодот кој што треба да го донесе Владата согласно минималната плата, се наведува во денешното соопштение од САДУ.

Во спротивно, Синдикатот најавува порадикално делување.

Ве уверуваме дека ако тоа не се случи со мартовската плата, која што треба да биде исплатена во април, од кога и почнува да се исплаќа новата минимална плата, под притисок на нашето членство ќе донесеме одлука за легитимно радикално синдикално делување, велат од синдикатот.

Барањето за средба со премиерот, како што информира синдикатот, е испратено денеска до Владата.

The post Администрацијата бара следната плата да е усогласена, во спротивно ветуваат „радикално делување“ appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ) при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара средба со премиерот за надминување на, како што велат, последиците од зголемувањето на минималната плата. Од Синдикатот нагласуваат дека не се против зголемувањето на минималната плата, но бараат усогласување и на останатите плати.