платформа Archives - Република https://republika.mk/tema/platforma/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 18:14:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png платформа Archives - Република https://republika.mk/tema/platforma/ 32 32 Утре во Свечената сала на Владата ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-vo-svechenata-sala-na-vladata-ke-se-odrzhi-platforma-100-posveteni-za-tebe-na-tema-fokus-na-pravdata-bezbednosta-i-odbranata/ Wed, 13 Nov 2024 18:14:44 +0000 https://republika.mk/?p=837335

Утре (14.11.) во 10:00 часот во Свечената сала на Владата ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“.

Учество ќе земат следните говорници:
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи,
Игор Филков, министер за правда,
Елизабета Чуповска Ристова, државен секретар на Министерство за одбрана

Модератори ќе бидат: Марија Митева и Венера Љатифи Азизи, портпароли на Влада.

The post Утре во Свечената сала на Владата ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ appeared first on Република.

]]>

Утре (14.11.) во 10:00 часот во Свечената сала на Владата ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“. Учество ќе земат следните говорници: Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Игор Филков, министер за правда, Елизабета Чуповска Ристова, државен секретар на Министерство за одбрана Модератори ќе бидат: Марија Митева и Венера Љатифи Азизи, портпароли на Влада.

The post Утре во Свечената сала на Владата ќе се одржи Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ appeared first on Република.

]]>
Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“ https://republika.mk/vesti/makedonija/platforma-100-posveteni-za-tebe-na-tema-merki-i-politiki-za-razvoj-na-obrazovanieto-kulturata-i-turizmot-i-sportot/ Mon, 28 Oct 2024 06:36:57 +0000 https://republika.mk/?p=831511

Во Владата денеска ќе се одржи настан „Платформа: 100% посветени за тебе“ на тема Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“.

Како што најавија од владината прес-служба, на настанот учество ќе земат министрите за ообразование и наука Весна Јаневска, за култура и туризам, Зоран Љутко и за спорт Борко Ристовски. Пред присутните ќе се обратат и Оливер Арсовски, в.д. директор на Национална опера и балет, Драги Митревски, член на Национален совет за културно наследство и Андријана Зафировска, продекан на Факултет за физичка култура.

Настанот ќе го модерираат портпаролите на Владаата, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи.

The post Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“ appeared first on Република.

]]>

Во Владата денеска ќе се одржи настан „Платформа: 100% посветени за тебе“ на тема Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“. Како што најавија од владината прес-служба, на настанот учество ќе земат министрите за ообразование и наука Весна Јаневска, за култура и туризам, Зоран Љутко и за спорт Борко Ристовски. Пред присутните ќе се обратат и Оливер Арсовски, в.д. директор на Национална опера и балет, Драги Митревски, член на Национален совет за културно наследство и Андријана Зафировска, продекан на Факултет за физичка култура. Настанот ќе го модерираат портпаролите на Владаата, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи.

The post Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“ appeared first on Република.

]]>
Доктор Лазаров: Тука можеш здрав да влезеш во болница и да излезеш мртов https://republika.mk/vesti/makedonija/doktor-lazarov-tuka-mozhesh-zdrav-da-vlezesh-vo-bolnitsa-i-da-izlezesh-mrtov/ Tue, 12 Mar 2024 11:47:27 +0000 https://republika.mk/?p=754012

Јас сум дел од овој здравствен систем и навистина имав верба дека нешто ќе се смени. Тука можеш здрав да влезеш во болница и да излезеш мртов, истакна доктор Ненад Лазаров во гостувањето на Алфа телевизија каде говореше за ECrowd.mk, македонска платформа за донации и поддршка.

Прашан за тоа на кој начин како општество се доведовме граѓаните кои се болни да немаат кому да му се обратат и да мора самите меѓусебно да се помагаме, тој вели дека оваа држава е 30 години жртва на криминал и ограбување.

-Фондот за здравство е еден хибриден метастатски тумор во оваа држава кој само дренира ненормални суми на пари, а ефектуира минимално. Минатата година, половина од здравствени услуги граѓаните на оваа земја ги платија приватно. Ако тоа не е доволна причина овој народ да стане и да каже „доста е веќе“…, вели Лазаров.

