плагијат Archives - Република https://republika.mk/tema/plagijat/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Dec 2023 12:04:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png плагијат Archives - Република https://republika.mk/tema/plagijat/ 32 32 Уште еден класичен СДСМ плагијат: Слоганот „Повеќе за сите“ украден од кампања на НЛБ Банка https://republika.mk/vesti/makedonija/ushte-eden-klasichen-sdsm-plagijat-sloganot-poveke-za-site-ukraden-od-kampana-na-nlb-banka/ Thu, 14 Dec 2023 11:08:10 +0000 https://republika.mk/?p=722871

Под слоганот „Повеќе за сите“, владејачката партија СДСМ започна нова кампања чие лого е обоено во црвено бела боја. Но, не станува збор за нов слоган туку за плагијат, слоган украден од кампања и реклама на НЛБ Банка. Слоганот е од пред 3 години, кога НЛБ Банка кога промовираше платежни картички за малите и средни претпријатија погодени од ковид-кризата.

Кампања на СДСМ „Повеќе за сите“ ја најави портпаролката Богданка Кузевска, која на прес конференција промовирајќи го деветтиот антикризен пакет рече дека со СДСМ има повеќе за сите. Потоа, истата ја продолжи вицепремиерот Фатмир Битиќи кој на трибина во Гостивар изјави дека финансиска поддршка обезбедиле преку антикризниот пакет кој ќе трае само 7 месеци, односно до завршување на изборниот процес.

Кампањата „Повеќе за сите“ на СДСМ која е плагијат на кампањата на НЛБ Банка, доаѓа веднаш по завршување на кампањата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ која беше насловена „Важно е! Од тебе зависат промените“, која беше составена од два дела - првиот, теренските посети на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а вториот организираните тематски дебати за Македонија на кои беа посочени проблемите, но и неа понудени принципи и решенија.

СДСМ уште еднаш покажа дека се крајно неиновативни и креативни, па така со оглед дека овој слоган „Повеќе за сите“ е веќе искористен од НЛБ Банка повеќе наликува дека освен што немаат свои идеи се служат и со плагијати, туку сакаат да им се додворат на гласачите како да се потрошувачи.

И ова не е прв слоган или кампања која е украдена од страна на СДСМ.

https://arhiva.republika.mk/693176

За потсетување на јавноста црвено бела боја се боите кои СДСМ ги зема од боите на Партијата на европските социјалисти во кампањата „На прав пат“ чие пак лого беше украдено од партијата на хрватската СДП од претседателските избори во 2009 година, па освен слоганот и боите, плагијат беше и графичката идентификација на логото.

Понатаму, слоганот „За живот во Македонија“ со кој СДСМ настапи на изборите во 2016 година, истото беше украден од српското движење Двери која во кампањата го користеле логото „За живот Србије“, па покрај слоганот, СДСМ ја искористи и иконографијата, па така наместо во традиционалните бои сина и жолта, настапуваа со црвена и бела, токму боите на радикалната партија Двери.

Дури и кампањата на владата на СДСМ и ДУИ за промоција на Европската унија чиј предводник беше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на која од самиот почеток се потрошија 80.000 евра беше плагијат, со оглед дека истиот слоган е веќе неколку пати употребен во кампањи од други држави.

Потоа, и стиснатата тупаница која беше заштитен знак на партијата и можеше да се забележи речиси на сите протести и митинзи организирани од страна на СДСМ е плагијат украден од Парадата на гордоста во Белград каде припадниците на ЛГБТ заедницата маршираа за своите права, токму со знаме на кое беше испечатена стисната тупаница.

Освен што СДСМ копира слогани и прави плагијати, исто така ја копира и ВМРО-ДПМНЕ и не само во организирање на трибини по теркот на ВМРО-ДПМНЕ, туку ја копира и во начинот на организирање на настани. Имено, во недостиг на креативност, владата за роденденот на Македонија на 8ми Септември организираше ласерско испишување на Калето кое веќе беше направено минатата година на 18 јуни од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кога ден пред најавениот протест за промени, лидерот Мицкоски објави видео во кое се гледаше како течат подготовките пред протестот, а Кале беше осветлено и на него беше испишано „Протест за промени“.

The post Уште еден класичен СДСМ плагијат: Слоганот „Повеќе за сите“ украден од кампања на НЛБ Банка appeared first on Република.

