план Archives - Република https://republika.mk/tema/plan/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 06:22:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png план Archives - Република https://republika.mk/tema/plan/ 32 32 Координација на советничките групи во Град Скопје, Арсовска треба да го презентира планот за излез од кризата https://republika.mk/vesti/skopje/koordinatsija-na-sovetnichkite-grupi-vo-grad-skopje-arsovska-treba-da-go-prezentira-planot-za-izlez-od-krizata/ Thu, 22 Aug 2024 06:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=808863

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се очекува денеска на средба со координаторите на советничките групи да го презентира планот за излез од кризата во главниот град. Средбата на координаторите ја закажал претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески.

Очекувањата на првите луѓе на советничките групи се таа да презентира план за состојбата во „Комунална хигиена“ и хигиената во главниот град, но и за Јавното - сообраќајно претпријатие и како да се надмине проблемот со автобусите во Скопје. Сепак, велат од советничките групи, останува да се види со каков план ќе излезе Арсовска на денешната средба, која треба да започне во 11 часот.

Синоќа во телевизиско интервју на прашањето дали денеска е рокот кога ќе ги постави предлозите за надминување на проблемите, Арсовска рече дека е апсурдно да се зборува за рокови, затоа што во државата за три дена ништо не може да се реши. Таа рече дека на средбата со премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот во Владата понудила краткорочни, среднорочни и долгорочни решенија.

Тоа со роковите, навистина, малку е апсурдно, затоа што вие најверојатно како и целата македонска јавност знаете дека за три дена не можете ништо да решите во државата. Најгорливите проблеми како што не се решиле, сигурно ниту ова не може да се реши за еден ден. Ние на самата средба што ја имавме во Владата, понудивме краткорочни, среднорочни и долгорочни решенија. Но таа средба не беше отворена за јавноста па мораа медиумите да се занимаваат со нечии изјави каков план бил презентиран. Многу ми е жал што на Мицкоски му се чинело дека нема план, додаде таа.

ЈСП Скопје во пресрет на верскиот празник Задушница денеска и утре воведува дополнителен број автобуси на линијата 59, 59А и 59 Б.

Како што рече, првиот план бил за одлуките на Советот, за набавка на еко-автобуси со кои би се решил хаосот во Скопје, поради недостаоткот на автобуси и дотрајаноста на оние што ги имаме во овој момент. Арсовска рече дека се финансиски консолидирани и тоа можат да го направат и од сопствениот буџет.

Ние не баравме никакви пари за еко автобусите. Ние баравме одлука да донесат советниците да може да ги набавиме еко автобусите. На нас пари од Владата не ни требаат, ние само долгот бараме да си го платат. Ние сме финансиски консолидирани и тоа можеме да го направиме и од сопствениот буџет и кредитно да се задолжиме. Нашиот буџет тоа може да го издржи. Меѓутоа, никогаш досега тоа не се направило, затоа што на тој начин вие лимитирате што во наредната година или во наредните години ќе треба да се исплаќаат овие автобуси што треба да се набават, ќе треба помал процент на проекти да реализирате за граѓаните, рече Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на интервјуто нарекувајќи го разочарувачко и побара таа да го спаси Скопје и да си даде оставка.

Се огласи и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека очекува градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да организира координација со советничките групи во Советот на Град Скопје и да го презентира планот за подобрување на состојбите со хигиената и јавниот превоз во главниот град.

На новинарско прашање што доколку планот е неприфатлив, Мицкоски рече да се види првин планот, но дека ќе се направи се за да се заштити интересот на скопјани.

Според Мицкоски, Арсовска на завчерашната средба во Владата немала план и и биле дадени неколку идеи.

Немаше план. Јас ја повикав бидејќи бараше средба, но план не слушнав. Дадов неколку идеи. Очекувам денес, утре, да организира координација со советничките групи и да го презентира планот конечно. Првин да го видиме планот на градоначалничката па потоа се разбира дека ќе сториме се за да го заштитиме интересот на скопјани, изјави Мицкоски, при посетата на Неготино.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински по средбата со Арсовска рече дека очекувале да слушнат некаков план или реални потреби за кои како Влада и можеле да помогнат, но таа не понудила ништо конструктивно.

