писмо Archives - Република https://republika.mk/tema/pismo/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 10:05:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png писмо Archives - Република https://republika.mk/tema/pismo/ 32 32 Мицкоски го прочитал писмото од Ахмети, вели дека поминало времето кога политичари можат да влијаат на судии https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-go-prochital-pismoto-od-ahmeti-veli-deka-pominalo-vremeto-koga-politichari-mozhat-da-vlijaat-na-sudii/ Tue, 29 Oct 2024 10:05:02 +0000 https://republika.mk/?p=831966

Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека го добил и го прочитал писмото на лидерот на ДУИ Али Ахмети, во врска со „неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата“.

Го добив писмото, го прочитав. Писмото би го поделил во два дела, првиот дел е геостратешки осврт на состојбата во регионот, вклучително Блискиот Исток и Украина, додека вториот дел е обвинување на уставните судии коишто ги избрало мнозинството на СДСМ и на ДУИ дека спроведуваат програма на ВМРО-ДПМНЕ. Не сум знаел дека овие судии избрани од мнозинството на СДСМ и ДУИ спроведува програма на ВМРО-ДПМНЕ, дека бил загрижен за предметот поврзан со законот за јазици и да сум интервенирал кај уставните судии избрани од СДСМ и ДУИ да внимаваат што прават бидејќи на тој начин можеле да ја дестабилизираат државата. Тоа е писмото, јавноста нека оцени дали тоа заслужува коментар - рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања пред конференцијата „Блумберг Адрија“.

Според него, поминало времето кога политичарите можеле на тој начин да влијаат на одлуки на судии и обвинители.

Јас разбирам дека ДУИ се уште е во тој периметар и низ таа оптика низ која тие гледаат, тие мислат дека на тој начин треба да функционираме ние како држава, јас не мислам, а посебно на памет не ми паѓа било каква комуникација со уставни судии или било какви судии и обвинители кои се избрани од мнозинството СДСМ и ДУИ. Бидејќи тие истите рејтингот на правосудниот систем го сведоа на едноцифрен број проценти - рече Мицкоски.

Информира дека викендов остварил средба со европскиот експерт за правосудство Бранко Хорватин.

Веќе остварив средба со европски експерт во мојот кабинет за време на викендот, тој е Бранко Хорватин кој работи на проект финансиран од страна на ЕУ во Црна Гора дека многу добив квалитетни идеи во делот на реформите во правосудството, и во текот на следната недела очекувам веќе да имаме оперативна средба со министерот и со луѓето кои се веќе дел од оваа работа и да почнеме веќе да работиме. Најпрво да почнеме од Судскиот совет, па после од Советот на јавни обвинители, се до оној момент додека не го ослободиме Судството и Обвинителството октроирани од партиските стеги на ДУИ и на СДСМ - рече Мицкоски.

Инаку, како што соопшти ДУИ претходно, писмото од Ахмети е „одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој“. Ахмети во писмото истакнува дека одлуките за укинување на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку, се посочува во соопштението, се опасни и штетни за напредокот и одржливоста на општеството.

The post Мицкоски го прочитал писмото од Ахмети, вели дека поминало времето кога политичари можат да влијаат на судии appeared first on Република.

]]>

Мицкоски вети дека ќе го прочита писмото на Ахмети: Мора да се посвети внимание на пораките на секој граѓанин https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-veti-deka-ke-go-prochita-pismoto-na-ahmeti-mora-da-se-posveti-vnimanie-na-porakite-na-sekoj-graganin/ Mon, 28 Oct 2024 11:27:09 +0000 https://republika.mk/?p=831636

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го видел писмото што му го испрати лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата, но истакнува дека мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин.

На новинарско прашање Мицкоски денеска истакна дека со големо внимание пристапува во комуникацијата со граѓаните.

Не, не сум го видел. Инаку, јас дневно добивам многу писма и ги читам, добивам многу пораки, и со големо внимание пристапувам во комуникацијата со граѓаните. Господинот Ахмети е граѓанин и мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин, така постапува одговорна Влада. Како што кажа вицепремиерот Меџити ние не играме фудбалчиња, ние работиме и сме одговорни - рече Мицкоски, кој одговараше на прашања по увидот на работите за изградба на автопатот Гостивар Букојчани на Коридор 8.

Како што соопшти претходно ДУИ, писмото од Ахмети е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува  Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој. Ахмети во писмото истакнува дека одлуките за укинување на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку, се посочува во соопштението, се опасни и штетни за напредокот и одржливоста на општеството.

ДУИ апелира до политичките партии и институции за поголема одговорност и зрелост во овој критичен период, поттикнувајќи решенија кои ќе ја зајакнат соработката и заедништвото, а не поделбите. Писмото на Ахмети, како што наведуваат од партијата, претставува повик за соработка, взаемна почит и конструктивен дијалог.

ДУИ останува посветена на заштитата на меѓуетничкото разбирање и инклузивноста, кои се темели на напредокот на Македонија и нејзината европска иднина, стои во соопштението.

The post Мицкоски вети дека ќе го прочита писмото на Ахмети: Мора да се посвети внимание на пораките на секој граѓанин appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го видел писмото што му го испрати лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата, но истакнува дека мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин. На новинарско прашање Мицкоски денеска истакна дека со големо внимание пристапува во комуникацијата со граѓаните.
Не, не сум го видел. Инаку, јас дневно добивам многу писма и ги читам, добивам многу пораки, и со големо внимание пристапувам во комуникацијата со граѓаните. Господинот Ахмети е граѓанин и мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин, така постапува одговорна Влада. Како што кажа вицепремиерот Меџити ние не играме фудбалчиња, ние работиме и сме одговорни - рече Мицкоски, кој одговараше на прашања по увидот на работите за изградба на автопатот Гостивар Букојчани на Коридор 8.
Како што соопшти претходно ДУИ, писмото од Ахмети е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува  Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој. Ахмети во писмото истакнува дека одлуките за укинување на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку, се посочува во соопштението, се опасни и штетни за напредокот и одржливоста на општеството. ДУИ апелира до политичките партии и институции за поголема одговорност и зрелост во овој критичен период, поттикнувајќи решенија кои ќе ја зајакнат соработката и заедништвото, а не поделбите. Писмото на Ахмети, како што наведуваат од партијата, претставува повик за соработка, взаемна почит и конструктивен дијалог. ДУИ останува посветена на заштитата на меѓуетничкото разбирање и инклузивноста, кои се темели на напредокот на Македонија и нејзината европска иднина, стои во соопштението.

The post Мицкоски вети дека ќе го прочита писмото на Ахмети: Мора да се посвети внимание на пораките на секој граѓанин appeared first on Република.

]]>
Ахмети му пиша писмо на Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-mu-pisha-pismo-na-mitskoski/ Mon, 28 Oct 2024 08:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=831545

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, упатил официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и, како што пишува, нивното влијание врз „меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата“.

Во прилог: Писмото на Али Ахмети до Христијан Мицкоски

Почитуван г. Христијан Мицкоски,
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ,

Ви се обраќам во исклучително чувствителен период за нашата земја. Геополитичката состојба е поопасна од кога било од крајот на минатиот век, со ескалацијата на руската агресија во Украина, амбициите на Кина, сложената ситуација на Западен Балкан, нестабилноста во Босна и Херцеговина, тензиите меѓу Косово и Србија, како и континуираните блокади од страна на Бугарија. Во оваа комплицирана средина, секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост.

Последните одлуки на Уставниот суд, кои изгледа дека се извршување на програмата на вашата партија за укинување на клучните механизми за заштита на заедниците, предизвикаа загриженост кај сите граѓани кои се посветени на градењето на подобро одржливи меѓуетнички односи во Cеверна Македонија.

Охридскиот договор, кој донесе подобро меѓуетничко разбирање, не е само политичко прашање, туку е темел на нашата мултиетничка демократија, стабилност и демократски напредок. Секоја обид за негово доведување во прашање, особено во актуелниот контекст, е чекор кој може да ја влоши состојбата во земјата и регионот.

Одлуките за измена или ревизија на Законот за употреба на јазиците, кој е клучен елемент на Охридскиот договор, не се само политички контроверзни, туку и штетни за напредокот и соработката меѓу заедниците. Ова е развој што може да ги поткопа придобивките стекнати со значителен труд и да ја врати земјата во периоди на несигурност.

Затоа, ве повикувам да размислите со зрелост и одговорност за овие одлуки кои имаат потенцијал да ја нарушат мултиетничката кохезија во Cеверна Македонија. Иднината на нашата земја треба да се гради врз основа на соработка и взаемна почит, а не врз поделби. Секој чекор што ги нарушува овие основи е штетен за иднината на нашата земја и за сите нејзини граѓани, без разлика на етничката припадност.

