питомци Archives - Република https://republika.mk/tema/pitomci/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 06:04:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png питомци Archives - Република https://republika.mk/tema/pitomci/ 32 32 Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе се одржи свеченост по повод заклетва на 28. класа питомци https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-voenata-akademija-general-mihailo-apostolski-ke-se-odrzhi-svechenost-po-povod-zakletva-na-28-klasa-pitomtsi/ Mon, 14 Oct 2024 06:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=826294

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, денеска ќе се одржи свеченост по повод заклетва на 28. класа студенти питомци.

За време на одржувањето на свеченоста свое обраќање ќе имаат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска – Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски.

Како што соопштуваат од Министерството за одбрана, на настанот ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор, Сашко Лафчиски, генерали, претставници на воено-дипломатскиот кор, претставници од Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на 28.класа питомци.

The post Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе се одржи свеченост по повод заклетва на 28. класа питомци appeared first on Република.

]]>

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, денеска ќе се одржи свеченост по повод заклетва на 28. класа студенти питомци. За време на одржувањето на свеченоста свое обраќање ќе имаат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска – Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски. Како што соопштуваат од Министерството за одбрана, на настанот ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор, Сашко Лафчиски, генерали, претставници на воено-дипломатскиот кор, претставници од Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на 28.класа питомци.

The post Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе се одржи свеченост по повод заклетва на 28. класа питомци appeared first on Република.

]]>
Дваесет питомци и двајца офицери од Воената академија се пожалиле на мачнина, биле пренесени на Инфективната клиника https://republika.mk/vesti/makedonija/dvaeset-pitomtsi-i-dvajtsa-ofitseri-od-voenata-akademija-se-pozhalile-na-machnina-bile-preneseni-na-infektivnata-klinika/ Fri, 13 Sep 2024 07:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=815863

Министерството за одбрана ја информира јавноста дека вчера во раните утрински часови дваесет питомци и двајца офицери на Центарот за обука на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се пожалиле на мачнина проследена со повраќање.

Најнапред тројца питомци се пожалиле на мачнина проследена со повраќање по што итно биле пренесени на Инфективната клиника при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде од страна на дежурниот доктор биле прегледани и двајца биле вратени назад во единица без конкретна дијагноза, а еден питомец е хоспитализиран и кој се очекува во текот на денешниот ден да биде вратен во единица.

Подоцна уште седумнаесет питомци и двајца офицери се пожалиле со истите симптоми, по што сите биле однесени на Инфективната клиника, каде биле третирани од страна на медицинскиот персонал и откако им била констатирана стабилна состојба биле пуштени назад во единицата.

По добиената информација од страна на министерството веднаш е побарано Воено медицинскиот центар заедно со инспекторите од Центарот за Јавно здравје и од Агенцијата за храна и ветерина да истражат на што се должи овој случај.

Во текот на вчерашниот ден е направен вонреден хигиенски епидемиолошки надзор од страна на екипи од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од Агенцијата за храна во касарната „Гоце Делчев“ каде се наоѓа Воената академија, и од страна на Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде исто така 4 лица се пожалиле на стомачни тегоби, при што се земени контролни примероци за испитување. Целта на овие вонредни надзори е намалат или целосно да се отстранат сите ризици кои може да се одразат по здравјето на луѓето.

По добиените резултати од испитувањата кои ги очекуваме во текот на денешниот ден, ќе се преземат натамошни чекори согласно препораките на надлежните институции, информираат од Министерството за одбрана.

The post Дваесет питомци и двајца офицери од Воената академија се пожалиле на мачнина, биле пренесени на Инфективната клиника appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана ја информира јавноста дека вчера во раните утрински часови дваесет питомци и двајца офицери на Центарот за обука на питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се пожалиле на мачнина проследена со повраќање. Најнапред тројца питомци се пожалиле на мачнина проследена со повраќање по што итно биле пренесени на Инфективната клиника при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде од страна на дежурниот доктор биле прегледани и двајца биле вратени назад во единица без конкретна дијагноза, а еден питомец е хоспитализиран и кој се очекува во текот на денешниот ден да биде вратен во единица. Подоцна уште седумнаесет питомци и двајца офицери се пожалиле со истите симптоми, по што сите биле однесени на Инфективната клиника, каде биле третирани од страна на медицинскиот персонал и откако им била констатирана стабилна состојба биле пуштени назад во единицата. По добиената информација од страна на министерството веднаш е побарано Воено медицинскиот центар заедно со инспекторите од Центарот за Јавно здравје и од Агенцијата за храна и ветерина да истражат на што се должи овој случај. Во текот на вчерашниот ден е направен вонреден хигиенски епидемиолошки надзор од страна на екипи од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од Агенцијата за храна во касарната „Гоце Делчев“ каде се наоѓа Воената академија, и од страна на Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде исто така 4 лица се пожалиле на стомачни тегоби, при што се земени контролни примероци за испитување. Целта на овие вонредни надзори е намалат или целосно да се отстранат сите ризици кои може да се одразат по здравјето на луѓето.
По добиените резултати од испитувањата кои ги очекуваме во текот на денешниот ден, ќе се преземат натамошни чекори согласно препораките на надлежните институции, информираат од Министерството за одбрана.
 
