ПИСА 2022 Archives - Република https://republika.mk/tema/pisa-2022/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Dec 2023 12:05:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ПИСА 2022 Archives - Република https://republika.mk/tema/pisa-2022/ 32 32 Средношколците од Македонија се на 61. место по математика, а на 71. по јазична писменост од 81 рангирана држава покажа ПИСА тестот https://republika.mk/vesti/makedonija/srednoshkoltsite-od-makedonija-se-na-61-mesto-po-matematika-a-na-71-po-jazichna-pismenost-od-81-rangirana-drzhava-pokazha-pisa-testot/ Tue, 05 Dec 2023 11:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=719879

Од 81 држава, средношколците од Македонија се наоѓаат на 71. место по јазична писменост, на 61. место со знаење по математика и на 68. место во Европа по природни науки соопшти Министерството за образование и наука (МОН), објавувајќи ги резултатите од ПИСА 2022.

ПИСА е едно од најпознатите и најкредибилни меѓународни тестирања кое ја мери писменоста, односно применливото знаење што му е потребно на ученикот за да го продолжи своето образование и да успее во личниот и професионалниот живот. Задачите во тестовите се поврзани со реални ситуации во кои може да се најдат учениците, и преку одговорите не се мери репродуктивното, туку функционалното знаење, кое е важно за поврзување, разбирање и решавање на проблеми.

Денеска Организацијата за европска соработка и развој (ОЕЦД) ги објави резултатите од ова последно меѓународно тестирање, кои покажуваат генерално намалување на нивото на јазичната, математичката и научната писменост кај учениците на 15 годишна возраст во речиси сите држави учеснички.

Негативните последици од пандемијата со Ковид 19 врз квалитетот на образованието во глобални размери ги потврди и меѓународната ПИСА студија што беше спроведена во 2022 година, велат од МОН.

Како што соопштува МОН, со минимална разлика, резултатите за Македонија го задржуваат нивото кое беше измерено во 2018 година. Од вкупно 81 држава кои беа дел од тестирањето, со постигнати 389 поени, нашата земја е на 61. место според резултатите по математика. Со постигнатите 359 поени при мерењето на јазичната писменост, односно читање со разбирање, рангирани сме на 71. место, додека по природни науки нашите ученици постигнаа 380 поени, што ја рангира државата на 68. место во Европа.

Резултатите ќе бидат од исклучителна важност за ревидирање на постојните и креирање на идните образовни политики, велат од МОН.

ПИСА тестирањето за прв пат кај нас се реализираше електронски, а ОЕЦД даде висока оценка која ја потврдува техничката подготвеност на Македонија и беспрекорноста на спроведувањето, што не е случај во 20% од земјите учеснички во кои не беше запазен барем еден од стандардите на изведување на тестирањето.

Ова е четврто учество Македонија во ПИСА, преку Министерството за образование и наука. Претходно бевме дел од студиите во 2000та, 2015та и 2018та година. Во месеците април и мај 2022 година беа опфатени 6610 ученици од 111 средни училишта, каде во зависност од големината се тестираа од 35 до 155 ученици на македонски и албански јазик. Реализатор на студијата кај нас е Државниот испитен центар.

 

The post Средношколците од Македонија се на 61. место по математика, а на 71. по јазична писменост од 81 рангирана држава покажа ПИСА тестот appeared first on Република.

]]>

Од 81 држава, средношколците од Македонија се наоѓаат на 71. место по јазична писменост, на 61. место со знаење по математика и на 68. место во Европа по природни науки соопшти Министерството за образование и наука (МОН), објавувајќи ги резултатите од ПИСА 2022. ПИСА е едно од најпознатите и најкредибилни меѓународни тестирања кое ја мери писменоста, односно применливото знаење што му е потребно на ученикот за да го продолжи своето образование и да успее во личниот и професионалниот живот. Задачите во тестовите се поврзани со реални ситуации во кои може да се најдат учениците, и преку одговорите не се мери репродуктивното, туку функционалното знаење, кое е важно за поврзување, разбирање и решавање на проблеми. Денеска Организацијата за европска соработка и развој (ОЕЦД) ги објави резултатите од ова последно меѓународно тестирање, кои покажуваат генерално намалување на нивото на јазичната, математичката и научната писменост кај учениците на 15 годишна возраст во речиси сите држави учеснички.
Негативните последици од пандемијата со Ковид 19 врз квалитетот на образованието во глобални размери ги потврди и меѓународната ПИСА студија што беше спроведена во 2022 година, велат од МОН.
Како што соопштува МОН, со минимална разлика, резултатите за Македонија го задржуваат нивото кое беше измерено во 2018 година. Од вкупно 81 држава кои беа дел од тестирањето, со постигнати 389 поени, нашата земја е на 61. место според резултатите по математика. Со постигнатите 359 поени при мерењето на јазичната писменост, односно читање со разбирање, рангирани сме на 71. место, додека по природни науки нашите ученици постигнаа 380 поени, што ја рангира државата на 68. место во Европа.
Резултатите ќе бидат од исклучителна важност за ревидирање на постојните и креирање на идните образовни политики, велат од МОН.
ПИСА тестирањето за прв пат кај нас се реализираше електронски, а ОЕЦД даде висока оценка која ја потврдува техничката подготвеност на Македонија и беспрекорноста на спроведувањето, што не е случај во 20% од земјите учеснички во кои не беше запазен барем еден од стандардите на изведување на тестирањето. Ова е четврто учество Македонија во ПИСА, преку Министерството за образование и наука. Претходно бевме дел од студиите во 2000та, 2015та и 2018та година. Во месеците април и мај 2022 година беа опфатени 6610 ученици од 111 средни училишта, каде во зависност од големината се тестираа од 35 до 155 ученици на македонски и албански јазик. Реализатор на студијата кај нас е Државниот испитен центар.  

The post Средношколците од Македонија се на 61. место по математика, а на 71. по јазична писменост од 81 рангирана држава покажа ПИСА тестот appeared first on Република.

]]>