The post Ахмети му пиша писмо на Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, упатил официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и, како што пишува, нивното влијание врз „меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата“. Во прилог: Писмото на Али Ахмети до Христијан Мицкоски Почитуван г. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Ви се обраќам во исклучително чувствителен период за нашата земја. Геополитичката состојба е поопасна од кога било од крајот на минатиот век, со ескалацијата на руската агресија во Украина, амбициите на Кина, сложената ситуација на Западен Балкан, нестабилноста во Босна и Херцеговина, тензиите меѓу Косово и Србија, како и континуираните блокади од страна на Бугарија. Во оваа комплицирана средина, секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост. Последните одлуки на Уставниот суд, кои изгледа дека се извршување на програмата на вашата партија за укинување на клучните механизми за заштита на заедниците, предизвикаа загриженост кај сите граѓани кои се посветени на градењето на подобро одржливи меѓуетнички односи во Cеверна Македонија. Охридскиот договор, кој донесе подобро меѓуетничко разбирање, не е само политичко прашање, туку е темел на нашата мултиетничка демократија, стабилност и демократски напредок. Секоја обид за негово доведување во прашање, особено во актуелниот контекст, е чекор кој може да ја влоши состојбата во земјата и регионот. Одлуките за измена или ревизија на Законот за употреба на јазиците, кој е клучен елемент на Охридскиот договор, не се само политички контроверзни, туку и штетни за напредокот и соработката меѓу заедниците. Ова е развој што може да ги поткопа придобивките стекнати со значителен труд и да ја врати земјата во периоди на несигурност. Затоа, ве повикувам да размислите со зрелост и одговорност за овие одлуки кои имаат потенцијал да ја нарушат мултиетничката кохезија во Cеверна Македонија. Иднината на нашата земја треба да се гради врз основа на соработка и взаемна почит, а не врз поделби. Секој чекор што ги нарушува овие основи е штетен за иднината на нашата земја и за сите нејзини граѓани, без разлика на етничката припадност.

The post Ахмети му пиша писмо на Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за писмото до ЕУ: Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-pismoto-do-eu-se-ushte-pravime-analizi-izbrzani-chekori-se-losh-poteg/ Fri, 18 Oct 2024 11:52:16 +0000 https://republika.mk/?p=828497

Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во однос на писмото што беше најавено дека ќе се испрати до ЕУ со предлог-решенија за деблокада на процесот на евроинтеграциите.

Замолувам за малку трпение. Избрзани чекори се секогаш би рекол лош потег, можеби треба малку да исдигестираат работите за да можеме со ладна глава да отспиеме и да донесеме вистинска одлука. Се е во оптек. Патувам викендов во Австрија, ќе бидам дел од еден настан во Салцбург, потоа ќе имам средби со високи претставници на австриската Влада и австриското општество, претседателот, министерот за надворешни работи. Таму знаете имаше скоро и избори па во тек е формирање на нова влада, ќе видиме како ќе биде со актуелниот премиер, потоа доаѓа претседателката на ЕК, па имаме Европска политичка заедница состанок во Будимпешта на 7 ноември, така што нека се направи една анализа да видиме како сето ова ќе функционира. Ако успееме на овој начин да ја постигнеме целта јас не би брзал со носење, рече Мицкоски.

Во однос на изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова, која ги повика македонските власти „да ги читаат европските вредности со поголемо разбирање“, Мицкоски кажа дека постојат за жал земји-членки на ЕУ кои не ги почитуваат европските вредности.

Колку што сум информиран апсолутно ние како држава ги почитуваме и постапуваме доколку постојат такви пресуди од институцијата која што е одговорна да носи одлуки за почитување и непочитување на човековите права, тоа е Судот за човекови права во Стразбур. За жал, имаме земји членки во Европа коишто имаат десетици такви пресуди коишто не ги почитуваат. Претпоставувам тоа ќе важи и за земјите членки не само за кандидатите. Јас би сакал да ја упатам Јотова овој совет да го даде и кон тие земји членки коишто треба конечно да ги почитуваат и коишто се испречени пред можни санкции за почитување на човековите права. Еве имаме такви 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија. Еве, ги повикувам истите овие коишто ни даваат нам совет да ги советуваат и бугарските власти да може да дозволат македонската заедница барем да се организира во невладини организации. Ние не бараме да бидеме дел од Уставот барем од тоа што таму сум го слушнал, туку да се организираат во невладини организации. Тоа е нешто што може да го направат во таа насока, бидејќи јас колку што знам Бугарија како држава е потписник на Резолуцијата за заштита на човековите права. Така што, од прилика тоа би бил мојот коментар, рече Мицкоски.

Јотова, на настан кој се одржал вчера во Ќустендил, на тема „Бугарите на Балканот надвор од границите по 1878 година. Кодекс на опстанок“, под покровителство на потпретседателката, а на кој учествувале и претставници на бугарските заедници од Македонија, Албанија, Грција, Косово, Романија, Турција и Србија, рекла дека „овие права минуваат низ целиот преговарачки процес и ако има барем една земја која верува дека не се почитуваат човековите права, особено оние на претставниците на различни народи и народи, овој процес никогаш нема да заврши“.

Агресијата, не само вербалната, е непростлива, а кога насилството крие тврдоглава, но длабоко погрешна теза и уште повеќе неисполнување на веќе преземените меѓународни обврски. Веројатно ќе погодите дека станува збор за еден од нашите западни соседи – Република Македонија, за која, за жал, последниве години, наместо за потпишан договор и неговото спроведување кое го носи името „Добрососедство“, сака да одиме во спротивна насока. Неподносливо е кога една страна треба да го трпи недостатокот на почитување на човековите права, со газење на правото на изразување, да кажувате кој сте и од каде доаѓате и со кое потекло, рекла Јотова.

The post Мицкоски за писмото до ЕУ: Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег appeared first on Република.

Палчо пиша од Турција: Го обвини министерот Лога дека ја кочи екстрадицијата поради изборите https://republika.mk/vesti/makedonija/palcho-pisha-od-turtsija-go-obvini-ministerot-loga-deka-ja-kochi-ekstraditsijata-poradi-izborite/ Thu, 02 May 2024 10:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=773341

Партијата „Десна“ на Фејсбук објави писмо за кое тврди дека лично го напишал Љупчо Палевски – Палчо.Тој го писмото го обвинини  министерот за правда Кренар Лога дека  правел калкулации и застој со екстрадицијата поради изборите во земјава.

За Лога вели „суши лаже“ кога станува збор за неговото испорачување во Македонија

Аргументот дека извршувате партиски политички наредби, а не спроведување на законски обврски е тоа што на 5 декември и на сослушувањето на 23 декември одбрав брза постапка за моја екстрадиција со моја согласност, на слободна волја без противење. Судот во Баликесир во три недели ја заврши целата постапка а од 17 јануари годинава предметот се наоѓа на маса кај вашиот колега министер за правда на Турција, стои во писмото од кое се објавени и копии напишани во ракопис.

The post Палчо пиша од Турција: Го обвини министерот Лога дека ја кочи екстрадицијата поради изборите appeared first on Република.

]]>

Партијата „Десна“ на Фејсбук објави писмо за кое тврди дека лично го напишал Љупчо Палевски – Палчо.Тој го писмото го обвинини  министерот за правда Кренар Лога дека  правел калкулации и застој со екстрадицијата поради изборите во земјава. За Лога вели „суши лаже“ кога станува збор за неговото испорачување во Македонија
Аргументот дека извршувате партиски политички наредби, а не спроведување на законски обврски е тоа што на 5 декември и на сослушувањето на 23 декември одбрав брза постапка за моја екстрадиција со моја согласност, на слободна волја без противење. Судот во Баликесир во три недели ја заврши целата постапка а од 17 јануари годинава предметот се наоѓа на маса кај вашиот колега министер за правда на Турција, стои во писмото од кое се објавени и копии напишани во ракопис.

The post Палчо пиша од Турција: Го обвини министерот Лога дека ја кочи екстрадицијата поради изборите appeared first on Република.

]]>
По нападот врз Израел: Иран во писмо до ОН вели дека не бара ескалација https://republika.mk/vesti/svet/po-napadot-vrz-izrael-iran-vo-pismo-do-on-veli-deka-ne-bara-eskalatsija/ Sun, 14 Apr 2024 06:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=765846

Во писмото упатено до шефот на ОН, Антонио Гутереш и претседателката на Советот за безбедност, Ванеса Фрејзиер, Техеран нагласи дека неговиот напад врз Израел е правен и оправдан чин на самоодбрана од израелските „агресии“.

Иранската мисија во ОН го осуди неуспехот на Советот за безбедност да го осуди смртоносниот израелски воздушен напад врз конзулатот на земјата во Дамаск на 1 април.