The post Дваесет питомци и двајца офицери од Воената академија се пожалиле на мачнина, биле пренесени на Инфективната клиника appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова на свечената промоција на офицери и подофицери на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“: Да се биде офицер, подофицер, војник во македонската армија било, е, и треба да биде чест https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-na-svechenata-promotsija-na-ofitseri-i-podofitseri-na-voenata-akademija-general-mihailo-apostolski-da-se-bide-ofitser-podofitser-vojnik-vo-makedonskata-armija-bilo-e-i-treba-da-bide/ Tue, 13 Aug 2024 10:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=806082

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје се обрати на свечената промоција на 24. класа  на питомци во прв офицерски чин - потпоручник, слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин – поручник и слушателите на основниот курс за подофицери во прв подофицерски чин - водник.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова пред питомците истакна дека тие стануваат офицери во период на глобална неизвесност, на геополитички тензии, на воени конфликти и дека како офицери на НАТО- армија, од нив се очекува да ги исполнуваат највисоките професионални стандарди и врвни критериуми.

Претседателката изрази уверување дека тие активно ќе учествуваат во справувањето со традиционалните и новите асиметрични и хибридни закани во физичкиот и сајбер-просторот и дека ќе треба да придонесуваат за колективната безбедност и одбрана преку учество во мировни мисии и операции, да ја одржуваат борбената кондиција на меѓународните воени вежби со нашите сојузници и стратешки партнери.

Во рамки на свечената промоција, претседателката Сиљановска Давкова на потпоручник Милица Перишиќ од Црна Гора и додели плакета за најдобар успех во 24. класа питомци на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска Давкова.

Горда сум на питомците, горда сум и на вас. Особено сум горда што најдобрите питомки се жени. Како врховна командантка на вооружените сили, навистина ми е особена чест да учествувам на оваа промоција во офицерски чин на питомците и студентите на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Ви честитам вам, на вашите професори, и веќе реков, на вашите најблиски. Нема поголема инвестиција од онаа во знаењето.

Но, како учителка, но и како жена ви препорачувам да преферирате авторитет наместо моќ.

Многу пати сум рекла, но повторно ќе кажам - ве поздравувам како партизанска ќерка, како ќерка на некој кому командант му бил Михаило Апостолски. Оваа држава ја ослободиле млади луѓе, оваа држава ја ослободиле луѓе посветени на татковината. Затоа и јас никогаш нема да заборавам дека мојот татко бил во Првата македонско-косовска ударна бригада.

Особено сум горда на академијата кога слушам дека првенката е од Црна Гора. Има ли поголем доказ од тоа за квалитетот на академијата и за објективноста на професорите.

Зошто споделив дел од мојата лична приказна со вас? Бидејќи како Врховна командантка на вооружените сили ми стана јасно дека многу често децата, ќерките и синовите на веќе ангажираните во Армијата и во академијата како да сакаат да се натпреваруваат со своите родители. И тогаш е успехот навистина голем. Среќна сум  што овде во прочитаните чув имиња од различна етничка, верска, јазична и друга припадност. Оваа школа е не само школа за знаење, оваа школа, како што чувме од прворангираната, е и животна школа, школа на солидарност, школа на хуманост, школа на разбирање. Вашите животи знам дека се различни. Но, денеска овде и за време на студиите се спојуваат. Животот е еден трнлив, незапирлив марш кон слобода, кон знаење, кон успеси. Никогаш не заборавајте дека тој пат го изоделе и го отвориле илинденците, партизаните, асномците, а потоа и вие.

Армијата, е всушност, едно семејство од лични приказни, меѓутоа не е само обичен збир на припадници. Има нешто заедничко -  сите вие овде, на кои јас сум горда, офицери, подофицери, војници, сте обврзани со нешто свето, со свечената заклетва, да ја браните слободата, сувереноста, самостојноста и територијалниот интегритет на нашата македонска татковина. Се разбира, војската бара дисциплина, не само посветеност. Затоа и вие дисциплинирано, совесно и одговорно, како што студиравте, како што учевте, така и да ги извршувате обврските и должностите како бранители на слободата и честа на татковината.

