пиволенд 2022 Archives - Република https://republika.mk/tema/pivolend-2022/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Sep 2022 08:31:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пиволенд 2022 Archives - Република https://republika.mk/tema/pivolend-2022/ 32 32 Пиволенд 2022 од 3 до 7 септември на скопскиот плоштад https://republika.mk/vesti/skopje/pivolend-2022-od-3-do-7-septemvri-na-skopskiot-ploshtad/ Thu, 01 Sep 2022 08:09:13 +0000 https://republika.mk/?p=546290

Поради големото невреме кое го зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме и деновите кои следуваат, организаторите на Пиволенд 2022 од безбедносни причини го преместија датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата - Пиволенд 2022. Па така Пиволенд ќе почне трети септември (сабота), а ќе трае до седми септември (среда).

Промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи. Во продолжение можете да ја погледнете новата програма со време и датуми за настап на музичките артисти на двете сцени „Main Stage“ и „Craft Stage“.

Оваа година, Пиволенд ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови на пиво и забава која наговестува голема посетеност, како и можноста да се купи маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе се донира за здружението „Во мојот свет“.

 

The post Пиволенд 2022 од 3 до 7 септември на скопскиот плоштад appeared first on Република.

]]>

Поради големото невреме кое го зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме и деновите кои следуваат, организаторите на Пиволенд 2022 од безбедносни причини го преместија датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата - Пиволенд 2022. Па така Пиволенд ќе почне трети септември (сабота), а ќе трае до седми септември (среда). Промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи. Во продолжение можете да ја погледнете новата програма со време и датуми за настап на музичките артисти на двете сцени „Main Stage“ и „Craft Stage“. Оваа година, Пиволенд ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови на пиво и забава која наговестува голема посетеност, како и можноста да се купи маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе се донира за здружението „Во мојот свет“.  

The post Пиволенд 2022 од 3 до 7 септември на скопскиот плоштад appeared first on Република.

]]>
Почетокот на Пиволенд 2022 презакажан за 3 септември https://republika.mk/vesti/skopje/pochetokot-na-pivolend-2022-prezakazan-za-3-septemvri/ Tue, 30 Aug 2022 18:19:40 +0000 https://republika.mk/?p=545841

Поради големото невреме што го зафати Скопје и околината и најавите за ново невреме во наредните денови, организацискиот тим на Пиволенд 2022 од безбедносни причини го презакажа почетокот на настанот за 3 септември.

Како што објавија на фејсбук страната на Пиволенд 2022, местото на настанот останува Плоштад Македонија, а новиот термин е од 3 до 7 септември.

Фестивалот годинава се одржува под мотото „Дојди, Види, Испиј!“, а се најавуваат повеќе од 100 видови на пиво како и настапи на над 50 музички артисти, поделени на две сцени – главна, каде ќе настапат познати домашни и балкански музички изведувачи и крафт, за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.

Организаторите на Пиволенд 2022 најавуваат атрактивни сцени за артистите, богатата локална кујна, одличната музичка програма, голем број на забавни активности и очекуваат гости од целиот регион.

Премиерен настап на Пиволенд, како што е најавено, ќе има инклузивниот рок бенд „Сол Ночиво“ во кој учество земаат млади од здружението „Во мојот свет“ кое се грижи за помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар, додека, на штандовите на градскиот плоштад посетителите ќе имаат можност да купат брендирана маица со Пиволенд 2022 и со тоа да донираат 100 денари за здружението „Во мојот свет“.

Годинашното издание на Пиволенд е во организација на Крафт продукција и Идеалаб, а со поддршка на Град Скопје.

The post Почетокот на Пиволенд 2022 презакажан за 3 септември appeared first on Република.

]]>

Поради големото невреме што го зафати Скопје и околината и најавите за ново невреме во наредните денови, организацискиот тим на Пиволенд 2022 од безбедносни причини го презакажа почетокот на настанот за 3 септември. Како што објавија на фејсбук страната на Пиволенд 2022, местото на настанот останува Плоштад Македонија, а новиот термин е од 3 до 7 септември. Фестивалот годинава се одржува под мотото „Дојди, Види, Испиј!“, а се најавуваат повеќе од 100 видови на пиво како и настапи на над 50 музички артисти, поделени на две сцени – главна, каде ќе настапат познати домашни и балкански музички изведувачи и крафт, за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти. Организаторите на Пиволенд 2022 најавуваат атрактивни сцени за артистите, богатата локална кујна, одличната музичка програма, голем број на забавни активности и очекуваат гости од целиот регион. Премиерен настап на Пиволенд, како што е најавено, ќе има инклузивниот рок бенд „Сол Ночиво“ во кој учество земаат млади од здружението „Во мојот свет“ кое се грижи за помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар, додека, на штандовите на градскиот плоштад посетителите ќе имаат можност да купат брендирана маица со Пиволенд 2022 и со тоа да донираат 100 денари за здружението „Во мојот свет“. Годинашното издание на Пиволенд е во организација на Крафт продукција и Идеалаб, а со поддршка на Град Скопје.

The post Почетокот на Пиволенд 2022 презакажан за 3 септември appeared first on Република.

]]>
Од среда до недела „Пиволенд“ во Скопје, со три сцени и над 50 музичари https://republika.mk/vesti/skopje/od-sreda-do-nedela-pivolend-vo-skopje-so-tri-sceni-i-nad-50-muzichari/ Mon, 29 Aug 2022 08:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=545148

Од среда, 31 август до 4 септември на скопскиот плоштад „Македонија“ ќе се одржи Пиволенд 2022, соопшти организаторот.

