пиперка ајварка Archives - Република https://republika.mk/tema/piperka-ajvarka/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 07:22:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пиперка ајварка Archives - Република https://republika.mk/tema/piperka-ajvarka/ 32 32 Мезе за лижење на прсти: Кремаста салата од пиперки – ајварки https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/meze-za-lizhene-na-prsti-kremasta-salata-od-piperki-ajvarki/ Thu, 10 Oct 2024 13:55:56 +0000 https://republika.mk/?p=824665

Во време кога пазарите тежат од црвени пиперки за подготвување на ајвар, искористете ги и за оваа вкусна кремаста салата која ќе ви ја размрда трпезата и понудата за гости.

Состојки:

6 или 7 црвени пиперки
100 гр мајонез
200 гр кисела павлака
1 чешне лук
малку сечкани листови магдонос
2-3 лажици јаболков оцет (може да користите и лимон или алкохолен оцет - користете помалку)
сол (1 лажичка или по вкус)
бибер
малку шеќер (1 лажичка или по вкус)

Подготовка:

https://youtu.be/u5hibnNGUXs?si=FyG2sJCOK_8rrqJ4

The post Мезе за лижење на прсти: Кремаста салата од пиперки – ајварки appeared first on Република.

]]>

Во време кога пазарите тежат од црвени пиперки за подготвување на ајвар, искористете ги и за оваа вкусна кремаста салата која ќе ви ја размрда трпезата и понудата за гости.

Состојки:

6 или 7 црвени пиперки 100 гр мајонез 200 гр кисела павлака 1 чешне лук малку сечкани листови магдонос 2-3 лажици јаболков оцет (може да користите и лимон или алкохолен оцет - користете помалку) сол (1 лажичка или по вкус) бибер малку шеќер (1 лажичка или по вкус)

Подготовка:

https://youtu.be/u5hibnNGUXs?si=FyG2sJCOK_8rrqJ4

The post Мезе за лижење на прсти: Кремаста салата од пиперки – ајварки appeared first on Република.

]]>
Пиперка ајварка од 20 до 35 денари https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/piperka-ajvarka-od-20-do-35-denari/ Tue, 20 Sep 2022 13:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=552620

За десетина денови се очекува да заврши бербата на отворено на пиперката „ајварка“ во Струмичко, а таа што беше засадена под пластеници веќе е собрана и продадена. Откупните цени се исти со ланските, па прва класа пиперка за преработувачките капацитети и откупните пуктови се откупува од 30 до 35 денари за килограм, а втората од 20 до 25 денари.

Производителите велат дека се задоволни од побарувачката за оваа пиперка, но од цените не се, бидејќи во споредба со лани производствените трошоци се неколкукратно зголемени.

-Освен откупните цени, голем проблем за земјоделците се и лошите временски услови, посебно последните дождови, кои многу лошо се одразија на квалитетот на “ајварката“ на отворено. Производството е при крај, но добро е што има интерес за неа и трговците ја откупуваат. Сепак, откупните цени требаше да бидат повисоки од лани за да можат земјоделците да ги покријат трошоците, кои се зголемени за неколку пати во споредба со лани, како што е цената на ѓубривата и другите репроматеријали, рече Ристо Велков, од Сојуз на синдикат на земјоделски производители Струмица.

Инаку, од година во година производството на оваа пиперка се намалува, а годинава на тоа влијаеја и екстремно променливите временски услови. Штети и намалување на приносите има кај оние прозводители кои навреме не ги наводнувале посевите и не извршиле навремено прихранување, а според досегашните сознанија производството на „ајварката“ е помало од лани за околу 20 до 30 отсто

The post Пиперка ајварка од 20 до 35 денари appeared first on Република.

]]>

За десетина денови се очекува да заврши бербата на отворено на пиперката „ајварка“ во Струмичко, а таа што беше засадена под пластеници веќе е собрана и продадена. Откупните цени се исти со ланските, па прва класа пиперка за преработувачките капацитети и откупните пуктови се откупува од 30 до 35 денари за килограм, а втората од 20 до 25 денари. Производителите велат дека се задоволни од побарувачката за оваа пиперка, но од цените не се, бидејќи во споредба со лани производствените трошоци се неколкукратно зголемени.