Вие станувате офицери во период на глобална неизвесност, на геополитички тензии, на воени конфликти. Како офицери на НАТО- армија, од вас се очекува да ги исполнувате највисоките професионални стандарди и врвни критериуми. Сигурна сум дека вие активно ќе учествувате во справувањето со традиционалните, меѓутоа и новите асиметрични и хибридни закани во физичкиот и сајбер-просторот. Вие ќе треба да придонесувате за колективната безбедност и одбрана преку учество во мировни мисии и операции, да ја одржувате борбената кондиција на меѓународните воени вежби со нашите сојузници и стратешки партнери.

Но, ве молам, никогаш не заборавајте од каде доаѓате. Никогаш не заборавајте ја вашата заклетва, дека сте тука пред сè и над сè за македонските граѓани и за одбраната на македонската република.

Со вашата одговорност и дисциплина, со вашиот патриотизам и професионализам, вие треба да бидете пример и гордост за македонското општество. Да се биде офицер, подофицер, војник во македонската армија било, е, и треба да биде чест. И во добро и во лошо, државата и граѓаните можеле и можат да се потпрат на вас, на армијата, не само во справувањето со елементарните непогоди и кризните состојби, туку и во справувањето со конфликтите. Секогаш тоа го правевте професионално и пожртвувано. Впрочем и затоа Армијата континуирано ужива највисока доверба меѓу македонските граѓани.

Тоа ме прави горда на вас. Тоа ги прави вашите семејства, и на овие жештини, вашите пријатели, но и сите сограѓани, горди на вас. Денешнава промоција ќе биде настан број еден.

Моја, наша, ваша должност е да помогнете достоинствено да се врши оваа задача. Посакувам да продолжиме да вложуваме во модернизацијата и опремувањето на Армијата, иако не посакувам војни во светот. Се срамам што во 21 век се соочуваме со воени конфликти. Ве молам, да имате разбирање, како што имавте разбирање сега за колешката, за родова еднаквост и за кариерен напредок во сите области и на сите нивоа.

Името на оваа армија, името на оваа воена академија што персонифицира знаење и посветеност е големо, името на генералот Михаило Апостолски. Тука, на ова место, се образуваат и се обучуваат сегашните и идните воени лидери на македонската армија, чуварите на честа и достоинството на државата. Затоа со гордост ја употребувам придавката почитувани војници и офицери, почитувани професори.

Оваа академија е отворена и за питомци од НАТО и од партнерските држави, а мене регионалниот развој ми е многу важен. Со нив ги споделуваме знаењата и учествуваме во градењето на колективната одбрана и безбедност.

На крајот, почитувани присутни, почитувани питомци, почитувани офицери, подофицери,

Уште еднаш, од срце ви благодарам што го одбравте овој пат. Ви честитам за постигнувањата и ви посакувам голем успех во извршувањето на вашата одговорна задача. Ваша сум.

The post Сиљановска Давкова на свечената промоција на офицери и подофицери на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“: Да се биде офицер, подофицер, војник во македонската армија било, е, и треба да биде чест appeared first on Република.

Од денес за безбедноста ќе се грижат 590 полицајци повеќе https://republika.mk/vesti/makedonija/od-denes-za-bezbednosta-kje-se-grizat-590-policajci-povekje/ Sat, 20 Aug 2022 18:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=542433

Од денес во ваши раце ќе биде сигурноста и безбедноста на целата заедница, во ваши раце ќе биде зачувувањето на мирот во земјата и спокојниот живот на граѓаните. Без разлика на родовата, етничката или верска припадност, Вие носите иста униформа, дел сте од истата институција и заеднички ќе се борите против заедничкиот непријател на нашата заедничка држава, а тоа е криминалот, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на промоцијата на 590 нови полициски службеници – генерација 2021-2022 година, која се одржа во Центарот за обука на МВР во Идризово.

-Припадниците на Министерството за внатрешни работи се гарант за јавниот рeд и мир, за нашата безбедност и сигурност. Во изминатите три децении изградивме високо професионална полиција во чии редови се најдобрите и најподготвените, кои професионално, достоинствено и со личен интегритет ги извршуваат своите задачи, секогаш ставајќи се на располагање на граѓаните и нивните потреби – истакна Пендаровски.

На новите полицајци им порача дека граѓаните токму во нив гледаат мотивирани, посветени професионалци кои одговорно и доследно ќе ги извршуваат своите задолженија, ќе ѝ служат на својата земја и ќе го штитат животот и имотот на своите сограѓани.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новите полициски службеници кои денеска дадоа свечена изјава им честиташе за успехот и нагласи дека оваа генерација полицајци го има остварено најдобриот резултат во последните 10 години.