 

The post Координација на советничките групи во Град Скопје, Арсовска треба да го презентира планот за излез од кризата appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се очекува денеска на средба со координаторите на советничките групи да го презентира планот за излез од кризата во главниот град. Средбата на координаторите ја закажал претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески. Очекувањата на првите луѓе на советничките групи се таа да презентира план за состојбата во „Комунална хигиена“ и хигиената во главниот град, но и за Јавното - сообраќајно претпријатие и како да се надмине проблемот со автобусите во Скопје. Сепак, велат од советничките групи, останува да се види со каков план ќе излезе Арсовска на денешната средба, која треба да започне во 11 часот. Синоќа во телевизиско интервју на прашањето дали денеска е рокот кога ќе ги постави предлозите за надминување на проблемите, Арсовска рече дека е апсурдно да се зборува за рокови, затоа што во државата за три дена ништо не може да се реши. Таа рече дека на средбата со премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот во Владата понудила краткорочни, среднорочни и долгорочни решенија.
Тоа со роковите, навистина, малку е апсурдно, затоа што вие најверојатно како и целата македонска јавност знаете дека за три дена не можете ништо да решите во државата. Најгорливите проблеми како што не се решиле, сигурно ниту ова не може да се реши за еден ден. Ние на самата средба што ја имавме во Владата, понудивме краткорочни, среднорочни и долгорочни решенија. Но таа средба не беше отворена за јавноста па мораа медиумите да се занимаваат со нечии изјави каков план бил презентиран. Многу ми е жал што на Мицкоски му се чинело дека нема план, додаде таа.
ЈСП Скопје во пресрет на верскиот празник Задушница денеска и утре воведува дополнителен број автобуси на линијата 59, 59А и 59 Б. Како што рече, првиот план бил за одлуките на Советот, за набавка на еко-автобуси со кои би се решил хаосот во Скопје, поради недостаоткот на автобуси и дотрајаноста на оние што ги имаме во овој момент. Арсовска рече дека се финансиски консолидирани и тоа можат да го направат и од сопствениот буџет.
Ние не баравме никакви пари за еко автобусите. Ние баравме одлука да донесат советниците да може да ги набавиме еко автобусите. На нас пари од Владата не ни требаат, ние само долгот бараме да си го платат. Ние сме финансиски консолидирани и тоа можеме да го направиме и од сопствениот буџет и кредитно да се задолжиме. Нашиот буџет тоа може да го издржи. Меѓутоа, никогаш досега тоа не се направило, затоа што на тој начин вие лимитирате што во наредната година или во наредните години ќе треба да се исплаќаат овие автобуси што треба да се набават, ќе треба помал процент на проекти да реализирате за граѓаните, рече Арсовска.
ВМРО-ДПМНЕ реагираше на интервјуто нарекувајќи го разочарувачко и побара таа да го спаси Скопје и да си даде оставка. Се огласи и премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека очекува градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да организира координација со советничките групи во Советот на Град Скопје и да го презентира планот за подобрување на состојбите со хигиената и јавниот превоз во главниот град. На новинарско прашање што доколку планот е неприфатлив, Мицкоски рече да се види првин планот, но дека ќе се направи се за да се заштити интересот на скопјани. Според Мицкоски, Арсовска на завчерашната средба во Владата немала план и и биле дадени неколку идеи.
Немаше план. Јас ја повикав бидејќи бараше средба, но план не слушнав. Дадов неколку идеи. Очекувам денес, утре, да организира координација со советничките групи и да го презентира планот конечно. Првин да го видиме планот на градоначалничката па потоа се разбира дека ќе сториме се за да го заштитиме интересот на скопјани, изјави Мицкоски, при посетата на Неготино.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински по средбата со Арсовска рече дека очекувале да слушнат некаков план или реални потреби за кои како Влада и можеле да помогнат, но таа не понудила ништо конструктивно.  

