Пингвинот Archives - Република https://republika.mk/tema/pingvinot/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 08:01:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пингвинот Archives - Република https://republika.mk/tema/pingvinot/ 32 32 Театарската претстава „Пингвинот“ вечерва на Скопско лето https://republika.mk/vesti/kultura/teatarskata-pretstava-pingvinot-vecherva-na-skopsko-leto/ Tue, 16 Jul 2024 07:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=797242

Вечерва, на 16 јули (вторник) ќе се одржи театарска претстава „Пингвинот“ со почеток во 20 часот во Мултимедијалниот простор „Котур Кафе и Филм“. Претставата е во продукција на Театар „Златен Елец“ и се изведува во рамки на Скопско лето.

Станува збор за авторски проект на Тамара Стојановска и Лео Поповиќ, работен според текстови на Данкан Мекмилан, Џони Донахју и документарни материјали на Вернер Херцог.

„Пингвинот“ е интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е работена според авторски текстови на тимот, текстови на Данкан Мекмилан и Џони Донахjу и документарни материјали на Вернер Херцог. Со поврзување на сите овие материјали се фокусираме на теми околу менталното здравје, поточно депресијата и самоубиството и симболично ги поврзуваме сите овие интензивни чувства и со животинскиот свет и пингвините кои се едни од ретките животни кои што покажуваат знаци на депресија и суицид. Иако, сè уште не постои точен научен факт зошто пингвините во одреден момент се одлучуваат за таква постапка, не можеме, а да не чувствуваме поврзаност со овие животни кои можеби чувствуваат исто како нас. Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. „Пингвинот“ ќе се надоградува со секоја нова изведба и интеракција со публиката и ќе отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје.

Изборот на музика се на Стојановска и Поповиќ.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

 

The post Театарската претстава „Пингвинот“ вечерва на Скопско лето appeared first on Република.

]]>

Вечерва, на 16 јули (вторник) ќе се одржи театарска претстава „Пингвинот“ со почеток во 20 часот во Мултимедијалниот простор „Котур Кафе и Филм“. Претставата е во продукција на Театар „Златен Елец“ и се изведува во рамки на Скопско лето. Станува збор за авторски проект на Тамара Стојановска и Лео Поповиќ, работен според текстови на Данкан Мекмилан, Џони Донахју и документарни материјали на Вернер Херцог. „Пингвинот“ е интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е работена според авторски текстови на тимот, текстови на Данкан Мекмилан и Џони Донахjу и документарни материјали на Вернер Херцог. Со поврзување на сите овие материјали се фокусираме на теми околу менталното здравје, поточно депресијата и самоубиството и симболично ги поврзуваме сите овие интензивни чувства и со животинскиот свет и пингвините кои се едни од ретките животни кои што покажуваат знаци на депресија и суицид. Иако, сè уште не постои точен научен факт зошто пингвините во одреден момент се одлучуваат за таква постапка, не можеме, а да не чувствуваме поврзаност со овие животни кои можеби чувствуваат исто како нас. Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. „Пингвинот“ ќе се надоградува со секоја нова изведба и интеракција со публиката и ќе отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје. Изборот на музика се на Стојановска и Поповиќ. Билетите се во продажба на karti.com.mk.  

The post Театарската претстава „Пингвинот“ вечерва на Скопско лето appeared first on Република.

]]>