]]>

Под слоганот „Повеќе за сите“, владејачката партија СДСМ започна нова кампања чие лого е обоено во црвено бела боја. Но, не станува збор за нов слоган туку за плагијат, слоган украден од кампања и реклама на НЛБ Банка. Слоганот е од пред 3 години, кога НЛБ Банка кога промовираше платежни картички за малите и средни претпријатија погодени од ковид-кризата. Кампања на СДСМ „Повеќе за сите“ ја најави портпаролката Богданка Кузевска, која на прес конференција промовирајќи го деветтиот антикризен пакет рече дека со СДСМ има повеќе за сите. Потоа, истата ја продолжи вицепремиерот Фатмир Битиќи кој на трибина во Гостивар изјави дека финансиска поддршка обезбедиле преку антикризниот пакет кој ќе трае само 7 месеци, односно до завршување на изборниот процес. Кампањата „Повеќе за сите“ на СДСМ која е плагијат на кампањата на НЛБ Банка, доаѓа веднаш по завршување на кампањата на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ која беше насловена „Важно е! Од тебе зависат промените“, која беше составена од два дела - првиот, теренските посети на лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а вториот организираните тематски дебати за Македонија на кои беа посочени проблемите, но и неа понудени принципи и решенија. СДСМ уште еднаш покажа дека се крајно неиновативни и креативни, па така со оглед дека овој слоган „Повеќе за сите“ е веќе искористен од НЛБ Банка повеќе наликува дека освен што немаат свои идеи се служат и со плагијати, туку сакаат да им се додворат на гласачите како да се потрошувачи. И ова не е прв слоган или кампања која е украдена од страна на СДСМ. https://arhiva.republika.mk/693176 За потсетување на јавноста црвено бела боја се боите кои СДСМ ги зема од боите на Партијата на европските социјалисти во кампањата „На прав пат“ чие пак лого беше украдено од партијата на хрватската СДП од претседателските избори во 2009 година, па освен слоганот и боите, плагијат беше и графичката идентификација на логото. Понатаму, слоганот „За живот во Македонија“ со кој СДСМ настапи на изборите во 2016 година, истото беше украден од српското движење Двери која во кампањата го користеле логото „За живот Србије“, па покрај слоганот, СДСМ ја искористи и иконографијата, па така наместо во традиционалните бои сина и жолта, настапуваа со црвена и бела, токму боите на радикалната партија Двери. Дури и кампањата на владата на СДСМ и ДУИ за промоција на Европската унија чиј предводник беше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на која од самиот почеток се потрошија 80.000 евра беше плагијат, со оглед дека истиот слоган е веќе неколку пати употребен во кампањи од други држави. Потоа, и стиснатата тупаница која беше заштитен знак на партијата и можеше да се забележи речиси на сите протести и митинзи организирани од страна на СДСМ е плагијат украден од Парадата на гордоста во Белград каде припадниците на ЛГБТ заедницата маршираа за своите права, токму со знаме на кое беше испечатена стисната тупаница. Освен што СДСМ копира слогани и прави плагијати, исто така ја копира и ВМРО-ДПМНЕ и не само во организирање на трибини по теркот на ВМРО-ДПМНЕ, туку ја копира и во начинот на организирање на настани. Имено, во недостиг на креативност, владата за роденденот на Македонија на 8ми Септември организираше ласерско испишување на Калето кое веќе беше направено минатата година на 18 јуни од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кога ден пред најавениот протест за промени, лидерот Мицкоски објави видео во кое се гледаше како течат подготовките пред протестот, а Кале беше осветлено и на него беше испишано „Протест за промени“.

The post Уште еден класичен СДСМ плагијат: Слоганот „Повеќе за сите“ украден од кампања на НЛБ Банка appeared first on Република.

]]>
Ед Ширан победи во судскиот спор за авторски права на Shape of You https://republika.mk/scena/muzika/ed-shiran-pobedi-vo-sudskiot-spor-za-avtorski-prava-na-shape-of-you/ Wed, 06 Apr 2022 18:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=484287

Ед Ширан извојува победа во битката за авторски права за неговиот хит од 2017 година, Shape of You.

Судија од лондонскиот Висок суд денес наутро одлучи дека кантавторот не плагирал песна на Сами Чокри од 2015 година.

Чокри, музичар кој настапува под името Семи Свич, тврдеше дека делот каде се повторува Oh I…Oh I во песната на Ширан е „неверојатно сличен“ со рефренот Оh Why во неговата песна.

По пресудата, Ширан рече дека таквите неосновани тврдења се премногу чести.

Во видео споделено на социјалните мрежи, тој вели:

Сега постои култура во која тужбата се поднесува со идеја дека спогодбата ќе биде поевтина отколку истата да стигне до суд, дури и ако нема основа за барањето“.

Тоа е навистина штетно за текстописната индустрија. Има толку многу ноти и многу малку акорди што се користат во поп-музиката, додава Ширан на видеото.

