пита со праз Archives - Република https://republika.mk/tema/pita-so-praz/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Oct 2023 16:31:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пита со праз Archives - Република https://republika.mk/tema/pita-so-praz/ 32 32 Домашна пита со праз затру цело семејство – жена почина, две лица се борат за живот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/domashna-pita-so-praz-zatru-tselo-semejstvo-zhena-pochina-dve-litsa-se-borat-za-zhivot/ Thu, 19 Oct 2023 13:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=692903

Смртоносна пита со праз. Трагично заврши животот на 47-годишна жена од Скопје која заедно со својот сопруг и со своите блиски роднини јадела домашна пита.

Жената починала денеска, а двете лица, баба и маж, се во лоша здравствена состојба, од кој едниот е сѐ уште во кома на КАРИЛ.

Блиски роднини на семејството за Алфа брифираат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз.

Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето, дали било затруено брашното или празот.

Случајот бил пријавен пред неколку дена во полиција и објавен е во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени три лица од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје“, соопшти полицијата.

Инаку, „метомил“ е инсектицид. Опасен отров по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава.

The post Домашна пита со праз затру цело семејство – жена почина, две лица се борат за живот appeared first on Република.

]]>

Смртоносна пита со праз. Трагично заврши животот на 47-годишна жена од Скопје која заедно со својот сопруг и со своите блиски роднини јадела домашна пита. Жената починала денеска, а двете лица, баба и маж, се во лоша здравствена состојба, од кој едниот е сѐ уште во кома на КАРИЛ. Блиски роднини на семејството за Алфа брифираат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз. Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето, дали било затруено брашното или празот. Случајот бил пријавен пред неколку дена во полиција и објавен е во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР).