плата Archives - Република https://republika.mk/tema/plata/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 08:49:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плата Archives - Република https://republika.mk/tema/plata/ 32 32 Трамп со низа поволности и 6 пати повисока плата од просечната во САД https://republika.mk/vesti/svet/tramp-so-niza-povolnosti-i-6-pati-povisoka-plata-od-prosechnata-vo-sad/ Fri, 08 Nov 2024 08:49:43 +0000 https://republika.mk/?p=835381

Доналд Трамп, кој по вторпат е избран за претседател на САД ќе има годишна плата од 400.000 долари.

Освен тоа, тој ќе има на располагање и 50.000 долари за трошоци, а ќе има и бројни други привилегии. Бесплатно ќе живее во Белата куќа, нема да плаќа за персонал, лимузини и други превозни средства.

Кога пак ќе се пензионира, до крајот на животот има право на годишна пензија од 240.000 долари.

Платата на претседателот е за шест пати повисока од просечната плата во земјата.

The post Трамп со низа поволности и 6 пати повисока плата од просечната во САД appeared first on Република.

]]>

Доналд Трамп, кој по вторпат е избран за претседател на САД ќе има годишна плата од 400.000 долари. Освен тоа, тој ќе има на располагање и 50.000 долари за трошоци, а ќе има и бројни други привилегии. Бесплатно ќе живее во Белата куќа, нема да плаќа за персонал, лимузини и други превозни средства. Кога пак ќе се пензионира, до крајот на животот има право на годишна пензија од 240.000 долари. Платата на претседателот е за шест пати повисока од просечната плата во земјата.

The post Трамп со низа поволности и 6 пати повисока плата од просечната во САД appeared first on Република.

]]>
Просечната нето-плата во август 41 097 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-neto-plata-vo-avgust-41-097-denari-2/ Tue, 22 Oct 2024 21:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=829753

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41 097 денари, што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9 %), Уметност, забава и рекреација (18.8 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5.3 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во август годинава, изнесувала 61 806 денари.

The post Просечната нето-плата во август 41 097 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41 097 денари, што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9 %), Уметност, забава и рекреација (18.8 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.0 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5.3 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во август годинава, изнесувала 61 806 денари.

The post Просечната нето-плата во август 41 097 денари appeared first on Република.

]]>
ДЗР: Судовите без правила им даваат плата на вработените од техничкиот и помошен персонал https://republika.mk/vesti/makedonija/dzr-sudovite-bez-pravila-im-davaat-plata-na-vrabotenite-od-tehnichkiot-i-pomoshen-personal/ Wed, 11 Sep 2024 09:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=815239

Отсуство на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во системските слабости што ги утврдил од извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Основен граѓански суд Скопје (Сметка на основниот буџет 603, Сметка на основниот буџет 631 и Депозитна сметка 696).

Во апстрактот од извештаите ДЗР наведува дека средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8 проценти од Бруто домашниот производ на Буџетот на Република Македонија, односно одобрените средства во износ од 2.690.800 илјади денари претставуваат 0,3 проценти од БДП и истите се за 58 проценти помали од законски утврдениот лимит.

Утврдено е и дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити , како и дека има неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање.

Во клучните утврдени состојби стои дека има отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на набавната вредност на зградата во која е сместен судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција на судот поради неизвршено примопредавање на истите.

Се констатира и дека не е обезбедена поткрепувачка документација за извршен физички попис. Исто така, дека е склучен договор за закуп на деловна просторија на 01.12.1989 година со валута која не е во примена. До денес не е изготвен нов договор за закуп или анекс на постоечкиот договор, со утврден месечен надомест во валута која официјално е во оптек од 2002 година и депозитите се со утврдена старосна структура и се однесуваат на период 2005 – 2023 година но не е утврден статусот на предметите по судските депозити завршени /незавршени со цел
преземање мерки за евентуално враќање на судскиот депозит или уплата на средствата во Буџетот на Република Македонија, стои во наодите од извештаите на ДЗР  кои се достапни на линкот .

The post ДЗР: Судовите без правила им даваат плата на вработените од техничкиот и помошен персонал appeared first on Република.

]]>

Отсуство на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во системските слабости што ги утврдил од извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Основен граѓански суд Скопје (Сметка на основниот буџет 603, Сметка на основниот буџет 631 и Депозитна сметка 696).
Во апстрактот од извештаите ДЗР наведува дека средствата кои се издвојуваат од Буџетот за 2023 година за финансирање на Судската власт не го достигнуваат законски утврдениот процент од 0.8 проценти од Бруто домашниот производ на Буџетот на Република Македонија, односно одобрените средства во износ од 2.690.800 илјади денари претставуваат 0,3 проценти од БДП и истите се за 58 проценти помали од законски утврдениот лимит.
Утврдено е и дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење на судски депозити , како и дека има неусогласеност во законската и подзаконската регулатива во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети по истекот на десет години од нивното предавање. Во клучните утврдени состојби стои дека има отсуство на веродостојни, вистинити и уредени сметководствени документи за потврда на набавната вредност на зградата во која е сместен судот, како и недвижни ствари кои не се евидентирани во сметководствената евиденција на судот поради неизвршено примопредавање на истите.
Се констатира и дека не е обезбедена поткрепувачка документација за извршен физички попис. Исто така, дека е склучен договор за закуп на деловна просторија на 01.12.1989 година со валута која не е во примена. До денес не е изготвен нов договор за закуп или анекс на постоечкиот договор, со утврден месечен надомест во валута која официјално е во оптек од 2002 година и депозитите се со утврдена старосна структура и се однесуваат на период 2005 – 2023 година но не е утврден статусот на предметите по судските депозити завршени /незавршени со цел преземање мерки за евентуално враќање на судскиот депозит или уплата на средствата во Буџетот на Република Македонија, стои во наодите од извештаите на ДЗР  кои се достапни на линкот .  

The post ДЗР: Судовите без правила им даваат плата на вработените од техничкиот и помошен персонал appeared first on Република.

]]>
Вработени во УЈП ќе треба да ги враќаат платите што незаконски им биле зголемени https://republika.mk/vesti/ekonomija/vraboteni-vo-ujp-ke-treba-da-gi-vrakaat-platite-shto-nezakonski-im-bile-zgolemeni/ Mon, 02 Sep 2024 13:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=812348

Вкупно 129 вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) ќе треба да враќаат пари, зашто од 12 февруари годинава со незаконски склучени договори земале поголема плата. Тие биле административни службеници, но во текот на изборниот процес потпишале договори со кои станале даночни службеници.

Одлуката за потпишувањето на договорите била колективна и незаконска, констатирал Државниот инспекторат за труд (ДИТ) кој извршил проверки откако е назначена новата директорка на УЈП Елена Петрова. ДИТ поради тоа и наложил на Петрова да ги поништи тие договори на овие 129 вработени. Финансиската штета од целата оваа ситуација изнесува околу 18 милиони денари.

Како што информира Петрова на брифинг со новинарите, УЈП во моментов бара најсоодветно решение за 129-те вработени кои денеска треба да потпишат нови договори за даночни службеници. Една од опциите е дури и потпишување нов колективен договор или анекс на веќе постојниот, за што се разговарало и со синдикалните здруженија. УЈП, нагласи директорката, чека и одговор од ДИТ за „најбезболно“ да се реши настанатиот проблем за кој, потенцира, вработените не се воопшто виновни. Намерата, рече, веројатно била добра, да имаат повисоки плати, но изгубила смисла поради незаконитост. Со новите договори, пак, што ќе бидат потпишани, секој од овие 129 вработени ќе добие плата според работното место.

Како што подвлече Петрова, вработените практично ќе добијат решенија за даночни службеници зашто актуелниот Закон за УЈП не предвидува администрстивни службеници, за што имало и негативно мислење од поранешното Министерство за информатичко општество и администрација.

Претходната директорка на УЈП донела одлука и акти кои се незаконски и поради кои внатре сега имаме хаос во организирањето на некои работни процеси и сме соочени со исправање последици. Незаконитоста и формално правните неправилности ги констатираа и ДКСК и Државниот инспекторат за труд. Во моментов јас сум соочена и треба да извршам наредба на Трудовиот инспекторат со која ми се наложува поништување на одлуката со која претходната директорка на УЈП во февруари ги откажала договорите за вработување на сите вработени во УЈП, а воедно им наредила да продолжат да работат до склучувањето нови договори според новите интерни правилници. Поништувањето на оваа одлука сега значи поништување и на сите нејзини правни последици, односно тоа значи дека ќе се поништат договорите со вработените склучени по распишувањето на изборите што има свое влијание и врз платите исплатени на определени вработени кои добиле повисока плата со промена на нивниот статус. Најмногу засегнатите вработени во УЈП сега се изложени на трпење последици од одлуката на претходната директорка на УЈП. Процесите на поништување на старите и склучувањето нови договори со сите вработени во УЈП се одвивале во тек на изборниот процес, истакна Петрова.

Сетоа ова, според неа, можело да се избегне доколку се испочитувале законските рокови.

Согласно измените на Законот за УЈП овие акти во УЈП требало да бидат донесени во законскиот рок до 3 ноември 2023 година, а се донесени со задоцнување на 9 февруари оваа година во пресрет на изборниот период. Согласноста од МИОА за овие правилници била издадена врз основа на своевидна манипулација и вметнување работни места во правилниците за кои немало намера да бидат пополнети и не се пополнети. Согласноста е издадена истиот ден, на 9 февруари, кога министерот кој ја потпишал бил разрешен, што е морален и политички хазард. Ова фрла црна дамка на целиот процес, а и целиот процес на усогласување на сите вработени во УЈП по статус и плата ја изгуби својата смисла и добра намера токму поради лошото менаџирање, ненавремено постапување надвор од законските рокови, а потоа непромислено и избрзано постапување, формални и правни неправилности и незаконитости“, објасни Петрова.

The post Вработени во УЈП ќе треба да ги враќаат платите што незаконски им биле зголемени appeared first on Република.

]]>

Вкупно 129 вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) ќе треба да враќаат пари, зашто од 12 февруари годинава со незаконски склучени договори земале поголема плата. Тие биле административни службеници, но во текот на изборниот процес потпишале договори со кои станале даночни службеници. Одлуката за потпишувањето на договорите била колективна и незаконска, констатирал Државниот инспекторат за труд (ДИТ) кој извршил проверки откако е назначена новата директорка на УЈП Елена Петрова. ДИТ поради тоа и наложил на Петрова да ги поништи тие договори на овие 129 вработени. Финансиската штета од целата оваа ситуација изнесува околу 18 милиони денари. Како што информира Петрова на брифинг со новинарите, УЈП во моментов бара најсоодветно решение за 129-те вработени кои денеска треба да потпишат нови договори за даночни службеници. Една од опциите е дури и потпишување нов колективен договор или анекс на веќе постојниот, за што се разговарало и со синдикалните здруженија. УЈП, нагласи директорката, чека и одговор од ДИТ за „најбезболно“ да се реши настанатиот проблем за кој, потенцира, вработените не се воопшто виновни. Намерата, рече, веројатно била добра, да имаат повисоки плати, но изгубила смисла поради незаконитост. Со новите договори, пак, што ќе бидат потпишани, секој од овие 129 вработени ќе добие плата според работното место. Како што подвлече Петрова, вработените практично ќе добијат решенија за даночни службеници зашто актуелниот Закон за УЈП не предвидува администрстивни службеници, за што имало и негативно мислење од поранешното Министерство за информатичко општество и администрација.
Претходната директорка на УЈП донела одлука и акти кои се незаконски и поради кои внатре сега имаме хаос во организирањето на некои работни процеси и сме соочени со исправање последици. Незаконитоста и формално правните неправилности ги констатираа и ДКСК и Државниот инспекторат за труд. Во моментов јас сум соочена и треба да извршам наредба на Трудовиот инспекторат со која ми се наложува поништување на одлуката со која претходната директорка на УЈП во февруари ги откажала договорите за вработување на сите вработени во УЈП, а воедно им наредила да продолжат да работат до склучувањето нови договори според новите интерни правилници. Поништувањето на оваа одлука сега значи поништување и на сите нејзини правни последици, односно тоа значи дека ќе се поништат договорите со вработените склучени по распишувањето на изборите што има свое влијание и врз платите исплатени на определени вработени кои добиле повисока плата со промена на нивниот статус. Најмногу засегнатите вработени во УЈП сега се изложени на трпење последици од одлуката на претходната директорка на УЈП. Процесите на поништување на старите и склучувањето нови договори со сите вработени во УЈП се одвивале во тек на изборниот процес, истакна Петрова.
Сетоа ова, според неа, можело да се избегне доколку се испочитувале законските рокови.
Согласно измените на Законот за УЈП овие акти во УЈП требало да бидат донесени во законскиот рок до 3 ноември 2023 година, а се донесени со задоцнување на 9 февруари оваа година во пресрет на изборниот период. Согласноста од МИОА за овие правилници била издадена врз основа на своевидна манипулација и вметнување работни места во правилниците за кои немало намера да бидат пополнети и не се пополнети. Согласноста е издадена истиот ден, на 9 февруари, кога министерот кој ја потпишал бил разрешен, што е морален и политички хазард. Ова фрла црна дамка на целиот процес, а и целиот процес на усогласување на сите вработени во УЈП по статус и плата ја изгуби својата смисла и добра намера токму поради лошото менаџирање, ненавремено постапување надвор од законските рокови, а потоа непромислено и избрзано постапување, формални и правни неправилности и незаконитости“, објасни Петрова.
 
The post Вработени во УЈП ќе треба да ги враќаат платите што незаконски им биле зголемени appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Покачување на платите за наставниците ќе има во март, ако има можност – и уште едно идната година https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-pokachuvane-na-platite-za-nastavnitsite-ke-ima-vo-mart-ako-ima-mozhnost-i-ushte-edno-idnata-godina/ Sat, 24 Aug 2024 14:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=809748

Поради лошата состојба со буџетот и необезбедни средства за проекти и обврски во образованието, наставниците нема да добијат покачување на платите во септември за 12 отсто, како што бара синдикатот, но зголемување ќе има во март.

Грчевито се борам и ќе се борам за наставниците и ќе продолжам и ќе инсистирам да се исполни она што сме им го ветиле. Сме им ветиле во првата година - за оваа Влада првата година е од јуни до следниот јуни. Во првата година тие, секако, ќе добијат покачување. Во март ќе добијат покачување на платата, што е можно повеќе, колку што ќе дозволи Буџетот, толку ќе добијат. Во текот на годината, ако има можности, уште едно покачување, за да бидат задоволни и мотивирани, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, Јаневска истакна дека како наставник точно ги знае, рече, „проблемите и предизвиците и со каква тежина и притисоци се соочуваат наставниците“, но верува дека тие ќе имаат разбирање за реалните можности.

Кога би можела, уште утре би им ја покачила платата, не за оние 12 проценти кои ги бара синдикатот. По можност 30, 40, 50 проценти. И нема дилема дека тие треба да имаат поголеми плати, јас само ги кажувам реалните можности, кажувам што наследивме од претходната власт. Ако таа министерка или било кои други министри правилно го планираа буџетот, може и немаше да имаме проблем. Се соочуваме со огромни средства за учебници, огромни средства за ученички стандард кои не ги исплаќале, огромни средства за студентски стандард кои не ги исплаќале, проблеми со превозот. Гледате дека се доградуваат училници, се реновираат санитарии. Сѐ е тоа нешто што е неопходно. Не дека платите на наставниците не се неопходни, тие се и тоа како значајни, но јас сум убедена дека ќе имаат разбирање, рече Јаневска.

The post Јаневска: Покачување на платите за наставниците ќе има во март, ако има можност – и уште едно идната година appeared first on Република.

Наставниците во март следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата, изјави Јаневска https://republika.mk/vesti/makedonija/nastavnitsite-vo-mart-slednata-godina-ke-dobijat-12-otsto-pokachuvane-na-plata-izjavi-janevska/ Thu, 08 Aug 2024 16:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=804563

Согласно тоа како се движи бруто-домашниот производ (БДП) и согласно колективниот договор, наставниците во март идната година ќе добијат околу 12 проценти покачување на платата, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарски прашања за време на увидот во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани, Јаневска рече дека имала две конструктивни средби со СОНК, како и со група наставници.

Со СОНК остварив две средби. Можам да кажам дека имавме конструктивни средби и големо разбирање, но не само со СОНК, туку и поединечно со групи на наставници. Јас ги замолив и пред изборите и по изборите да имаат малку трпение. Знам што значи плата, и знам што значи да се живее од плата, но вие го знаете долгот на Министерството, го знаете долгот на државата така што за оваа година ние навистина немаме можности да преземеме некаква сериозна активност во тој правец, а јас како министер не можам да дозволам на моите наставници да им се покачи платата за 200-300 денари. Простете што велам мои, но јас сум одговорна за нив и тие се мои. Но, направени се сериозни разговори во Владата и со министерката за финансии и тие во март следната година ќе добијат според тоа како се движи БДП и според колективниот договор покачување од 10-12 проценти. Мислам дека тоа ќе биде 12 проценти покачување на платата - рече Јаневска.

Министерката Јаневска минатиот месец изјави дека ќе направат максимални напори платите на наставниците постепено да растат, изразувајќи уверување дека до крајот на мандатот ќе се потпише и нов колективен договор за основно и за средно образование.

The post Наставниците во март следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата, изјави Јаневска appeared first on Република.

]]>

Согласно тоа како се движи бруто-домашниот производ (БДП) и согласно колективниот договор, наставниците во март идната година ќе добијат околу 12 проценти покачување на платата, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарски прашања за време на увидот во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани, Јаневска рече дека имала две конструктивни средби со СОНК, како и со група наставници.
Со СОНК остварив две средби. Можам да кажам дека имавме конструктивни средби и големо разбирање, но не само со СОНК, туку и поединечно со групи на наставници. Јас ги замолив и пред изборите и по изборите да имаат малку трпение. Знам што значи плата, и знам што значи да се живее од плата, но вие го знаете долгот на Министерството, го знаете долгот на државата така што за оваа година ние навистина немаме можности да преземеме некаква сериозна активност во тој правец, а јас како министер не можам да дозволам на моите наставници да им се покачи платата за 200-300 денари. Простете што велам мои, но јас сум одговорна за нив и тие се мои. Но, направени се сериозни разговори во Владата и со министерката за финансии и тие во март следната година ќе добијат според тоа како се движи БДП и според колективниот договор покачување од 10-12 проценти. Мислам дека тоа ќе биде 12 проценти покачување на платата - рече Јаневска.
Министерката Јаневска минатиот месец изјави дека ќе направат максимални напори платите на наставниците постепено да растат, изразувајќи уверување дека до крајот на мандатот ќе се потпише и нов колективен договор за основно и за средно образование.

The post Наставниците во март следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата, изјави Јаневска appeared first on Република.

]]>
Исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР https://republika.mk/vesti/makedonija/isplatena-bonus-plata-za-2023-godina-pravo-koe-go-ostvarile-5-635-vraboteni-vo-mvr/ Thu, 01 Aug 2024 14:21:08 +0000 https://republika.mk/?p=802409

Денеска (01.08.2024) е исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР, објави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на неговиот Фејсбук профил.

Поединечниот износ на бонус платата изнесува 36.614 денари. Бонус платата е исплатена на вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2023 година, напиша министерот Тошковски.

The post Исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР appeared first on Република.

]]>

Денеска (01.08.2024) е исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР, објави денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на неговиот Фејсбук профил. Поединечниот износ на бонус платата изнесува 36.614 денари. Бонус платата е исплатена на вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2023 година, напиша министерот Тошковски.

The post Исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР appeared first on Република.

]]>
Просечната плата во мај 41.252 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-plata-vo-maj-41-252-denari/ Tue, 23 Jul 2024 11:11:06 +0000 https://republika.mk/?p=799501

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесува 41.252 денари и е за 13,1 отсто повисока отколку во мај 2023 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 19,6 отсто, Уметност, забава и рекреација за 19 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 16,3 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 5,7 отсто, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,4 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,3 отсто.

The post Просечната плата во мај 41.252 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесува 41.252 денари и е за 13,1 отсто повисока отколку во мај 2023 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 19,6 отсто, Уметност, забава и рекреација за 19 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 16,3 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 5,7 отсто, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,4 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,3 отсто.