Оваа манифестација по пауза од пет години повторно се враќа пред скопската публика, со програма која ветува добра забава со повеќе од 50 музичари, над 100 видови на пиво, два стејџа и новитети, најавува организаторот.

На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage“ и „Craft stage“. На „Main stage“ ќе настапат познатите македонски и балкански музички изведувачи, додека „Craft stage“ ќе биде наменета за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.

Пиволенд 2022 има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на млади македонски музички артисти пред публиката, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.

Подготвени сме да понудиме богата петдневна музичка програма со над 50 музички имиња од Македонија и Балкан, дегустација на повеќе од 100 видови на пиво и одлична храна која ќе ги задоволи сите вкусови и ќе го направи Скопје среќно и центар-место на пивото на Балканот. Оваа година со промената локација, за разлика од традиционалната локација на Скопското Кале, целата манифестација ќе биде организирана на Плоштад Македонија. Очекуваме голем број на посетители не само од Скопје, туку и од целиот регион, велат организаторите на Пиволенд.

Влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

Премиерен настап на Пиволенд ќе има инклузивниот рок бенд „Сол Ночиво“ во кој учество земаат млади од здружението ,,Во мојот свет” кое се грижи за помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар.

Овогодинешниот Пиволенд ќе биде и од општествен карактер. На штандовите на Плоштад „Македонија“ посетителите ќе имаат можност да купат брендирана маица со Пиволенд 2022 која би претставувала убав спомен од целата манифестација, а со секоја продадена маица се донираат 100 денари за здружението „Во мојот свет“.

 

The post Од среда до недела „Пиволенд“ во Скопје, со три сцени и над 50 музичари appeared first on Република.

]]>

Од среда, 31 август до 4 септември на скопскиот плоштад „Македонија“ ќе се одржи Пиволенд 2022, соопшти организаторот. Оваа манифестација по пауза од пет години повторно се враќа пред скопската публика, со програма која ветува добра забава со повеќе од 50 музичари, над 100 видови на пиво, два стејџа и новитети, најавува организаторот. На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage“ и „Craft stage“. На „Main stage“ ќе настапат познатите македонски и балкански музички изведувачи, додека „Craft stage“ ќе биде наменета за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти. Пиволенд 2022 има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на млади македонски музички артисти пред публиката, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.
Подготвени сме да понудиме богата петдневна музичка програма со над 50 музички имиња од Македонија и Балкан, дегустација на повеќе од 100 видови на пиво и одлична храна која ќе ги задоволи сите вкусови и ќе го направи Скопје среќно и центар-место на пивото на Балканот. Оваа година со промената локација, за разлика од традиционалната локација на Скопското Кале, целата манифестација ќе биде организирана на Плоштад Македонија. Очекуваме голем број на посетители не само од Скопје, туку и од целиот регион, велат организаторите на Пиволенд.
Влезот за посетителите ќе биде бесплатен. Премиерен настап на Пиволенд ќе има инклузивниот рок бенд „Сол Ночиво“ во кој учество земаат млади од здружението ,,Во мојот свет” кое се грижи за помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар. Овогодинешниот Пиволенд ќе биде и од општествен карактер. На штандовите на Плоштад „Македонија“ посетителите ќе имаат можност да купат брендирана маица со Пиволенд 2022 која би претставувала убав спомен од целата манифестација, а со секоја продадена маица се донираат 100 денари за здружението „Во мојот свет“.  

The post Од среда до недела „Пиволенд“ во Скопје, со три сцени и над 50 музичари appeared first on Република.

]]>
Пиволенд се враќа во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/pivolend-se-vrakja-vo-skopje/ Fri, 26 Aug 2022 17:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=544535

Град Скопје го возобновува Пиволенд. Од 31 август до 4 септември на плоштадот Македонија на две сцени ќе настапат повеќе од 50 уметници. Архангел, Ареа, Темпера, ДНК, Бени и Нон Стоп, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Принц, Фолтин и многу други веќе се потврдени на официјалната страница на настанот.

За најмладите пак, ќе има забава со Поточиња.

Пиволенд под тоа име за последен пат се одржа во 2017 година на Калето. Тоа беше десетто издание на настанот.

Наредната година фестивалот Skopje Beer Fest се одржа на Стадионот на АРМ. Од Град Скопје тогаш изјавија дека го ребрендираат фестивалот и очекуваат да добие интернационални размери.

The post Пиволенд се враќа во Скопје appeared first on Република.

]]>

Град Скопје го возобновува Пиволенд. Од 31 август до 4 септември на плоштадот Македонија на две сцени ќе настапат повеќе од 50 уметници. Архангел, Ареа, Темпера, ДНК, Бени и Нон Стоп, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Принц, Фолтин и многу други веќе се потврдени на официјалната страница на настанот. За најмладите пак, ќе има забава со Поточиња. Пиволенд под тоа име за последен пат се одржа во 2017 година на Калето. Тоа беше десетто издание на настанот. Наредната година фестивалот Skopje Beer Fest се одржа на Стадионот на АРМ. Од Град Скопје тогаш изјавија дека го ребрендираат фестивалот и очекуваат да добие интернационални размери.

The post Пиволенд се враќа во Скопје appeared first on Република.

]]>