– Поминавте една година на патеката што ви овозможи да направите, би рекол, еден мал увид во тоа што значи да се биде полициски службеник. Имавте можност да си ги тестирате границите, да ги надминете своите и очекувањата на другите. Да увидите дека полициската професија се соочува со секојдневни предизвици на кои треба веднаш да се одговори, но и носи огромно задоволство со секој постигнат резултат како сервис на граѓаните, со секоја успешна реализација како гарант на безбедноста – рече Спасовски.

Тој додаде дека успешното функционирање на безбедносниот систем е основа за функционирање на правната држава.

– Токму затоа наш врвен приоритет беше создавањето модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, која на законит, стручен, транспарентен и одговорен начин ќе одговори на работните задачи. За остварување на тој наш приоритет многу работи направивме, а резултатите, меѓу другото се видливи во сите 75 реконструирани објекти на МВР ширум државата, во кои имплементиравме и мерки за енергетска ефикасност. Покрај ова, инвестиравме над 10 милиони евра во нови униформи за секоја организациона единица – рече Спасовски.

На промоцијата се обрати и помошник министерот на Центарот за обука, Сузе Трајковска, која посочи дека обуката се состоела од теоретска настава и ситуациони вежби и од практичен дел.

Таа информираше дека од вкупно пријавените 625 кандидати, обуката успешно ја завршиле 590 кандидати, од кои 487 машки и 103 женски со среден успех на генерација од 523 бодови од можни 600.

На церемонијата беа доделени плакети за 18 најдобри кандидати од оваа генерација, а за најдобар од генерацијата 2021/2022 беше прогласен Стефан Митаноски, на кого му беше доделена свечена плакета од претседателот на државата.

The post Од денес за безбедноста ќе се грижат 590 полицајци повеќе appeared first on Република.

]]>

Од денес во ваши раце ќе биде сигурноста и безбедноста на целата заедница, во ваши раце ќе биде зачувувањето на мирот во земјата и спокојниот живот на граѓаните. Без разлика на родовата, етничката или верска припадност, Вие носите иста униформа, дел сте од истата институција и заеднички ќе се борите против заедничкиот непријател на нашата заедничка држава, а тоа е криминалот, порача денеска претседателот Стево Пендаровски на промоцијата на 590 нови полициски службеници – генерација 2021-2022 година, која се одржа во Центарот за обука на МВР во Идризово.
-Припадниците на Министерството за внатрешни работи се гарант за јавниот рeд и мир, за нашата безбедност и сигурност. Во изминатите три децении изградивме високо професионална полиција во чии редови се најдобрите и најподготвените, кои професионално, достоинствено и со личен интегритет ги извршуваат своите задачи, секогаш ставајќи се на располагање на граѓаните и нивните потреби – истакна Пендаровски.
На новите полицајци им порача дека граѓаните токму во нив гледаат мотивирани, посветени професионалци кои одговорно и доследно ќе ги извршуваат своите задолженија, ќе ѝ служат на својата земја и ќе го штитат животот и имотот на своите сограѓани. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новите полициски службеници кои денеска дадоа свечена изјава им честиташе за успехот и нагласи дека оваа генерација полицајци го има остварено најдобриот резултат во последните 10 години.
– Поминавте една година на патеката што ви овозможи да направите, би рекол, еден мал увид во тоа што значи да се биде полициски службеник. Имавте можност да си ги тестирате границите, да ги надминете своите и очекувањата на другите. Да увидите дека полициската професија се соочува со секојдневни предизвици на кои треба веднаш да се одговори, но и носи огромно задоволство со секој постигнат резултат како сервис на граѓаните, со секоја успешна реализација како гарант на безбедноста – рече Спасовски.
Тој додаде дека успешното функционирање на безбедносниот систем е основа за функционирање на правната држава.
– Токму затоа наш врвен приоритет беше создавањето модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, која на законит, стручен, транспарентен и одговорен начин ќе одговори на работните задачи. За остварување на тој наш приоритет многу работи направивме, а резултатите, меѓу другото се видливи во сите 75 реконструирани објекти на МВР ширум државата, во кои имплементиравме и мерки за енергетска ефикасност. Покрај ова, инвестиравме над 10 милиони евра во нови униформи за секоја организациона единица – рече Спасовски.
На промоцијата се обрати и помошник министерот на Центарот за обука, Сузе Трајковска, која посочи дека обуката се состоела од теоретска настава и ситуациони вежби и од практичен дел. Таа информираше дека од вкупно пријавените 625 кандидати, обуката успешно ја завршиле 590 кандидати, од кои 487 машки и 103 женски со среден успех на генерација од 523 бодови од можни 600. На церемонијата беа доделени плакети за 18 најдобри кандидати од оваа генерација, а за најдобар од генерацијата 2021/2022 беше прогласен Стефан Митаноски, на кого му беше доделена свечена плакета од претседателот на државата.