Во однос на ECrowd.mk, доктор Лазаров им порачува на граѓаните да не се грижат, бидејќи тој со името и презимето стои позади тоа.

-Нема да дозволиме никаква злоупотреба, дециден е докторот кој појасни на кој начин фукционираат, како се организирани и како се прави приоритетност во однос на акциите.

Токму преку ECrowd.mk за помалку од 24 часа беа собрани паричните средства за малата Срна.

Во тек се акции за донирање за лекувањето на малите Кара и Никола, но и други акции кои може да ги погледнете на ECrowd.mk.

The post Доктор Лазаров: Тука можеш здрав да влезеш во болница и да излезеш мртов appeared first on Република.

]]>

Јас сум дел од овој здравствен систем и навистина имав верба дека нешто ќе се смени. Тука можеш здрав да влезеш во болница и да излезеш мртов, истакна доктор Ненад Лазаров во гостувањето на Алфа телевизија каде говореше за ECrowd.mk, македонска платформа за донации и поддршка. Прашан за тоа на кој начин како општество се доведовме граѓаните кои се болни да немаат кому да му се обратат и да мора самите меѓусебно да се помагаме, тој вели дека оваа држава е 30 години жртва на криминал и ограбување. -Фондот за здравство е еден хибриден метастатски тумор во оваа држава кој само дренира ненормални суми на пари, а ефектуира минимално. Минатата година, половина од здравствени услуги граѓаните на оваа земја ги платија приватно. Ако тоа не е доволна причина овој народ да стане и да каже „доста е веќе“…, вели Лазаров. Во однос на ECrowd.mk, доктор Лазаров им порачува на граѓаните да не се грижат, бидејќи тој со името и презимето стои позади тоа. -Нема да дозволиме никаква злоупотреба, дециден е докторот кој појасни на кој начин фукционираат, како се организирани и како се прави приоритетност во однос на акциите. Токму преку ECrowd.mk за помалку од 24 часа беа собрани паричните средства за малата Срна. Во тек се акции за донирање за лекувањето на малите Кара и Никола, но и други акции кои може да ги погледнете на ECrowd.mk.

The post Доктор Лазаров: Тука можеш здрав да влезеш во болница и да излезеш мртов appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ во новата програма предвидува пониски даноци, една милијарда евра за капитални инвестиции, странски компании со профитни центри https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vo-novata-programa-predviduva-poniski-danotsi-edna-milijarda-evra-za-kapitalni-investitsii-stranski-kompanii-so-profitni-tsentri/ Fri, 09 Feb 2024 07:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=742033

Рамен данок, реалокација на 1 милијарда евра кон општините и понуда до мултинационални компании за префрлање на своите профитни центри во Македонија се само дел од економските проекти кои ќе бидат приоритет на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Преку низа проекти кои ќе бидат дел од изборната програма, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди повисока стапка на економски раст, отворање на нови работни места, пораст на домашни и странски инвестиции и повисок животен стандард за граѓаните.

Носечки проект во владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реалокација на средства од државниот буџет кон општините за финансирање на капитални проекти кои ќе значат подобрување на животот на сите граѓани.

Секоја година ќе се префрлаат по 250 милиони евра од државниот буџет кон општините за нови градинки, училишта, патишта, реконструкција на улици, паркови, спортски сали, нови канализациони и водоводни мрежи.

Во еден четиригодишен мандат тоа се 1 милијарда евра средства од државниот буџет кон општините, надвор од општинските буџети.

ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ја продолжи политиката на ниски давачки.

Со продолжување на политиката на рамниот данок, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе им помогне на компаниите и ќе ги стимулира да отвораат нови работни места и да реинвестираат.

Македонија ќе биде држава со најнизок рамен данок во Европа, а со тоа ќе се обезбедат повеќе пари во државниот буџет кои подоцна ќе се трошат во капитални инвестиции.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе им понуди на мултинационални компании до светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија, се со цел својата консолидирана добивка да ја донесат во државата, односно за ниски даноци до 5% ќе можат да ја консолидираат нивната сопствена добивка тука.

ВМРО-ДПМНЕ има визија, проекти и идеи како економски да ја крене Македонија и да обезбеди подобри услови за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ во минатото покажала и докажала како треба да се води економска политика.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе биде економски силна и стабилна земја.