Како одговорна членка на Обединетите нации, Исламската Република Иран е посветена на целите и принципите содржани во Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право и ја повторува својата доследна позиција дека не бара ескалација или конфликт во регионот, се вели во писмото.

Сепак, Иран предупреди дека ќе го брани својот народ и интереси од секакви закани.

The post По нападот врз Израел: Иран во писмо до ОН вели дека не бара ескалација appeared first on Република.

]]>

Во писмото упатено до шефот на ОН, Антонио Гутереш и претседателката на Советот за безбедност, Ванеса Фрејзиер, Техеран нагласи дека неговиот напад врз Израел е правен и оправдан чин на самоодбрана од израелските „агресии“. Иранската мисија во ОН го осуди неуспехот на Советот за безбедност да го осуди смртоносниот израелски воздушен напад врз конзулатот на земјата во Дамаск на 1 април. Како одговорна членка на Обединетите нации, Исламската Република Иран е посветена на целите и принципите содржани во Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право и ја повторува својата доследна позиција дека не бара ескалација или конфликт во регионот, се вели во писмото. Сепак, Иран предупреди дека ќе го брани својот народ и интереси од секакви закани.

The post По нападот врз Израел: Иран во писмо до ОН вели дека не бара ескалација appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 130 британски пратеници потпишаа писмо со барање за забрана за продажба на оружје на Израел https://republika.mk/vesti/svet/poveke-od-130-britanski-pratenitsi-potpishaa-pismo-so-barane-za-zabrana-za-prodazhba-na-oruzhje-na-izrael/ Wed, 27 Mar 2024 11:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=759297

Повеќе од 130 британски пратеници ја повикаа британската Влада да ја забрани продажбата на оружје на Израел поради можно кршење на меѓународното хуманитарно право, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Во писмото, упатено до британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон и потпишано од повеќе од 130 членови на двата дома на британскиот Парламент, се наведени слични чекори од други земји, вклучително и Канада, која најави дека ќе го замрзне извозот на смртоносно и несмртоносно оружје за Израел.

Според авторите на писмото, „вообичаената практика“ во врска со британскиот извоз на оружје во Израел е „целосно неприфатлива“. За време на двете претходни ескалации на конфликтот во Газа, Лондон ја прекина продажбата на оружје на Тел Авив, потсетуваат тие.

„Денес нивото на насилство извршено од израелската војска е многу повисоко, но владата на Велика Британија не успеа да дејствува“, се вели во писмото.

Парламентарниот притисок врз британската влада да ја забрани продажбата на оружје на Израел неодамна се засили поради знаците дека Израел има намера да ја игнорира овонеделната резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се повикуваат сите земји да се обврзат на прекин на огнот, пишува „Гардијан“.

САД рекоа дека резолуцијата не е обврзувачка, но Британија не го дели ова толкување, забележува британското издание.

Камерон ги засили критиките кон Израел во последните неколку недели, но владините министри велат дека одлуката за продажба на оружје мора да биде донесена по сложена правна проценка која зема предвид бројни фактори, вклучувајќи ги и напорите на Израел да ги минимизира цивилните жртви, додава „Гардијан“.

The post Повеќе од 130 британски пратеници потпишаа писмо со барање за забрана за продажба на оружје на Израел appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 130 британски пратеници ја повикаа британската Влада да ја забрани продажбата на оружје на Израел поради можно кршење на меѓународното хуманитарно право, пишува британскиот весник „Гардијан“. Во писмото, упатено до британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон и потпишано од повеќе од 130 членови на двата дома на британскиот Парламент, се наведени слични чекори од други земји, вклучително и Канада, која најави дека ќе го замрзне извозот на смртоносно и несмртоносно оружје за Израел. Според авторите на писмото, „вообичаената практика“ во врска со британскиот извоз на оружје во Израел е „целосно неприфатлива“. За време на двете претходни ескалации на конфликтот во Газа, Лондон ја прекина продажбата на оружје на Тел Авив, потсетуваат тие. „Денес нивото на насилство извршено од израелската војска е многу повисоко, но владата на Велика Британија не успеа да дејствува“, се вели во писмото. Парламентарниот притисок врз британската влада да ја забрани продажбата на оружје на Израел неодамна се засили поради знаците дека Израел има намера да ја игнорира овонеделната резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се повикуваат сите земји да се обврзат на прекин на огнот, пишува „Гардијан“. САД рекоа дека резолуцијата не е обврзувачка, но Британија не го дели ова толкување, забележува британското издание. Камерон ги засили критиките кон Израел во последните неколку недели, но владините министри велат дека одлуката за продажба на оружје мора да биде донесена по сложена правна проценка која зема предвид бројни фактори, вклучувајќи ги и напорите на Израел да ги минимизира цивилните жртви, додава „Гардијан“.  

The post Повеќе од 130 британски пратеници потпишаа писмо со барање за забрана за продажба на оружје на Израел appeared first on Република.

]]>
Благодарница од МНР на Шведска за поддршката за членството во НАТО https://republika.mk/vesti/makedonija/blagodarnitsa-od-mnr-na-shvedska-za-poddrshkata-za-chlenstvoto-vo-nato/ Wed, 13 Mar 2024 12:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=754393

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ја прими амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џејн.

На средбата, беа разменети писма од министрите за надворешни работи по повод членството на Шведска во НАТО.

Османи упати честитки за членството на Шведска во НАТО Алијансата, нагласувајќи дека со ваквиот чекор ќе се зајакне европската и целокупната трансатлантска стабилност.

“Пристапувањето на Шведска во НАТО како 32-та земја членка е историски момент што ќе ја направи Алијансата побезбедна и ќе ја зајакне нашата колективна безбедност. Тоа, воедно е и потврда за единството на сите земји членки, што е особено значајно во овие времиња кога се соочуваме со руската воена агресија во Украина и последиците врз стабилноста на европскиот континент”, нагласи Османи.

На средбата без разменети мислења и за евроинтегративниот процес на Македонија, при што беше реафирмирана силната поддршка од Шведска за наше што поскоро членство во ЕУ.

The post Благодарница од МНР на Шведска за поддршката за членството во НАТО appeared first on Република.

Лидерите на ЕУ упатија сочувство за жртвите од земјотресот во Мароко https://republika.mk/vesti/svet/liderite-na-eu-upatija-sochuvstvo-za-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-maroko/ Sun, 10 Sep 2023 09:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=680494

Европската Унија и нејзините земји членки ви искажуваат целосна солидарност во овој тежок момент, се наведува во писмото што лидерите на ЕУ го упатија до мароканскиот крал Мохамед Шести, изразувајќи сочувство до него и до Владата и народот на Мароко за жртвите од катастрофалниот земјотрес што ноќта меѓу петокот и саботата го погоди централниот дел на земјата.

Ваше височество, ние, членовите на Европскиот совет, сакаме да го споделиме со вас нашето најискрено сочувство за страшната загуба на животи по страшниот земјотрес. Длабоко сме натажени од разорните последици од овој трагичен настан. Нашите мисли се со сите Мароканци кои загубија членови на своите семејства и пријатели, се наведува во писмото потпишано од шефовите на држави или влади на сите членки на ЕУ и од претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен.

Членовите на Советот на ЕУ додаваат и дека на сите повредени во земјотресот им посакуваат целосно и брзо закрепнување.

Како блиски пријатели и партнери на Мароко, ние сме подготвени да помогнеме на кој било начин што ќе го сметате за корисен. Нашите мисли на сочувство продолжуваат да бидат со вас и со вашиот народ, се додава во писмото.

Според последните податоци, во земјотресот загинале најмалку 2.012 лица, а 2.059 се повредни, од кои 1.404 се во критична состојба. Земјотресот се случи на планинскиот венец Висок Атлас во петокот во 23:11 часот по локално време (сабота 11 минути по полноќ по средноевропско време), на длабочина од 18,5 километри и со епицентар во провинцијата Ал Хоуз на 72 километри југозападно од Маракеш.

The post Лидерите на ЕУ упатија сочувство за жртвите од земјотресот во Мароко appeared first on Република.

Писмо со поддршка од Венецискот филмски фестивал за македонскиот режисер Милчо Манчевски https://republika.mk/scena/film/pismo-so-poddrshka-od-venetsiskot-filmski-festival-za-makedonskiot-rezhiser-milcho-manchevski/ Tue, 08 Aug 2023 07:11:01 +0000 https://republika.mk/?p=669889

Венецискиот филмски фестивал, најстариот во светот, објави писмо со поддршка за македонскиот режисер Милчо Манчевски против политичкиот прогон врз него како укажувач на корупција во Македонија.

Писмото објавено на сајтот на Фестивалот е потпишано од директорот Алберто Барбера и претседателите на двете италијански здруженија на филмските автори, Франческо Раниери Мартиноти на здружението „АНАК-Аутори“ (ANAC-Autori) и Франческа Коменини на „Ченто Аутори“ (Cento Autori). Ова е редок гест на една од најреномираните институции во светот.

