план за победа Archives - Република https://republika.mk/tema/plan-za-pobeda/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 08:32:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png план за победа Archives - Република https://republika.mk/tema/plan-za-pobeda/ 32 32 Орбан: Со „планот за победа“ на Зеленски може само да загубиме https://republika.mk/vesti/svet/orban-so-planot-za-pobeda-na-zelenski-mozhe-samo-da-zagubime/ Fri, 18 Oct 2024 08:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=828331

Војната во Украина не може да се добие со „планот за победа“ предложен од украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Со ова можеме само да загубиме, а Унгарија нема да биде дел од тоа, изјави Орбан за јавниот сервис Кошут радио.

Орбан истакна дека ЕУ е поделена на две групи по прашањето за војната: „Тука сме ние и останатите“.

Унгарија на почетокот на војната рече дека нема да учествува во воените напори, додека другите земји на ЕУ се во неа. ЕУ се однесува како воинствена страна, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија на почетокот јасно ставила до знаење дека тоа е погрешна стратегија.

Тој нагласи дека оваа војна не може да се добие и дека преговорите се неопходни. „Сега другите 26 земји од ЕУ зачудено слушаат дека претседателот Зеленски има 'план за победа'. Зошто, што имаше до сега? Тоа што досега го имаа како план испадна дека е план за пораз, а сега тие се обидуваат да го заменат со план за победа“, рече Орбан и повтори дека Унгарија нема да учествува во тоа.

The post Орбан: Со „планот за победа“ на Зеленски може само да загубиме appeared first on Република.

]]>

Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно https://republika.mk/vesti/svet/orban-za-planot-na-zelenski-toa-e-poveke-od-strashno/ Thu, 17 Oct 2024 11:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=828028

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европската унија треба да ја промени својата „воена стратегија“ во „мировна стратегија“ и повика на прекин на огнот и мировни преговори.

Во пресрет на работниот појадок, пред пратеничката група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, Орбан рече дека очекува Самитот на ЕУ да биде „тежок“ и дека го очекуваат неколку „битки“, пренесе МТИ.

Според него, првата „битка“ ќе се води за војната во Украина, а Орбан истакна дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја закажал презентацијата на својот „План за победа“ на самитот.

Сè уште не го знаеме тоа официјално, но слушнавме што рече тој вчера во украинскиот Парламент. Тоа е повеќе од страшно, рече тој.

Орбан истакна дека тој е „понекогаш единствениот“ кој повикува на промена на воената стратегија, бидејќи ЕУ „моментално ја губи војната“.

Тој ја критикуваше стратегијата на ЕУ, велејќи дека европскиот блок „влезе во војната со лошо испланирана и лошо спроведена стратегија заснована на погрешни пресметки“.

Очигледно ја губиме војната на фронтовите. Затоа ни е потребна промена... Не мислам на повеќе војна или поопасно оружје, туку треба да ја замениме стратегијата на војна со стратегија на мир, а тоа значи прекин на огнот и мировни преговори, рече Орбан.

Тој оцени дека вчерашните изјави на Зеленски во Собранието отишле во погрешна насока и затоа ги повика германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон да започнат преговори со Русите „за да се најде излез од оваа ситуација“.

Орбан, исто така, рече дека постои и „битка околу миграцијата“, додавајќи дека многумина сакаат да ги променат регулативите за миграција. Тој го нарече „неприфатливо“ тоа што Унгарија е „критикувана за заштита на границите на ЕУ“.

Според него, сè поголем број земји-членки укажуваат на миграциска криза и затоа, како што рече, е потребна промена.

The post Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европската унија треба да ја промени својата „воена стратегија“ во „мировна стратегија“ и повика на прекин на огнот и мировни преговори. Во пресрет на работниот појадок, пред пратеничката група „Патриоти за Европа“ во Европскиот парламент, Орбан рече дека очекува Самитот на ЕУ да биде „тежок“ и дека го очекуваат неколку „битки“, пренесе МТИ. Според него, првата „битка“ ќе се води за војната во Украина, а Орбан истакна дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја закажал презентацијата на својот „План за победа“ на самитот.
Сè уште не го знаеме тоа официјално, но слушнавме што рече тој вчера во украинскиот Парламент. Тоа е повеќе од страшно, рече тој.
Орбан истакна дека тој е „понекогаш единствениот“ кој повикува на промена на воената стратегија, бидејќи ЕУ „моментално ја губи војната“. Тој ја критикуваше стратегијата на ЕУ, велејќи дека европскиот блок „влезе во војната со лошо испланирана и лошо спроведена стратегија заснована на погрешни пресметки“.
Очигледно ја губиме војната на фронтовите. Затоа ни е потребна промена... Не мислам на повеќе војна или поопасно оружје, туку треба да ја замениме стратегијата на војна со стратегија на мир, а тоа значи прекин на огнот и мировни преговори, рече Орбан.
Тој оцени дека вчерашните изјави на Зеленски во Собранието отишле во погрешна насока и затоа ги повика германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон да започнат преговори со Русите „за да се најде излез од оваа ситуација“. Орбан, исто така, рече дека постои и „битка околу миграцијата“, додавајќи дека многумина сакаат да ги променат регулативите за миграција. Тој го нарече „неприфатливо“ тоа што Унгарија е „критикувана за заштита на границите на ЕУ“. Според него, сè поголем број земји-членки укажуваат на миграциска криза и затоа, како што рече, е потребна промена.

The post Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно appeared first on Република.

]]>