Важно е Македонија да има силен економски развој.

Важно е да се инвестира.

Важно е Македонија да се менува на подобро, стои во соопштението на партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ во новата програма предвидува пониски даноци, една милијарда евра за капитални инвестиции, странски компании со профитни центри appeared first on Република.

]]>

Рамен данок, реалокација на 1 милијарда евра кон општините и понуда до мултинационални компании за префрлање на своите профитни центри во Македонија се само дел од економските проекти кои ќе бидат приоритет на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Преку низа проекти кои ќе бидат дел од изборната програма, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди повисока стапка на економски раст, отворање на нови работни места, пораст на домашни и странски инвестиции и повисок животен стандард за граѓаните. Носечки проект во владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реалокација на средства од државниот буџет кон општините за финансирање на капитални проекти кои ќе значат подобрување на животот на сите граѓани. Секоја година ќе се префрлаат по 250 милиони евра од државниот буџет кон општините за нови градинки, училишта, патишта, реконструкција на улици, паркови, спортски сали, нови канализациони и водоводни мрежи. Во еден четиригодишен мандат тоа се 1 милијарда евра средства од државниот буџет кон општините, надвор од општинските буџети. ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ја продолжи политиката на ниски давачки. Со продолжување на политиката на рамниот данок, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе им помогне на компаниите и ќе ги стимулира да отвораат нови работни места и да реинвестираат. Македонија ќе биде држава со најнизок рамен данок во Европа, а со тоа ќе се обезбедат повеќе пари во државниот буџет кои подоцна ќе се трошат во капитални инвестиции. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе им понуди на мултинационални компании до светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија, се со цел својата консолидирана добивка да ја донесат во државата, односно за ниски даноци до 5% ќе можат да ја консолидираат нивната сопствена добивка тука. ВМРО-ДПМНЕ има визија, проекти и идеи како економски да ја крене Македонија и да обезбеди подобри услови за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ во минатото покажала и докажала како треба да се води економска политика. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе биде економски силна и стабилна земја. Важно е Македонија да има силен економски развој. Важно е да се инвестира. Важно е Македонија да се менува на подобро, стои во соопштението на партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ во новата програма предвидува пониски даноци, една милијарда евра за капитални инвестиции, странски компании со профитни центри appeared first on Република.

]]>
Вредноста на платформата „Х“ е намалена за 71 отсто откако е во рацете на Маск https://republika.mk/vesti/svet/vrednosta-na-platformata-h-e-namalena-za-71-otsto-otkako-e-vo-ratsete-na-mask/ Tue, 02 Jan 2024 18:40:55 +0000 https://republika.mk/?p=729095

Вредноста на платформата „Х“ се намали за 71 отсто откако социјалната мрежи ја купи американскиот милијардер Илон Маск и го преименуваше Твитер, објави американската мултинационална корпорација за финансиски услуги Фиделити, која има удел во платформата.

Заедничкиот фонд Фиделити, што поседува удел во платформата „X“, ја намали вредноста на своите акции, а американскиот сајт Aксиос дојде до податоци за тоа и проценува дека вредноста на платформата сега е околу 12,5 милијарди долари.

Фондот соопшти дека до ноември минатата година вредноста на неговите акции во платформата „Х“ паднала за 71,5 отсто откако Маск ја купи социјалната мрежа, објави Гардијан.

Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври 2022 година, а името на платформата го смени во „Х“ во јули оваа година.

Бројот на месечни корисници на платформата „Х“ падна за 15 отсто во првата година откако Маск ја презеде функцијата поради загриженоста за порастот на говорот на омраза на платформата. Од преземањето, Маск отпушти најмалку 50 отсто од вработените.

The post Вредноста на платформата „Х“ е намалена за 71 отсто откако е во рацете на Маск appeared first on Република.

