пиперка Archives - Република https://republika.mk/tema/piperka/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Sep 2024 19:26:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пиперка Archives - Република https://republika.mk/tema/piperka/ 32 32 ДИЗ: Инспекторите од секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот на пиперка https://republika.mk/vesti/ekonomija/diz-inspektorite-od-sekojdnevno-se-na-teren-i-ja-nadgleduvaat-sostojbata-i-tekot-na-otkupot-na-piperka/ Sat, 21 Sep 2024 19:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=818586

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев денеска заедно со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски оствари работна средба со преработувачите на пиперка.

На средбата, како што информираат од Државниот инспекторат за земјоделство, се дискутирало за текот на откупот на пиперката, при што било потврдено дека откупните цени мора да се почитуваат согласно првичниот договор на стартот на откупната сезона. Инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот.

- Напорно работиме за да бидат задоволни македонските земјоделци. Македонија заслужува подобро и поквалитетно земјоделство, велат во заедничка изјава до медиумите Трипуновски и Анакиев, се вели во соопштението од Државниот инспелторат за земјоделство.

The post ДИЗ: Инспекторите од секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот на пиперка appeared first on Република.

]]>

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев денеска заедно со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски оствари работна средба со преработувачите на пиперка. На средбата, како што информираат од Државниот инспекторат за земјоделство, се дискутирало за текот на откупот на пиперката, при што било потврдено дека откупните цени мора да се почитуваат согласно првичниот договор на стартот на откупната сезона. Инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот.
- Напорно работиме за да бидат задоволни македонските земјоделци. Македонија заслужува подобро и поквалитетно земјоделство, велат во заедничка изјава до медиумите Трипуновски и Анакиев, се вели во соопштението од Државниот инспелторат за земјоделство.

The post ДИЗ: Инспекторите од секојдневно се на терен и ја надгледуваат состојбата и текот на откупот на пиперка appeared first on Република.

]]>
Македонска пиперка 280, краставици 259, ананас 120 денари! https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonska-piperka-280-krastavici-259-ananas-120-denari/ Sat, 05 Feb 2022 17:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=454573

Еден килограм „Бабура зелена македонска“ ќе ве чини 279 денари. Ако мислевте дека тоа е цената за готови, односно полнети бабури, не! Се лажете! Добивате само зелена пиперка која потоа треба да ја полните.

Па така, повеќе ви се исплаќа да купите ананас, кој ем е увезен, ем ви е поевтин. За еден килограм ќе платите само 120 денари. А ручекот да ви биде овошна салата. Ем диета, ем поевтино, ем здрава храна!

Ако сепак се решите пак за „Полнети бабури“, ќе ви треба и месо, а ќе ви треба и салата. А доколку пак се одлучите тоа да биде македонска марула, ќе ви требаат уште дополнителни 249 денари на пример за 1 килограм марула.

Нема поевтино да поминете ниту ако се одлучите за салата со краставици, бидејќи еден килограм е неверојатни 259 денари.

Ова се цените на кои денеска наидовме во еден од поголемите маркети во Скопје.

Додека се мислевме дали да ги купиме бабурите, дојде и една повозрасна жена исто така тргнала да купи бабури за да ги полни за ручек. Но, планот за ручек се смени кога ги виде цените, видно нервозна искоментира „ове е кражба на народот“.

Владата пред една недела инфорамираше дека цените на основните продукти остануваат замрнзати. А во нив спаѓаат лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснати производи и сирењето и урдата.

Преземени од news.mk

The post Македонска пиперка 280, краставици 259, ананас 120 денари! appeared first on Република.

]]>

Еден килограм „Бабура зелена македонска“ ќе ве чини 279 денари. Ако мислевте дека тоа е цената за готови, односно полнети бабури, не! Се лажете! Добивате само зелена пиперка која потоа треба да ја полните. Па така, повеќе ви се исплаќа да купите ананас, кој ем е увезен, ем ви е поевтин. За еден килограм ќе платите само 120 денари. А ручекот да ви биде овошна салата. Ем диета, ем поевтино, ем здрава храна! Ако сепак се решите пак за „Полнети бабури“, ќе ви треба и месо, а ќе ви треба и салата. А доколку пак се одлучите тоа да биде македонска марула, ќе ви требаат уште дополнителни 249 денари на пример за 1 килограм марула. Нема поевтино да поминете ниту ако се одлучите за салата со краставици, бидејќи еден килограм е неверојатни 259 денари. Ова се цените на кои денеска наидовме во еден од поголемите маркети во Скопје. Додека се мислевме дали да ги купиме бабурите, дојде и една повозрасна жена исто така тргнала да купи бабури за да ги полни за ручек. Но, планот за ручек се смени кога ги виде цените, видно нервозна искоментира „ове е кражба на народот“. Владата пред една недела инфорамираше дека цените на основните продукти остануваат замрнзати. А во нив спаѓаат лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснати производи и сирењето и урдата. Преземени од news.mk

The post Македонска пиперка 280, краставици 259, ананас 120 денари! appeared first on Република.

]]>