The post Просечната плата во мај 41.252 денари appeared first on Република.

]]>
Владата ги објави платите на премиерот Мицкоски и министрите https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-gi-objavi-platite-na-premierot-mitskoski-i-ministrite/ Mon, 22 Jul 2024 15:53:27 +0000 https://republika.mk/?p=799279

Платата на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изнесува 140 450 денари, односно 2 280 евра, а сите останати министри, меѓу кои и вицепремиерите, земаат 115 540 денари или 1 870 евра плата. Информацијата денеска беше објавена на веб-страницата на Владата во делот – отчетност.

Според табелата прикажана на веб-страницата, единствено во платите се издвојува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кому му следува 20 отсто зголемување поради извршувањето на функцијата. Па неговата плата изнесува приближно колку таа на премиерот, односно 140 405 денари.

Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на претседателот на Владата, замениците на претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок“, се наведува во објавата на Владата.

The post Владата ги објави платите на премиерот Мицкоски и министрите appeared first on Република.

]]>

Платата на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изнесува 140 450 денари, односно 2 280 евра, а сите останати министри, меѓу кои и вицепремиерите, земаат 115 540 денари или 1 870 евра плата. Информацијата денеска беше објавена на веб-страницата на Владата во делот – отчетност. Според табелата прикажана на веб-страницата, единствено во платите се издвојува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кому му следува 20 отсто зголемување поради извршувањето на функцијата. Па неговата плата изнесува приближно колку таа на премиерот, односно 140 405 денари.
Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на претседателот на Владата, замениците на претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок“, се наведува во објавата на Владата.

The post Владата ги објави платите на премиерот Мицкоски и министрите appeared first on Република.

]]>
Николоски: Неизвесно е дали 4.400 вработени во Пошта, Македонски железници транспорт и инфраструктура ќе земат плата до крајот на годината https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-neizvesno-e-dali-4-400-vraboteni-vo-poshta-makedonski-zheleznitsi-transport-i-infrastruktura-ke-zemat-plata-do-krajot-na-godinata/ Mon, 08 Jul 2024 20:43:42 +0000 https://republika.mk/?p=794741

Неизвесно дали 4.400 вработени во „Македонска пошта“, МЖ транспорт и инфраструктура ќе земаат плаат до крајот на годината, бидејќи досегашните раководства ги потрошиле средствата за шест наместо за 12 месеци и затоа за останатите шест месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе можат да земат плата, изјави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во Струмица.

На новинарско прашање дали овие вработени ќе останат без плата, министерот рече дека нема да дозволи овие семејства да останат без плата, но, како што додаде, мора да се знае вистината.

Николоски посочи дека според ревизорскиот извештај само за автопатот Кичево-Охрид вредноста е зголемена за 190 милиони евра, а за катастрофата во Железницата рече дека нема ниту една локомотива која е во функција.

Слично нешто се случува со експресниот пат Прилеп-Градско, којшто за време на капмањата Бочварски и Филипче го пуштаа, ама истиот не само што не е пуштен, туку Македонија може да оди на арбитража заради проблеми во реализацијата на договорот, рече Николоски.

За состојбата со изградбата на автопатиштата во државата министерот смета дека има целосни промашувања и затоа тој го поканил МВР сериозно да ги разгледа овие случаи, а исто било и со Железницата каде очекува исто така реакција од МВР.

Инаку, Николоски присуствуваше на одбележувањето на 34 години од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица.

The post Николоски: Неизвесно е дали 4.400 вработени во Пошта, Македонски железници транспорт и инфраструктура ќе земат плата до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

Неизвесно дали 4.400 вработени во „Македонска пошта“, МЖ транспорт и инфраструктура ќе земаат плаат до крајот на годината, бидејќи досегашните раководства ги потрошиле средствата за шест наместо за 12 месеци и затоа за останатите шест месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе можат да земат плата, изјави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во Струмица.
На новинарско прашање дали овие вработени ќе останат без плата, министерот рече дека нема да дозволи овие семејства да останат без плата, но, како што додаде, мора да се знае вистината. Николоски посочи дека според ревизорскиот извештај само за автопатот Кичево-Охрид вредноста е зголемена за 190 милиони евра, а за катастрофата во Железницата рече дека нема ниту една локомотива која е во функција.
Слично нешто се случува со експресниот пат Прилеп-Градско, којшто за време на капмањата Бочварски и Филипче го пуштаа, ама истиот не само што не е пуштен, туку Македонија може да оди на арбитража заради проблеми во реализацијата на договорот, рече Николоски.
За состојбата со изградбата на автопатиштата во државата министерот смета дека има целосни промашувања и затоа тој го поканил МВР сериозно да ги разгледа овие случаи, а исто било и со Железницата каде очекува исто така реакција од МВР. Инаку, Николоски присуствуваше на одбележувањето на 34 години од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струмица.

The post Николоски: Неизвесно е дали 4.400 вработени во Пошта, Македонски железници транспорт и инфраструктура ќе земат плата до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
Коцевски: Ако полицаецот е незадоволен, не може да сметаме на безбедна држава https://republika.mk/vesti/makedonija/kotsevski-ako-politsaetsot-e-nezadovolen-ne-mozhe-da-smetame-na-bezbedna-drzhava/ Thu, 27 Jun 2024 08:41:24 +0000 https://republika.mk/?p=791183

Вчерашната кривична пријава не е прва што Синдикатот ја има поднесено до ОЈО, а се однесува на повреда на правата од работен однос и на злоупотреба на службената положба. Имено, на работик за полесно кршење на работна дисциплина донесена е мерка отказ што не е според законот. Мене ми е посебно жал што претседателката на комисијата за жалби 90 отсто од поплаките ги решава против подносителите. Апелирам да почне да владее правото, да се покрене кривичен предлог и овие работи што се случуваат во МВР да престанат. Поранешниот министер против кого е поднесена кривичната пријава немаше никаква реакција, како што никогаш и немало. Ние реагиравме и кога потпиша две прерасределувања вон работното место кога користел боледување поради Ковид-19, вели Орце Коцевски од Синдикатот на полицијата во СТУДИО 10 на ТВ 24.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-mnozhat-nova-krivichna-prijava-protiv-oliver-spasovski/

Платите во полицијата не се добри и тоа може да се види от тоа што на последниот конкурс за вработување се пријавија само 1000 луѓе за 660 места. Основната плата на полицаец е 16.300 денари. Ако знаеме дека минималната плата е 22.500 денара излегува дека основната плата на полицаец е 100 евра пониска од минималната. Полицајците имаат и додатоци на плата и со нив изнесува околу 23-24 илјади денари. Просечната плата во Македонија е 41 илјада денари и срамота е да зборуваме за помала плата. Новиот министер Тошковски е првиот кој проговори за ниските плати во полицијата и тешката состојба, вели Коцевски.