]]>

Вредноста на платформата „Х“ се намали за 71 отсто откако социјалната мрежи ја купи американскиот милијардер Илон Маск и го преименуваше Твитер, објави американската мултинационална корпорација за финансиски услуги Фиделити, која има удел во платформата. Заедничкиот фонд Фиделити, што поседува удел во платформата „X“, ја намали вредноста на своите акции, а американскиот сајт Aксиос дојде до податоци за тоа и проценува дека вредноста на платформата сега е околу 12,5 милијарди долари. Фондот соопшти дека до ноември минатата година вредноста на неговите акции во платформата „Х“ паднала за 71,5 отсто откако Маск ја купи социјалната мрежа, објави Гардијан. Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари во октомври 2022 година, а името на платформата го смени во „Х“ во јули оваа година. Бројот на месечни корисници на платформата „Х“ падна за 15 отсто во првата година откако Маск ја презеде функцијата поради загриженоста за порастот на говорот на омраза на платформата. Од преземањето, Маск отпушти најмалку 50 отсто од вработените.

The post Вредноста на платформата „Х“ е намалена за 71 отсто откако е во рацете на Маск appeared first on Република.

]]>
Платформата X воведе уште две нивоа на претплата, еве колку чинат и што нудат https://republika.mk/vesti/svet/platformata-x-vovede-ushte-dve-nivoa-na-pretplata-eve-kolku-chinat-i-shto-nudat/ Mon, 30 Oct 2023 11:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=696287

Дали ви беше прескапо да плаќате осум евра месечно за X Premium? Платформата на Маск сега нуди уште две нивоа на претплата, едното за три, а другото за дури 16 евра месечно, со различни достапни функции.

Продолжуваат обидите на X (поранешен Twitter) да префрли што е можно повеќе свои корисници на еден од платените начини на користење. По контроверзната платена програма за верификација Twitter Blue, која сега се нарекува X Premium и чини осум евра месечно, социјалната мрежа и нејзиниот сопственик Илон Маск смислија уште неколку начини како да зграпчат пари.

Неодамна започнаа платена програма за отворање на сите нови сметки, која важи за Нов Зеланд и Филипини, а чини еден долар годишно. Таа има за цел да го намали количеството на спам и ботови.

Сега се реализира уште една неодамнешна објава на Маск – се проширува понудата на достапни претплатни пакети. Покрај постоечкиот X Premium за осум евра месечно, корисниците сега добиваат и поевтин, по цена од три евра, како и двојно поскап претплатен пакет. Во зависност од цената се менуваат и поволностите што ги нуди секој претплатен пакет.

X Basic

Основниот пакет Basic ако го купите преку десктоп верзија чини три евра месечно или 32 евра годишно. Им овозможува на претплатниците да пост-уредуваат објави, да објавуваат подолги објави и видеа, да преземаат видеа, да слушаат содржини со исклучен екран на телефонот, како и одредени опции за персонализација (од иконата на апликацијата до криење на сопствените допаѓања и слично). Овој претплатен пакет не бара проверка на идентитетот, а претплатниците на него на X нема да имаат видлив „син беџ“.

X Premium

Средниот пакет, по цена од осум евра месечно или 84 евра годишно, останува како што беше. Значи, нуди се што нуди Basic, но носи и проверка за верификација, покажува помалку реклами на платформата, нуди поголема видливост на објавите, како и можност за заработка од објави (за професионални создавачи на содржина).

X Premium+

Најскапиот пакет сега чини 16 евра месечно или 168 евра годишно. Само уште две поволности се додадени во пакетот Premium: подобра видливост на објавите и целосно отстранување на рекламите од прикажувањето на содржината.

The post Платформата X воведе уште две нивоа на претплата, еве колку чинат и што нудат appeared first on Република.

