планинарење Archives - Република https://republika.mk/tema/planinarene/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Apr 2024 08:00:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png планинарење Archives - Република https://republika.mk/tema/planinarene/ 32 32 Mира од Делчево на 74 години ги освојува највисоките врвови во светот https://republika.mk/zivot/patuvanja/mira-od-delchevo-na-74-godini-gi-osvojuva-najvisokite-vrvovi-vo-svetot/ Mon, 01 Apr 2024 08:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=760780

Не стивнуваат импресиите од подвигот на делчевската легенда на планинарството Мира Симоновски, која на почетокот на март на свои 74 години го искачи врвот Ухуру на 5895 метри планината Килиманџаро. МИА го следеше нејзиниот подвиг во моментот кога го искачи Килиманџаро, а викендов делчевскиот планинар повторно за МИА сподели уште неколку детали за самиот подвиг за кој, како што кажа самата, имала огромна желба да учествува во овој подвиг и да се искачи на „покривот" на Африка.

- Ми беше силна желба да го искачам Килиманџаро, требаше тоа да го сторам пред неколку години со планинарско друштво КПС Азот од Велес, меѓутоа тогаш немав средства. Сега имав уплатив 3000 евра и 600 американски долари и ми се оствари желбата да отидам со нивната експедиција, раскажува Симоновски.

Патешествието од Делчево до Африка, вклучително и искачувањето на Килиманџато, како што додава траело вкупно 12 дена.

- Најтешкиот дел беше секако искачувањето, се искачивме на 3 март 2024, а тргнавме претходната вечер во 11 часот, значи искачувањето траеше околу 10 часот. Обично трае 9 часа, но младите го искачија врбот Ухуру за 9 часа, а ние околу 10 часа, секако и јас како најстара. Целиот терен е лош на искачување ноќно време со лампи на главата, морате се пред вас да гледате, но со водичите, добро е. После на 4 километри од самиот врв беше подруго, се чувствуваш како на на седмо небо, гледаш се одозгора, додава делчевскиот планинар.

Симоновски не ја држи место, веднаш по овој подвиг има желба да го искачи Мон Блан, а добила повик за учество во експедицијата за освојување на Аконкагва во Јужна Америка.

- Прв предизвик по освојувањето на Килиманџаро ми беше Олимп, но немав друштво и Мон Блан него го планирам. Вчера добив повик за Перу, ама требаат средства, една таква експедиција би чинела околу 3000 евра сигурно, прецизира планинарката од Делчево.

Симоновски претходно на 70 години го има освоено и 5375 метри високиот Арарат, а меѓу позначајните врвови кои ги има освоено е врвот Триглав на Јулијските Алпи.
Најмладиот кој учествувал на експедицијата за освојување на врвот Арарат имал 16 години. За да учествуваш на такви експедициии вели дека желбата е пресудна, а годините се само бројка. Секоја работа како што потенцира е тешка во почетокот, но ако редовно се оди на планинарење, веќе нема враќање назад.

За идните походи, како што додаде, се ќе зависи од финаниските средства, за последното искачување поддршка имаше од Советот на Општина Делчево, но досега, како што додава, средства не барала од никого.

The post Mира од Делчево на 74 години ги освојува највисоките врвови во светот appeared first on Република.