The post Координација на советничките групи во Град Скопје, Арсовска треба да го презентира планот за излез од кризата appeared first on Република.

]]>
Орбан: Планот на Трамп за мир во Украина е добро разработен https://republika.mk/vesti/svet/orban-planot-na-tramp-za-mir-vo-ukraina-e-dobro-razraboten/ Tue, 16 Jul 2024 08:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=797281

Ако победи на претседателските избори во САД во ноември, Доналд Трамп брзо ќе побара мировни преговори меѓу Русија и Украина, тврди унгарскиот премиер, Виктор Орбан, по приватните разговори со републиканскиот кандидат, пренесува „Фајненшл тајмс“.

Во приватно писмо до лидерите на Европската унија по посетата на Киев, Москва и Пекинг, Орбан изјави дека тоа значи дека во случај на победа на Трамп, „ЕУ треба повторно да отвори директна дипломатска комуникација со Русија и да започне преговори на високо ниво со Кина. со цел да се најде мирно решение за војната во Украина“.

Орбан, исто така, во писмото вели дека, врз основа на неговите неодамнешни разговори со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски, „општ впечаток“ е „дека интензитетот на воениот конфликт радикално ќе ескалира во блиска иднина.

„Фајненшл тајмс“ го виде писмото на Орбан до лидерите на ЕУ, но кабинетот на унгарскиот премиер одби да коментира. Тимот на кампањата на Трамп не одговори веднаш на барањето за коментар.

Патувањата и средбите на Орбан со Путин, Кси и Трамп во изминатите две недели, откако Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија, ги шокираа сојузниците во ЕУ и НАТО.

Многумина стравуваат дека поддршката на Орбан за мировно решение додека Русија сè уште контролира огромни области во источна Украина е во корист на Кремљ и ја поткопува решеноста на Западот да го поддржи територијалниот интегритет на Киев.

„Не можеме да очекуваме никаква мировна иницијатива од Трамп до изборите. Сепак, можам со сигурност да кажам дека набрзо по изборната победа, тој нема да ја чека својата инаугурација, туку веднаш ќе биде подготвен да дејствува како мировен посредник“, напиша Орбан во неговото писмо испратено до претседателот на Европскиот совет до Шарл Мишел и до другите лидери на ЕУ. За тоа има детални и издржани планови“, се наведува.

Тоа значи дека ЕУ треба да предвиди промена на американската политика, рече Орбан и или да ја прифати потребата од итни преговори меѓу Русија и Украина или да преземе поголема одговорност за финансирање на украинската одбрана.

„Повеќе од убеден сум дека во веројатниот исход од победата на претседателот Трамп, односот на финансискиот товар меѓу САД и ЕУ значително ќе се промени на штета на ЕУ кога станува збор за финансиската поддршка за Украина“, напиша Орбан во писмо до лидерите на ЕУ.

Унгарскиот премиер долго време и противречи на политиката на ЕУ, критикувајќи ги западните санкции против Москва и воената поддршка за Украина, а во исто време бараше прекин на огнот и мировни преговори.

Тоа е спротивно на заедничкиот став на ЕУ и САД дека треба да помогне во одбраната на Украина и дека само Киев може да одлучи кога да ги почне преговорите со Русија.

„Нашата европска стратегија во име на трансатлантското единство ја копираше провоената политика на САД“, напиша Орбан и покрај тоа што војната почна со одлуката на рускиот претседател, Владимир Путин.

„До сега немавме суверена и независна европска стратегија или политички акционен план. Предлагам дискусија дали продолжувањето на оваа политика е рационално во иднина“, се вели во писмото на Орбан.

Тој им рече на лидерите на ЕУ: „Можеме да најдеме можност со силна морална и рационална основа да почнеме ново поглавје во нашата политика“…[и] да бараме да ги намалиме тензиите и/или да создадеме услови за привремен прекин на огнот и/или почеток на мировни разговори“.

 

The post Орбан: Планот на Трамп за мир во Украина е добро разработен appeared first on Република.