]]>

Дали ви беше прескапо да плаќате осум евра месечно за X Premium? Платформата на Маск сега нуди уште две нивоа на претплата, едното за три, а другото за дури 16 евра месечно, со различни достапни функции. Продолжуваат обидите на X (поранешен Twitter) да префрли што е можно повеќе свои корисници на еден од платените начини на користење. По контроверзната платена програма за верификација Twitter Blue, која сега се нарекува X Premium и чини осум евра месечно, социјалната мрежа и нејзиниот сопственик Илон Маск смислија уште неколку начини како да зграпчат пари. Неодамна започнаа платена програма за отворање на сите нови сметки, која важи за Нов Зеланд и Филипини, а чини еден долар годишно. Таа има за цел да го намали количеството на спам и ботови. Сега се реализира уште една неодамнешна објава на Маск – се проширува понудата на достапни претплатни пакети. Покрај постоечкиот X Premium за осум евра месечно, корисниците сега добиваат и поевтин, по цена од три евра, како и двојно поскап претплатен пакет. Во зависност од цената се менуваат и поволностите што ги нуди секој претплатен пакет. X Basic Основниот пакет Basic ако го купите преку десктоп верзија чини три евра месечно или 32 евра годишно. Им овозможува на претплатниците да пост-уредуваат објави, да објавуваат подолги објави и видеа, да преземаат видеа, да слушаат содржини со исклучен екран на телефонот, како и одредени опции за персонализација (од иконата на апликацијата до криење на сопствените допаѓања и слично). Овој претплатен пакет не бара проверка на идентитетот, а претплатниците на него на X нема да имаат видлив „син беџ“. X Premium Средниот пакет, по цена од осум евра месечно или 84 евра годишно, останува како што беше. Значи, нуди се што нуди Basic, но носи и проверка за верификација, покажува помалку реклами на платформата, нуди поголема видливост на објавите, како и можност за заработка од објави (за професионални создавачи на содржина). X Premium+ Најскапиот пакет сега чини 16 евра месечно или 168 евра годишно. Само уште две поволности се додадени во пакетот Premium: подобра видливост на објавите и целосно отстранување на рекламите од прикажувањето на содржината.

The post Платформата X воведе уште две нивоа на претплата, еве колку чинат и што нудат appeared first on Република.

]]>
Маск размислува за повлекување на „Х“ од ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/mask-razmisluva-za-povlekuvane-na-h-od-eu/ Thu, 19 Oct 2023 09:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=692737

Илон Маск размислува да ја повлече својата платформа за социјални медиуми „Х“, порано позната како Твитер, од Европската унија, според медиумски извештај.

Технолошкиот милијардер е незадоволен од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), објави денеска веб-страницата „Бизнис Инсајдер“, повикувајќи се на извор од компанијата.

Законот за дигитални услуги (ДСА) ги обврзува големите онлајн платформи да преземат доследна и брза акција против говорот на омраза меѓу другото.

„X“ неодамна доби список со прашања од Европската комисија, која сака да знае повеќе за тоа како платформата за социјални медиуми ги исполнува своите обврски.

The post Маск размислува за повлекување на „Х“ од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Илон Маск размислува да ја повлече својата платформа за социјални медиуми „Х“, порано позната како Твитер, од Европската унија, според медиумски извештај. Технолошкиот милијардер е незадоволен од Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДСА), објави денеска веб-страницата „Бизнис Инсајдер“, повикувајќи се на извор од компанијата. Законот за дигитални услуги (ДСА) ги обврзува големите онлајн платформи да преземат доследна и брза акција против говорот на омраза меѓу другото. „X“ неодамна доби список со прашања од Европската комисија, која сака да знае повеќе за тоа како платформата за социјални медиуми ги исполнува своите обврски.

The post Маск размислува за повлекување на „Х“ од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Музичката платформа „Терапија“ номинирана за престижната „Амбасадор“ награда https://republika.mk/scena/muzika/muzichkata-platforma-terapija-nominirana-za-prestiznata-ambasador-nagrada/ Thu, 17 Nov 2022 11:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=574904

Македонската музичка патформа „Терапија“, која дава поддршка на електронската клупска сцена е номинирана за наградата „Амбасадор“, која се доделува во Хрватска, а се однесува и за регионалната електронска сцена. Можете да гласате на овој линк: https://bit.ly/3Ecp3sK.

„Терапија“ е номинирана за награда во групата: „Регионален медиум на годината“, како платформа која дава простор за промоција на домашни, регионални и европски DJ артисти.

Ова е прв пат, Македонија да влезе во потесен избор за оваа престижна награда, која овозможува соработка и поврзување на артистите од електронската клупска сцена, но и на целокупниот креативен сектор.

Наградата Амбасадор се доделува од 2016 година. Претставува платформа која ги истакнува најдобрите музички фестивали, клубови, уметници, музички платформи и слично.

Основачот на „Терапија“, Тренчева Слободанка – Боте се заблагодарува до сите соработници и претставници на музичкиот сектор од регионот, но во својата изјава говори и за недостатокот од домашна поддршка.

