плакати Archives - Република https://republika.mk/tema/plakati/ За подобро да се разбереме Tue, 23 May 2023 12:56:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плакати Archives - Република https://republika.mk/tema/plakati/ 32 32 Изложба на македонски музички плакати во Галерија МКЦ на 26 мај https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-makedonski-muzichki-plakati-vo-galerija-mkts-na-26-maj/ Tue, 23 May 2023 13:32:17 +0000 https://republika.mk/?p=643996

Во рамки на четвртото издание на Скопски Градски Фестивал, Баги Комуникации организира изложба на македонски музички плакати. Изложбата ќе биде отворена на 26 мај, во Галерија МКЦ, со почеток во 20 часот

На изложбата ќе бидат претставени 40 плакати на македонски музичари и групи од изминатите три децении и истата е своевиден пресек и документ на македонскиот музичкиот дизајн, велат организаторите.

Тие порачуваат дека Скопски Градски Фестивал за своите 4 години постоење сериозно го зазема своето место на мапата на културни настани кои вреди да бидат посетени.

Фокусирајќи се на концерти од различни жанрови како џез, рок, етно, фјужн, фестивалот нуди богата и квалитетна програма за вистинските музички познавачи и љубители. Веќе за следната година, кога се најавува јубилејното 5 издание на Фестивалот од Баги Комуникации најавуваат збогатување на програмата и со други културни форми и содржини, додаваат организаторите.

Влезот на изложбата на македонски музички плакати во МКЦ е бесплатен за сите посетители, а изложбата ќе трае до 5 јуни.

The post Изложба на македонски музички плакати во Галерија МКЦ на 26 мај appeared first on Република.

]]>

Во Киев се појавија плакати на кои Зеленски е прогласен за предавник: Се подготвува ли пуч за украинскиот претседател?! https://republika.mk/vesti/svet/vo-kiev-se-pojavija-plakati-na-koi-zelenski-e-proglasen-za-predavnik-se-podgotvuva-li-puch-za-ukrainskiot-pretsedatel/ Wed, 01 Jun 2022 09:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=509624

На згради во Киев се појавиле плакати на кои украинскиот претседател, Володимир Зеленски, се прогласува за предавник. Како што пишуваат западните медиуми, тоа е прв знак за негативно расположение кон Зеленски во Украина и можен пуч против украискиот претседател.

Судејќи по текстот на плакатите, тие најверојатно се залепени од приврзаници на националистичките баталјони, а финансирањето најверојатно го презеле некои од богаташите од редовите на опозицијата.

На постерите кои ги „украсуваат“ зградите во главниот град има фотографии од Зеленски и Денис Прокопенко, заробениот командант на националистичкиот баталјон „Азов“, проследени со коментарот: „Володимир Зеленски - го предаде Азов. Ќе те предаде и тебе“.

Ваквите случувања доаѓаат откако припадниците на „Азов“ се во руско заробеништво, а нивните поддржувачи целата вина ја префрлаат на државниот врв, пред се на Зеленски. Кога сфатија дека не можат да ги извлечат опколените војници од засолништата на челичарницата „Азовстал“, властите во Киев им наредија да се предадат. Медиумите во Киев, приота, не ги користеа термините предавање или заробување, туку „евакуација“.

Претходно, украинските медиуми, поддржани со изјави на Зеленски и неговиот близок круг на луѓе, ги величаа „хероите од Азовстал“ за кои велеа дека ќе се борат до последен, па сега поддржувачите на „Азов“ тврдат дека раководството на чело со Зеленски ги изневерило борците.

При предавањето, официјална Москва даде гаранција дека ќе им ги поштеди животите на украинските заробеници, како и дека на ранетите ќе им биде укажана лекарска помош.

Рускиот претседател Владимир Путин го исполни ветувањето и сега украинските војници се во притвор, а ранетите се во болниците во Доњецката Народна Република. Руските сили соопштија дека водачите на баталјонот и тие што извршиле злосторства ќе бидат судени, додека оние кои не направиле злосторства ќе бидат разменети.

The post Во Киев се појавија плакати на кои Зеленски е прогласен за предавник: Се подготвува ли пуч за украинскиот претседател?! appeared first on Република.

]]>

На згради во Киев се појавиле плакати на кои украинскиот претседател, Володимир Зеленски, се прогласува за предавник. Како што пишуваат западните медиуми, тоа е прв знак за негативно расположение кон Зеленски во Украина и можен пуч против украискиот претседател. Судејќи по текстот на плакатите, тие најверојатно се залепени од приврзаници на националистичките баталјони, а финансирањето најверојатно го презеле некои од богаташите од редовите на опозицијата. На постерите кои ги „украсуваат“ зградите во главниот град има фотографии од Зеленски и Денис Прокопенко, заробениот командант на националистичкиот баталјон „Азов“, проследени со коментарот: „Володимир Зеленски - го предаде Азов. Ќе те предаде и тебе“. Ваквите случувања доаѓаат откако припадниците на „Азов“ се во руско заробеништво, а нивните поддржувачи целата вина ја префрлаат на државниот врв, пред се на Зеленски. Кога сфатија дека не можат да ги извлечат опколените војници од засолништата на челичарницата „Азовстал“, властите во Киев им наредија да се предадат. Медиумите во Киев, приота, не ги користеа термините предавање или заробување, туку „евакуација“. Претходно, украинските медиуми, поддржани со изјави на Зеленски и неговиот близок круг на луѓе, ги величаа „хероите од Азовстал“ за кои велеа дека ќе се борат до последен, па сега поддржувачите на „Азов“ тврдат дека раководството на чело со Зеленски ги изневерило борците. При предавањето, официјална Москва даде гаранција дека ќе им ги поштеди животите на украинските заробеници, како и дека на ранетите ќе им биде укажана лекарска помош. Рускиот претседател Владимир Путин го исполни ветувањето и сега украинските војници се во притвор, а ранетите се во болниците во Доњецката Народна Република. Руските сили соопштија дека водачите на баталјонот и тие што извршиле злосторства ќе бидат судени, додека оние кои не направиле злосторства ќе бидат разменети.

The post Во Киев се појавија плакати на кои Зеленски е прогласен за предавник: Се подготвува ли пуч за украинскиот претседател?! appeared first on Република.

]]>