Коцевски вели дека доаѓаат подобри денови за полицијата.

Ако полицаецот е незадоволен, не може да сметаме на безбедна држава, вели Коцевски.

The post Коцевски: Ако полицаецот е незадоволен, не може да сметаме на безбедна држава appeared first on Република.

Поранешниот организациски директор на Гастроентерохепатологија Сафет Зендељи пола година зема директорка плата, а нема мандат https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshniot-organizatsiski-direktor-na-gastroenterohepatologija-safet-zendeli-pola-godina-zema-direktorka-plata-a-nema-mandat/ Wed, 19 Jun 2024 12:10:51 +0000 https://republika.mk/?p=789052

До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат информации дека на Клиниката за гастроентерохепатологија, сега веќе екс организацискиот директор Сафет Зендељи, иако немал продолжен мандат за в.д. директор, сепак, доаѓал на работа и редовно за тоа земал плата половина година.

Од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ прашуваат:

Дали се точни информациите и дали овој сега веќе екс директор половина година земал плата како директор, иако според информациите воопшто не му бил продолжен мандатот?

Дали Зендељи ќе ги врати овие средства во буџетот на Клиниката доколку се точни овие информации?

Дали надлежните институции ќе ги проверат овие информации и постапат согласно законските прописи?

ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати алармираше за несоодветно работење на организациските директори и за таа цел се обрзавме пред граѓаните на нивно укинување за да ставиме крај на дуализмот. Истовремено, овие средства ќе останат повторно во клиниките за потребите на пациентите, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Поранешниот организациски директор на Гастроентерохепатологија Сафет Зендељи пола година зема директорка плата, а нема мандат appeared first on Република.

]]>

До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат информации дека на Клиниката за гастроентерохепатологија, сега веќе екс организацискиот директор Сафет Зендељи, иако немал продолжен мандат за в.д. директор, сепак, доаѓал на работа и редовно за тоа земал плата половина година. Од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ прашуваат: Дали се точни информациите и дали овој сега веќе екс директор половина година земал плата како директор, иако според информациите воопшто не му бил продолжен мандатот? Дали Зендељи ќе ги врати овие средства во буџетот на Клиниката доколку се точни овие информации? Дали надлежните институции ќе ги проверат овие информации и постапат согласно законските прописи? ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати алармираше за несоодветно работење на организациските директори и за таа цел се обрзавме пред граѓаните на нивно укинување за да ставиме крај на дуализмот. Истовремено, овие средства ќе останат повторно во клиниките за потребите на пациентите, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

The post Поранешниот организациски директор на Гастроентерохепатологија Сафет Зендељи пола година зема директорка плата, а нема мандат appeared first on Република.

]]>
И тие лапаат патни трошоци и дневници: Колку заработуваат европратениците https://republika.mk/vesti/svet/i-tie-lapaat-patni-troshotsi-i-dnevnitsi-kolku-zarabotuvaat-evropratenitsite/ Mon, 10 Jun 2024 11:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=786183

Сите пратеници во Европскиот парламент имаат иста плата и според податоците од 2023 година таа изнесувала 10.075 евра бруто или 7.854 евра нето по одбивањето на даноци на ЕУ и придонесите за осигурување. Платата на европратениците е дефинирана со Статутот на пратениците во Европскиот парламент, а се пресметува од основната основна плата на судија на Судот на Европската унија, при што надоместокот на европратеникот е 38,5 отсто од таа плата.

Покрај таа плата, европратениците добиваат и други бенефиции, па освен платата од 7.854 евра, можат да заработат и дополнителни неколку илјади евра.

На пример - дневница од 350 евра, што покрива сместување, оброци и поврзани трошоци секој ден за време на службената работа на член на ЕП, а на висината на дневницата влијае и дали гласале. Потоа следуваат патните трошоци за доаѓање на седниците и состаноците на Европскиот парламент во Брисел и Стразбур, а горните граници се поставени до највисоката цена на авионскиот превоз од бизнис класата, билетите за воз од прва класа или 0,58 евра по километар за автомобил (до максимум 1.000 километри).

Пратениците во ЕП исто така, имаат право на враќање до две третини од третмани за лекување. Најконтроверзен е надоместокот за општи трошоци од 4.950 евра месечно, што им овозможува на пратениците да ги покријат трошоците како што се изнајмување канцеларија во земјата-членка во која се избрани или трошоци за ИТ хардвер и софтвер, канцелариски материјали, мобилни телефони/претплати и онлајн претплати. Таа сума оди директно на сметката на европратеникот и трошоците не мора да бидат оправдани, поради што додатокот се смета за контроверзен.

Исто така, предвидена е и такса за крајот на мандатот, односно преоден хонорар во висина од една месечна плата за секоја година во која извршувале функција, но најмногу две години од крајот на мандатот. Кога поранешен европратеник ќе ја преземе функцијата на друго место, износот на преодниот додаток се намалува во зависност од висината на новата плата. Ако европратеник има право на старосна или инвалидска пензија истовремено, не може да добива и пензија и надоместок, туку мора да избере едно или друго.

Во исто време, секој европратеник има право и на месечен буџет од 28.696 евра, од кои се покриваат трошоците како што се платите на персоналните асистенти, но овие пари не им се исплаќаат директно на европратениците, тие не смеат да вработат блиски роднини и асистенти не може да учествува во активности кои би можеле да доведат до конфликт на интереси.

Според овие привилегии, по изборите во 2024 година се очекуваат вкупно 720 пратеници, што е за 15 повеќе од последните избори, а најмногу пратеници ќе имаат Германија (96) и Франција (81). Следуваат Италија (76), Шпанија (61) и Полска (53), Романија (33) и Холандија (31). Белгија (22), Грција (21), Чешка (21), Шведска (21), Португалија (21), Унгарија (21) и Австрија (20) ќе имаат околу 20 европратеници. Помалку од тоа имаат Бугарија (17), Данска (15), Финска (15), Словачка (15) и Ирска (14). Хрватска има 12, а на дното на листата се Литванија (11), Словенија (9), Летонија (9), Естонија (7), Кипар (6), Луксембург (6) и Малта (6).

The post И тие лапаат патни трошоци и дневници: Колку заработуваат европратениците appeared first on Република.