Линк до писмото:  https://www.labiennale.org/en/news/letter-milcho-manchevski

Во писмото се вели:

Почитуван г. Манчевски,

Исклучително ни е жал што слушаме дека се соочувате со масовна политичка кампања на клевети, лични закани и политичка и професионална црна листа.

Потписниците на ова писмо – кое ја покажува загриженоста што ја делат Венецискиот филмски фестивал и двете италијански здруженија кои ги претставуваат авторите и филмаџиите на нашата земја: ANAC-Autori и Cento Autori – сакаат да ви ја изразат нашата безусловна солидарност.

Ја знаеме и цениме вашата работа како уметник, која секогаш се одликува со критериуми на апсолутна етичка и морална коректност, на експресивна доследност поттикната од силно чувство на општествена одговорност и интелектуална чесност. Уште од вашиот прв филм „Пред дождот“, кој го освои Златниот лав за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Венеција во 1994 година, и кој помогна целиот свет да дознае за постоењето и квалитетот на кинематографијата во Македонија. А потоа, преку вашите подоцнежни дела, меѓу кои и оние создадени надвор од вашата матична земја, со постојана цел да се вратите таму еден ден (како што и сторивте), да помогнете во зајакнувањето на филмската индустрија која сè уште има потреба од поддршка за да продолжи да расте.

Затоа уште повеќе се чудиме што вашето храбро осудување на неправилностите направени од агенцијата одговорна за поддршка на македонската кинематографија беше проследено со неверојатна кампања на прогон и континуирано непријателство од страна на агенцијата чие недолично однесување, згора на сè, беше потврдено.

Искрено се надеваме дека претстојното објавување на резултатите од новата истрага спроведена од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), конечно ќе ја расветли целата ситуација и ќе стави крај на прогонот што го претрпевте досега.

Искрено,

Алберто Барбера, Директор, Венециски филмски фестивал

Франческо Раниери Мартиноти, претседател на ANAC-Autori

Франческа Коменчини, претседателка на Cento Autori“

Манчевски е дел од славната историја на Венецискиот фестивал: во 1994 година „Пред дождот“ го освои Златниот лав, во 2001 година „Прашина“ го отвори фестивалот, а во 2013 година по повод 70 роденден на фестивалот, Манчевски беше поканет во екипата режисери да сними краток филм и „Четврток“ беше дел од таа селекција. Манчевски во 2012 беше и во жирито во венециската програма Хоризонти.

Просто ми е непријатно што дури и една Венеција сега се бави со корупцијата и политичкиот прогон во Македонија. Корупцијата, местењето конкурси и крадењето треба да запрат во Агенцијата за филм и во ДФРМ. Не сум единствен кој очекува дека Владата и Обвинителството доблесно ќе постапат, вели Манчевски.

The post Писмо со поддршка од Венецискот филмски фестивал за македонскиот режисер Милчо Манчевски appeared first on Република.

Жена си заминала од дома и на сопругот му оставила писмо, тој пријавил во полиција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-si-zaminala-od-doma-i-na-soprugot-mu-ostavila-pismo-toj-prijavil-vo-politsija/ Sun, 30 Jul 2023 16:38:35 +0000 https://republika.mk/?p=667029

А. Ј. (33) од селото Булачани пред два дена во полицијата пријавил дека неговата сопруга Д. Ј. (28) од непознати причини си отишла од нивниот дом и со себе си земала свои лични работи.

Следниот ден во 06.30 часот во кујната пронашол писмо кое сопругата го оставила во кое пишува причини поради кои заминала, велат од МВР. Пријавителот појаснил дека не е прв пат Д.Ј да се оддалечи од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

The post Жена си заминала од дома и на сопругот му оставила писмо, тој пријавил во полиција appeared first on Република.

]]>

А. Ј. (33) од селото Булачани пред два дена во полицијата пријавил дека неговата сопруга Д. Ј. (28) од непознати причини си отишла од нивниот дом и со себе си земала свои лични работи. Следниот ден во 06.30 часот во кујната пронашол писмо кое сопругата го оставила во кое пишува причини поради кои заминала, велат од МВР. Пријавителот појаснил дека не е прв пат Д.Ј да се оддалечи од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

The post Жена си заминала од дома и на сопругот му оставила писмо, тој пријавил во полиција appeared first on Република.

]]>
Радев: Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија е само прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/radev-vkluchuvaneto-na-bugarite-vo-ustavot-na-makedonija-e-samo-preliminaren-uslov-za-pochetok-na-pregovorite-za-chlenstvo-vo-eu/ Mon, 26 Jun 2023 15:35:26 +0000 https://republika.mk/?p=655398

Бугарскиот претседател Румен Радев со писмо до европските лидери и институции, апелира приемот на Република Македонија во Европската Унија да се заснова на исполнување на критериумите за членство, а не на лобистичка политика.

Во писмото, Радев нагласува дека отсекогаш ја изразувал и бранел принципиелната позиција на Бугарија за доследна поддршка на европската интеграција на Македонија, како што земја блиска до нас, со која споделуваме заедничка историја, традиции и културно наследство. Истовремено, бугарската држава отсекогаш ги истакнувала главните принципи на кои се заснова процесот на проширување на ЕУ, оние на сопствените заслуги и исполнувањето на критериумите за членство преку сеопфатни општествено-политички реформи. Затоа, со оглед на сложеното историско оптоварување на нашиот регион, според претседателот, во овој процес посебен фокус има прашањето за почитување на принципите на добрососедство и човекови права, посочуваат од прес-службата на претседателот.

Според Радев, настаните на кои денес сме сведоци покажуваат опипливо повлекување од воспоставениот пат. Наоѓањето на компромис прифатлив за двете земји, постигнат од Европскиот совет во јули минатата година, се уште не доведе до решение на проблемите, смета Радев, пренесуваат бугарските медиуми.

Скопје наместо да работи на исполнување на условите, повторно се обложува на активно лобирање за прикривање на недостатокот на политичка волја за исполнување на критериумите за членство. Се интензивираат нападите и јазикот на омраза кон Бугарија, се воведуваат „црни списоци“ за забрана за влез на бугарски државјани, се газат правата на бугарската заедница – случаи на физичко насилство, зачестува административно и судско малтретирање на луѓе со бугарска самосвест, палење и пукање врз нивните културни клубови, постојани закани за нивните работни места само затоа што се Бугари. Оваа атмосфера во голема мера го попречува развојот на трговските, економските и културните врски меѓу двете земји, се вели во писмото.

Радев ја посочил резолуцијата на германскиот Бундестаг како пример за наметнување на главниот наратив на политичките кругови и медиумите во Македонија за односите со Бугарија, во кој доминира тезата дека Бугарија не го прифаќа идентитетот на Македонија.

Сепак, факт е дека Бугарија никогаш не го оспори правото на граѓаните на Македонија да го дефинираат својот модерен идентитет и да го нарекуваат својот службен јазик како што сакаат. Бугарија само реагира на обидите да се изгради идентитетот на државата на антибугарска основа и со присвојување на бугарската историја, слично на опседнатоста на Скопје со античкиот период до потпишувањето на договорот со Грција во 2018 година, изјавил Радев.

Истовремено, во резолуцијата се повикува Бугарија да не поставува дополнителни услови за прием на РСМ во ЕУ. Во таа насока, шефот на државата нагласува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата е само прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство. Но, не ги исцрпува условите што треба да ги исполни Македонија, се наведува во писмото на Радев, објавено од бугарските медиуми.