]]>

Не стивнуваат импресиите од подвигот на делчевската легенда на планинарството Мира Симоновски, која на почетокот на март на свои 74 години го искачи врвот Ухуру на 5895 метри планината Килиманџаро. МИА го следеше нејзиниот подвиг во моментот кога го искачи Килиманџаро, а викендов делчевскиот планинар повторно за МИА сподели уште неколку детали за самиот подвиг за кој, како што кажа самата, имала огромна желба да учествува во овој подвиг и да се искачи на „покривот" на Африка.
- Ми беше силна желба да го искачам Килиманџаро, требаше тоа да го сторам пред неколку години со планинарско друштво КПС Азот од Велес, меѓутоа тогаш немав средства. Сега имав уплатив 3000 евра и 600 американски долари и ми се оствари желбата да отидам со нивната експедиција, раскажува Симоновски.
Патешествието од Делчево до Африка, вклучително и искачувањето на Килиманџато, како што додава траело вкупно 12 дена.
- Најтешкиот дел беше секако искачувањето, се искачивме на 3 март 2024, а тргнавме претходната вечер во 11 часот, значи искачувањето траеше околу 10 часот. Обично трае 9 часа, но младите го искачија врбот Ухуру за 9 часа, а ние околу 10 часа, секако и јас како најстара. Целиот терен е лош на искачување ноќно време со лампи на главата, морате се пред вас да гледате, но со водичите, добро е. После на 4 километри од самиот врв беше подруго, се чувствуваш како на на седмо небо, гледаш се одозгора, додава делчевскиот планинар.
Симоновски не ја држи место, веднаш по овој подвиг има желба да го искачи Мон Блан, а добила повик за учество во експедицијата за освојување на Аконкагва во Јужна Америка. - Прв предизвик по освојувањето на Килиманџаро ми беше Олимп, но немав друштво и Мон Блан него го планирам. Вчера добив повик за Перу, ама требаат средства, една таква експедиција би чинела околу 3000 евра сигурно, прецизира планинарката од Делчево. Симоновски претходно на 70 години го има освоено и 5375 метри високиот Арарат, а меѓу позначајните врвови кои ги има освоено е врвот Триглав на Јулијските Алпи. Најмладиот кој учествувал на експедицијата за освојување на врвот Арарат имал 16 години. За да учествуваш на такви експедициии вели дека желбата е пресудна, а годините се само бројка. Секоја работа како што потенцира е тешка во почетокот, но ако редовно се оди на планинарење, веќе нема враќање назад. За идните походи, како што додаде, се ќе зависи од финаниските средства, за последното искачување поддршка имаше од Советот на Општина Делчево, но досега, како што додава, средства не барала од никого.

The post Mира од Делчево на 74 години ги освојува највисоките врвови во светот appeared first on Република.

]]>
Хрватска планинарка падна во Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/hrvatska-planinarka-padna-vo-albanija/ Sun, 31 Mar 2024 11:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=760610

Хрватска планинарска го загубила животот при пад од голема височина на планината Језерце, во северниот дел на Албанија, познат како „албански Алпи“.

-По неколкучасовна потрага, вчера доцна попладне овозможено е да се пронајдат и извлечат седум туристи кои беа заробени на планината Језерце, каде како последица на лизгање на стрмен терен и пад од голема височина животот го загубила З.И. (41) хрватска планинарка, објави албанското МВР.

На видео-снимката која ја објавува на Фејсбук може да се види моментот кога спасувачката екипа ја пронаоѓа мртва хрватската планинарска.

Во акцијата за пребарување и спасување учествувал и Одделот за планинско спасување на Косово.

Петмина од спасените планинари се вратени на територијата на Црна Гора од каде што влегле на албанска територија, останати двајца со хеликоптер се транспортирани во болницата во градот Бајрам Цури.

The post Хрватска планинарка падна во Албанија appeared first on Република.

]]>

Хрватска планинарска го загубила животот при пад од голема височина на планината Језерце, во северниот дел на Албанија, познат како „албански Алпи“.
-По неколкучасовна потрага, вчера доцна попладне овозможено е да се пронајдат и извлечат седум туристи кои беа заробени на планината Језерце, каде како последица на лизгање на стрмен терен и пад од голема височина животот го загубила З.И. (41) хрватска планинарка, објави албанското МВР.
На видео-снимката која ја објавува на Фејсбук може да се види моментот кога спасувачката екипа ја пронаоѓа мртва хрватската планинарска. Во акцијата за пребарување и спасување учествувал и Одделот за планинско спасување на Косово. Петмина од спасените планинари се вратени на територијата на Црна Гора од каде што влегле на албанска територија, останати двајца со хеликоптер се транспортирани во болницата во градот Бајрам Цури.