„Сигурно ќе се случи коинциденција ако 60.000 песни се објавуваат секој ден на ‘Спотифај’. Тоа се 22 милиони песни годишно, а достапни се само 12 ноти.“

The post Ед Ширан победи во судскиот спор за авторски права на Shape of You appeared first on Република.

]]>

Ед Ширан извојува победа во битката за авторски права за неговиот хит од 2017 година, Shape of You. Судија од лондонскиот Висок суд денес наутро одлучи дека кантавторот не плагирал песна на Сами Чокри од 2015 година. Чокри, музичар кој настапува под името Семи Свич, тврдеше дека делот каде се повторува Oh I…Oh I во песната на Ширан е „неверојатно сличен“ со рефренот Оh Why во неговата песна. По пресудата, Ширан рече дека таквите неосновани тврдења се премногу чести. Во видео споделено на социјалните мрежи, тој вели:
Сега постои култура во која тужбата се поднесува со идеја дека спогодбата ќе биде поевтина отколку истата да стигне до суд, дури и ако нема основа за барањето“. Тоа е навистина штетно за текстописната индустрија. Има толку многу ноти и многу малку акорди што се користат во поп-музиката, додава Ширан на видеото. „Сигурно ќе се случи коинциденција ако 60.000 песни се објавуваат секој ден на ‘Спотифај’. Тоа се 22 милиони песни годишно, а достапни се само 12 ноти.“

The post Ед Ширан победи во судскиот спор за авторски права на Shape of You appeared first on Република.

]]>
По обвинувањата за плагијатура, МКЦ реши да го поништи конкурсот за лого за јубилејот https://republika.mk/vesti/po-obvinuvanjata-za-plagijatura-mkc-reshi-da-go-ponishti-konkursot-za-logo-za-jubilejot/ Mon, 14 Feb 2022 17:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=458517

Младинскиот културен центар соопшти дека го поништува конкурсот за избор на идејно-графичко решение за целогодишна јубилејна програма „50 години МКЦ“.

Конкурсот за визуелно обликување на сите програми и активности во текот на целата 2022 година МКЦ го распиша на почетокот на годината и избра победник, но го дисквалификуваше поради плагијат на избраното решение. За плагијатизам беше обвинет и второпласираниот автор.

Намерата беше најискрена: како и многупати до сега, да ја вклучиме и јавноста, пред сѐ младите автори и преку формат на конкурс да избереме решение, кое сите заедно ќе нѐ обележи, поврзе, обедини и радува. Но, со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување на прворангираните решенија, а со цел враќање на позитивната енергија и самиот јубилеј, Програмскиот колегиум на МКЦ донесе одлука да не направи избор на идејно решение од апликациите и да го поништи конкурсот, информира МКЦ, заблагодарувајќи има се на 51 апликант на конкурсот и на комисијата.

The post По обвинувањата за плагијатура, МКЦ реши да го поништи конкурсот за лого за јубилејот appeared first on Република.

]]>

Младинскиот културен центар соопшти дека го поништува конкурсот за избор на идејно-графичко решение за целогодишна јубилејна програма „50 години МКЦ“. Конкурсот за визуелно обликување на сите програми и активности во текот на целата 2022 година МКЦ го распиша на почетокот на годината и избра победник, но го дисквалификуваше поради плагијат на избраното решение. За плагијатизам беше обвинет и второпласираниот автор.
Намерата беше најискрена: како и многупати до сега, да ја вклучиме и јавноста, пред сѐ младите автори и преку формат на конкурс да избереме решение, кое сите заедно ќе нѐ обележи, поврзе, обедини и радува. Но, со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по објавување на прворангираните решенија, а со цел враќање на позитивната енергија и самиот јубилеј, Програмскиот колегиум на МКЦ донесе одлука да не направи избор на идејно решение од апликациите и да го поништи конкурсот, информира МКЦ, заблагодарувајќи има се на 51 апликант на конкурсот и на комисијата.

The post По обвинувањата за плагијатура, МКЦ реши да го поништи конкурсот за лого за јубилејот appeared first on Република.

]]>
Романскиот премиер обвинет дека плагирал третина од својот докторат https://republika.mk/vesti/svet/romanskiot-premier-obvinet-deka-plagiral-tretina-od-svojot-doktorat/ Wed, 19 Jan 2022 07:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=446577

Романскиот премиер, Николае Чука, кој на оваа позиција е помалку од два месеци, е обвинет дека направил плагијат на речиси една третина од својата докторска дисертација, јави порталот Политико.

Најмалку 42 од 138 страници во документот се плагијат, се наведува во истрагата на романската новинарка Емилија Серџан, која презентирала докази во кои го обвинува премиерот дека не само што го плагирал текстот на други автори „од збор до збор“, туку и дека користел различни техники да го сокрие плагијатот.

Чука, поранешен припадник на армијата, ги отфрли обвинувањата за плагијат и кажа дека неговиот докторат бил напишан во согласност со сите законски барања во времето кога бил напишан.

„Овие јавни обвинувања не можат да бидат научно поткрепени на било кој начин“, се наведува во соопштението објавено на неговиот Фејсбук профил.

И покрај тоа што Чука изјави дека не направил ништо лошо, моќниот опозициски политичар Дачијан Колос, од синдикатот „Да ја зачуваме Романија“, повика на итно разјаснување на ситуацијата и отворање истрага, додавајќи дека доколку наводите се точни, премиерот мора да поднесе оставка.

The post Романскиот премиер обвинет дека плагирал третина од својот докторат appeared first on Република.

]]>

Романскиот премиер, Николае Чука, кој на оваа позиција е помалку од два месеци, е обвинет дека направил плагијат на речиси една третина од својата докторска дисертација, јави порталот Политико. Најмалку 42 од 138 страници во документот се плагијат, се наведува во истрагата на романската новинарка Емилија Серџан, која презентирала докази во кои го обвинува премиерот дека не само што го плагирал текстот на други автори „од збор до збор“, туку и дека користел различни техники да го сокрие плагијатот. Чука, поранешен припадник на армијата, ги отфрли обвинувањата за плагијат и кажа дека неговиот докторат бил напишан во согласност со сите законски барања во времето кога бил напишан. „Овие јавни обвинувања не можат да бидат научно поткрепени на било кој начин“, се наведува во соопштението објавено на неговиот Фејсбук профил. И покрај тоа што Чука изјави дека не направил ништо лошо, моќниот опозициски политичар Дачијан Колос, од синдикатот „Да ја зачуваме Романија“, повика на итно разјаснување на ситуацијата и отворање истрага, додавајќи дека доколку наводите се точни, премиерот мора да поднесе оставка.

The post Романскиот премиер обвинет дека плагирал третина од својот докторат appeared first on Република.

]]>
Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат на докторската https://republika.mk/vesti/svet/avstriska-ministerka-so-bosansko-poteklo-osomnichena-za-plagijat-na-doktorskata/ Mon, 17 Jan 2022 08:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=445622

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди дека нејзината докторска дисертација е плагијат.

Инаку, Задиќ ја напишала својата докторска дисертација на тема „транзициска правда во поранешна Југославија“.

Вебер и поранешниот декан на Универзитетот Лудвиг Максимилијанс во Минхен, Мануел Тајсен, како и научничката Катарина Ренер, тврдат дека министерката со босанско потекло многу копирала во таа работа.

Ренер откри дека 85 цитати не биле означени како што треба.

Строго формално, би рекол дека се работи за плагијати на текстови. Оригиналните цитати се речиси целосно преземени, а пар изрази се парафразирани, вели професорот Тејсен.

Вебер вели дека докторската дисертација на Задиќ е мешавина од реченици и низа зборови кои се целосно преземени, без да го наведе изворот. Министерката Задиќ во првата реакција рече дека тоа се неосновани и неточни тврдења.

Инаку, Вебер е познат ловец на плагијати, па минатата година ја „собори“ поранешната министерка за труд Кристина Ашбахер.

Откако Вебер изнесе тврдења за плагијат на научна работа, Ашбахер поднесе оставка.

The post Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат на докторската appeared first on Република.

]]>

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди дека нејзината докторска дисертација е плагијат. Инаку, Задиќ ја напишала својата докторска дисертација на тема „транзициска правда во поранешна Југославија“. Вебер и поранешниот декан на Универзитетот Лудвиг Максимилијанс во Минхен, Мануел Тајсен, како и научничката Катарина Ренер, тврдат дека министерката со босанско потекло многу копирала во таа работа. Ренер откри дека 85 цитати не биле означени како што треба.
Строго формално, би рекол дека се работи за плагијати на текстови. Оригиналните цитати се речиси целосно преземени, а пар изрази се парафразирани, вели професорот Тејсен.
Вебер вели дека докторската дисертација на Задиќ е мешавина од реченици и низа зборови кои се целосно преземени, без да го наведе изворот. Министерката Задиќ во првата реакција рече дека тоа се неосновани и неточни тврдења. Инаку, Вебер е познат ловец на плагијати, па минатата година ја „собори“ поранешната министерка за труд Кристина Ашбахер. Откако Вебер изнесе тврдења за плагијат на научна работа, Ашбахер поднесе оставка.

The post Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат на докторската appeared first on Република.

]]>