The post Радев: Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија е само прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев со писмо до европските лидери и институции, апелира приемот на Република Македонија во Европската Унија да се заснова на исполнување на критериумите за членство, а не на лобистичка политика. Во писмото, Радев нагласува дека отсекогаш ја изразувал и бранел принципиелната позиција на Бугарија за доследна поддршка на европската интеграција на Македонија, како што земја блиска до нас, со која споделуваме заедничка историја, традиции и културно наследство. Истовремено, бугарската држава отсекогаш ги истакнувала главните принципи на кои се заснова процесот на проширување на ЕУ, оние на сопствените заслуги и исполнувањето на критериумите за членство преку сеопфатни општествено-политички реформи. Затоа, со оглед на сложеното историско оптоварување на нашиот регион, според претседателот, во овој процес посебен фокус има прашањето за почитување на принципите на добрососедство и човекови права, посочуваат од прес-службата на претседателот. Според Радев, настаните на кои денес сме сведоци покажуваат опипливо повлекување од воспоставениот пат. Наоѓањето на компромис прифатлив за двете земји, постигнат од Европскиот совет во јули минатата година, се уште не доведе до решение на проблемите, смета Радев, пренесуваат бугарските медиуми.
Скопје наместо да работи на исполнување на условите, повторно се обложува на активно лобирање за прикривање на недостатокот на политичка волја за исполнување на критериумите за членство. Се интензивираат нападите и јазикот на омраза кон Бугарија, се воведуваат „црни списоци“ за забрана за влез на бугарски државјани, се газат правата на бугарската заедница – случаи на физичко насилство, зачестува административно и судско малтретирање на луѓе со бугарска самосвест, палење и пукање врз нивните културни клубови, постојани закани за нивните работни места само затоа што се Бугари. Оваа атмосфера во голема мера го попречува развојот на трговските, економските и културните врски меѓу двете земји, се вели во писмото.
Радев ја посочил резолуцијата на германскиот Бундестаг како пример за наметнување на главниот наратив на политичките кругови и медиумите во Македонија за односите со Бугарија, во кој доминира тезата дека Бугарија не го прифаќа идентитетот на Македонија.
Сепак, факт е дека Бугарија никогаш не го оспори правото на граѓаните на Македонија да го дефинираат својот модерен идентитет и да го нарекуваат својот службен јазик како што сакаат. Бугарија само реагира на обидите да се изгради идентитетот на државата на антибугарска основа и со присвојување на бугарската историја, слично на опседнатоста на Скопје со античкиот период до потпишувањето на договорот со Грција во 2018 година, изјавил Радев.
Истовремено, во резолуцијата се повикува Бугарија да не поставува дополнителни услови за прием на РСМ во ЕУ. Во таа насока, шефот на државата нагласува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата е само прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство. Но, не ги исцрпува условите што треба да ги исполни Македонија, се наведува во писмото на Радев, објавено од бугарските медиуми.  

The post Радев: Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија е само прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Радев со писмо до Брисел: Приемот на Македонија во ЕУ да се заснова на критериуми за членство, а не на политика на лобирање https://republika.mk/vesti/balkan/radev-so-pismo-do-brisel-priemot-na-makedonija-vo-eu-da-se-zasnova-na-kriteriumi-za-chlenstvo-a-ne-na-politika-na-lobirane/ Mon, 26 Jun 2023 12:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=655275

Во писмото до европските лидери и институции, бугарскиот претседател Румен Радев апелира приемот на Република Македонија (РМ) во Европската Унија (ЕУ) да се заснова на исполнување на критериумите за членство, а не на лобистичка политика.

Во писмото, Радев нагласува дека отсекогаш ја изразувал и бранел принципиелната позиција на Бугарија за доследна поддршка на европската интеграција на  Македонија, како што земја блиска до нас, со која споделуваме заедничка историја, традиции и културно наследство. Истовремено, бугарската држава отсекогаш ги истакнувала главните принципи на кои се заснова процесот на проширување на ЕУ, оние на сопствените заслуги и исполнувањето на критериумите за членство преку сеопфатни општествено-политички реформи. Затоа, со оглед на сложеното историско оптоварување на нашиот регион, според претседателот, во овој процес посебен фокус има прашањето за почитување на принципите на добрососедство и човекови права, посочуваат од прес-службата на претседателот.

Според Радев, настаните на кои денес сме сведоци покажуваат опипливо повлекување од воспоставениот пат. Наоѓањето на компромис прифатлив за двете земји, постигнат од Европскиот совет во јули годинава, се уште не доведе до решение на проблемите, смета Радев, пренесуваат бугарските медиуми.

Скопје наместо да работи на исполнување на условите, повторно се обложува на активно лобирање за прикривање на недостатокот на политичка волја за исполнување на критериумите за членство. Се интензивираат нападите и јазикот на омраза кон Бугарија, се воведуваат „црни списоци“ за забрана за влез на бугарски државјани, се газат правата на бугарската заедница – случаи на физичко насилство, зачестува административно и судско малтретирање на луѓе со бугарска самосвест, палење и пукање врз нивните културни клубови, постојани закани за нивните работни места само затоа што се Бугари. Оваа атмосфера во голема мера го попречува развојот на трговските, економските и културните врски меѓу двете земји, се вели во писмото.

Радев ја посочил резолуцијата на германскиот Бундестаг како пример за наметнување на главниот наратив на политичките кругови и медиумите во Република  Македонија за односите со Бугарија, во кој доминира тезата дека Бугарија не го прифаќа идентитетот на  Македонија.

Сепак, факт е дека Бугарија никогаш не го оспори правото на граѓаните на  Македонија да го дефинираат својот модерен идентитет и да го нарекуваат својот службен јазик како што сакаат. Бугарија само реагира на обидите да се изгради идентитетот на државата на антибугарска основа и со присвојување на бугарската историја, слично на опседнатоста на Скопје со античкиот период до потпишувањето на договорот со Грција во 2018 година, изјавил Радев.

Истовремено, во резолуцијата се повикува Бугарија да не поставува дополнителни услови за прием на РСМ во ЕУ. Во таа насока, шефот на државата нагласува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата е само прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство. Но, не ги исцрпува условите што треба да ги исполни Македонија, се наведува во писмото на Радев, објавено од бугарските медиуми.

The post Радев со писмо до Брисел: Приемот на Македонија во ЕУ да се заснова на критериуми за членство, а не на политика на лобирање appeared first on Република.

]]>

Во писмото до европските лидери и институции, бугарскиот претседател Румен Радев апелира приемот на Република Македонија (РМ) во Европската Унија (ЕУ) да се заснова на исполнување на критериумите за членство, а не на лобистичка политика. Во писмото, Радев нагласува дека отсекогаш ја изразувал и бранел принципиелната позиција на Бугарија за доследна поддршка на европската интеграција на  Македонија, како што земја блиска до нас, со која споделуваме заедничка историја, традиции и културно наследство. Истовремено, бугарската држава отсекогаш ги истакнувала главните принципи на кои се заснова процесот на проширување на ЕУ, оние на сопствените заслуги и исполнувањето на критериумите за членство преку сеопфатни општествено-политички реформи. Затоа, со оглед на сложеното историско оптоварување на нашиот регион, според претседателот, во овој процес посебен фокус има прашањето за почитување на принципите на добрососедство и човекови права, посочуваат од прес-службата на претседателот. Според Радев, настаните на кои денес сме сведоци покажуваат опипливо повлекување од воспоставениот пат. Наоѓањето на компромис прифатлив за двете земји, постигнат од Европскиот совет во јули годинава, се уште не доведе до решение на проблемите, смета Радев, пренесуваат бугарските медиуми. Скопје наместо да работи на исполнување на условите, повторно се обложува на активно лобирање за прикривање на недостатокот на политичка волја за исполнување на критериумите за членство. Се интензивираат нападите и јазикот на омраза кон Бугарија, се воведуваат „црни списоци“ за забрана за влез на бугарски државјани, се газат правата на бугарската заедница – случаи на физичко насилство, зачестува административно и судско малтретирање на луѓе со бугарска самосвест, палење и пукање врз нивните културни клубови, постојани закани за нивните работни места само затоа што се Бугари. Оваа атмосфера во голема мера го попречува развојот на трговските, економските и културните врски меѓу двете земји, се вели во писмото. Радев ја посочил резолуцијата на германскиот Бундестаг како пример за наметнување на главниот наратив на политичките кругови и медиумите во Република  Македонија за односите со Бугарија, во кој доминира тезата дека Бугарија не го прифаќа идентитетот на  Македонија. Сепак, факт е дека Бугарија никогаш не го оспори правото на граѓаните на  Македонија да го дефинираат својот модерен идентитет и да го нарекуваат својот службен јазик како што сакаат. Бугарија само реагира на обидите да се изгради идентитетот на државата на антибугарска основа и со присвојување на бугарската историја, слично на опседнатоста на Скопје со античкиот период до потпишувањето на договорот со Грција во 2018 година, изјавил Радев. Истовремено, во резолуцијата се повикува Бугарија да не поставува дополнителни услови за прием на РСМ во ЕУ. Во таа насока, шефот на државата нагласува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата е само прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство. Но, не ги исцрпува условите што треба да ги исполни Македонија, се наведува во писмото на Радев, објавено од бугарските медиуми.

The post Радев со писмо до Брисел: Приемот на Македонија во ЕУ да се заснова на критериуми за членство, а не на политика на лобирање appeared first on Република.

]]>
Макрон, Шолц и Мелони му испратија писмо на Курти: бараат од него да ги смири тензиите на северот на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/makron-sholts-i-meloni-mu-ispratija-pismo-na-kurti-baraat-od-nego-da-gi-smiri-tenziite-na-severot-na-kosovo/ Fri, 16 Jun 2023 12:26:19 +0000 https://republika.mk/?p=652155

Косовскиот премиер Албин Курти добил писмо во кое од него се бара да ги деескалира тензиите на северот на Косово. Писмото е од францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Писмото е слично на одговорот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, до Курти објавено во средата, но без детални барања, пренесуваат косовски медиуми.