The post Хрватска планинарка падна во Албанија appeared first on Република.

]]>
Сашко Кедев го освои Чо Ју- 8.000 метри https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/sashko-kedev-go-osvoi-cho-ju-8-000-metri/ Wed, 04 Oct 2023 18:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=687974

Кардиологот Сашко Кедев кој е член на МАНУ го освои и врвот на Чо Ју кој е негов осми освоен врв над 8.000 метри. Чо Ју е висок 8,201 метри и е шеста највисока планина во светот.

Експедицијата во која бил кардиологот го освоила овој врв завчера на 2 октомври само 5 дена по минување на тибетската граница.

Чо Оју е шестата највисока планина во светот на 8,184 метри надморска височина. Чо Оју на тибетски значи „тиркизна божица“.

Планината е најзападниот главен врв на регионот Хумбу на Махалангур Хималаја лоциран на 20 километри западно од Монт Еверест. Планината се наоѓа на границата број 1 на кинеската Тибетско-Непалската провинција.

The post Сашко Кедев го освои Чо Ју- 8.000 метри appeared first on Република.

]]>

Кардиологот Сашко Кедев кој е член на МАНУ го освои и врвот на Чо Ју кој е негов осми освоен врв над 8.000 метри. Чо Ју е висок 8,201 метри и е шеста највисока планина во светот. Експедицијата во која бил кардиологот го освоила овој врв завчера на 2 октомври само 5 дена по минување на тибетската граница. Чо Оју е шестата највисока планина во светот на 8,184 метри надморска височина. Чо Оју на тибетски значи „тиркизна божица“. Планината е најзападниот главен врв на регионот Хумбу на Махалангур Хималаја лоциран на 20 километри западно од Монт Еверест. Планината се наоѓа на границата број 1 на кинеската Тибетско-Непалската провинција.

The post Сашко Кедев го освои Чо Ју- 8.000 метри appeared first on Република.

]]>
Традиционално искачување на Љуботен на стартот од новата година https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/traditsionalno-iskachuvane-na-luboten-na-startot-od-novata-godina/ Mon, 02 Jan 2023 15:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=592850

Планинарите од планинарскиот клуб „Љуботен“ согласно нивната традиција на вториот ден од секоја нова година, го искачија врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина.

Станува збор за интерна тура, а врвот го искачија само група на најподготвени и најискусни планинари.

Аманетот оставен од старите љуботенци и оваа година достојно испочитуван. Шарпланинската порта е отворена за сите планинари и добронамерници. Љуботенки и љуботенци Ви посакуваат добро здравје, многу радост и секогаш да сте на врвот! Среќна Нова 2023 година, порачаа од планинарскиот клуб Љуботен.

Отворените планинарски тури на кои можат да учествуваат и рекреативците започнуваат од февруари.

The post Традиционално искачување на Љуботен на стартот од новата година appeared first on Република.

]]>

Планинарите од планинарскиот клуб „Љуботен“ согласно нивната традиција на вториот ден од секоја нова година, го искачија врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина. Станува збор за интерна тура, а врвот го искачија само група на најподготвени и најискусни планинари. Аманетот оставен од старите љуботенци и оваа година достојно испочитуван. Шарпланинската порта е отворена за сите планинари и добронамерници. Љуботенки и љуботенци Ви посакуваат добро здравје, многу радост и секогаш да сте на врвот! Среќна Нова 2023 година, порачаа од планинарскиот клуб Љуботен. Отворените планинарски тури на кои можат да учествуваат и рекреативците започнуваат од февруари.

The post Традиционално искачување на Љуботен на стартот од новата година appeared first on Република.

]]>