]]>

Ако победи на претседателските избори во САД во ноември, Доналд Трамп брзо ќе побара мировни преговори меѓу Русија и Украина, тврди унгарскиот премиер, Виктор Орбан, по приватните разговори со републиканскиот кандидат, пренесува „Фајненшл тајмс“. Во приватно писмо до лидерите на Европската унија по посетата на Киев, Москва и Пекинг, Орбан изјави дека тоа значи дека во случај на победа на Трамп, „ЕУ треба повторно да отвори директна дипломатска комуникација со Русија и да започне преговори на високо ниво со Кина. со цел да се најде мирно решение за војната во Украина“. Орбан, исто така, во писмото вели дека, врз основа на неговите неодамнешни разговори со рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски, „општ впечаток“ е „дека интензитетот на воениот конфликт радикално ќе ескалира во блиска иднина. „Фајненшл тајмс“ го виде писмото на Орбан до лидерите на ЕУ, но кабинетот на унгарскиот премиер одби да коментира. Тимот на кампањата на Трамп не одговори веднаш на барањето за коментар. Патувањата и средбите на Орбан со Путин, Кси и Трамп во изминатите две недели, откако Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија, ги шокираа сојузниците во ЕУ и НАТО. Многумина стравуваат дека поддршката на Орбан за мировно решение додека Русија сè уште контролира огромни области во источна Украина е во корист на Кремљ и ја поткопува решеноста на Западот да го поддржи територијалниот интегритет на Киев. „Не можеме да очекуваме никаква мировна иницијатива од Трамп до изборите. Сепак, можам со сигурност да кажам дека набрзо по изборната победа, тој нема да ја чека својата инаугурација, туку веднаш ќе биде подготвен да дејствува како мировен посредник“, напиша Орбан во неговото писмо испратено до претседателот на Европскиот совет до Шарл Мишел и до другите лидери на ЕУ. За тоа има детални и издржани планови“, се наведува. Тоа значи дека ЕУ треба да предвиди промена на американската политика, рече Орбан и или да ја прифати потребата од итни преговори меѓу Русија и Украина или да преземе поголема одговорност за финансирање на украинската одбрана. „Повеќе од убеден сум дека во веројатниот исход од победата на претседателот Трамп, односот на финансискиот товар меѓу САД и ЕУ значително ќе се промени на штета на ЕУ кога станува збор за финансиската поддршка за Украина“, напиша Орбан во писмо до лидерите на ЕУ. Унгарскиот премиер долго време и противречи на политиката на ЕУ, критикувајќи ги западните санкции против Москва и воената поддршка за Украина, а во исто време бараше прекин на огнот и мировни преговори. Тоа е спротивно на заедничкиот став на ЕУ и САД дека треба да помогне во одбраната на Украина и дека само Киев може да одлучи кога да ги почне преговорите со Русија. „Нашата европска стратегија во име на трансатлантското единство ја копираше провоената политика на САД“, напиша Орбан и покрај тоа што војната почна со одлуката на рускиот претседател, Владимир Путин. „До сега немавме суверена и независна европска стратегија или политички акционен план. Предлагам дискусија дали продолжувањето на оваа политика е рационално во иднина“, се вели во писмото на Орбан. Тој им рече на лидерите на ЕУ: „Можеме да најдеме можност со силна морална и рационална основа да почнеме ново поглавје во нашата политика“…[и] да бараме да ги намалиме тензиите и/или да создадеме услови за привремен прекин на огнот и/или почеток на мировни разговори“.  

The post Орбан: Планот на Трамп за мир во Украина е добро разработен appeared first on Република.

]]>
Имал список за ликвидација: Ученикот пред масакарот имал детално направен план https://republika.mk/vesti/balkan/imal-spisok-za-likvidatsija-uchenikot-pred-masakarot-imal-detalno-napraven-plan/ Wed, 03 May 2023 12:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=636458

Веселин Милиќ, начелник ПУ за градот Белград, на прес конференција го покажал планот и списокот на деца, кои Коста К. сам го направил, пред да го започне својот крвав поход во училиштето „Владислав Рибникар“ на Врачар.