Владата во Приштина се уште не испратила известување за добиеното писмо или за неговата содржина.

Според „Газета“, писмото на Борел содржело конкретни барања до Курти – да повлече двајца градоначалници на северот од општинските канцеларии, да ја повлече полицијата од општините и да распише предвремени избори.

The post Макрон, Шолц и Мелони му испратија писмо на Курти: бараат од него да ги смири тензиите на северот на Косово appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти добил писмо во кое од него се бара да ги деескалира тензиите на северот на Косово. Писмото е од францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанската премиерка Џорџа Мелони. Писмото е слично на одговорот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, до Курти објавено во средата, но без детални барања, пренесуваат косовски медиуми. Владата во Приштина се уште не испратила известување за добиеното писмо или за неговата содржина. Според „Газета“, писмото на Борел содржело конкретни барања до Курти – да повлече двајца градоначалници на северот од општинските канцеларии, да ја повлече полицијата од општините и да распише предвремени избори.

The post Макрон, Шолц и Мелони му испратија писмо на Курти: бараат од него да ги смири тензиите на северот на Косово appeared first on Република.

]]>
Писмо кое го расплака Балканот: Како деветгодишно девојче го доживеа убиството во училштето https://republika.mk/zivot/semejstvo/pismo-koe-go-rasplaka-balkanot-kako-devetgodishno-devojche-go-dozhivea-ubistvoto-vo-uchilshteto/ Thu, 11 May 2023 17:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=639862

Мајка на деветгодишно девојче  го сподели училишниот состав што нејзината ќерка го напиша по трагедиите што се случија во Врачар кога Коста К. уби осум соученици и еден работник од обезбедувањето.

„Деновиве се чувствувам некогаш среќна, некогаш тажна, имам многу променливо расположение. Од кога се случи трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ се грижам да не се случи во моето училиште. Освен тоа, загрижена сум и за еден член од моето семејство, а тоа е баба ми. Таа веќе има 69 години и се плашам за нејзиниот живот, бидејќи таа е единствената жива од моето постаро семејство. Сè на сè, се надевам дека ќе бидам посреќна. И покрај овие стравови, излегувам со моите пријатели и времето брзо ни поминува. Исто така, кога сум дома играм разни игри“.

The post Писмо кое го расплака Балканот: Како деветгодишно девојче го доживеа убиството во училштето appeared first on Република.

Вељаноски со отворено писмо до Џафери и пратениците, им објасни како може да си ги замрзнат платите без да чекаат на Владата https://republika.mk/vesti/makedonija/velanoski-so-otvoreno-pismo-do-dhaferi-i-pratenitsite-im-objasni-kako-mozhe-da-si-gi-zamrznat-platite-bez-da-chekaat-na-vladata/ Fri, 07 Apr 2023 07:39:16 +0000 https://republika.mk/?p=628210

Поранешниот претседател на законодавниот дом Трајко Вељаноски преку отворено писмо им се обрати на претседателот на Собранието Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, Алтернатива, Беса, Левица и другите учесници на координативните средби.

Вељаноски вели дека почувствувал потреба, како долгогодишен претседател на Собранието, да им укаже на неколку елементарни аспекти поврзани со одлуката на Уставниот суд од 21 март 2023 година, а во вррска со зголемувањето на платите на избраните и именувани функционери.

Имајќи го во предвид истакнатото, дозволете да ве потсетам дека првото замрзнување на платите на фукционерите беше направено во 2009 година (Службен весник бр.92/09) за време на моето претседавање со Собранието, со измена и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избраните и именувани лица. Имено, заради последиците од светската економска криза од тогаш имаше само минимално годишно покачување, и тоа 5% во 2012 година, 5% во 2013 година и 4% во 2014 година, и секогаш покачувањата беа во согласност со покачувањата на пензиите, односно на стандардот на граѓаните.

Оттаму, сакам да ви порачам дека ако чекате Владата да ви достави текст на Закон, ќе се изначекате водејќи се според односот на Владата во однос на ветувањето дека ќе бидат намалени високите примања на функционерите од регулаторните тела.

Наспроти тоа, наместо да молчите, свикајте ад-хок координација согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание и донесете Заклучок да се изготви Закон за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, а службите во Собранието професионално ќе си ја извршат задачата и за неполн час ќе го изготват Законот. Ова законско решение потоа, по итна постапка можете да го донесете уште истиот ден на итна седница и тоа ќе стапи во сила уште веднаш.

Овој предлог сфатете го како добронамерна идеја која има за цел да оневозможи да се прекрши гневот на граѓаните кон пратениците и кон Собранието како носител на закони бидејќи во минатото имало многу примери кога владата и министерствата ја префрлале одговорноста за некои непопуларни и погрешни потези кон пратениците и кон Собранието.

Предлагам со Законот за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија да предвидите бришење на членот 11 со кој се предвидува основицата за пресметка на плата да биде просечната месечна плата. Наместо тоа, предлагам да додадете нов член во Законот со кој ќе се утврди фиксен износ кој соодветствува на сегашните примања и на тој начин ќе се постапи по одлуката на Уставниот суд и нема да има двојство во нормирањето.

На Уставниот суд, пак, му “честитам“ за експресното постапување по иницијатива за укинување на законските одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, секако свесен од минатото дека мотивот и нарачателот на такво експресно постапување може лесно да се лоцира надвор од оваа институција, се вели во отвореното писмо на Вељаноски.

The post Вељаноски со отворено писмо до Џафери и пратениците, им објасни како може да си ги замрзнат платите без да чекаат на Владата appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на законодавниот дом Трајко Вељаноски преку отворено писмо им се обрати на претседателот на Собранието Талат Џафери, координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, Алтернатива, Беса, Левица и другите учесници на координативните средби. Вељаноски вели дека почувствувал потреба, како долгогодишен претседател на Собранието, да им укаже на неколку елементарни аспекти поврзани со одлуката на Уставниот суд од 21 март 2023 година, а во вррска со зголемувањето на платите на избраните и именувани функционери. Имајќи го во предвид истакнатото, дозволете да ве потсетам дека првото замрзнување на платите на фукционерите беше направено во 2009 година (Службен весник бр.92/09) за време на моето претседавање со Собранието, со измена и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избраните и именувани лица. Имено, заради последиците од светската економска криза од тогаш имаше само минимално годишно покачување, и тоа 5% во 2012 година, 5% во 2013 година и 4% во 2014 година, и секогаш покачувањата беа во согласност со покачувањата на пензиите, односно на стандардот на граѓаните. Оттаму, сакам да ви порачам дека ако чекате Владата да ви достави текст на Закон, ќе се изначекате водејќи се според односот на Владата во однос на ветувањето дека ќе бидат намалени високите примања на функционерите од регулаторните тела. Наспроти тоа, наместо да молчите, свикајте ад-хок координација согласно член 24 став 2 од Законот за Собрание и донесете Заклучок да се изготви Закон за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, а службите во Собранието професионално ќе си ја извршат задачата и за неполн час ќе го изготват Законот. Ова законско решение потоа, по итна постапка можете да го донесете уште истиот ден на итна седница и тоа ќе стапи во сила уште веднаш. Овој предлог сфатете го како добронамерна идеја која има за цел да оневозможи да се прекрши гневот на граѓаните кон пратениците и кон Собранието како носител на закони бидејќи во минатото имало многу примери кога владата и министерствата ја префрлале одговорноста за некои непопуларни и погрешни потези кон пратениците и кон Собранието. Предлагам со Законот за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија да предвидите бришење на членот 11 со кој се предвидува основицата за пресметка на плата да биде просечната месечна плата. Наместо тоа, предлагам да додадете нов член во Законот со кој ќе се утврди фиксен износ кој соодветствува на сегашните примања и на тој начин ќе се постапи по одлуката на Уставниот суд и нема да има двојство во нормирањето. На Уставниот суд, пак, му “честитам“ за експресното постапување по иницијатива за укинување на законските одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, секако свесен од минатото дека мотивот и нарачателот на такво експресно постапување може лесно да се лоцира надвор од оваа институција, се вели во отвореното писмо на Вељаноски.

The post Вељаноски со отворено писмо до Џафери и пратениците, им објасни како може да си ги замрзнат платите без да чекаат на Владата appeared first on Република.

]]>
Во Србија приведени две жени оти сакале да му дадат писмо на Вучиќ https://republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-privedeni-dve-zheni-oti-sakale-da-mu-dadat-pismo-na-vuchik/ Sat, 11 Mar 2023 17:57:24 +0000 https://republika.mk/?p=618571

Непознати лица во цивилна облека, без да покажат значка или каква било писмена наредба, денеска ја однеле Даниела Михајловиќ од Босилеград и нејзината пријателка Миљана Станојковиќ во полициската станица во градот поради писмото што сакале да му го достават до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што вели Михајловиќ за Нова.рс, полициските службеници денеска ги спречиле двете жени да му предадат на Вучиќ „писмо за теророт што го трпат во Босилеград“.

