Пилешки пиперкаш Archives - Република https://republika.mk/tema/pileshki-piperkash/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Aug 2022 10:16:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Пилешки пиперкаш Archives - Република https://republika.mk/tema/pileshki-piperkash/ 32 32 Пилешки пиперкаш на унгарски начин – совршено зачинет и полн со месо https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/pileshki-piperkash-na-ungarski-nachin-sovrsheno-zachinet-i-poln-so-meso/ Fri, 12 Aug 2022 21:12:58 +0000 https://republika.mk/?p=539542

Ручекот е еден од најважните оброци за секој од нас. Поради тоа, потрудете се да приготвите здраво јадење на лажица за себе и за вашето семејство.

Приготвување:

2 лажици маст
1,5 кг пиле со коските и кожата според оригиналниот рецепт, но може да се користи и пилешко исчистено од коските
2 средни кромида, ситно сечкани
2 чешниња лук, притиснати низ преса
2 средни ситно сечкани домати (без семките)
1 црвена сечкана пиперка (без семките)
3-4 лажици црвен пипер
2 шолји пилешка супа од коцка
1 1/2 лажиче сол
1/2 лажиче мелен бибер
3 лажици брашно
3/4 шолја кисела павлака на собна температура
1/4 шолја слатка павлака

Приготвување:
Загрејте маст во тенџере и кратко пропржете го пилешкото месо од сите страни. Префрлете го пилешкото на чинија. На маст, пропржете кромид, а потоа додајте лук, сечкани домати и пиперка и пржете две-три минути. Тргнете го тенџерето од оган и додајте црвен пипер, сол и бибер. Црвениот пипер станува горчлив ако се препржи.

Вратете го пилешкото во тенџерето и ставете го повторно на рингла. Прелејте го со супа од коцка, пилешкото месо би требало да биде целосно покриено. Додајте повеќе супа ако е потребно. Доведете го до точка на вриење, намалете ја температурата и крчкајте 40 минути.

Потоа, извадете го пилешкото и ставете го во чинија. Во помала чинија измешајте брашно и павлака, додека добиете смеса без грутки. Сипете го кремот во сосот, постојано мешајќи за да не се направат грутки. Гответе го неколку минути додека се згусне сосот. По потреба додајте сол и бибер. Вратете го пилешкото во сосот да се загрее.

Послужете го со њоки, кнедли или варен компир.

The post Пилешки пиперкаш на унгарски начин – совршено зачинет и полн со месо appeared first on Република.

]]>

Ручекот е еден од најважните оброци за секој од нас. Поради тоа, потрудете се да приготвите здраво јадење на лажица за себе и за вашето семејство. Приготвување: 2 лажици маст 1,5 кг пиле со коските и кожата според оригиналниот рецепт, но може да се користи и пилешко исчистено од коските 2 средни кромида, ситно сечкани 2 чешниња лук, притиснати низ преса 2 средни ситно сечкани домати (без семките) 1 црвена сечкана пиперка (без семките) 3-4 лажици црвен пипер 2 шолји пилешка супа од коцка 1 1/2 лажиче сол 1/2 лажиче мелен бибер 3 лажици брашно 3/4 шолја кисела павлака на собна температура 1/4 шолја слатка павлака Приготвување: Загрејте маст во тенџере и кратко пропржете го пилешкото месо од сите страни. Префрлете го пилешкото на чинија. На маст, пропржете кромид, а потоа додајте лук, сечкани домати и пиперка и пржете две-три минути. Тргнете го тенџерето од оган и додајте црвен пипер, сол и бибер. Црвениот пипер станува горчлив ако се препржи. Вратете го пилешкото во тенџерето и ставете го повторно на рингла. Прелејте го со супа од коцка, пилешкото месо би требало да биде целосно покриено. Додајте повеќе супа ако е потребно. Доведете го до точка на вриење, намалете ја температурата и крчкајте 40 минути. Потоа, извадете го пилешкото и ставете го во чинија. Во помала чинија измешајте брашно и павлака, додека добиете смеса без грутки. Сипете го кремот во сосот, постојано мешајќи за да не се направат грутки. Гответе го неколку минути додека се згусне сосот. По потреба додајте сол и бибер. Вратете го пилешкото во сосот да се загрее. Послужете го со њоки, кнедли или варен компир.

The post Пилешки пиперкаш на унгарски начин – совршено зачинет и полн со месо appeared first on Република.

]]>