„Голема благодарност до земјите од регионот, како Хрватска, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Бугарија, до сите кои препознаа дека Терапија е нешто повеќе од музичка платформа. Домашната стручна јавност беше порезервирана, но научена сум да го одам потешкиот пат. За повеќе да те вреднуваат во Македонија треба да добиеш признание на меѓународно ниво. За жал, ова е пракса и во други сектори и сегменти од општеството. Терапија продолжува да биде светла точка, да ја афирмира земјата, клупската сцена и културното наследство. Без компромиси и без граници“, изјави Тренчева Слободанка – Боте.

Во изминатиот период, „Терапија“ се фокусираше и на организирање на перформанси на значајни спомен-обележја кои се дел од македонското културно наследство, но и јавни простори кои се важни за заедницата.

The post Музичката платформа „Терапија“ номинирана за престижната „Амбасадор“ награда appeared first on Република.

]]>

Македонската музичка патформа „Терапија“, која дава поддршка на електронската клупска сцена е номинирана за наградата „Амбасадор“, која се доделува во Хрватска, а се однесува и за регионалната електронска сцена. Можете да гласате на овој линк: https://bit.ly/3Ecp3sK. „Терапија“ е номинирана за награда во групата: „Регионален медиум на годината“, како платформа која дава простор за промоција на домашни, регионални и европски DJ артисти. Ова е прв пат, Македонија да влезе во потесен избор за оваа престижна награда, која овозможува соработка и поврзување на артистите од електронската клупска сцена, но и на целокупниот креативен сектор. Наградата Амбасадор се доделува од 2016 година. Претставува платформа која ги истакнува најдобрите музички фестивали, клубови, уметници, музички платформи и слично. Основачот на „Терапија“, Тренчева Слободанка – Боте се заблагодарува до сите соработници и претставници на музичкиот сектор од регионот, но во својата изјава говори и за недостатокот од домашна поддршка. „Голема благодарност до земјите од регионот, како Хрватска, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Бугарија, до сите кои препознаа дека Терапија е нешто повеќе од музичка платформа. Домашната стручна јавност беше порезервирана, но научена сум да го одам потешкиот пат. За повеќе да те вреднуваат во Македонија треба да добиеш признание на меѓународно ниво. За жал, ова е пракса и во други сектори и сегменти од општеството. Терапија продолжува да биде светла точка, да ја афирмира земјата, клупската сцена и културното наследство. Без компромиси и без граници“, изјави Тренчева Слободанка – Боте. Во изминатиот период, „Терапија“ се фокусираше и на организирање на перформанси на значајни спомен-обележја кои се дел од македонското културно наследство, но и јавни простори кои се важни за заедницата.

The post Музичката платформа „Терапија“ номинирана за престижната „Амбасадор“ награда appeared first on Република.

]]>
Тачи: Време е да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата земја https://republika.mk/vesti/makedonija/tachi-vreme-e-da-se-razgovara-za-identitetot-na-albancite-da-stanat-del-od-pravnite-normi-na-nashata-zemja/ Mon, 07 Nov 2022 11:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=570864

Мислам дека станува збор за уставните измени. Се надевам со добар дијалог ќе постигнеме договор, бидејќи друг пат и начин немаме за да го деблокираме евроинтеграцискиот процес. БЕСА за мене се се уште дел од коалицијата „Можеме“ со СДСМ. Многу е лошо кога книгата која ја вие пишувате ќе ја предава некој на друг универзитет. Тоа е крадење на платформа и идеја, изјави изјави лидерот и пратеник на ДПА, Мендух Тачи пред почетокот на лидерската средба во Собранието.

Тој смета дека е време јавно да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните нормни на нашата држава.

Мислам дека не е моментот за услови и уцени и трето не е моментот да се дава оружје на рака на противниците на интеграциските процеси. Разговарав со Ахмети за оваа тема, но ние немаме никаков услов и тоа треба јасно да каже, рече Тачи.

 

The post Тачи: Време е да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата земја appeared first on Република.