Таа објаснува дека од Сурдулица тргнала со автомобил со нејзината пријателка Миљана, а со себе имале три примероци од споменатото писмо и транспаренти на кои пишувало „ПРЕТСЕДАТЕЛЕ, ГЛАДНИ СМЕ И НЕМАМЕ ИДНИНА ТУКА“, „ИТНА ЗАМЕНА НА ЗАХАРИЈЕВ“ (долгогодишен претседател на општина Босилеград) и „ПЛАНИНАТА БЕСНА КОБИЛА СЕ УРИВА“.

Прво ги запрело полициско возило во Сурдулица.

Полицајците ни рекоа дека се работи за рутинска проверка. Го прегледаа целиот автомобил. Ги зедоа сите три примероци од нашето писмо, но не ги земаа транспарентите. Нè задржаа половина час, вели Даниела.

Кога пристигнале во Босилеград, каде што денеска престојуваше претседателот Вучиќ, сакале да ги препечатат писмата и седнале во кафуле.

Непознати лица влегоа и не замолија да излеземе од кафулето. Не сакаа да ни кажат име и презиме, број на значка… Не носеа полициски униформи. Ни кажаа дека анонимно лице нè пријавило затоа што „со транспарентите сме го загрозиле јавниот ред и мир“. Нè замолија да ги оставиме телефоните надвор од канцеларијата. Не ги знаевме нашите права, никој не нè извести. Ни кажаа дека не донеле на „информативен разговор“. Кога реков дека не сакам да го дадам телефонот без писмена наредба, ни рекоа дека имаат „усна наредба од Вишото обвинителство“. Инсистирав да се јавам на адвокат и тој ми рече да не го давам телефонот без налог“, вели Даниела и додава дека никого не вознемириле ниту пак имале конфликт со некого, коментирајќи ги наводите за пријавата од анонимно лице.

Според неа, на инсистирање да се претстават, непознатите лица рекле дека се од Безбедносно разузнавачка агенција. Како што додава, непознати лица им пришле на случајни минувачи кои ги снимиле како ги носат Даниела и Миљана во станица и им ги побарале телефоните, за да ги избришат тие снимки.

Луѓето беа исплашени. Уште се тресам. Да се уапси некој само така и да бара да го предадам телефонот, без никакво претставување, во цивилна облека, без писмена наредба, без адвокат, без да бидам информиран за моите права. Не знам во која земја постои ова, додава тој.

Јелена Милошевиќ, народен застапник на Партијата за слобода и правда и претседател на ГРО ССП Ниш, објави дека Даниела и Милјана се приведени.

Беа ставени во полициско возило и однесени во станица на информативен разговор, при што и двете жени се противправно лишени од слобода и им беше ускратено правото на адвокат. Од што се плаши Владимир Захариев и зошто полицијата малтретира две жени, слободоумни граѓани на оваа држава?! Барам реакција на министерката за полиција Братислава Гашиќ, малтретирањето на Даниела и Миљана мора веднаш да престане и никогаш повеќе да не се малтретира ниту еден граѓанин, бидејќи гласно го кажува своето мислење. Полицијата не смее да биде инструмент за одмазда. Како жена, граѓанин, пратеник, целосно ги поддржувам Даниела и Миљана. Босилеградскиот шериф претера. Престанете да им се потсмевате на луѓето“, рече Милошевиќ во писмената изјава што ја пренесе Н1.

The post Во Србија приведени две жени оти сакале да му дадат писмо на Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Непознати лица во цивилна облека, без да покажат значка или каква било писмена наредба, денеска ја однеле Даниела Михајловиќ од Босилеград и нејзината пријателка Миљана Станојковиќ во полициската станица во градот поради писмото што сакале да му го достават до претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Како што вели Михајловиќ за Нова.рс, полициските службеници денеска ги спречиле двете жени да му предадат на Вучиќ „писмо за теророт што го трпат во Босилеград“. Таа објаснува дека од Сурдулица тргнала со автомобил со нејзината пријателка Миљана, а со себе имале три примероци од споменатото писмо и транспаренти на кои пишувало „ПРЕТСЕДАТЕЛЕ, ГЛАДНИ СМЕ И НЕМАМЕ ИДНИНА ТУКА“, „ИТНА ЗАМЕНА НА ЗАХАРИЈЕВ“ (долгогодишен претседател на општина Босилеград) и „ПЛАНИНАТА БЕСНА КОБИЛА СЕ УРИВА“. Прво ги запрело полициско возило во Сурдулица.
Полицајците ни рекоа дека се работи за рутинска проверка. Го прегледаа целиот автомобил. Ги зедоа сите три примероци од нашето писмо, но не ги земаа транспарентите. Нè задржаа половина час, вели Даниела.
Кога пристигнале во Босилеград, каде што денеска престојуваше претседателот Вучиќ, сакале да ги препечатат писмата и седнале во кафуле.
Непознати лица влегоа и не замолија да излеземе од кафулето. Не сакаа да ни кажат име и презиме, број на значка… Не носеа полициски униформи. Ни кажаа дека анонимно лице нè пријавило затоа што „со транспарентите сме го загрозиле јавниот ред и мир“. Нè замолија да ги оставиме телефоните надвор од канцеларијата. Не ги знаевме нашите права, никој не нè извести. Ни кажаа дека не донеле на „информативен разговор“. Кога реков дека не сакам да го дадам телефонот без писмена наредба, ни рекоа дека имаат „усна наредба од Вишото обвинителство“. Инсистирав да се јавам на адвокат и тој ми рече да не го давам телефонот без налог“, вели Даниела и додава дека никого не вознемириле ниту пак имале конфликт со некого, коментирајќи ги наводите за пријавата од анонимно лице.
Според неа, на инсистирање да се претстават, непознатите лица рекле дека се од Безбедносно разузнавачка агенција. Како што додава, непознати лица им пришле на случајни минувачи кои ги снимиле како ги носат Даниела и Миљана во станица и им ги побарале телефоните, за да ги избришат тие снимки.
Луѓето беа исплашени. Уште се тресам. Да се уапси некој само така и да бара да го предадам телефонот, без никакво претставување, во цивилна облека, без писмена наредба, без адвокат, без да бидам информиран за моите права. Не знам во која земја постои ова, додава тој.
Јелена Милошевиќ, народен застапник на Партијата за слобода и правда и претседател на ГРО ССП Ниш, објави дека Даниела и Милјана се приведени.
Беа ставени во полициско возило и однесени во станица на информативен разговор, при што и двете жени се противправно лишени од слобода и им беше ускратено правото на адвокат. Од што се плаши Владимир Захариев и зошто полицијата малтретира две жени, слободоумни граѓани на оваа држава?! Барам реакција на министерката за полиција Братислава Гашиќ, малтретирањето на Даниела и Миљана мора веднаш да престане и никогаш повеќе да не се малтретира ниту еден граѓанин, бидејќи гласно го кажува своето мислење. Полицијата не смее да биде инструмент за одмазда. Како жена, граѓанин, пратеник, целосно ги поддржувам Даниела и Миљана. Босилеградскиот шериф претера. Престанете да им се потсмевате на луѓето“, рече Милошевиќ во писмената изјава што ја пренесе Н1.
 
The post Во Србија приведени две жени оти сакале да му дадат писмо на Вучиќ appeared first on Република.

]]>
Од трет пат може ќе го погодат: Владата пак го промени писмото за сочуство на кралицата https://republika.mk/vesti/makedonija/od-tret-pat-moze-kje-go-pogodat-vladata-pak-go-promeni-pismoto-za-sochustvo-na-kralicata/ Mon, 12 Sep 2022 19:06:56 +0000 https://republika.mk/?p=550148

Владата направила нови промени на срамното, еднаш веќе повлечено и потоа променето сочувство за кралицата Елизабета Втора.

Во најновота трета по ред верзија соопштението е сменето името на новата британска премиерка.

За разлика од првите две верзии каде таа се именуваше како Лиз Трус сега владата и го погоди името согласно македонската граматика во чија транскрипција премиерката е Трас.

И во првата и во втората верзија на владиното сочувство имаше катастрофални и срамни дипломатски и протоколарна грешни изрази употребени од македонската влада.

Од владата не откриваат кој го пишувал соопштението.

The post Од трет пат може ќе го погодат: Владата пак го промени писмото за сочуство на кралицата appeared first on Република.