Сум бил на илјадници увиди, ова во српското општество е невидено досега. Според досега собраните податоци, детето веќе подолго време го планирало настанот. Пиштолите ги земал од станот на татко му, понел и молотови коктели. Прво пукал во човекот од обезбедување, па во дежурната ученичка. После злосторството, ја повикал полицијата. Самиот го изработил планот за влез и илез од училиштето. Одредил приоритени мети, како кое дете да го ликвидира и по кој број- изјавил Милиќ.

The post Имал список за ликвидација: Ученикот пред масакарот имал детално направен план appeared first on Република.

]]>

Веселин Милиќ, начелник ПУ за градот Белград, на прес конференција го покажал планот и списокот на деца, кои Коста К. сам го направил, пред да го започне својот крвав поход во училиштето „Владислав Рибникар“ на Врачар.
Сум бил на илјадници увиди, ова во српското општество е невидено досега. Според досега собраните податоци, детето веќе подолго време го планирало настанот. Пиштолите ги земал од станот на татко му, понел и молотови коктели. Прво пукал во човекот од обезбедување, па во дежурната ученичка. После злосторството, ја повикал полицијата. Самиот го изработил планот за влез и илез од училиштето. Одредил приоритени мети, како кое дете да го ликвидира и по кој број- изјавил Милиќ.

The post Имал список за ликвидација: Ученикот пред масакарот имал детално направен план appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Нашиот план за справување со енергетската криза стои, владата да одговори дали го одбива заради бизнис зделки или договори во четири очи https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-nashiot-plan-za-spravuvanje-so-energetskata-kriza-stoi-vladata-da-odgovori-dali-go-odbiva-zaradi-biznis-zdelki-ili-dogovori-vo-chetiri-ochi/ Fri, 30 Sep 2022 11:50:04 +0000 https://republika.mk/?p=555995

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата во Општина Јегуновце истакна дека владата треба да одговори зошто го одбива понудениот план за справување со енергетската криза и дали можеби во игра се тендери, бизнис зделки или договори во 4 очи.

Мицкоски посочи дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ останува за да може да се обезбеди стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и за индустријата која што се снабдува преку ЕВN ХОМЕ, но исто и затоплување на објектите и домовите на оние кои што се корисници на централното греење во Скопје.

Тоа до овој момент владата го одбива. Зошто одбива да заштеди 300 милиони евра, зошто одбива да има поголемо производство на електрична енергија домашно, зошто одбива да има поголем Бруто домашен производ, зошто одбива да нема зголемување на сметките за затоплување и за струја. Тоа треба да даде одговор владата, можеби е повторно некаков тендер во прашање, можеби се некакви бизнис зделки во прашање, можеби некои договор во 4 очи, одговорот на се ова треба да го даде владата, потенцира Мицкоски.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски, стоиме на нашиот предлог, на позициите кои ги предложивме, на техничкото решение кое го предложивме, со таа напомена дека времето одминува, 15 октомври е блиску за со тоа што може да се очекува со температурите и порано ќе има потреба да се пушти затоплувањето во Скопје.

Мицкоски додаде дека за жал до овој момент како што гледаме се уште не е обезбеден ресурс со кој ќе работи Термоелектраната Топлана Скопје.

The post Мицкоски: Нашиот план за справување со енергетската криза стои, владата да одговори дали го одбива заради бизнис зделки или договори во четири очи appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата во Општина Јегуновце истакна дека владата треба да одговори зошто го одбива понудениот план за справување со енергетската криза и дали можеби во игра се тендери, бизнис зделки или договори во 4 очи. Мицкоски посочи дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ останува за да може да се обезбеди стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и за индустријата која што се снабдува преку ЕВN ХОМЕ, но исто и затоплување на објектите и домовите на оние кои што се корисници на централното греење во Скопје.
Тоа до овој момент владата го одбива. Зошто одбива да заштеди 300 милиони евра, зошто одбива да има поголемо производство на електрична енергија домашно, зошто одбива да има поголем Бруто домашен производ, зошто одбива да нема зголемување на сметките за затоплување и за струја. Тоа треба да даде одговор владата, можеби е повторно некаков тендер во прашање, можеби се некакви бизнис зделки во прашање, можеби некои договор во 4 очи, одговорот на се ова треба да го даде владата, потенцира Мицкоски.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски, стоиме на нашиот предлог, на позициите кои ги предложивме, на техничкото решение кое го предложивме, со таа напомена дека времето одминува, 15 октомври е блиску за со тоа што може да се очекува со температурите и порано ќе има потреба да се пушти затоплувањето во Скопје. Мицкоски додаде дека за жал до овој момент како што гледаме се уште не е обезбеден ресурс со кој ќе работи Термоелектраната Топлана Скопје.