]]>

Мислам дека станува збор за уставните измени. Се надевам со добар дијалог ќе постигнеме договор, бидејќи друг пат и начин немаме за да го деблокираме евроинтеграцискиот процес. БЕСА за мене се се уште дел од коалицијата „Можеме“ со СДСМ. Многу е лошо кога книгата која ја вие пишувате ќе ја предава некој на друг универзитет. Тоа е крадење на платформа и идеја, изјави изјави лидерот и пратеник на ДПА, Мендух Тачи пред почетокот на лидерската средба во Собранието. Тој смета дека е време јавно да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните нормни на нашата држава.
Мислам дека не е моментот за услови и уцени и трето не е моментот да се дава оружје на рака на противниците на интеграциските процеси. Разговарав со Ахмети за оваа тема, но ние немаме никаков услов и тоа треба јасно да каже, рече Тачи.
 

The post Тачи: Време е да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата земја appeared first on Република.

]]>
Норвешка со војска ќе ги штити своите платформи за гас и нафта https://republika.mk/vesti/svet/norveshka-so-vojska-kje-gi-shtiti-svoite-platformi-za-gas-i-nafta/ Wed, 28 Sep 2022 17:45:48 +0000 https://republika.mk/?p=555316

Норвешка ќе распореди војска за да ги заштити своите нафтени и гасни капацитети од можна саботажа, откако беа нападнати два руски гасоводи кои носат гас во Европа, изјави норвешкиот премиер.

Истекувањето на гас како резултат на можна саботажа откриена на гасоводите „Северен тек“ во вторникот предизвика конфузија на енергетските пазари и ја зголеми загриженоста за безбедноста.

Норвешка моментално е најголемиот европски снабдувач на гас. Има повеќе од 90 морски полиња за гас и нафта, од кои повеќето се поврзани со мрежа на гасоводи што се протега на околу 9.000 километри.

„Армијата ќе биде повидлива во норвешките нафтени и гасни постројки“, рече премиерот Јонас Гар Стоере на прес-конференција.

Нa нападот ќе биде одговорено заедно со нашите сојузници, рече тој. Норвешка е членка на НАТО алијансата.

На море, морнарицата ќе биде ангажирана за заштита на поморските инсталации, а на копно, полицијата би можела да го зголеми своето присуство на инсталациите, рече тој.

НАТО и Европската Унија ја истакнаа потребата да се заштити критичната инфраструктура и предупредија на „силен и обединет одговор“ доколку има повеќе напади.

Во понеделникот, Норвешката агенција за безбедност на нафта повика на поголема внимателност поради неидентификуваните беспилотни летала видени во близина на морските платформи за гас и нафта на Норвешка, предупредувајќи дека тие можат да претставуваат ризик од несреќи или намерни напади.

The post Норвешка со војска ќе ги штити своите платформи за гас и нафта appeared first on Република.

]]>

Норвешка ќе распореди војска за да ги заштити своите нафтени и гасни капацитети од можна саботажа, откако беа нападнати два руски гасоводи кои носат гас во Европа, изјави норвешкиот премиер. Истекувањето на гас како резултат на можна саботажа откриена на гасоводите „Северен тек“ во вторникот предизвика конфузија на енергетските пазари и ја зголеми загриженоста за безбедноста. Норвешка моментално е најголемиот европски снабдувач на гас. Има повеќе од 90 морски полиња за гас и нафта, од кои повеќето се поврзани со мрежа на гасоводи што се протега на околу 9.000 километри. „Армијата ќе биде повидлива во норвешките нафтени и гасни постројки“, рече премиерот Јонас Гар Стоере на прес-конференција. Нa нападот ќе биде одговорено заедно со нашите сојузници, рече тој. Норвешка е членка на НАТО алијансата. На море, морнарицата ќе биде ангажирана за заштита на поморските инсталации, а на копно, полицијата би можела да го зголеми своето присуство на инсталациите, рече тој. НАТО и Европската Унија ја истакнаа потребата да се заштити критичната инфраструктура и предупредија на „силен и обединет одговор“ доколку има повеќе напади. Во понеделникот, Норвешката агенција за безбедност на нафта повика на поголема внимателност поради неидентификуваните беспилотни летала видени во близина на морските платформи за гас и нафта на Норвешка, предупредувајќи дека тие можат да претставуваат ризик од несреќи или намерни напади.

The post Норвешка со војска ќе ги штити своите платформи за гас и нафта appeared first on Република.

]]>