пилули Archives - Република https://republika.mk/tema/piluli/ За подобро да се разбереме Sun, 19 Feb 2023 14:35:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png пилули Archives - Република https://republika.mk/tema/piluli/ 32 32 Ќе се пие пола час пред секс и ќе делува 100% – се работи на машка пилула за контрацепција https://republika.mk/intima/ke-se-pie-pola-chas-pred-seks-i-ke-deluva-100-se-raboti-na-mashka-pilula-za-kontratseptsija/ Sun, 19 Feb 2023 15:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=609787

Американската влада финансираше големо истражување за машки контрацептивни пилули, кое е пофалено од многу истражувачи. Како што пренесува Дејли Мејл, споменатата пилула се пие 30 минути пред сексот и е 100 проценти ефикасна за спречување на бременост во период од најмалку два часа.

Споменатата пилула за запирање на спермата досега е докажано само дека го спречува зачнувањето кај глувците, но има добри докази кои сугерираат дека таквата контрацепција ќе делува и кај луѓето.

Досега единствените опции за машка контрацепција беа кондомите и вазектомијата.

Оваа студија беше финансирана од Националниот институт за здравство (NIH), американската агенција за медицински истражувања.

Лекот делува на ензимот - аденилат циклаза (sAC), кој ѝ дава способност на спермата да плива низ женскиот репродуктивен тракт и да ја оплоди јајце клетката. На многу мал број мажи природно им недостасува ензимот и овие мажи се неплодни. Новата пилула всушност го блокира споменатиот ензим и ги прави мажите привремено неплоди, објаснуваат истражувачите.

Тие, исто така, се надеваат дека ефектот на пилулата ќе може да се продолжи до 16 часа со ново истражување.

Во експериментите направени врз глувци, лекот успеал да ја елиминира плодноста за само 30 минути и не го попречувал нивното однесување при парењето. Утврдено е и дека контрацептивната ефикасност во првите два часа била 100 отсто, во првите три часа паднала на 91 отсто, а 24 часа подоцна била на нормално ниво. Дополнително, не беа откриени негативни ефекти врз здравјето на глувците на кои лекот континуирано им се даваше во период од шест недели.

Глувците го примале револуционерниот лек главно преку инјекции, но подвижноста на нивната сперма била намалена на слични нивоа кога научниците ја давале орално.

Нашиот инхибитор работи во рок од 30 минути до еден час. За секоја друга експериментална хормонална или нехормонална машка контрацепција потребни се недели за да се намали бројот на сперматозоиди или да се спречи нивното оплодување на јајце клетката. Се надеваме дека мажите ќе можат да ја земаат новата пилула само кога сакаат и толку често колку што е потребно, што значи дека секојдневно ќе можат да носат одлуки за сопствената плодност, изјави д-р Мелани Балбах, постдокторски соработник.

Според Алан Пејси, професор по андрологија на Универзитетот Шефилд во Велика Британија ако експериментите врз луѓето покажат ист степен на ефикасност како експериментите врз глувците, тогаш ова би можело да биде пристапот за машка контрацепција што го баравме.

The post Ќе се пие пола час пред секс и ќе делува 100% – се работи на машка пилула за контрацепција appeared first on Република.

]]>

Американската влада финансираше големо истражување за машки контрацептивни пилули, кое е пофалено од многу истражувачи. Како што пренесува Дејли Мејл, споменатата пилула се пие 30 минути пред сексот и е 100 проценти ефикасна за спречување на бременост во период од најмалку два часа. Споменатата пилула за запирање на спермата досега е докажано само дека го спречува зачнувањето кај глувците, но има добри докази кои сугерираат дека таквата контрацепција ќе делува и кај луѓето. Досега единствените опции за машка контрацепција беа кондомите и вазектомијата. Оваа студија беше финансирана од Националниот институт за здравство (NIH), американската агенција за медицински истражувања.
Лекот делува на ензимот - аденилат циклаза (sAC), кој ѝ дава способност на спермата да плива низ женскиот репродуктивен тракт и да ја оплоди јајце клетката. На многу мал број мажи природно им недостасува ензимот и овие мажи се неплодни. Новата пилула всушност го блокира споменатиот ензим и ги прави мажите привремено неплоди, објаснуваат истражувачите.
Тие, исто така, се надеваат дека ефектот на пилулата ќе може да се продолжи до 16 часа со ново истражување. Во експериментите направени врз глувци, лекот успеал да ја елиминира плодноста за само 30 минути и не го попречувал нивното однесување при парењето. Утврдено е и дека контрацептивната ефикасност во првите два часа била 100 отсто, во првите три часа паднала на 91 отсто, а 24 часа подоцна била на нормално ниво. Дополнително, не беа откриени негативни ефекти врз здравјето на глувците на кои лекот континуирано им се даваше во период од шест недели. Глувците го примале револуционерниот лек главно преку инјекции, но подвижноста на нивната сперма била намалена на слични нивоа кога научниците ја давале орално.