The post Мицкоски: Нашиот план за справување со енергетската криза стои, владата да одговори дали го одбива заради бизнис зделки или договори во четири очи appeared first on Република.

]]>
Објавена тајна мапа на индустрискиот комплекс „Азовстал“ https://republika.mk/vesti/svet/objavena-tajna-mapa-na-industriskiot-kompleks-azovstal/ Mon, 09 May 2022 08:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=499778

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“, Александар Сафулин, го обајви планот на територијата на челичарницата „Азовстал“ во Мариупол.

Како што објаснуваат од медиумот, тајната мапа на индустрискиот комлекс била добиена од раководството на руските сили коишто се обидуваат да ја заземат челичарницата.

The post Објавена тајна мапа на индустрискиот комплекс „Азовстал“ appeared first on Република.

]]>

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“, Александар Сафулин, го обајви планот на територијата на челичарницата „Азовстал“ во Мариупол. Како што објаснуваат од медиумот, тајната мапа на индустрискиот комлекс била добиена од раководството на руските сили коишто се обидуваат да ја заземат челичарницата.

The post Објавена тајна мапа на индустрискиот комплекс „Азовстал“ appeared first on Република.

]]>
ЕУ објави план за ослободување од руската нафта и гас https://republika.mk/vesti/svet/eu-objavi-plan-za-osloboduvanje-od-ruskata-nafta-i-gas/ Fri, 22 Apr 2022 09:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=492142

Европската унија ги повика луѓето помалку да возат, да ги исклучуваат клима уредите и да работат од дома три дена во неделата за да ја намалат зависноста од руската нафта и гас.

Европската комисија нагласи дека мерките, развиени во соработка со Меѓународната агенција за енергија, ќе им заштедат на домаќинствата во просек по околу 500 евра годишно.

Доколку сите граѓани на ЕУ го следат планот од девет точки наречен „Ја играм мојата улога“ (Playing My Part) ќе се заштеди доволно нафта за да се наполнат 120 супер танкери и доволно природен гас за загревање на речиси 20 милиони домови, соопшти Европската комисија.

Луѓето ширум Европа и помогнаа на Украина со донации или директна помош за бегалците, а многумина би сакале да направат повеќе. Повеќето домаќинства имаат и повисоки сметки за енергија поради енергетската криза која војната ја влоши. Користењето помалку енергија не е само директен начин за Европејците да ги намалат сметките, туку исто така ја поддржува Украина со намалување на потребата за руска нафта и гас, и се помага да се намалат приливите на приходи што ја финансираат инвазијата, се додава.

 

Според планот, намалувањето на термостатот за само 1 Целзиусов степен би заштедило околу седум проценти од енергијата што се користи за греење, додека местењето на клима уредот за еден степен потопло би можело да ја намали потрошувачката на електрична енергија до 10 проценти.

Тие ги повикаа граѓаните да го намалат греењето во зима и да користат помалку клима во лето, да ги адаптираат поставките на бојлерот, да го користат својот автомобил поекономично, да ја намалат брзината на автопатиштата, со исклучена клима за автомобили, во недела во големите градови да го остават автомобилот дома, кратките релации да се поминуваат со пешачење или возење велосипед наместо со автомобил, да се користи јавен превоз, да се патува со воз наместо со авион.

The post ЕУ објави план за ослободување од руската нафта и гас appeared first on Република.