]]>

Сите пратеници во Европскиот парламент имаат иста плата и според податоците од 2023 година таа изнесувала 10.075 евра бруто или 7.854 евра нето по одбивањето на даноци на ЕУ и придонесите за осигурување. Платата на европратениците е дефинирана со Статутот на пратениците во Европскиот парламент, а се пресметува од основната основна плата на судија на Судот на Европската унија, при што надоместокот на европратеникот е 38,5 отсто од таа плата. Покрај таа плата, европратениците добиваат и други бенефиции, па освен платата од 7.854 евра, можат да заработат и дополнителни неколку илјади евра. На пример - дневница од 350 евра, што покрива сместување, оброци и поврзани трошоци секој ден за време на службената работа на член на ЕП, а на висината на дневницата влијае и дали гласале. Потоа следуваат патните трошоци за доаѓање на седниците и состаноците на Европскиот парламент во Брисел и Стразбур, а горните граници се поставени до највисоката цена на авионскиот превоз од бизнис класата, билетите за воз од прва класа или 0,58 евра по километар за автомобил (до максимум 1.000 километри). Пратениците во ЕП исто така, имаат право на враќање до две третини од третмани за лекување. Најконтроверзен е надоместокот за општи трошоци од 4.950 евра месечно, што им овозможува на пратениците да ги покријат трошоците како што се изнајмување канцеларија во земјата-членка во која се избрани или трошоци за ИТ хардвер и софтвер, канцелариски материјали, мобилни телефони/претплати и онлајн претплати. Таа сума оди директно на сметката на европратеникот и трошоците не мора да бидат оправдани, поради што додатокот се смета за контроверзен. Исто така, предвидена е и такса за крајот на мандатот, односно преоден хонорар во висина од една месечна плата за секоја година во која извршувале функција, но најмногу две години од крајот на мандатот. Кога поранешен европратеник ќе ја преземе функцијата на друго место, износот на преодниот додаток се намалува во зависност од висината на новата плата. Ако европратеник има право на старосна или инвалидска пензија истовремено, не може да добива и пензија и надоместок, туку мора да избере едно или друго. Во исто време, секој европратеник има право и на месечен буџет од 28.696 евра, од кои се покриваат трошоците како што се платите на персоналните асистенти, но овие пари не им се исплаќаат директно на европратениците, тие не смеат да вработат блиски роднини и асистенти не може да учествува во активности кои би можеле да доведат до конфликт на интереси. Според овие привилегии, по изборите во 2024 година се очекуваат вкупно 720 пратеници, што е за 15 повеќе од последните избори, а најмногу пратеници ќе имаат Германија (96) и Франција (81). Следуваат Италија (76), Шпанија (61) и Полска (53), Романија (33) и Холандија (31). Белгија (22), Грција (21), Чешка (21), Шведска (21), Португалија (21), Унгарија (21) и Австрија (20) ќе имаат околу 20 европратеници. Помалку од тоа имаат Бугарија (17), Данска (15), Финска (15), Словачка (15) и Ирска (14). Хрватска има 12, а на дното на листата се Литванија (11), Словенија (9), Летонија (9), Естонија (7), Кипар (6), Луксембург (6) и Малта (6).

The post И тие лапаат патни трошоци и дневници: Колку заработуваат европратениците appeared first on Република.

]]>
Вработените во „Пошта“ се уште не земале плата, бараат итна средба со новата Влада https://republika.mk/vesti/ekonomija/vrabotenite-vo-poshta-se-ushte-ne-zemale-plata-baraat-itna-sredba-so-novata-vlada/ Wed, 22 May 2024 10:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=780796

Синдикалните организации на „Македонска пошта“ информираа дека сите вработени повторно излегоа на протест, изразувајќи го својот револт и загриженост за иднината на „Македонска пошта“ и зачувување на нивните работни места. Велат дека со години претпријатието се соочува со огромна финансиска криза и доведени се до тотален хаос.

Најавуваат штрајк за 7 јуни кога имаат законска можност да го остварат.

Се уште немаме земено плата и не знаеме кога ќе земеме плата во нареден период. Менаџерскиот тим немаат одговор на прашањето кога ќе земеме пари. Вработените се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Македонска пошта која беше симбол на државата, ја доведовме до дното поради лошата кадровска и партиска политика, истакна на прес – конференција, Боро Велигденов – претседател на Синдикалните организации на Македонска пошта.

Тој бара приоритетна задача на новата влада да биде функционирањето на „Пошта“ и да имаат итна средба со членовите на владата.

2000 семејства ќе останеме на улица и Македонија ќе биде единствен пример во светот каде државна пошта нема да постои, додаде Велигденов.

Тој информира дека последната плата ја земале минатиот месец.

Вработените си заминуваат поради состојбите и бараат егзистенција на друго работно место, жали Велигденов.

The post Вработените во „Пошта“ се уште не земале плата, бараат итна средба со новата Влада appeared first on Република.

]]>

Синдикалните организации на „Македонска пошта“ информираа дека сите вработени повторно излегоа на протест, изразувајќи го својот револт и загриженост за иднината на „Македонска пошта“ и зачувување на нивните работни места. Велат дека со години претпријатието се соочува со огромна финансиска криза и доведени се до тотален хаос. Најавуваат штрајк за 7 јуни кога имаат законска можност да го остварат.
Се уште немаме земено плата и не знаеме кога ќе земеме плата во нареден период. Менаџерскиот тим немаат одговор на прашањето кога ќе земеме пари. Вработените се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Македонска пошта која беше симбол на државата, ја доведовме до дното поради лошата кадровска и партиска политика, истакна на прес – конференција, Боро Велигденов – претседател на Синдикалните организации на Македонска пошта.
Тој бара приоритетна задача на новата влада да биде функционирањето на „Пошта“ и да имаат итна средба со членовите на владата.
2000 семејства ќе останеме на улица и Македонија ќе биде единствен пример во светот каде државна пошта нема да постои, додаде Велигденов.
Тој информира дека последната плата ја земале минатиот месец.
Вработените си заминуваат поради состојбите и бараат егзистенција на друго работно место, жали Велигденов.

The post Вработените во „Пошта“ се уште не земале плата, бараат итна средба со новата Влада appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Не е суштината да се зголеми платата ако нејзината вредност се намалува https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-ne-e-sushtinata-da-se-zgolemi-platata-ako-nejzinata-vrednost-se-namaluva/ Mon, 06 May 2024 15:40:00 +0000 https://republika.mk/?p=774746

Животниот стандард го уништија, јас малку постручно велам животниот стандард меѓутоа нема семејство што не живее полошо отколку што живеело претходно, цените отидоа нагоре многу. Не е суштината ти платата да му ја зголемиш ако вредноста на платата се намалува или на пензијата, значи не постигнале ништо од актуелната власт. Многу е смешно кога ќе ветуваат плати и пензии, а притоа не размислуваат во делот на цените. И во тој дел апсолутно немаат никаков план да речам, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник во Изборна единица 1 во емисијата „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија говорејќи како актуелната власт го уништи животниот стандард на граѓаните со лоши политики.

Димитриеска Кочоска притоа се осврна дека и корупцијата и криминалот се во пораст во Македонија поради несправувањето со истите од страна на актуелната власт, а поради тоа од Македонија се иселуваат многу млади луѓе кои што финансиски се многу добри и се наоѓаат на добри работни позиции. Корупцијата, криминалот и нефункционалниот систем пресудија на многу граѓани за да си заминат од Македонија.