]]>

Владата направила нови промени на срамното, еднаш веќе повлечено и потоа променето сочувство за кралицата Елизабета Втора. Во најновота трета по ред верзија соопштението е сменето името на новата британска премиерка. За разлика од првите две верзии каде таа се именуваше како Лиз Трус сега владата и го погоди името согласно македонската граматика во чија транскрипција премиерката е Трас. И во првата и во втората верзија на владиното сочувство имаше катастрофални и срамни дипломатски и протоколарна грешни изрази употребени од македонската влада. Од владата не откриваат кој го пишувал соопштението.

The post Од трет пат може ќе го погодат: Владата пак го промени писмото за сочуство на кралицата appeared first on Република.

]]>
Писмо од рускиот патријарх г.г. Кирил до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан https://republika.mk/vesti/makedonija/pismo-od-ruskiot-patrijarh-g-g-kiril-do-arhiepiskopot-ohridski-i-makedonski-g-g-stefan/ Fri, 09 Sep 2022 16:28:24 +0000 https://republika.mk/?p=549236

По донесената Одлука од 25 август 2022 година на Свештениот собор на Руската православна црква за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 08 септември оваа година, Неговата Сесветост Патријархот Московски и на сите Руси г.г. Кирил испрати писмо до Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во кое го известува Неговото Блаженство за прифатената автокефалија. Истото Ви го пренесуваме во целост, преведено на македонски јазик.

До Неговото Блаженство, Блаженејшиот Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски

Ваше Блаженство, возљубен собрате и сослужителе пред Божјиот престол!

Срдечно Ве поздравувам и Ви благодарам за писмото од 13 јули оваа година, во кое соопштувате за признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и за врачувањето на Томосот за автокефалија, од Светејшиот Патријарх Српски Порфириј на Вашето Блаженство. Да Му благодариме на Бога за Неговиот неискажлив дар! (2 Кор 9, 15)

Нашата Црква секогаш се стремеше да го поддржува македонското православие, во текот на многу години на сите можни начини, помагајќи го дијалогот помеѓу српските и македонските браќа по вера. Радосно е што сега тие усилби се овенчаа со обновување на општењето меѓу двете Цркви.

Светиот Патријарх Српски Порфириј се обрати до мене со официјално известување за давањето на автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и со молба да ја признам таа автокефалност, давајќи им пример и на останатите помесни православни Цркви.

На 25 август оваа година, Светиот синод на Руската Православна Црква, го разгледа посланието на Неговата Светост. Заблагодарувајќи Му на Господа за разрешувањето на статусот на Православната Црква во Македонија на канонска основа, Светиот синод реши да ја признае Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија за сестринска автокефална Црква, и во свештениот Диптих, како Поглавар, да го впише името на Вашето Блаженство.

Соопштувајќи Ви братски за тоа решение, од лицето на Светиот синод и од сета полнота на Руската Православна Црква, се надевам дека Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, цврсто ќе ја чува чистотата и непорочноста на светата православна вера и ќе ја запазува верноста на православното канонско предание.

Уверувајќи го Вашето Блаженство во подготвеноста за развивање на сестрана соработка помеѓу нашите Цркви, молитвено Ви посакуваме телесни и духовни сили и изобилни милости од Господа и многу години поглаварско служење, а на Вашата богољубива паства ‒ мир и благоденствие.

Со братска љубов во Христа Исуса,

+КИРИЛ, ПАТРИЈАРХ МОСКОВСКИ И НА СИТЕ РУСИ

The post Писмо од рускиот патријарх г.г. Кирил до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан appeared first on Република.

]]>

По донесената Одлука од 25 август 2022 година на Свештениот собор на Руската православна црква за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 08 септември оваа година, Неговата Сесветост Патријархот Московски и на сите Руси г.г. Кирил испрати писмо до Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во кое го известува Неговото Блаженство за прифатената автокефалија. Истото Ви го пренесуваме во целост, преведено на македонски јазик. До Неговото Блаженство, Блаженејшиот Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски Ваше Блаженство, возљубен собрате и сослужителе пред Божјиот престол! Срдечно Ве поздравувам и Ви благодарам за писмото од 13 јули оваа година, во кое соопштувате за признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и за врачувањето на Томосот за автокефалија, од Светејшиот Патријарх Српски Порфириј на Вашето Блаженство. Да Му благодариме на Бога за Неговиот неискажлив дар! (2 Кор 9, 15) Нашата Црква секогаш се стремеше да го поддржува македонското православие, во текот на многу години на сите можни начини, помагајќи го дијалогот помеѓу српските и македонските браќа по вера. Радосно е што сега тие усилби се овенчаа со обновување на општењето меѓу двете Цркви. Светиот Патријарх Српски Порфириј се обрати до мене со официјално известување за давањето на автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и со молба да ја признам таа автокефалност, давајќи им пример и на останатите помесни православни Цркви. На 25 август оваа година, Светиот синод на Руската Православна Црква, го разгледа посланието на Неговата Светост. Заблагодарувајќи Му на Господа за разрешувањето на статусот на Православната Црква во Македонија на канонска основа, Светиот синод реши да ја признае Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија за сестринска автокефална Црква, и во свештениот Диптих, како Поглавар, да го впише името на Вашето Блаженство. Соопштувајќи Ви братски за тоа решение, од лицето на Светиот синод и од сета полнота на Руската Православна Црква, се надевам дека Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, цврсто ќе ја чува чистотата и непорочноста на светата православна вера и ќе ја запазува верноста на православното канонско предание. Уверувајќи го Вашето Блаженство во подготвеноста за развивање на сестрана соработка помеѓу нашите Цркви, молитвено Ви посакуваме телесни и духовни сили и изобилни милости од Господа и многу години поглаварско служење, а на Вашата богољубива паства ‒ мир и благоденствие. Со братска љубов во Христа Исуса, +КИРИЛ, ПАТРИЈАРХ МОСКОВСКИ И НА СИТЕ РУСИ

The post Писмо од рускиот патријарх г.г. Кирил до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан appeared first on Република.

]]>
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави барање до Ковачевски за итно разрешување на Валмир Азири https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-dostavi-baranje-do-kovachevski-za-itno-razreshuvanje-na-valmir-aziri/ Tue, 28 Jun 2022 11:54:55 +0000 https://republika.mk/?p=520743

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денеска достави писмо до премиерот Димитар Ковачевски со барање за остра и брза реакција и итно започнување и разрешување на државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири.

На прес-конференцијата пред Владата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека пратениците како директни претставници и застапници на граѓаните во законодавниот дом ја бираат Владата, а токму Владата ги назначува своите владини функционери.

Овој владин функционер вчера повикуваше на физичко насилство со нанесување на тешки телесни повреди и ова е кривично дело според членот 394-г од Кривичниот законик, дело со кое што се предвидува казна затвор од една до пет години. Токму поради тоа и поради сериозноста на овој инцидент, а и траорноста на вчерашниот ден за демократијата во Република Македонија, дојдовме и лично го поднесовме барањето за остра реакција од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, од кој што се бара брза реакција бидејќи само на тој начин ќе покаже дека е противник на повиците за физичко насилство врз народните избраници и ќе упати силна порака до сите дека ова повеќе не смее да се повтори, нагласи Мицевски.

Во спротивно, како што рече, „доколку одлучи да молчи, само ќе докаже и покаже дека охрабрува и дека одобрува секаков вид на насилство и насилничко однесување“.

– На потег е Владата и на потег е премиерот Димитар Ковачевски, заклучи Мицевски.

The post Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави барање до Ковачевски за итно разрешување на Валмир Азири appeared first on Република.

]]>

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денеска достави писмо до премиерот Димитар Ковачевски со барање за остра и брза реакција и итно започнување и разрешување на државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири. На прес-конференцијата пред Владата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека пратениците како директни претставници и застапници на граѓаните во законодавниот дом ја бираат Владата, а токму Владата ги назначува своите владини функционери. Овој владин функционер вчера повикуваше на физичко насилство со нанесување на тешки телесни повреди и ова е кривично дело според членот 394-г од Кривичниот законик, дело со кое што се предвидува казна затвор од една до пет години. Токму поради тоа и поради сериозноста на овој инцидент, а и траорноста на вчерашниот ден за демократијата во Република Македонија, дојдовме и лично го поднесовме барањето за остра реакција од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, од кој што се бара брза реакција бидејќи само на тој начин ќе покаже дека е противник на повиците за физичко насилство врз народните избраници и ќе упати силна порака до сите дека ова повеќе не смее да се повтори, нагласи Мицевски. Во спротивно, како што рече, „доколку одлучи да молчи, само ќе докаже и покаже дека охрабрува и дека одобрува секаков вид на насилство и насилничко однесување“. – На потег е Владата и на потег е премиерот Димитар Ковачевски, заклучи Мицевски.

The post Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ достави барање до Ковачевски за итно разрешување на Валмир Азири appeared first on Република.

]]>