]]>

Европската унија ги повика луѓето помалку да возат, да ги исклучуваат клима уредите и да работат од дома три дена во неделата за да ја намалат зависноста од руската нафта и гас. Европската комисија нагласи дека мерките, развиени во соработка со Меѓународната агенција за енергија, ќе им заштедат на домаќинствата во просек по околу 500 евра годишно.
Доколку сите граѓани на ЕУ го следат планот од девет точки наречен „Ја играм мојата улога“ (Playing My Part) ќе се заштеди доволно нафта за да се наполнат 120 супер танкери и доволно природен гас за загревање на речиси 20 милиони домови, соопшти Европската комисија. Луѓето ширум Европа и помогнаа на Украина со донации или директна помош за бегалците, а многумина би сакале да направат повеќе. Повеќето домаќинства имаат и повисоки сметки за енергија поради енергетската криза која војната ја влоши. Користењето помалку енергија не е само директен начин за Европејците да ги намалат сметките, туку исто така ја поддржува Украина со намалување на потребата за руска нафта и гас, и се помага да се намалат приливите на приходи што ја финансираат инвазијата, се додава.  
Според планот, намалувањето на термостатот за само 1 Целзиусов степен би заштедило околу седум проценти од енергијата што се користи за греење, додека местењето на клима уредот за еден степен потопло би можело да ја намали потрошувачката на електрична енергија до 10 проценти. Тие ги повикаа граѓаните да го намалат греењето во зима и да користат помалку клима во лето, да ги адаптираат поставките на бојлерот, да го користат својот автомобил поекономично, да ја намалат брзината на автопатиштата, со исклучена клима за автомобили, во недела во големите градови да го остават автомобилот дома, кратките релации да се поминуваат со пешачење или возење велосипед наместо со автомобил, да се користи јавен превоз, да се патува со воз наместо со авион.

The post ЕУ објави план за ослободување од руската нафта и гас appeared first on Република.

]]>
Украинците стигнале до важен документ кој открива за колку дена се планира нивно покорување https://republika.mk/vesti/svet/ukraincite-stignale-do-vazen-dokument-koj-otkriva-za-kolku-dena-se-planira-nivno-pokoruvanje/ Sat, 05 Mar 2022 13:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=468164

Генералштабот на украинската армија тврди дека дошол во сопственост на руски воен план на 810-та поморска бригада на Црноморската воена флота, според кој, наводно, идејата била да се покори Украина за 15 дена, објави украинска „Правда“.

Овие документи првично биле објавени на 18 јануари, а „Правда“ како извор го наведува украинскиот Генералштаб кој ги објави документите на Фејсбук.

Според тајните информации, планот за војната во Украина гласел дека таа земја мора да падне за 15 дена, од 20 февруари до 6 март, соопшти Генералштабот на украинската армија.

Им порачуваме една работа на руските агресори: оставете ја својата опрема и тајните документи дома, бидејќи ако ги земеме, тоа ќе биде добро за нашите адвокати и за Хаг, додаде украинскиот Генералштаб.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

The post Украинците стигнале до важен документ кој открива за колку дена се планира нивно покорување appeared first on Република.

]]>

Генералштабот на украинската армија тврди дека дошол во сопственост на руски воен план на 810-та поморска бригада на Црноморската воена флота, според кој, наводно, идејата била да се покори Украина за 15 дена, објави украинска „Правда“. Овие документи првично биле објавени на 18 јануари, а „Правда“ како извор го наведува украинскиот Генералштаб кој ги објави документите на Фејсбук. Според тајните информации, планот за војната во Украина гласел дека таа земја мора да падне за 15 дена, од 20 февруари до 6 март, соопшти Генералштабот на украинската армија. Им порачуваме една работа на руските агресори: оставете ја својата опрема и тајните документи дома, бидејќи ако ги земеме, тоа ќе биде добро за нашите адвокати и за Хаг, додаде украинскиот Генералштаб. Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

The post Украинците стигнале до важен документ кој открива за колку дена се планира нивно покорување appeared first on Република.

]]>