Според мене Бисера треба да одговара и за Универзалната, Тренчевска треба да одговара за злоупотребите што ги произнесе нашиот министер Ѓоко во однос на онаа мерка што се давала како социјална помош и каде што има штети од над два ипол милиони евра. Заради тоа што после 30.06.2022 таа мерка требало да престане, но ја продолжиле. Исто така ќе одговара и за мерките за пензионерите што даваа финансиска помош сега пред избори, имаше давано пари и на пензионери кои што не влегуваа во тие групи како социјално ранливи. Имаат за многу што да одговараат, нагласи Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека на овие избори СДСМ ќе изгуби многу, затоа што граѓаните одлучија да ги казнат за штетните политики.

Ние си кажавме јасно и гласно дека борба со сива економија ни е една од клучните работи. Имаме формирано тело во кое што ќе учествува министерот за внатрешни работи со министерот за финансии и тука ќе се и организациони тела како УЈП, Царина, Финансиска полиција, Управа за перење пари и организиран криминал. Ќе имаат чести состаноци на кои што ќе ги следат јавните набавки, трансфер на пари итн. И тоа се со цел да ја сведеме корупцијата на нула, порача Димитриеска Кочоска говорејќи што идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се со цел корупцијата во Македонија да се сведе на нула.

Димитриеска Кочоска укажа дека ќе е потребна помошта од граѓаните затоа што треба да пријавуваат до надлежните институции.

The post Димитриеска Кочоска: Не е суштината да се зголеми платата ако нејзината вредност се намалува appeared first on Република.

]]>

Животниот стандард го уништија, јас малку постручно велам животниот стандард меѓутоа нема семејство што не живее полошо отколку што живеело претходно, цените отидоа нагоре многу. Не е суштината ти платата да му ја зголемиш ако вредноста на платата се намалува или на пензијата, значи не постигнале ништо од актуелната власт. Многу е смешно кога ќе ветуваат плати и пензии, а притоа не размислуваат во делот на цените. И во тој дел апсолутно немаат никаков план да речам, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник во Изборна единица 1 во емисијата „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија говорејќи како актуелната власт го уништи животниот стандард на граѓаните со лоши политики. Димитриеска Кочоска притоа се осврна дека и корупцијата и криминалот се во пораст во Македонија поради несправувањето со истите од страна на актуелната власт, а поради тоа од Македонија се иселуваат многу млади луѓе кои што финансиски се многу добри и се наоѓаат на добри работни позиции. Корупцијата, криминалот и нефункционалниот систем пресудија на многу граѓани за да си заминат од Македонија.
Според мене Бисера треба да одговара и за Универзалната, Тренчевска треба да одговара за злоупотребите што ги произнесе нашиот министер Ѓоко во однос на онаа мерка што се давала како социјална помош и каде што има штети од над два ипол милиони евра. Заради тоа што после 30.06.2022 таа мерка требало да престане, но ја продолжиле. Исто така ќе одговара и за мерките за пензионерите што даваа финансиска помош сега пред избори, имаше давано пари и на пензионери кои што не влегуваа во тие групи како социјално ранливи. Имаат за многу што да одговараат, нагласи Димитриеска Кочоска.
Таа посочи дека на овие избори СДСМ ќе изгуби многу, затоа што граѓаните одлучија да ги казнат за штетните политики.
Ние си кажавме јасно и гласно дека борба со сива економија ни е една од клучните работи. Имаме формирано тело во кое што ќе учествува министерот за внатрешни работи со министерот за финансии и тука ќе се и организациони тела како УЈП, Царина, Финансиска полиција, Управа за перење пари и организиран криминал. Ќе имаат чести состаноци на кои што ќе ги следат јавните набавки, трансфер на пари итн. И тоа се со цел да ја сведеме корупцијата на нула, порача Димитриеска Кочоска говорејќи што идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се со цел корупцијата во Македонија да се сведе на нула.
Димитриеска Кочоска укажа дека ќе е потребна помошта од граѓаните затоа што треба да пријавуваат до надлежните институции.

The post Димитриеска Кочоска: Не е суштината да се зголеми платата ако нејзината вредност се намалува appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра https://republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-prosechna-plata-od-1-100-evra-i-minimalna-plata-od-600-evra/ Thu, 02 May 2024 18:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=773610

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се сретна со граѓаните од Чучер Сандево.

„СДСМ е рамо до рамо со граѓаните, сите на 8 мај за број 1!

Со СДСМ е можен европски животен стандард, со просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра”, рече Спасовски, наведувајќи мерки за младите од Програмата за европска иднина.

“Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра”, истакна Спасовски, додавајќи платите во здравството ќе продолжат да раснат.

„Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари.

СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места” рече Спасовски.

The post Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра appeared first on Република.

]]>

Носителот на листа на кандидати за пратеници од ИЕ2 предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, се сретна со граѓаните од Чучер Сандево. „СДСМ е рамо до рамо со граѓаните, сите на 8 мај за број 1! Со СДСМ е можен европски животен стандард, со просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра”, рече Спасовски, наведувајќи мерки за младите од Програмата за европска иднина. “Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра”, истакна Спасовски, додавајќи платите во здравството ќе продолжат да раснат. „Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари. СДСМ нема да се откаже од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места” рече Спасовски.

The post Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра appeared first on Република.

]]>
Гаси скара, барај плата: ССМ ќе бара враќање на надоместокот за храна и превоз во висина од 20 отсто од просечната плата https://republika.mk/vesti/ekonomija/gasi-skara-baraj-plata-ssm-ke-bara-vrakane-na-nadomestokot-za-hrana-i-prevoz-vo-visina-od-20-otsto-od-prosechnata-plata/ Tue, 23 Apr 2024 11:40:37 +0000 https://republika.mk/?p=769717

Сојузот на синдикатите бара од газдите да се врати надоместокот за храна и превоз во законскиот износ од 20 отсто од просечната плата (околу 8.000 денари или 4.500 денари со даночното ослободување), бидејќи од нивната минимална плата од 22.500 денари, најмалку една третина сега оди за овие трошоци. Ова е едно од главните барања што синдикалците ќе го испорачаат на најавениот Првомајски протест, за кој побараа масовност од работниците. Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, ги потсети членовите дека мора да се охрабрат, да излезат и да маршираат од Работничкиот дом до Владата, рециклирајќи еден поранешен слоган „Гаси скара, барај плата“, алудирајќи на тоа дека низ годините работниците повеќе „павтаа да ја разгорат жарта на скарите, отколку што се заложуваа за нивните права“.

Ќе бараме право што го немаме од 2009-та, оти цените на горивата и на храната отидоа до небо, а уште во првите 100 дена од новата влада, ќе се заложиме минималната плата да изнесува 450 евра, како што е секаде во регионот. Невозможно е повеќе од 20.000 работници сега да примаат плата под минималната и тоа веќе не се толерира. Лесно им е на функционерите со плата од 2.500 евра, прашајте ги работниците како им е со 22.500 денари. Од јануари до април годинава, работниците изгубија 3.000 денари поради дивеењето на цените. А, веќе 14 години не добиваат превоз и хранарина – порача Трендафилов.

Претседателот на ССМ беше прецизен дека само во април одржале 6 протести, а нема никаков возвратен одговор од институциите.

Протестот го организираме во ситуација кога вработените во ЈП „Македонски шуми“ немаат земено три плати, кога ЈП „Водостопанство“ ја нема примено последната плата, кога вработените во културата бараат зголемување на платите што им следува по зголемената минимална плата. Со каков образ од нас се бара да им го дадеме нашиот глас – за да нè крадат и натаму“ – праша Трендафилов.

Од ССМ велат дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради односот на креаторите на политиките, кои во последните неколку месеци водат грижа исклучиво за себе, а не мислат за работниците.

Не го сметајте ова како повик од ССМ, туку повик од работниците на кој сите ние ќе одлучиме заедно да излеземе на работничкиот протест – поентираше Трендафилов.

The post Гаси скара, барај плата: ССМ ќе бара враќање на надоместокот за храна и превоз во висина од 20 отсто од просечната плата appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите бара од газдите да се врати надоместокот за храна и превоз во законскиот износ од 20 отсто од просечната плата (околу 8.000 денари или 4.500 денари со даночното ослободување), бидејќи од нивната минимална плата од 22.500 денари, најмалку една третина сега оди за овие трошоци. Ова е едно од главните барања што синдикалците ќе го испорачаат на најавениот Првомајски протест, за кој побараа масовност од работниците. Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, ги потсети членовите дека мора да се охрабрат, да излезат и да маршираат од Работничкиот дом до Владата, рециклирајќи еден поранешен слоган „Гаси скара, барај плата“, алудирајќи на тоа дека низ годините работниците повеќе „павтаа да ја разгорат жарта на скарите, отколку што се заложуваа за нивните права“.
Ќе бараме право што го немаме од 2009-та, оти цените на горивата и на храната отидоа до небо, а уште во првите 100 дена од новата влада, ќе се заложиме минималната плата да изнесува 450 евра, како што е секаде во регионот. Невозможно е повеќе од 20.000 работници сега да примаат плата под минималната и тоа веќе не се толерира. Лесно им е на функционерите со плата од 2.500 евра, прашајте ги работниците како им е со 22.500 денари. Од јануари до април годинава, работниците изгубија 3.000 денари поради дивеењето на цените. А, веќе 14 години не добиваат превоз и хранарина – порача Трендафилов.
Претседателот на ССМ беше прецизен дека само во април одржале 6 протести, а нема никаков возвратен одговор од институциите. Протестот го организираме во ситуација кога вработените во ЈП „Македонски шуми“ немаат земено три плати, кога ЈП „Водостопанство“ ја нема примено последната плата, кога вработените во културата бараат зголемување на платите што им следува по зголемената минимална плата. Со каков образ од нас се бара да им го дадеме нашиот глас – за да нè крадат и натаму“ – праша Трендафилов. Од ССМ велат дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради односот на креаторите на политиките, кои во последните неколку месеци водат грижа исклучиво за себе, а не мислат за работниците.
Не го сметајте ова како повик од ССМ, туку повик од работниците на кој сите ние ќе одлучиме заедно да излеземе на работничкиот протест – поентираше Трендафилов.

The post Гаси скара, барај плата: ССМ ќе бара враќање на надоместокот за храна и превоз во висина од 20 отсто од просечната плата appeared first on Република.

]]>
Просечната плата во февруари изнесувала 39.276 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/prosechnata-plata-vo-fevruari-iznesuvala-39-276-denari/ Tue, 23 Apr 2024 11:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=769698

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава во февруари 2024 година, изнесува 39.276 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.8.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (25.4 %), Административни и помошни услужни дејности (22.8 %) и Уметност, забава и рекреација (20.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (9.8 %), Рударство и вадење на камен (7.4 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58.967 денари.

The post Просечната плата во февруари изнесувала 39.276 денари appeared first on Република.

]]>

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во земјава во февруари 2024 година, изнесува 39.276 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (25.4 %), Административни и помошни услужни дејности (22.8 %) и Уметност, забава и рекреација (20.3 %). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (9.8 %), Рударство и вадење на камен (7.4 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.1 %). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58.967 денари.  

The post Просечната плата во февруари изнесувала 39.276 денари appeared first on Република.

]]>
Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти https://republika.mk/vesti/kultura/vrabotenite-vo-kultura-ja-dobija-martovskata-plata-pokachena-za-12-protsenti/ Fri, 19 Apr 2024 14:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=768059

Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти.

Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат.

Костадиновска-Стојчевска во својата изјава ги повтори своите ставови, дека секогаш е на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права.

The post Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти appeared first on Република.

]]>

Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти.
Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.
Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат. Костадиновска-Стојчевска во својата изјава ги повтори своите ставови, дека секогаш е на страната на вработените, за повисоки плати и за поголеми работнички права.

The post Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди плати https://republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-direktorot-na-makedonski-shumi-da-si-podnese-ostavka-a-vladata-da-obezbedi-plati/ Wed, 17 Apr 2024 17:19:04 +0000 https://republika.mk/?p=767222

Вработените од ЈП Македонски Шуми протестираат бидејќи два месеци доцни платата и теренскиот додаток.

Трипуновски вели дека Менаџментот на ЈПМШ има пари да се луксузира со набавка на нови возила и луксуз, но нема за плата за вработените. Сето ова е резултат на превработеноста во претпријатието кое што го наполнија со партиски кадри и недомаќинското работење. Тој апелира директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди пари за платите на вработените.

Додека Љупчо Николовски троши државни пари за политичка кампања и да се шета по Македонија, вработените протестираат и се молат за плата за да ги прехранат семејствата. Наскоро им доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот, ќе се воведе ред во сите институции, македонскиот народ не заслужува ваков третман! - изјави Трипуновски.

The post Трипуновски: Директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди плати appeared first on Република.

]]>

Вработените од ЈП Македонски Шуми протестираат бидејќи два месеци доцни платата и теренскиот додаток. Трипуновски вели дека Менаџментот на ЈПМШ има пари да се луксузира со набавка на нови возила и луксуз, но нема за плата за вработените. Сето ова е резултат на превработеноста во претпријатието кое што го наполнија со партиски кадри и недомаќинското работење. Тој апелира директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди пари за платите на вработените. Додека Љупчо Николовски троши државни пари за политичка кампања и да се шета по Македонија, вработените протестираат и се молат за плата за да ги прехранат семејствата. Наскоро им доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот, ќе се воведе ред во сите институции, македонскиот народ не заслужува ваков третман! - изјави Трипуновски.

The post Трипуновски: Директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди плати appeared first on Република.

]]>